информации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Aug 2023 06:30:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png информации – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јапонија не може да потврди дали се протечени информации поврзани со нејзината безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-ne-mozhe-da-potvrdi-dali-se-protecheni-informatsii-povrzani-so-nejzinata-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-ne-mozhe-da-potvrdi-dali-se-protecheni-informatsii-povrzani-so-nejzinata-bezbednost/#respond Tue, 08 Aug 2023 06:30:15 +0000 https://kurir.mk/?p=864455

Јапонија не може да потврди дали се протечени информации поврзани со нејзината безбедност, изјави денеска портпаролот на јапонската Влада како одговор на прашање за извештајот на Вашингтон пост дека кинески хакери добиле пристап до јапонските одбранбени мрежи. Повикувајќи се на високи функционери, Вашингтон пост вчера објави дека во 2020 година, кинески воени хакери добиле пристап до тајна одбранбена мрежа во Јапонија и добиле информации за воените способности, планови на сојузникот на САД, Јапонија. Откако дознал за ова, шефот на американската Агенција за национална безбедност пристигнал во Токио за да го извести јапонскиот министер за одбрана, кој пак побарал од американските власти да го известат и премиерот, се вели и во написот на американскиот весник. На редовна прес-конференција денеска, главниот јапонски секретар на кабинетот Хироказу Мацуно рече дека Јапонија и САД секогаш одржувале блиски врски на различни нивоа. -Поради природата на предметот, не можам да дадам повеќе детали за комуникациите, но не потврдивме дали се откриени информации поврзани со безбедноста како резултат на кибер напади, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-ne-mozhe-da-potvrdi-dali-se-protecheni-informatsii-povrzani-so-nejzinata-bezbednost/feed/ 0
Досега веројатно никогаш не ви паднало на памет дека овие домашни уреди можат да ве шпионираат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dosega-verojatno-nikogash-ne-vi-padnalo-na-pamet-deka-ovie-domashni-uredi-mozat-da-ve-shpioniraat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dosega-verojatno-nikogash-ne-vi-padnalo-na-pamet-deka-ovie-domashni-uredi-mozat-da-ve-shpioniraat/#respond Sun, 21 Mar 2021 09:09:29 +0000 https://kurir.mk/?p=485509

Интернетот, чија цел е да го подобри квалитетот на нашите животи, се развива со сè поголема брзина. Сепак, тоа доаѓа и со сајбер закани, предупредуваат експертите. Пример за оваа теорија ќе биде нетипична функционалност на некои апарати за домаќинство. Фрижидери со екрани, шпорети со модули за интернет конекција, телевизори со камери ... се само еден дел од чудната симбиоза на современиот свет на технологија, објаснува директорот на компанијата „Интелектуален резерват“ Павел Мијасоједов за руската агенција Премиер. Општо земено, ваквите уреди контролирани со глас добиваат слики од нивните сопственици и ги испраќаат сите овие податоци на далечински сервери, каде што се вршат пресметки, на пример за да се контролира осветленоста на паметната светлина или да се прикаже рецепт на екранот на ладилникот, пренесува Спутник. - Во моментов постои ризик дека биометриските податоци или корисничките информации ќе бидат пресретнати за време на преносот или хакерите ќе го нападнат серверот. Од овие податоци, хакер може да открие многу за некоја личност. Но, ова не е најголемиот ризик што го носат паметните домашни уреди во нашиот свет - вели Мијасоједов. Овој експерт додава дека уште поопасни се bвона, паметни сијалици, сензори за движење, камери и микрофони поврзани на Интернет, кои овозможуваат следење на домашните активности во реално време од каде било во светот. Со вклучување на паметни сијалици во движење во различни простории, може да се откријат информации за движењето на една личност околу станот, и според сензорот на вратата - кога таа го оставила тоа. Во некои случаи, просторијата може да биде целосно блокирана однадвор, што создава сериозна опасност за животот и здравјето. Сето ова може да му открие на вашиот партнер како и со кого поминувате време, а тоа ќе му покаже на крадецот најсоодветен момент да влезе во станот. - Се разбира, има напредок во заштитата на уредот од неовластен пристап. Но, во областа на Интернет денес, постои голем јаз во однос на безбедноста. Ниту производителите, ниту независните компании не нудат антивирус и доволно сигурна заштита - истакнува експертот, советувајќи ги луѓето да не зависат целосно од електричните уреди и да не ставаат премногу информации на нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dosega-verojatno-nikogash-ne-vi-padnalo-na-pamet-deka-ovie-domashni-uredi-mozat-da-ve-shpioniraat/feed/ 0
ДКСК ќе собира информации за набавката на кинеските вакцини, по што ќе одлучи дали има елементи за отворање на предмет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-kje-sobira-informacii-za-nabavkata-na-kineskite-vakcini-po-shto-kje-odluchi-dali-ima-elementi-za-otvoranje-na-predmet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-kje-sobira-informacii-za-nabavkata-na-kineskite-vakcini-po-shto-kje-odluchi-dali-ima-elementi-za-otvoranje-na-predmet/#respond Thu, 11 Mar 2021 12:03:01 +0000 https://kurir.mk/?p=480748

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешниот колегиум одлучила да пристапи кон собирање доволно информации во врска со наводите што се појавија во медиумите, а се однесуваат за набавка на вакцините од кинескиот производител Синофарм. – Потоа во зависност од прибраните податоци ќе одлучи дали постојат доволно елементи за отворање предмет во надлежност на ДКСК, изјави за МИА претседателката на ДКСК Билјана Ивановска. Според неа, како што изјави за РСЕ, во оваа ситуација треба да се вклучат и другите органи како Јавното обвинителство. Премиерот Зоран Заев вчера на новинарско прашање во врска со пишувањата на италијанскиот весник „Ла верита“ за набавката на кинеските вакцини за државава ги отфрли обвинувањата за незаконско дејствување. Кажа дека за набавката на вакцините се одело преку приватни фирми, во случајов и преку Пауер Чајна, а нарачката е направена преку кинеската Амбасада и МНР на Кина на барање на кинеските власти. -Апсолутно негирам какви било лоши намери или незаконско дејствување. Затоа што во овој период правиме напори да набавиме вакцина по сите можни канали како што очекуваат нашите граѓани, час поскоро. Јас а и министерот за здравство ја информираше јавноста дека после две недели чекање на активности на Кинеската амбасада, ние директно преку Синофарм не можевме да добиеме контакти и дадовме нарачки преку приватни компании кои МНР не ги потврди и затоа и авансот беше повлечен. Сега очекуваме да стигнат нарачките преку МНР на Кина, односно преку Кинеската амбасада, рече Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-kje-sobira-informacii-za-nabavkata-na-kineskite-vakcini-po-shto-kje-odluchi-dali-ima-elementi-za-otvoranje-na-predmet/feed/ 0
Над 200 британски научници осомничени дека на Кина и доставувале класифицирани информации за најновите оружја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-200-britanski-nauchnici-osomnicheni-deka-na-kina-i-dostavuvale-klasificirani-informacii-za-najnovite-oruzja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-200-britanski-nauchnici-osomnicheni-deka-na-kina-i-dostavuvale-klasificirani-informacii-za-najnovite-oruzja/#respond Mon, 08 Feb 2021 10:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=465737

Британските безбедносни служби испитуваат повеќе од 200 британски научници осомничени дека на Кина и доставувале класифицирани информации за најновите оружја, соопшти „Тајмс“, повикувајќи се на добро информиран извор. Според весникот, научниците се осомничени за кршење на „строгите извозни ограничувања, што имаат за цел спречување на трансферот на интелектуална сопственост“ во стратешки важните области кон непријателските земји. Според изворот, цитиран од „Тајмс“, британската Влада се подготвува да испрати известувања до повеќе од 200 британски граѓани кои работат во повеќе од десетина универзитети во Велика Британија. Тие се осомничени дека на Кина и ги предале резултатите од тајното истражување на најсовремената воена технологија поврзана со авиони, ракетен дизајн и кибер оружје. Голем дел од научниците, кои се под истрага, се осомничени дека ненамерно го прекршиле законот склучувајќи трговски зделки со кинески компании. -Во блиска иднина ќе можеме да видиме десетици научници како стојат пред судиите, изјави изворот за „Тајмс“. Доколку се докаже дека се виновни научниците можат да добијат затворска казна до 10 години, потсетува весникот. -Извозниците на воена опрема и оние кои се вклучени во трансферот на воена технологија, наведени во Уредбата за контрола на извозот од 2008 година, мораат да имаат дозвола за извоз или трансфер на технологии од Велика Британија, изјави претставник на британската Влада. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-200-britanski-nauchnici-osomnicheni-deka-na-kina-i-dostavuvale-klasificirani-informacii-za-najnovite-oruzja/feed/ 0
СЗО до владите: Не манипулирајте со информации за пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-do-vladite-ne-manipulirajte-so-informacii-za-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-do-vladite-ne-manipulirajte-so-informacii-za-pandemijata/#respond Tue, 08 Sep 2020 07:33:27 +0000 https://kurir.mk/?p=400426

Директорот на СЗО за итни ситуации, Мајкл Рајан, денеска ги предупреди владите да не даваат политички мотивирани информации за пандемијата со коронавирусот. Рајан во Жeнева кажа дека „обидот да им се презентираат поедноставени решенија на луѓето, да долг рок, не е стратегија која победува“. -Ако заедниците проценат дека добиваат информации со кои политички се манипулира или се управувани на начин што не одговараат на реалноста, тогаш тоа, за жал, се враќа како бумеранг, изјави Рајан. Одговарајќи на прашање за спротивставените пораки што се испраќаат од бразилската Влада во врска со пандемијата, Рајан рече дека „транспарентноста, доследноста, искреноста и признавањето на грешките можат да ја изградат довербата“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-do-vladite-ne-manipulirajte-so-informacii-za-pandemijata/feed/ 0
Во Албанија отпечатена брошура за Ковид -19 и на македонски јазик https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-otpechatena-broshura-za-kovid-19-i-na-makedonski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-otpechatena-broshura-za-kovid-19-i-na-makedonski-jazik/#respond Thu, 07 May 2020 18:31:25 +0000 https://kurir.mk/?p=343199

Во Албанија е отпечатена брушура за Ковид-19 и на македонски јазик во која се содржани сите потребни информации кои треба да се знаат за болеста и превенцијата од неа. Ја издава Институтот за јавно здравје во соработка со Министерството за здравство и социјална заштита, владиниот комитет за малцинства и комесарот против дискриминација, со финансиска подршка на Европската унија и Советот на Европа. Тоа, како што стои во објавата на канцеларијата на Советот на Европа во Тирана, поради тешката состојба предизвикана со појавата на Ковид-19 која е „уште потешка за припадниците на националните малцинства кои се соочуваат со јазична бариера кога станува збор за пандемијата“. – Бидејќи владите се одговорни за обезбедување информации неопходни за заштита и промоција на правата, вклучително и правото на здравје, неопходно е пристап до информации и на јазиците на малцинствата околу заштитните мерки и случувањата поврзани со ризиците од ширењето на Ковид-19. Како одговор на оваа неопходна потреба во рамки на проектот „Промоција на диверзитетот и рамноправноста во Албанија“ објавена е и оваа брошура, се наведува во објавата. Брошурата „Информации за вирусот Ковид-19“ отпечатена е и на јазиците на други малцинства во Албанија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-otpechatena-broshura-za-kovid-19-i-na-makedonski-jazik/feed/ 0
МВР воведува бесплатна телефонска линија за информации за граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-voveduva-besplatna-telefonska-linija-za-informacii-za-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-voveduva-besplatna-telefonska-linija-za-informacii-za-gragjanite/#respond Tue, 17 Mar 2020 12:15:12 +0000 https://kurir.mk/?p=317727

Министерството за внатрешни работи од утре (18.03.2020) во функција ги става бесплатната телефонската линија 080000201 и мејлот [email protected]k каде граѓаните (на македонски и албански јазик) ќе можат да добијат соодветна информација во однос на функционирањето на услугите и сервисите на МВР во претстојниот период согласно состојбата со коронавирус и препораките на Владата. Вработените во МВР, каде што тоа е возможно, ги редуцираа контактите со странките во делот на постапки и услуги кои не се итни и кои не се ограничени со рокови. Секогаш кога е тоа возможно, се користи телефонска или електронска комуникација, со цел да се одбегне доаѓањето на граѓаните во институцијата доколку тоа не е неопходно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-voveduva-besplatna-telefonska-linija-za-informacii-za-gragjanite/feed/ 0
Отворена веб страна – еве каде може да ги најдете сите информации и препораки за коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-veb-strana-eve-kade-moze-da-gi-najdete-site-informacii-i-preporaki-za-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-veb-strana-eve-kade-moze-da-gi-najdete-site-informacii-i-preporaki-za-koronavirusot/#respond Wed, 11 Mar 2020 07:32:03 +0000 https://kurir.mk/?p=314880

Сите информации за коронавирусот, прес-конференции, одлуки од седница на влада, прашања и одговори, како и листата на земји со ниско, средно и високо ниво на ризик од коронавирус можат да се следат на веб страницата http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/. Министерот за здравство Венко Филипче на својата Фејсбук станица објави дека страницата се ажурира, но можни се повремени отстапувања. Според последните објавени информации за состојбата со кoронавирусот во земјава, шест пациенти кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се стабилни, а седмата пациентка е целосно стабилизирана и не е повеќе инфективна, но нејзиното лекување не е завршено. Таа вчера по втор пат беше тестирана по дијагностицирањето на вирусот и повторно е негативна на коронавирус. Од денеска во сила се дополнителни засилени мерки против ширење на коронавирусот. Превентивно, во наредните 14 дена затворени се градинките, училиштата, факултетите, студентските домови, забранети се масовни јавни настани, организирани патувања во високоризичните држави]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvorena-veb-strana-eve-kade-moze-da-gi-najdete-site-informacii-i-preporaki-za-koronavirusot/feed/ 0
5 работи кои можете да ги дознаете со еден телефонски повик https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/5-raboti-koi-mozete-da-gi-doznaete-so-eden-telefonski-povik/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/5-raboti-koi-mozete-da-gi-doznaete-so-eden-telefonski-povik/#respond Fri, 07 Jun 2019 08:13:18 +0000 https://kurir.mk/?p=206426

И во минатото исто како и денес, луѓето се интересирале за точни и брзи информации. Кој е телефонскиот број на амбулантата во Велес? Која е точната локација на продавницата за миленичиња во Карпош? Кој стоматолог во ваша близина работи и во сабота попладне? Во минатото се јавувавме кај пријател, денес проверуваме на Гугл. Но има и друга опција. Еве 5 информации кои можете да ги дознаете со јавување на телефонската служба 1188:
  • Контакт од некој, ама не знаете кој Лесно можеме да дознаеме контакт за некој за кого знаеме се друго. Но, кога ви треба плочкар, молер или бравар, а не се сеќавате на ниеден, операторите во 1188 можат да ви помогнат со контакт од било кој мајстор или фирма за мајсторски работи во вашиот град. Сите занаетчии, слаткари, пекари, ѕидари или автомеханичари имаат свои контакт податоци во службата Информации.
  • Знаете кој, ама не знаете каде Ви треба доктор Николов, беше специјалист за детска стоматологија, многумина ви го препорачуваа, но никогаш не запишавте негов број. Како најбрзо да го најдете сега кога ви треба? Во 1188 имаат податок кој доктор во која ординација можете да го најдете и секако како најбрзо да ја најдете/исконтактирате таа ординација.
  • Знаете каде, ама исто како да не знаете Ви треба локација на училиштето за гитара во центарот на градот, но само адресата не ви значи ништо. Операторите во информации не само што точно ќе ви кажат каде е, туку и ќе ви објаснат како да стигнете таму, најбрзо, најлесно, ориентирајќи се на објекти или улици кои вам ви се познати.
  • Знаете кој, ама најбитно ви е кога Аптеки има се чини на секоја уличка, но кога вам ви треба онаа најблиската што работи недела навечер, тогаш не тргнувајте без да се јавите на 1188. Тие ги имаат информациите за работно време не само на дежурните туку и на сите останати аптеки во земјата.
  • Кога ви треба информација плус Ви треба цвеќара ама да врши достава, ви треба парфимерија но да нуди Maybeline, ви треба сервис за шпорети на Горење или влечна служба за во околината на Куманово, операторите на 1188 можат да ви помогнат.
Во време на интернет и Гугл, многу нешта можете да ги дознаете со типкање на тастатурата, но за да добиете корисна информација која добро сте ја разбрале, ви треба човечка интеракција, ефикасен и пријателски разговор со некој кој е тука токму за тоа – да ви помогне со вашите прашања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/5-raboti-koi-mozete-da-gi-doznaete-so-eden-telefonski-povik/feed/ 0
Потребна е зголемена интеграција на старите лица во општеството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potrebna-e-zgolemena-integracija-na-starite-lica-vo-opshtestvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potrebna-e-zgolemena-integracija-na-starite-lica-vo-opshtestvoto/#respond Mon, 19 Nov 2018 14:44:49 +0000 https://kurir.mk/?p=129614

Добивање поголеми информации преку медиумите, запознавање на јавноста и институциите за зголемена интеграција на старите лица во општеството, беше целта на денешната работилница во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица. Работилницата е дел од регионалниот проект „Преземање акција за социјална инклузија на старите лица“, финансиран од Европската Унија, од австрискиот Црвен крст и Австриската развојна агенција, а имплементиран од здружението „Хуманост“. -Минатата година во рамките на регионалниот проект се спроведе истажување на тема „Колку е потребно отворање на сервиси од социјални и здравствени услуги на постари граѓани. Од вкупно 1.000 испитаници или околу 41 отсто ја потврдија потребата од отворање сервиси од социјални и здравствени услуги. И оваа година ќе се спроведат активности во текот на оваа недела и од страна на уште шест здруженија на граѓани кои имплементирале мали проекти за социјална инлкузија на старите лица, нагласи Љупка Петковска, стручен соработник во Црвениот крст на РМ. Таа информираше и дека се обезбедени 60.000 евра за доделување на подгрантови. Сунчица Димитриовска, професорка и истражувач рече дека од спроведената анкета врз репрезентативен примерок на 1.004 стари лица на тема „Потреба од социјални и од здравствени сервиси за старите лица“ констатирана е потребата од зголемување на информираноста на старите лица и нивните семејства за услугите од социјална заштита и за зголемување на пристапот до овие услуги. За спроведување на здравствена заштита, како што беше посочено, потребно е да постои голема координација меѓу креаторите на политики за стари лица, даватели на услуги за старите лица и самите стари лица, со цел унапредување на квалитетот на нивниот живот, подигање на јавната свест за отворање на дневни центри за давање помош во домашни услови, како и зголемување на број на здруженија на граѓани кои ќе работат со стари лица, развој на волонтеризмот и меѓугенерациската солидарност, отворање и развој на вонинституционални фирми на заштита на старите лица, но и одвојување на финансиски средства од буџетот на државата, од буџетот на локална самоуправа, како и развој на приватно-јавно партнертсво за развој на центри за давање помош во домашни услови. Најчесто, како што беше посочено, ограничување на старите лица во извршување на секојдневните активности претставува движењето, како во домот, така и надвор од него. И образованието на старите лица има влијание врз потребата од помош во домот. Лицата со завршено до основно образование, кои поради степенот на завршено образование, веројатно, биле изложени на почести физички работи, имаат поголеми ограничувањеа и зависност од помош во извршувањето на секојдневните активности, за разлика од старите лица со високо завршено образование. Старите лица бараат да има што поголем број домови и да бидат достапни за секој пензионер, да се развиваат што повеќе форми и услуги  од социјална и здравствена заштита на стари лица во средината во која живеат (дневни центри и центри за давање помош во домашни услови), како и да се зголеми информираноста на старите лица за формите за  заштита што се наменети за нив. Емилија Робановска од здружениото „Хуманост“ рече дека сакаат да ја подигнат свеста на јавноста, бидејќи старите лица не се информирани за нивните права,  ниту за начинот за нивно остварување. -На старите лица им недостигаат здравствените и социјалните сервиси. Самите организации ги подготвуваме да лобираат во институциите на локално и на државно ниво за да можеме да искреираме што повеќе здравствени и социјални сервиси, изјави Ровановска. Универзитетскиот професор Марјан Танушевски на Презентацијата на искуствата на претставници на мрежата ИнклузиваМ со медиумите рече дека токму медиумите можат да помогнат да се излезе од ситуацијата, бидејќи е важна и корисна алатка. -Ги сакаме медиумите, медиумите и новинарите ги чувствуваме како наши пријатели, наши поддржувачи. Но, дружењето со новинарите и со медиумите треба да се чувствува како доживување, како желба, да се избрифираат, да им се дадат дополнителни можности, нагласи Танушевски. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potrebna-e-zgolemena-integracija-na-starite-lica-vo-opshtestvoto/feed/ 0