информатика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Jul 2023 10:05:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png информатика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонски ученички освоија два бронзени медала на Европската олимпијада по информатика за девојки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-uchenichki-osvoija-dva-bronzeni-medala-na-evropskata-olimpijada-po-informatika-za-devojki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-uchenichki-osvoija-dva-bronzeni-medala-na-evropskata-olimpijada-po-informatika-za-devojki/#respond Fri, 21 Jul 2023 10:05:51 +0000 https://kurir.mk/?p=858689

На третата Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2023), која од 15 до 21 јули се одржува во Лунд, Шведска, македонски ученички освоија два бронзени медала. Бронзените медали за Северна Македонија ги освоија Софија Велковска од Скопје и Јована Трифуноска од Тетово, а солиден резултат постигнаа и другите две членки на македонскиот тим: Сара Стефановска од Крива Паланка и Атина Рувинова од Охрид. Тимот е раководен од лидерите д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Ученичките беа избрани преку целогодишен циклус на натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 34-ти пат. -Вклучувајќи ги овие два медала, македонските ученички на трите досегашни изданија на Европската олимпијада имаат освоено вкупно еден сребрен и четири бронзени медали, што претставува успех со кој можат да се пофалат релативно мал број на земји учеснички на олимпијадата, изјави проф. Јованов. Европската олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД) е релативно нов натпревар, наменет само за средношколки кои се заинтересирани за изучување на компјутерските науки. Примарна цел на оваа олимпијада е да се поттикне интересот за информатиката и кај девојките, кои се забележливо помалку присутни на редовните меѓународни олимпијади по информатика. Форматот на натпреварување е многу сличен на веќе етаблираните меѓународни натпревари, како што е Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ). Главниот дел од настанот се состои од два натпреварувачки дена, во кои ученичките решаваат предизвикувачки проблеми преку дизајнирање и имплементирање на соодветни ефикасни алгоритми. Секоја земја членка на ЕОИД-заедницата учествува со свој тим составен од најмногу четири натпреварувачки на возраст под 20 години, избрани преку националните натпревари во програмирање, како и лидер и заменик лидер на тимот. На ЕОИД 2023 учествуваат вкупно 127 учеснички од 36 европски земји, а како претставници на земји гости, во неофицијална конкуренција учествуваат и 62 ученички од 16 земји надвор од европскиот континент (како Бразил, САД, Египет, Индија, Саудиска Арабија и др.). -Успехот на нашиот тим, со освоените два бронзени медала во ваква силна конкуренција, е навистина голем и заслужува почит, истакнува проф. Јованов. Следната, четврта по ред, Европска олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД 2024) ќе се одржи идната година, во Ајндховен, Холандија. Следен настан, пак, кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ) во Сегедин, Унгарија, кон крајот на август.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonski-uchenichki-osvoija-dva-bronzeni-medala-na-evropskata-olimpijada-po-informatika-za-devojki/feed/ 0
БРАВО: Млади македонски информатичари се закитија со сребрен и бронзен медал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bravo-mladi-makedonski-informatichari-se-zakitija-so-srebren-i-bronzen-medal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bravo-mladi-makedonski-informatichari-se-zakitija-so-srebren-i-bronzen-medal/#respond Sat, 08 Oct 2022 07:46:57 +0000 https://kurir.mk/?p=742755

Македонски средношколци – информатичари на 29. Балканска олимпијада по информатика БОИ 2022 што се одржува од 3 до 8 октомври во Букурешт, Романија, за програмирање се закитија со сребрен и бронзен медал. Сребрениот медал за Македонија го освои Благојче Павлески од Прилеп, додека бронзениот медал го освои Тео Китановски од Скопје. Дополнително, на паралелно организираниот РМИ-интернационален турнир кој вклучи 168 натпреварувачи од тимови од 16 различни земји Благојче Павлески беше награден со златен медал, а Тео Китановски со бронзен. Учениците Благојче Павлески, Тео Китановски, Петар Ковачовски и Адриан Михајловски, беа предводени од лидерите Емил Станков и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). По една година пауза и една година онлајн натпреварување, годинава БОИ се одржува регуларно, а главен организатор е Здружението за извонредност и изведба во информатиката (Society of Excellence and Performance in Informatics), заедно со Министерството за образование на Република Романија. На натпреварот официјално учествуваа вкупно 42 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, избрани преку годишните национални натпревари во програмирање на следните балкански земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Грција, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција. Како претставници на земји-гости на БОИ, во неофицијална конкуренција учествуваа и ученици од Италија, Унгарија, Украина и Швајцарија. Претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), Миле Јованов изјави дека успесите не доаѓаат сами од себе. -Ова што го постигнуваме е благодарение на личното залагање и труд на секој од нашите учесници, како и на неколкуте професори од ЗИМ со кои го вложуваме нашето слободно време и знаење за да може да ги насочиме нашите ученици. Среќен сум што со повеќегодишна упорна работа успеавме да го издигнеме квалитетот на македонските претставници на престижните интернационални натпреварувања на ниво да се рамо до рамо со најдобрите репрезентации, особено земајќи ја предвид големината на нашата земја. Препознавањето на успехот и на личниот ангажман изгледа е полесно во странство, па веројатно затоа, по два мандата, повторно бев избран за претседател на Балканската олимпијада по информатика за нов тригодишен мандат – рече Јованов, пренесува МИА. Оваа година прв пат патувањето на македонските ученици до Романија беше под покровителство на претседателот на државата, Стево Пендаровски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bravo-mladi-makedonski-informatichari-se-zakitija-so-srebren-i-bronzen-medal/feed/ 0
Сребрен медал и две олимписки пофалби за македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srebren-medal-i-dve-olimpiski-pofalbi-za-makedonskiot-tim-na-evropskata-juniorska-olimpijada-po-informatika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srebren-medal-i-dve-olimpiski-pofalbi-za-makedonskiot-tim-na-evropskata-juniorska-olimpijada-po-informatika/#respond Sat, 24 Sep 2022 16:39:57 +0000 https://kurir.mk/?p=736932

Еден сребрен медал и две олимписки пофалби добија учесниците на македонскиот тим на Европската јуниорска олимпијада по информатика што се одржува онлајн под домаќинство на Украина. Дамјан Давков од Штип со освојување на сребрениот медал влезе во историјата како првиот добитник на оваа награда за Македонија на Европската јуниорска олимпијада по информатика која се одржува веќе шест години по ред. – Македонските тимови при досегашните учества на оваа олимпијада имаат освоено 3 бронзени медали, а успехот на јуниорите ветува дека во иднина ќе имаме и одлични натпреварувачи за интернационалните натпревари на средношколско ниво, велат од Здружението на информатичарите на Македонија. Покрај сребрениот медал за Дамјан, одличје олимписка пофалба освоија и Никола Стојковски и Владимир Грчев. – Тимот кој ја претставува нашата земја е составен од учениците Благој Рујаноски Стојановски од Прилеп, Никола Стојковски од Скопје, Дамјан Давков од Штип и Владимир Грчев од Кочани, предводени од лидерите, д-р Миле Јованов и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), информираат од здружението. Годинава пред македонските информатичари се и Балканска олимпијада по информатика, на почеток на октомври, во Букурешт, Романија и Европската олимпијада за девојки во Анталија, Турција во втората половина на октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srebren-medal-i-dve-olimpiski-pofalbi-za-makedonskiot-tim-na-evropskata-juniorska-olimpijada-po-informatika/feed/ 0
Еден сребрен и два бронзени медали за македонските учесници на Интернационалната олимпијада по информатика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eden-srebren-i-dva-bronzeni-medali-za-makedonskite-uchesnici-na-internacionalnata-olimpijada-po-informatika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eden-srebren-i-dva-bronzeni-medali-za-makedonskite-uchesnici-na-internacionalnata-olimpijada-po-informatika/#respond Sat, 13 Aug 2022 09:46:44 +0000 https://kurir.mk/?p=717967

На 34. Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2022), која од 7-ми до 15 август се одржува во Јогјакарта, Индонезија, македонскиот тим средношколци го постигнаа историски највисокиот резултат во повеќегодишната традиција на ова натпреварување. Македонскиот тим на овој најпрестижен интернационален натпревар во програмирање, составен од учениците Благојче Павлески, Марко Таневски, Софија Велковска и Тео Китановски, предводени од лидерите, д-р Емил Станков и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), освои еден сребрен и два бронзени медала, информираат од Здружение на информатичарите на Македонија. ИОИ 2022, после две години онлајн изданија, се одржува како хибриден настан, а повеќето од 90-те тимови се присутни во Индонезија. На настанот учествуваат вкупно 352 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, кои беа избрани преку годишните национални натпревари во програмирање во земјите учеснички. -Во ваква силна конкуренција, досега најдобриот сребрен медал за Македонија го освои Благојче Павлески, ученик од Прилеп, со штотуку завршено средно образование во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје. Учениците Марко Танески, исто така од Прилеп, и Тео Китановски од Скопје освоија бронзени медали. Нашиот тим традиционално се избира во целогодишен циклус натпревари кој го организира Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), годинава поддржан од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и општествено одговорните компании Мелон Технологии, Нетцетера и Семос Едукација. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е одржуван волонтерски од ЗИМ и е достапен во текот на целта година за сите заинтересирани натпреварувачи, појаснуваат од Здружението на информатичари на Македонија. Д-р Миле Јованов, претседател на ЗИМ, и долгогодишен член на управниот комитет на Интернационалната олимпијада вели дека резултатот остварен на овој натпревар претставува продолжување на традицијата на успешни претставувања на земјава на интернационалните информатички олимпијади во последниве десетина години и уште една нова потврда за знаењата и вештините од областа на компјутерските науки што ги поседуваат нашите ученици. -Во текот на вчерашниот ден, гледајќи ги во живо како се менуваат резултатите од натпреварот, кога во одредени моменти Благојче беше и со освоен златен медал, сфатив дека вреди што како Здружение трошиме огромна енергија за организација на домашните натпревари и за подготовка на талентираните учениците за интернационалните натпревари. За жал, заради задоцнета поддршка за патување од страна на институциите, и енормното зголемување на цената на авио билетите, нашиот тим наместо во живо учествуваше на олимпијадата онлајн, од просториите на ФИНКИ и со тоа на нашите врвни ученици им беше ускратена можност да бидат на лице место заедно со учесниците од останатите земји. Благојче, бидејќи е пласиран високо на ранг листата меѓу најдобрите учесници од светот, ќе добие покана за да учествува на камп во Сингапур во тек на септември, вели Јованов. Врвните резултати не доаѓаат случајно,нагласува Јованов, туку со долгогодишна работа и со насочено развивање на образованието. -За жал, со последните измени и нови концепции информатиката се маргинализира, а гласот на Здружението, кое претходно беше двигател на позитивните промени, сега се маргинализира од државните институции. Со ваквиот пристап, расте мојата скепса за идни големи успеси во областа на информатиката во нашата земја, потенцира претседателот на ЗИМ. Следната, 35-та по ред, Интернационална олимпијада по информатика треба се одржи идната година во Сегедин, Унгарија, а во периодот кој следи ни претстои учество на Балканска олимпијада за јуниорите и сениорите, и двете во Романија, Европска олимпијада за јуниорите во Украина – онлајн, како и Европска олимпијада за девојки во Турција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eden-srebren-i-dva-bronzeni-medali-za-makedonskite-uchesnici-na-internacionalnata-olimpijada-po-informatika/feed/ 0
Здружението на информатичари реагира на новата концепција за основно образование, се противи на укинувањето на воведените теми од информатика во раната возраст https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-na-informatichari-reagira-na-novata-koncepcija-za-osnovno-obrazovanie-se-protivi-na-ukinuvanjeto-na-vovedenite-temi-od-informatika-vo-ranata-vozrast/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-na-informatichari-reagira-na-novata-koncepcija-za-osnovno-obrazovanie-se-protivi-na-ukinuvanjeto-na-vovedenite-temi-od-informatika-vo-ranata-vozrast/#respond Wed, 20 Jan 2021 07:23:44 +0000 https://kurir.mk/?p=457295

Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ), кое во јавноста во последните години е препознато најмногу преку освоените медали постигнати со учениците на врвните интернационални натпревари по информатика, денес испрати писмо со реакција до МОН за новопредложената концепција на основно образование. Во писмото на почеток се нотира дека темите од информатика (информатичко размислување, програмирање, дигитална писменост) моментално се застапени уште во трето одделение во наставните програми и дека оваа застапеност е од 2015. година, што Македонија ја смести во првите земји кои го имплементираа ова во нивните наставни планови и програми. Ваквиот чекор во следните неколку години беше следен од голем број развиени земји, како САД, членките на ЕУ, Обединетото кралство, кои во истиот период пристапија кон воведување на овие содржини. -Главната критика е дека со новиот концепт кој што е изложен, наместо да се оди во насока на зајакнување на условите за реализација на воведените информатички содржини (преку обуки на наставниците, набавка на соодветен хардвер и софтвер, изнаоѓање на креативни решенија за задржување на информатичарите во образованието) се оди неколку чекори наназад и се брише и тоа што претходно е постигнато. Исто така, насловот на предметот „Техника, технологија и информатика“ спојува многу различни, во делови и несродни области, и е неразбирливо вклучен во таканаречена група Б задолжителни предмети, без да се земе предвид дека информатиката е дел од STEM образованието, се наведува во соопштението на ЗИМ. Според ЗИМ, треба да се препознае потребата на учениците да им се даде добра основа уште од најмала возраст за да тие бидат способни да ја изберат информатиката како нивна идна професија. Тоа овозможува земјата да има голем и профитабилен информатички сектор, кој не само што згрижува значаен дел од работната сила, туку за нив обезбедува високи примања, за државата овозможува раст и зголемен извоз, како и висок приход во пензискиот систем. На крај, од ЗИМ апелираат, како што усвојувањето на јазикот е задача на наставниците по јазик (мајчин или странски), како што усвојувањето на математиката е задача на наставниците по математика, така и темите од информатичката наука и информатичката писменост да бидат задача на стручни кадри, наставници по информатика. Со брзиот развој на информатиката, наставниците по информатика треба да бидат значајна поддршка и на одделенските наставници во реализација на темите од информатика во пониските одделенија. Тие се противат на укинувањето на претходно воведените теми од информатика во раната возраст, апелираат да се направат напори информатиката да се изучува во континуитет од трето до деветто одделение, со особена промоција на името на предметот, како би се дал фокус и би се заинтересирале што повеќе ученици да ја изберат информатиката како нивна идна професија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenieto-na-informatichari-reagira-na-novata-koncepcija-za-osnovno-obrazovanie-se-protivi-na-ukinuvanjeto-na-vovedenite-temi-od-informatika-vo-ranata-vozrast/feed/ 0
Во Скопје се одржа 23. „Македонска Олимпијада по информатика 2019“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-skopje-se-odrza-23-makedonska-olimpijada-po-informatika-2019/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-skopje-se-odrza-23-makedonska-olimpijada-po-informatika-2019/#respond Mon, 15 Apr 2019 16:16:55 +0000 https://kurir.mk/?p=186790

Во организација на Здружението на информатичари на Македонија и Меѓународниот балкански универзитет, изминатиот викенд во Скопје се одржа 23. Македонска олимпијада по информатика, во чии рамки покрај натпревар за ученици од нашата земја, како и во претходните две календарски години беше организиран и натпревар од интернационален карактер.

На натпреварот на кој знаењата во областа на информатиката ги презентираа 22 ученици од нашата држава, беа доделени три златни, три сребрени и четири бронзени медали. Најдобри резултати покажаа Мартин Динев од Валандово, Благојче Павлевски од Прилеп и Андреј Величковски од Куманово. Освен признанија за постигнатите резултати, медалистите добија и пригодни подароци од Сорсикс, една од водечките ИТ компании во земјата која воедно е и еден од спонзорите на Олимпијадата по информатика.

Од Сорсикс велат дека на најдобрите македонски натпреварувачи им претстојат интернационалните натпревари што годинава се одржуваат во Словенија, Азербејџан и Грција.

На интернационалниот натпревар во рамки на Олимпијадата по информатика 2019, учествуваа педесетина учесници од Бугарија, Турција, Белгија, Србија, вклучително и од нашата земја, при што првото место им припадна на двајца ученици од Турција, информираат од Сорсикс.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-skopje-se-odrza-23-makedonska-olimpijada-po-informatika-2019/feed/ 0