информативни емисии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Dec 2020 10:35:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png информативни емисии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грција втор ден без вести и информативни емисии поради штрајкот на вработените во грчките телевизии https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-vtor-den-bez-vesti-i-informativni-emisii-poradi-shtrajkot-na-vrabotenite-vo-grchkite-televizii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-vtor-den-bez-vesti-i-informativni-emisii-poradi-shtrajkot-na-vrabotenite-vo-grchkite-televizii/#respond Thu, 10 Dec 2020 10:35:02 +0000 https://kurir.mk/?p=441384

Веќе втор ден во Грција не се емитуваат вести и информативни емисии, а државната агенција не објавува и не дистрибуира вести, поради штрајкот на новинарите во грчките национални и локални телевизии, во државната телевизија, радиото и интернет страницата на ЕРТ, во државната новинска агенција АНА-МПА, како и во Генералниот секретаријат за медиуми, што започна во вторникот попладне, а вчера беше продолжен за уште 24 часа, јави дописничката на МИА од Атина. Причината за штрајкот е новиот предлог закон на Владата за кој од здруженијата на новинари и вработени во медиумите велат дека вклучува одредби кои се „закана за работните односи и права и носи намалување на работните места и масовни отпуштања“, бараат веднаш да се повлечат конкретните одредби од законот и Владата да започне дијалог со инволвираните страни. Координативната комисија на вработените во медиумите, вчера имаше одвоени средби со лидерите на опозициските партии, кои изразија поддршка за новинарите. Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, рекол дека предлог законот е неприфатлив бидејќи „се однесува на потребите на некои бизнис интереси и е во согласност со идеологијата на Владата“, но и дека создава три вида вработени: „вработени со полно работно време, вработени на договор за дело и вработени во придружни фирми, односно вработени кои може да се префрлаат“ и на овој начин „удира врз можноста за потпишување на колективен договор“. Поддршка изразиле и лидерите на Движење на промена, на Комунистичката партија, на МЕРА25 и на Грчко решение. Паралелно, поддршка и солидарност за грчките новинари стигнала и од Меѓународната федерација на новинари. Освен тоа што не се емитуваат вести и информативни емисии на телевизиите, а новинската агенција АНА-МПА не објавува и не дистрибуира вести, поради штрајкот, беа одложени и брифинзите на портпаролите на Владата и грчкото МНР што требаше да се одржат денеска. Единствен исклучок од штрајкот е информирањето за ситуацијата со Ковид-19 во земјата. Штрајкот доколку не биде продолжен за уште 24 часа, планирано е да заврши денеска во 18 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-vtor-den-bez-vesti-i-informativni-emisii-poradi-shtrajkot-na-vrabotenite-vo-grchkite-televizii/feed/ 0