информирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 25 Apr 2020 19:01:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png информирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грчката Влада одвои уште 9 милиони евра за кампања за информирање на граѓаните за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-odvoi-ushte-9-milioni-evra-za-kampanja-za-informiranje-na-gragjanite-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-odvoi-ushte-9-milioni-evra-za-kampanja-za-informiranje-na-gragjanite-za-kovid-19/#respond Sat, 25 Apr 2020 19:01:05 +0000 https://kurir.mk/?p=337303

За спречување на ширењето дезинформации и лажни вести и за правилно информирање на граѓаните за Ковид-19, особено во фазата на постепено враќање во нормала, грчката Влада донесе одлука да одвои дополнителни девет милиони евра за медиумските кампањи, јави дописничката на МИА од Атина. – Во фазата на постепено преминување во „новата нормала“, неопходно е да ги едуцираме граѓаните за еден нов начин на живот и да ги заштитиме од дезинформации и „ fake news“, бидејќи кога не постои информирање, се шират несигурноста, стравот и паниката, истакна заменик-министерот и портпарол на грчката Влада, Стелиос Пецас, додавајќи дека токму од овие причини со заедничка министерска одлука, „кампањата за информирање на граѓаните се зајакнува со дополнителни девет милиони евра“. Досега, Владата за медиумите одвои 11 милиони евра до крајот на април, а со новите девет, вкупниот износ достигнува до 20 милиони евра. Пецас објасни дека за кампањата да има целосна транспарентност Министерството за финансии директно ги исплаќа парите, без поврат, на медиумите за прикажување или пренесување на информативните пораки. Портпаролот на грчката Влада, во соопштението истакна дека информирањето на граѓаните е едно од „најважните оружја за справување со коронавирусот“. – Бидејќи информирањето буквално спасува животи. Поради тоа, во активностите на Владата вклучена е и неопходната кампања за комуникација и информирање на граѓаните во однос на потребните мерки за заштита и однесувањето за ограничување на ширењето на коронавирусот, наведе Пецас и потсети дека досега, информирањето на Грците било во две насоки, пораката „Остануваме дома“ и одлучувачката важност на одговорното, точно и навремено информирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grchkata-vlada-odvoi-ushte-9-milioni-evra-za-kampanja-za-informiranje-na-gragjanite-za-kovid-19/feed/ 0
Како до брза и точна информација? https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kako-do-brza-i-tochna-informacija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kako-do-brza-i-tochna-informacija/#respond Thu, 20 Jun 2019 12:22:11 +0000 https://kurir.mk/?p=211157

Информирањето некогаш и сега

Ако пред дваесетина години луѓето се потпирале на своите роднини и пријатели секогаш кога ќе им треба информација, денес многумина прво погледнуваат во своите телефони. Паметните апликации и интернет пребарувачите ни сервираат илјадници информации секоја секунда. Но, во време кога сме преплавени со некомплетни, непроверени и многу често неточни информации, вреди да се потсетиме каде можеме да прашаме за брза и точна информација. Телефонската служба за информации 1188 постои со години наназад. Во минатото ја користевме за да дознаеме нечиј телефонски број, ако го знаеме името и адресата на претплатникот или обратно. Но денес, на 1188 може да се дознае многу повеќе. Еве што се можете да дознаете со јавување на службата Информации 1188:
  • Kонтакт податоци од индивидуални занаетчии: плочкари, молери, бравари, слаткари, пекари или автомеханичари - сите имаат свои ажурирани контакт податоци во 1188. Прашајте кој од нив е во Ваша близина, земете телефонски број и полoвина од работата сте завршиле.
  • Прецизно објаснување како најлесно да најдете некого. Адресата не секогаш Ви значи нешто - многу често Ви треба некој кој ќе знае да Ви објасни како да стигнете таму ориентирајќи се на објекти и улици кои Вам Ви се познати. Прашајте ги операторите на 1188, тие ќе Ви објаснат.
  • Податоци за работно време: редовно, вонредно, викенди и празници - се чини сите работат нон-стоп, освен кога ќе ни притребаат нам. Затоа пред да се упатите кон најблиската аптека, јавете се на 1188 да го проверите нејзиното работно време.
  • Информации за понудата на правните лица. Не губете време пребарувајќи десетина различни веб страници за да најдете каде има сервис за шпорети на Горење, резервни делови за Рено автомобил или Maybeline козметика за тинејџери. Јавете се кај операторите на 1188, тие знаат сè.
  • Други детални информации за работењето на правните лица: дали вршат достава, кој регион го покриваат, кој доктор работи во ординацијата или колку филијали има банката во Вашиот град. Сите значајни информации ги има во базата на 1188.
Но, ако треба да издвоиме една најважна причина зошто да прашате на 1188, наместо да пребарувате на Гугл, тоа е квалитетот на информациите. Бидејќи колку и да напреднала технологијата, таа сепак не може да ја замени ефикасноста на пријателската интеракција со личност која е тука да Ви помогне.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kako-do-brza-i-tochna-informacija/feed/ 0
Водич за подобро информирање на граѓаните за ДДВ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodich-za-podobro-informiranje-na-gragjanite-za-ddv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodich-za-podobro-informiranje-na-gragjanite-za-ddv/#respond Wed, 09 Jan 2019 15:08:02 +0000 https://kurir.mk/?p=150179

ДДВ обврзниците имаат рок до 15 јануари доброволно да се регистрираат во системот на данок на додадена вредност и да ги поднесат документите на увид во Управата за јавни приходи (УЈП). За да оценат граѓаните дали спаѓаат во групата на ДДВ обврзници од денеска на веб-страницата на УЈП им е достапен водич со детални објаснувања преку кои на пластичен начин можат да оценат дали подлежат на обврската или не. Како што информира министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната прес-конференција, „Водичот за подобро информирање на физички лица за данокот на додадена вредност“ е изработен во соработка со УЈП и  Групата на граѓански организации кои работат во областа на даночните политики „Цивитакс“ и е наменет за подобро информирање на физичките лица за данокот на додадена вредност (ДДВ). -Целта на водичот е на едноставен начин да ги информира граѓаните дали спаѓаат во ДДВ обврзници, како може да се регистрираат и кои права ги нуди системот, рече Тевдовски. Тој посочи дека мнозинството граѓани не се и не треба да бидат ДДВ обврзници, бидејќи платите, надоместоците на плати и бонусите не се предмет на оданочување со ДДВ. -Немаат обврска да влезат во системот на ДДВ ниту оние кои дополнително од платата прават промет од еден милион денари на годишно ниво, односно 83.333 денари просечно на месечно ниво. Тие што вршат промет повисок од тоа треба да видат во водичот дали сите промети им влегуваат во прагот, бидејќи постојат ослободувања и олеснувања, потенцира Тевдовски. Како пример посочи дека не се плаќа ДДВ за изнајмување на недвижен имот за станбени цели, а не се подлежни кон ДДВ оданочување, како што рече, ни ИТ услугите што се вршат кон странство, како и услуги на доктори, образовни услуги, средства од грантови. -На барање на граѓанските организации и во соработка со нив Министерството за финансии подготви и две измени во Законот за ДДВ. Со првата подобро ќе се прецизира ослободувањето на образовната дејност во законот, и ќе се надополни и со научната дејност. Втората се однесува на периодот за кој може да се изврши дерегистрација. Во моментов ДДВ обврзниците имаат обврска да останат во системот пет години по регистрацијата. На барање на граѓанските организации, ќе дадеме можност на доброволна основа лицето да може да се одјави по две години, доколку во нив има промет помал од еден милион денари и не остварил поврат на ДДВ, рече Тевдовски. Овие барања, нагласи дека се прифатливи за Министерството за финансии и УЈП и посочи дека во најбрз можен рок ќе бидат подготвени во форма на предлог измени на законот и поставени на ЕНЕР на јавна консултација. Претставникот на Цивитакс проф. д-р Марјан Петрески истакна дека првпат се објавува водич кој е подготвен низ консултативен и дебатен процес со заемно слушање на аргументите на страните вклучени во неговата изработка. -На тој начин дојдовме до текст кој на пластичен начин објаснува повеќе аспекти кои се значајни за физичките лица во системот на ДДВ, односно кога тие се регистрираат, на кој промет плаќаат ДДВ,…, рече Петрески. Тој посочи дека во водичот се дефинира рамка на самостојните стопански дејности и дополнително се специфицира дека оданочива не е самата дејност, туку прометот на стоки и услуги кој се  врши во рамки на дејноста. Во водичот се дефинираат и неколку ситуации во кои не настанува промет, како и кои промети се релевантни за утврдување дали некое лице го надминува прагот за регистрација или не.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodich-za-podobro-informiranje-na-gragjanite-za-ddv/feed/ 0