инфраструктура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 Oct 2022 07:58:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инфраструктура – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Украински власти: Голем руски напад врз енергетската инфраструктура на државата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-golem-ruski-napad-vrz-energetskata-infrastruktura-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-golem-ruski-napad-vrz-energetskata-infrastruktura-na-drzavata/#respond Mon, 31 Oct 2022 07:58:20 +0000 https://kurir.mk/?p=752938

Украинските власти денеска ја обвинија Русија за нов „голем напад“ врз енергетската инфраструктура на државата, откако властите најавија прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода во главниот град. „Руските терористи повторно извршија голем напад врз електричната инфраструктура во голем број украински региони“, изјави заменик-шефот на украинското претседателство, Кирило Тимошенко. Неколку експлозии го потресоа Киев денеска само неколку дена откако Русија ја обвини Украина за напади со беспилотни летала врз нејзината флота на Крим во Црното Море. Најмалку пет експлозии се регистрирани утрово во главниот град на Украина помеѓу 8:00 часот (06:00 GMT) и 8:20 часот. Киев веќе беше погоден на 10 и 17 октомври со беспилотни летала. По денешните експлозии, градоначалникот Виталиј Кличко во порака на Телеграма нагласи: „Една област на Киев е без струја, а одредени области без вода по руските напади“. Нападот врз украинскиот главен град се случува откако Русија се повлече од историскиот договор со кој се дозволени витални пратки со жито преку поморскиот безбедносен коридор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainski-vlasti-golem-ruski-napad-vrz-energetskata-infrastruktura-na-drzavata/feed/ 0
Руските сили ја нападнаа пристанишната инфраструктура во Миколаев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-ja-napadnaa-pristanishnata-infrastruktura-vo-mikolaev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-ja-napadnaa-pristanishnata-infrastruktura-vo-mikolaev/#respond Tue, 26 Jul 2022 08:37:44 +0000 https://kurir.mk/?p=710268

Руските сили ја нападнаа пристанишната инфраструктура во регионот на Миколаев во јужна Украина, изјави денеска градоначалникот Олександр Сенкевич. „Извршен е голем ракетен напад врз јужниот дел на Украина од правец на Црното Море, со употреба на авијација“, изјави Сенкевич за украинската државна телевизија, без да даде детали за последиците од нападот. Минатата сабота, Русија нападна уште едно јужно украинско пристаниште – Одеса, само еден ден откако беше постигнат договор за испорака на жито со Обединетите нации, Турција и Украина. Договорот за жито има за цел да овозможи безбеден премин за испораките на жито до и од украинските пристаништа, кои Русија ги блокираше од нејзината инвазија на 24 февруари. Русија ја обвини Украина за запирање на испораките со минирање на пристанишните води.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ruskite-sili-ja-napadnaa-pristanishnata-infrastruktura-vo-mikolaev/feed/ 0
Во Општина Илинден продолжува подобрувањето на локалната патна инфраструктура https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-opshtina-ilinden-prodolzuva-podobruvanjeto-na-lokalnata-patna-infrastruktura/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-opshtina-ilinden-prodolzuva-podobruvanjeto-na-lokalnata-patna-infrastruktura/#respond Sat, 30 Apr 2022 10:52:37 +0000 https://kurir.mk/?p=670107

Oпштина Илинден интензивно работи на санирање и подобрување на постоечката локална патна инфраструктура. Во тек е санација на улица „19“, како и дел од улица „9“ во населба Илинден, четири делови од улица „500“ во Марино, улицата „6“ во Кадино, како и паркинг просторот пред црквата „Свети Илија“, во Кадино, информираат од општина Илинден. Од таму посочуваат како насока на поголема безбедност на учесниците во сообраќајот на повеќе локации во општината во тек е обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација. - Изградбата и реконструкцијата на локалната патна инфраструктура останува еден од приоритетите на локалната самоуправа и во наредниот период, додаваат од општината. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-opshtina-ilinden-prodolzuva-podobruvanjeto-na-lokalnata-patna-infrastruktura/feed/ 0
Во општина Гевгелија ќе се подобрува комуналната инфраструктура https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtina-gevgelija-kje-se-podobruva-komunalnata-infrastruktura/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtina-gevgelija-kje-se-podobruva-komunalnata-infrastruktura/#respond Wed, 15 Dec 2021 12:06:42 +0000 https://kurir.mk/?p=608839

Добар дел од буџетските средства за наредната година општина Гевгелија планира да намени за подобрување на комуналната инфрастуктура во градот и населените места. Од општината посочија дека во Нацрт програмата за уредување на градежно земјиште во 2020 година, која моментно е на јавна расправа, се предвидени повеќе активности и проекти за изградба на нови водоводни и канализациски линии. – Покрај изградбата на нови водоводни линии кон селата Негорци,Прдејци и Богородица, како и кон ГП „Богородица“ кои се финанирани со средства од германскиот грант, од опствени средства планираме изградба на нови водоводни линии во неколку градски урбанистички блокови и во селата Кованец, Габрово и Давидово, велат од надлежната општинска служба. Скоро половина од Гевгелија, поточно јужниот дел на градот, од поранешната Касарна до Железничката станица, ќе биде раскопан поради сепарација на постојната канализациска мрежа и инсталирање на нова атмосферска канализација. Од општината потврдија дека и овој проект ќе е реализира со средства од германскиот грант. Од сопствени средства, општина Гевгелија ќе гради нови канализациски мрежи во селата Милетково, Смоквица и Ново Конско, а планира да ги доврши фекалните канализациски мрежи во Негорци, Богородица и Миравци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtina-gevgelija-kje-se-podobruva-komunalnata-infrastruktura/feed/ 0
Комисија на ВМРО-ДПМНЕ: 100 дена од 4 катастрофални години во железничкиот сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-na-vmro-dpmne-100-dena-od-4-katastrofalni-godini-vo-zeleznichkiot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-na-vmro-dpmne-100-dena-od-4-katastrofalni-godini-vo-zeleznichkiot-sektor/#respond Thu, 10 Dec 2020 10:53:54 +0000 https://kurir.mk/?p=441399

Дали целта на систематското уништување на железниците во Македонија во изминативе 4 години, беше да се обезвреднат, да се клекнат на колена и да се продадат по багателна цена како “бонбона бизнис“? - прашуваат од Комисија на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение: Поминаа 100 дена од старо-новата Влада на СДСМ, 100 дена во кои продолжи катастрофата и неодговорноста на власта кон железничкиот сообраќај. Поминаа 100 дена во кои не се започна ниту еден единствен проект. Всушност, единствен “проект“ кој започна во овој период беше најавата за продажба на единствениот државен железнички оператор во нашата држава МЖ Транспорт АД. Без никакви финансиски анализи, без стратегија што понатаму со железничкиот сообраќај, власта реши да ги продава железниците само со цел да обезбеди средства во буџетот за непродуктивни трошоци. Средствата ќе се потрошат, а Македонија ќе остане без железница. Овие 100 дена на Влада беа само продолжување на погрешните политики кои Владата ги водеше во изминативе 4 години. Во овие 100 дена добивме одговор на прашањето: Која беше целта на систематското уништување на железниците во Македонија во изминативе 4 години? Владата на СДСМ јавно најави продажба на железниците во Македонија. Па од таму, се појасно е дека целта на ова систематско уништување била да се ослабне Македонски Железници Транспорт АД, со цел да се обезвредни, да се клекне на колена и да се продаде по багателна цена како “бонбона бизнис“. СДСМ по принцип на стариот комунистички метод прво ќе ја обезвредни и ќе ја прикажи во лошо светло состојбата на МЖ Транспорт АД, а потоа ќе ја продаде (читај, некој ќе си ја купи) за багателна цена. Лажни биле ветувањата на СДСМ во изминативе 2 изборни циклуси за наводни развојни проекти во железниците: Ветуваа изградба на пругата кон Бугарија – НАПРОТИВ, ЈА СТОПИРАА, Ветуваа изградба на пруга кон Албанија – НЕ ЈА НИ ЗАПОЧНАА, Ветуваа проектна техничка документација за реконструкција на железничката пруга Скопје - Кичево – НИШТО НЕ НАПРАВИЈА, Ветуваа пуштање во сообраќај на пругата Битола-Кременица – СЕУШТЕ НЕ Е ПУШТЕНА, Ветуваа брза пруга за возовите по коридорот X – СПРОТИВНО НА ТОА ДОПОЛНИТЕЛНО ГИ УСПОРИЈА, Ветуваа приградски патнички железнички сообраќај околу Скопје – НЕМА ПРИГРАДСКИ ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ, НАПРОТИВ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ЈА ИЗОЛИРАА МАКЕДОНИЈА, Ветуваа ремонти на локомотиви и возови – СПРОТИВНО НА ТОА И ПОСТОЕЧКИТЕ ГИ УНИШТИЈА И ПРЕПОЛОВИЈА, Ветуваа почеток на изработка на проектна техничка документација за електрифиција на пругата Скопје – Блаце (граница со Република Косово) – НИШТО НЕ ЗАПОЧНАА, Ветуваа набавка и инсталација на опрема за европскиот систем за контрола на возовите – ETCS (т.н. автоматска регулација на брзината на возовите) – НИШТО НЕ НАПРАВИЈА Ветуваа проектна техничка документација за изградба на нова пруга Миладиновци до аеродромот TAV Петровец – НЕ ЗАПОЧНАА ВАКОВ ПРОЕКТ Ветуваа осигурување на патните премини – НАПРОТИВ ОД ПОСТОЕЧКИТЕ ГОЛЕМ ДЕЛ СЕ НЕФУНКЦИОНАЛНИ. Ветуваа завршување на ремонтот од Ногаевци до Неготино – НЕ ГО ЗАВРШИЈА. Очигледно е дека оваа Влада предводена од СДСМ ниту има волја, ниту има капацитет да се справува со предизвиците на железничкиот систем во нашата држава. Не грижата кон железниците, предизвикува непоправливи штети и го загрозува безбедното одвивање на железничкиот сообраќај. Македонија никогаш не била во полоша состојба во делот на железничкиот сектор. Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-na-vmro-dpmne-100-dena-od-4-katastrofalni-godini-vo-zeleznichkiot-sektor/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги закочи сите проекти во инфраструктурата, а немаат почнато ниту еден километар нов пат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-gi-zakochi-site-proekti-vo-infrastrukturata-a-nemaat-pochnato-nitu-eden-kilometar-nov-pat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-gi-zakochi-site-proekti-vo-infrastrukturata-a-nemaat-pochnato-nitu-eden-kilometar-nov-pat/#respond Thu, 17 Sep 2020 13:32:43 +0000 https://kurir.mk/?p=404612

Денешната прес-конференција на министерот Благој Бочварски ја потврди безидејноста на СДСМ во реализацијата на ветувањата пред изборите. СДСМ ги закочи сите инфраструктурни проекти. Веќе 4та година на владеење на СДСМ немаат прогрес за автопатот од Кичево до Охрид а сепак повторно ветуваат негова изградба и завршување. Да беа сигурни во своите квалитети и работоспособните ќе дадеа и рок на завршување на градежните работи. Но и понатаму ништо од тоа. СДСМ немаат капацитет да го завршат автопат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Нивната неспособност и криминални навики резултираше и со откажување на фирмата изведувач на експресниот пат од Градско до Прилеп.  Иако сега повторно ветуваат негова изградба. Овој пат е започнат од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и до сега ќе беше завршен, но и овој експресен пат СДСМ нема капацитет да го доврши. СДСМ продолжуваат да ја ветуваат пругата кон Бугарија иако цел мандат немаат веќе никаков прогрес, а поради нереализирани а преземени обврски од страна на владата фирмата изведувач еднострано го раскина договорот за изведба на оваа пруга. Гасификацијата и натаму е тема на ветувања од страна на СДСМ а сепак за цел нивен мандат ниедно домаќинство не се приклучи на ново изградената мрежа, посочуваат од партијата. Од таму обвинуваат дека СДСМ уште не може да доврши проекти во инфраструктурата кои ги осмисли и започна ВМРО-ДПМНЕ. -СДСМ е во својот втор мандат нема започнато ниеден километар автопат кој тие го проектирале и првично започнале со работа. Изградбата на 550км автопатишта, 600км експресни патишта и 1000 км локални патишта ќе остане запишано во историјата како најголемо лажно изборно ветување од страна на Зоран Заев. Лагите на СДСМ во новиот мандат се само надградени и проширени. Тоа е тоа што СДСМ најдобро го умее. Затоа криминалот, мафијата и владата кои се едно исто во Македонија мора да паднат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-gi-zakochi-site-proekti-vo-infrastrukturata-a-nemaat-pochnato-nitu-eden-kilometar-nov-pat/feed/ 0
Џонсон вети создавање „инфраструктурна револуција“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-veti-sozdavanje-infrastrukturna-revolucija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-veti-sozdavanje-infrastrukturna-revolucija/#respond Tue, 30 Jun 2020 13:06:38 +0000 https://kurir.mk/?p=365872

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска вети дека ќе обезбеди „инфраструктурна револуција“, која може да и помогне на Велика Британија да се спаси од економското уништување поради новиот коронавирус. – Тоа е програма за работни места, работни места, работни места, бидејќи против градење, градење, градење … ние ќе ги добиеме работните места, кои и се потребни на оваа нација, истакна Џонсон во својот говор, ветувајќи „инфраструктурна револуција која ќе дозволи да се стави крај на хроничниот неуспех на британската држава да изгради доволно домови“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-veti-sozdavanje-infrastrukturna-revolucija/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ три години ги лаже граѓаните, нема ниту инфраструктурни, ниту капитални инвестиции! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-tri-godini-gi-laze-gragjanite-nema-nitu-infrastrukturni-nitu-kapitalni-investicii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-tri-godini-gi-laze-gragjanite-nema-nitu-infrastrukturni-nitu-kapitalni-investicii/#respond Thu, 28 May 2020 10:34:28 +0000 https://kurir.mk/?p=351009

СДСМ свесно ги лажеа граѓаните изминатите 3 години. Ветуваа многу не остварија ништо.  Неспособноста и нестручноста на оваа влада предводена од СДСМ излегуваат на дело, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -На СДСМ на автопатишта, инфраструктира и градби им текнува само пред избори. Ветуваа изградба на автопатишта низ цела Македонија, а не исполнија ништо. Ветија изградба на 600 километри автопатишта, а не започнале ниту 1 километар. На лагите очигледно им нема крај. Нема капитални инвестиции, нема инфраструктурни проекти, нема нови автопатишта и нови регионални патишта. Неспособната влада на СДСМ не може ни да се грижи и да ја оддржува инфраструктурата изградена од ВМРО-ДПМНЕ. Розевите очила СДСМ и понатаму ги носат, порачуваат од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека граѓаните знаат кој градеше во Македонија. -Граѓаните од Република Македонија од СДСМ добија само хибриден режим, неспособност, сиромаштија и корупција. Граѓаните ги прочитаа СДСМ, кога и да се изборите овие купишта лаги ќе завршат. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира подобра инфраструктура, повеќе инвестиции, и подобри услови за граѓаните, порачуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-tri-godini-gi-laze-gragjanite-nema-nitu-infrastrukturni-nitu-kapitalni-investicii/feed/ 0
Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО – ДПМНЕ: Шилегов повеќе од месец дена не го санира кровот на средното хемиско училиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-na-vmro-dpmne-shilegov-povekje-od-mesec-dena-ne-go-sanira-krovot-na-srednoto-hemisko-uchilishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-na-vmro-dpmne-shilegov-povekje-od-mesec-dena-ne-go-sanira-krovot-na-srednoto-hemisko-uchilishte/#respond Fri, 03 Apr 2020 11:39:59 +0000 https://kurir.mk/?p=326721

На фотографијата е прикажано како работи СДСМ, реагираат од комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО - ДПМНЕ. Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов повеќе од месец дена не го санира кровот на средното хемиско училиште. Во истиот месец дена имаше повеќе врнежи од дожд а сега и снег и настанатата штета секојдневно се зголемува. Но на Петре Шилегов не му е грижа за тоа поради тоа што не плаќа тој, туку граѓаните на Скопје плаќаат од својот џеб за неговото неработење и неодговорност. Петре Шилегов ти поминува и претпоследната година од мандатот кој ти минува во зимски сон, стои во реакцијата на комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО - ДПМНЕ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-infrastruktura-urbanizam-i-transport-na-vmro-dpmne-shilegov-povekje-od-mesec-dena-ne-go-sanira-krovot-na-srednoto-hemisko-uchilishte/feed/ 0
Мицкоски со мерки за инфраструктурен бум, нов автопат Велес – Битола, да нема неасфалтиран регионален пат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-merki-za-infrastrukturen-bum-nov-avtopat-veles-bitola-da-nema-neasfaltiran-regionalen-pat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-merki-za-infrastrukturen-bum-nov-avtopat-veles-bitola-da-nema-neasfaltiran-regionalen-pat/#respond Tue, 18 Feb 2020 11:01:35 +0000 https://kurir.mk/?p=305416

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција соопшти какви проекти планираат во областа на инфраструктурата. Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Мицкоски. Македонија со Заев стана држава на апсурди во која премиерот кој владееше три години со неправда се свести пред избори дека требало правда. Апсурди во која владејачката партија поседува штаб за креирање на кризи, во исто време кога кај нас работи штаб за креирање на проекти и програма. Но јас нема да влегувам во неговата кал, ниту пак да се занимавам со кризи. Јас ќе говорам за тоа како ќе ја промениме реалноста, како ќе излеземе од кризата во која не туркаат, како ќе решиме што повеќе проблеми и ќе донесеме обнова која ќе значи повеќе за секого, за секој еден човек, за секој еден бизнис во земјава. Повеќе правда, повеќе економија, повеќе сигурност и надеж. Мојот главен фокус ќе биде она каде сега сме најслаби, а тоа е економијата. Таа е фундаментот за добриот живот. Нема развиена економија без добра инфракструктура. Ќе промовирам денес 12 нови проекти кои ќе бидат дел од обновата кон која се обврзуваме од областа на транспортот и инфраструктурата. Затоа: Се обврзуваме на обнова која ќе донесе автопатско поврзување на Скопје со Битола, тоа ќе значи градба на нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола. Ќе изградиме автопат по кој од Скопје до Битола ќе се патува за час и половина. Ова значи нова патна артерија, нов коридор односно ново автопатско поврзување од Велес, Чашка, Прилеп па се до Битола, кој е од стратешко значење за Пелагонискиот крај и еден милион граѓани. Воедно ќе го доизградиме сето она што е започнато т.е. автопатите кои што ги започна и предвиде Владата на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот Кичево - Охрид и автопатот Скопје - Блаце. Се обврзуваме за обнова која ќе донесе нов асфалт за регионални патишта во државата. Да нема неасфалтиран регионален пат, односно целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта. Ова значи за еден мандат ќе го замениме целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и останатите градови ќе се вози низ целосно нов асфалт. Се обврзуваме за обнова со која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци. Значи за еден мандат инвестиција од минимум 2 милијарди евра што ќе биде значителна финансиска инекција за градежниот сектор. Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на 150 километри експресни патишта низ целата држава. Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Куманово до Крива Паланка. Ова ќе значи целосно поврзување со експресен пат, со широк и безбеден коловоз Куманово со Крива Паланка за посилен економски развој на овој дел од Македонија. Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Битола до Грчка граница, што ќе значи дека покрај тоа што од Скопје до Битола ќе имаме автопатско поврзување со градба на автопатот Велес - Прилеп - Битола, од Битола до Грчка граница ќе се вози по нов експресен пат. Се обврзуваме на изградба на нов експресен пат од Струмица до границата со соседна Бугарија. Ова ќе биде особено важно за развојот на Струмица, Ново Село, Василево, Босилово и околината. Воедно се обврзуваме и завршување т.е. довршување на експресните патишта кои ги започна и за кои што проектирањето го заврши и го обезбеди финансирањето претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Односно доградба на експресниот пат Штип - Кочани, експресниот пат Штип - Радовиш и експресниот пат Градско - Прилеп. Се обврзуваме на обнова која ќе значи 300 милиони евра инвестиции во изградба на нови водоводи и канализации низ целата земја со што многу населени места ќе добијат чиста вода за пиење и канализација за пристоен живот. Се обврзуваме на обнова која ќе значи купување на 5 нови возови, за подобри услови во железничкиот сообраќај и сериозна модернизација на возниот парк. Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на пруга Битола до Грција и пруга за Бугарија која многупати во минатото беше ветувана, но конечно денеска можеме да ветиме дека тоа во мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја завршиме. Се обврзуваме на обнова која ќе обезбеди нови евтини авио летови до главнит европски аеродроми и поврзување со европските центри. Воедно ќе работиме и за обезбедување на за прв пат прекуокеански летови до САД за поевтина и полесна комуникација. Се обврзуваме на обнова која ќе значи целосна дигитализација на Катастарот за нулта корупција. Ова ќе значи поедноставени процедури за граѓаните и борба против митото и корупцијата за добивање на услуги кои им следуваат на самите граѓани. Имаме мноштво на мерки, и ова се само дел од мерките од нашата програма кон која се обврзувам и обновата за која ќе се избориме. Ова се мерки и обнова која ќе донесе градежен и инфраструктурен бум. Инвестициите во инфраструктурата се инвестиции во иднината и економскиот развој, наш двигател на над триесетина стопански дејности кои директно или индиректно се поврзани со градежништвото, транспортот и инфрасктруктурата. Само со овие мерки ќе се обезбеди раст на градежништвото од просечни 30-тина проценти во време на нашиот мандат што значи 30-тина проценти повеќе плати, повеќе работа, повеќе развој на економијата, повеќе за секого. Внимателно се обмислени, и нема да ветам нешто што нема да го исполниме. И затоа внимавам што ветуваме, со чесност и честитост, со работа и многу работа, со принципи и вредности ќе стигнеме до резултатите кои ги ветуваме и на кои што се обврзуваме. Инвестициите во инфраструктурата ќе значат обнова која заедно ја планираме со стопанските комори, експертите и тимот на стратешки соработници. Голем дел од проектите се и барање на самите граѓани. Ова е обнова во инфраструктурата која ќе значи повеќе автопатишта, повеќе експресни и нови регионални патишта, повеќе во железничкиот сообраќај, повеќе евтини авио летови, повеќе во комуналната инфраструктура, повеќе за секого. Обновата доаѓа, победата е пред прагот и за тоа ќе се избориме заеднички и силно. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-merki-za-infrastrukturen-bum-nov-avtopat-veles-bitola-da-nema-neasfaltiran-regionalen-pat/feed/ 0