иницијатива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Sep 2022 12:22:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png иницијатива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Џафери да не се дрзнува да ја отфрли иницијативата за Референдум, да се почитува чл.67 ст.1 и да се дозволи негово одржување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dzaferi-da-ne-se-drznuva-da-ja-otfrli-inicijativata-za-referendum-da-se-pochituva-chl-67-st-1-i-da-se-dozvoli-negovo-odrzuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dzaferi-da-ne-se-drznuva-da-ja-otfrli-inicijativata-za-referendum-da-se-pochituva-chl-67-st-1-i-da-se-dozvoli-negovo-odrzuvanje/#respond Sun, 11 Sep 2022 12:22:37 +0000 https://kurir.mk/?p=731329

Џафери да не се дрзнува да ја отфрли иницијативата за Референдум, да се почитува чл.67 ст.1 и да се дозволи негово одржување, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Согласно чл.67 ст.1 од Законот за референдум, Иницијативата се предава до претседателот на Собранието, како што е и направено со оваа Иницијатива за распишување на референдум со цел престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот со Бугарија. Потенцираме дека власта нема правен основ да го отфрли барањето на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку се впуштат во било какви обиди за опструкции, тоа ќе биде само показател дека се свесни дека на Референдумот нивните политики ќе доживеат дебакл и дека огромно мнозинство од народот ќе бара поништување на Договорот со Бугарија. Власта да не се обидува да опструира, туку да смогне демократски капацитет и да дозволи народот да се изјасни, се вели во соопштението на партијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-dzaferi-da-ne-se-drznuva-da-ja-otfrli-inicijativata-za-referendum-da-se-pochituva-chl-67-st-1-i-da-se-dozvoli-negovo-odrzuvanje/feed/ 0
Мицкоски и официјално ја поднесе иницијативата за референдум во ДИК: Повикувам на семакедонско обединување, да гласаме масовно ЗА престанок на важноста на договорот со Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-i-oficijalno-ja-podnese-inicijativata-za-referendum-vo-dik-povikuvam-na-semakedonsko-obedinuvanje-da-glasame-masovno-za-prestanok-na-vaznosta-na-dogovorot-so-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-i-oficijalno-ja-podnese-inicijativata-za-referendum-vo-dik-povikuvam-na-semakedonsko-obedinuvanje-da-glasame-masovno-za-prestanok-na-vaznosta-na-dogovorot-so-bugarija/#respond Wed, 07 Sep 2022 11:07:58 +0000 https://kurir.mk/?p=729859

Лидерот на најголемата опозицика партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска официјално ја поднесе граѓанската иницијатива со референдумското прашање „Дали сте за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија објавен во Сл. Весник на Република Македонија бр.12/2018 од 18.01.2018година?“. - Нормално доколку референдумот се случи тогаш граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат со ЗА, подразбира дека на тој начин престанува да важи овој договор со Република Бугарија, или ПРОТИВ односно останува да важи овој договор со Република Бугарија. Ја користам оваа прилика да ги повикам сите политички партии, да ги повикам граѓаните без разлика на нивната етничка припадност, без разлика на тоа дали поддржуваат една или друга политичка опција или се партиски неопределени, ја користам оваа прилика да ги повикам сите општествени чинители, невладини организации, буквално сите поединци да се обединат на едно општествено семакедонско обединување и да застанат против тоа кое што претставува главен проблем на нашата европска интеграција, а тоа е договорот кој што го има потпишано Република Македонија со Република Бугарија, изјави Мицкоски за медиумите веднаш по поднесувањето на иницијативата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повика кога ќе се случи овој Референдум да излезат масовно и да гласаат ЗА престанок на важноста на законот со кој што овој договор е ратификуван во рамките на парламентот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-i-oficijalno-ja-podnese-inicijativata-za-referendum-vo-dik-povikuvam-na-semakedonsko-obedinuvanje-da-glasame-masovno-za-prestanok-na-vaznosta-na-dogovorot-so-bugarija/feed/ 0
Мицкоски во 12:00 часот ќе ја поднесе иницијативата за Референдум во Државната изборна комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vo-12-00-chasot-kje-ja-podnese-inicijativata-za-referendum-vo-drzavnata-izborna-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vo-12-00-chasot-kje-ja-podnese-inicijativata-za-referendum-vo-drzavnata-izborna-komisija/#respond Wed, 07 Sep 2022 09:19:37 +0000 https://kurir.mk/?p=729786

Денеска 07.09.2022 година (среда) во 12:00 часот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски ќе ја поднесе иницијативата за Референдум во Државната изборна комисија. По поднесувањето ќе биде дадена изјава за медиуми пред просториите на ДИК (зграда Нова Македонија). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vo-12-00-chasot-kje-ja-podnese-inicijativata-za-referendum-vo-drzavnata-izborna-komisija/feed/ 0
СПМ: Поднесовме нова иницијатива до Собранието за градба на меморијален споменик за сите бранители и паднати борци на Македонија (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-podnesovme-nova-inicijativa-do-sobranieto-za-gradba-na-memorijalen-spomenik-za-site-braniteli-i-padnati-borci-na-makedonija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-podnesovme-nova-inicijativa-do-sobranieto-za-gradba-na-memorijalen-spomenik-za-site-braniteli-i-padnati-borci-na-makedonija-foto/#respond Tue, 17 May 2022 10:24:39 +0000 https://kurir.mk/?p=677757

Синдикатот на Полиција во Македонија до јавноста испрати соопштение во врска со иницијативата за изградба на спомен обележје на бранителите од конфликтот 2001 и кумановските настани 2015 поднесена до Градоначалникот и Советот на општина Куманово кое во продолжение ви го пренесуваме интегрално:
„Синдикат на Полиција во Македонија ја информира јавноста дека откако остваривме средба со градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски на која што средба побаравме нашата иницијатива за изградба на спомен обележје во општина Куманово да ја ставиме во мирување. До ваква одлука дојдовме водени од фактот дека на територија на Општина Липково во меѓувреме е изграден монументален споменик со грандиозни големини во чест на паднатите борци на ОНА од воениот конфликт во 2001 којшто кај сите нас генерира негативни чувства, несоодветно ја отсликува реалноста што дополнитенлно буди негативни чувствата и кај сите бранители, семејствата на загинатите бранители, граѓаните и нашите членови кои што ги претставуваме. Поради тоа ја информираме Македонската јавност дека веќе поднесовме нова ИНИЦИЈАТИВА/ БАРАЊЕ до Собранието на Република Македонија до сите пратенички групи за давање на ПОДРШКА за градба на меморијален споменик на територија на Општина Куманово за сите бранители и паднати борци од осамостојување на Република Македонија до денеска кои што својот живот го дале за заштита на уставниот поредок на независна Македонија и нејзините граѓани. Оваа иницијатива е поднесена од наша страна согласно Законот за меморијални споменици и спомен обележје Сл.весник на РМ бр. 66/04,89/08,152/15 до Собранието, член 5 став 2. Сметаме дека загинатите бранители во независна Македонија заслужуваат соодветен третман од страна на државата и изградба на меморијален споменик токму на територија на Општина Куманово каде што се водеа голем број од борбените дејствија а воедно очекуваме оваа наша иницијатива да биде поддржана од останатите невладини организации, здруженија, синдикати, индивидуални лица, интелектуалци и целата општествена јавност во Македонија со цел еднаш засекогаш овие наши херои да бидат соодветно третирани и да добијат вистински меморијален споменик со кој ќе се одбележат нивните жртвувања за државата.“
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spm-podnesovme-nova-inicijativa-do-sobranieto-za-gradba-na-memorijalen-spomenik-za-site-braniteli-i-padnati-borci-na-makedonija-foto/feed/ 0
„Разбери, прифати, сакај“: Повик за вклучување во иницијативата „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razberi-prifati-sakaj-povik-za-vkluchuvanje-vo-inicijativata-sonchogledi-kon-sonceto-za-vidliva-i-nevidliva-poprechenost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razberi-prifati-sakaj-povik-za-vkluchuvanje-vo-inicijativata-sonchogledi-kon-sonceto-za-vidliva-i-nevidliva-poprechenost/#respond Thu, 31 Mar 2022 11:38:28 +0000 https://kurir.mk/?p=656293

Повик до сите општини, институции, општествено одговорните компании, маркети, банки и сите услужни компании за вклучување во иницијативата „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“ со што ќе ја препознаат инклузивната лента, ќе внесат посебна каса/ шалтер за посебните. Официјалниот повик, КУРИР го пренесува во продолжение: Почитувани, Здружението на граѓани Куќа на Среќата ги повикува сите општини, институции, општествено одговорни фирми, компании, музеи, ресторани, кино сали, маркети, болници... да ни се придружат во кампањата „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“, да станат пријателски прилагодени кон лицата кои носат инклузивна лента, да ги разберат, прифатат и сакаат и да им дадат предност. Вклучувањето во овој проект не подразбира никакви посебни финансиски импликации, потребно е само:
  1. Да се има добра волја да се вклучат во оваа иницијатива, да бидат инклузивни;
  2. Да прифатат да бидат обележани со логото на оваа иницијатива „сончогледот“ и пораката „разбери, прифати, сакај“
  3. Да обезбедат „посебна каса/шалтер за посебните“ - односно кога лице кое ќе носи инклузивна лента (лента со сончогледи), да му дадат предност пред другите и да му го отстапат редот.
Сите заинтересирани организации кои сакаат да бидат инклузивни и дел од оваа иницијатива, да им дадат предност на лицата со видлива и невидлива попреченост ќе ги замолиме да не контактираат на следната е-пошта: [email protected].  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razberi-prifati-sakaj-povik-za-vkluchuvanje-vo-inicijativata-sonchogledi-kon-sonceto-za-vidliva-i-nevidliva-poprechenost/feed/ 0
ССМ: Иницијативата за измени на Законот за минимална плата доставена до пратениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ssm-inicijativata-za-izmeni-na-zakonot-za-minimalna-plata-dostavena-do-pratenicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ssm-inicijativata-za-izmeni-na-zakonot-za-minimalna-plata-dostavena-do-pratenicite/#respond Sat, 25 Dec 2021 10:06:18 +0000 https://kurir.mk/?p=612933

За иницијативата на ССМ за Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата упатена до Собранието, од страна на Претседателот на Собранието на Република Македонија, г-дин Талат Џафери сме информирани дека истата е доставена до пратениците во најкус рок за само 4 дена од денот на поднесувањето на истата. Му се заблагодаруваме на Претседателот на Собранието, Џафери за брзата реакција и ги повикуваме пратениците, согласно нивните надлежности, истата да ја прифатат и да го искористат своето право согласно член 132 од Деловникот за работа на Собранието и со тоа да го искористат право да предложат донесување на закон, кое право го има секој пратеник во Собранието, а треба да го искористат по иницијативата на ССМ. Уште еднаш ги охрабруваме и пратениците, предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија доставен од страна на ССМ, согласно своите надлежности да го поддржат и предложат и тие. Истовремено, Сојузот на синдикатите на Македонија како член на Економско – социјалниот Совет достави барање за свикување на седница на Економско – социјалниот Совет во најкус можен рок на која ќе се дискутира и разгледа иницијатива на ССМ за предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија како посебна точка на дневниот ред што впрочем е и обврска на Економско социјалниот Совет пред предлог за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија да биде испратен од страна на Владата до Собранието за негово усвојување и примена од 1 јануари 2022 година. Бараме пратениците веднаш да пристапат кон Законска процедура и истите да се одважат на нивото на задачата за што се избрани и да го прифатат предлогот на работниците, со што ќе биде овозможено започнувајќи од платата за месец јануари 2022 година работниците во Државата да добиваат зголемена минимална плата како и зголемени плати поради растот на минималната плата. Претседателот на ССМ, Димовски веќе разговара со сите социјални партнери, со останатите синдикати, работодавачите, пратеници и претставниците на Владата оваа заложба на ССМ и на Владата изнесена и од страна на Претседателот на Владата, како и од владејачката пратеничка група да стане реалност. ССМ укажува дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за октомври 2021 година изнесува 34.893,00 денари, или истата само во 2021 година е зголемена за повеќе од 1.300,00 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата, а со дискусијата ако минималната плата дојде до висина од најмалку 18.000,00 тогаш отприлика две минимални плати би биле доволни да ја покријат синдикалната минимална кошница што би значело подобрување на животниот стандард на македонскиот работник на кој очигледно му е потреба плата за живот. Уште повеќе, ако знаеме дека одлуката за замрзнување на цените на одредени производи завршува заклучно со 31.01.2022 година, како и очекуваното зголемување на цената на електричната енергија за најмалку 10% што исто така ќе придонесе до зголемување на Синдикалната минимална кошница и зголемување на цените, а овие трошоци ќе се плаќаат во месец февруари 2022 година, неопходно е работниците да добијат зголемена минимална плата како и зголемени плати поради растот на минималната плата согласно Закон и колективен договор. Потсетуваме дека Македонија можеше да биде Државата која ќе ја следат останатите држави во регионот, но пратениците од Црна Гора гласаа за зголемување на минималната плата во државата на 450 евра. Сојуз на синдикатите на Македонија]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ssm-inicijativata-za-izmeni-na-zakonot-za-minimalna-plata-dostavena-do-pratenicite/feed/ 0
Барањето за итна седница за разрешување на Филипче и Хасани испратено до Џафери, спикерот молчи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/baranjeto-za-itna-sednica-za-razreshuvanje-na-filipche-i-hasani-isprateno-do-dzaferi-spikerot-molchi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/baranjeto-za-itna-sednica-za-razreshuvanje-na-filipche-i-hasani-isprateno-do-dzaferi-spikerot-molchi/#respond Thu, 07 Oct 2021 12:54:03 +0000 https://kurir.mk/?p=574739

Молк од Собранието дали претседателот ќе ја прифати иницијативата на пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за свикување итна седница. Опозицијата уште вчера испратила барање до Талат Џафери, итно пратениците да одржат седница на која точки ќе бидат разрешување на министерот за здравство и заменик министерот. Ова доаѓа откако премиерот Заев практично реши да ги амнестира Хасани и Филипче кои од морални причини понудија оставки по трагедијата во Тетово. Иако требаше истрагата целосно да заврши, првиот човек на Владата само по првичниот извештај на Обвинителството реши да ги одбие оставките што ја разгневи опозициската партија од каде сметаат дека ако Филипче не си поднесе неотповиклива оставка ќе докаже дека оставката до Заев била само фарса. -Четири недели јавноста чекаше да добие одговори. Четири недели немаше реакција од институциите. Насекаде во светот за вакви инциденти и далеку помали од овие оставките се даваат уште првиот ден. Само Венко Филипче наместо да си замине реши да глуми. Сите институции делуваа во насока на заштита на Венко Филипче. ЈО наместо веднаш да ги повика на давање на искази и Филипче и Хасани цел месец се занимава со роднините на починатите. Истрагата се држи ниско без воопшто да се викне некој одговорен во институцијата. Филипче нема одговорност, без разлика дали причина за пожарот бил кабел, некој штекер, полнач за телефон или некој друг еектронски уред кој ќе му текне на Заев, рече Мизрахи. Од кабинетот на собранискиот спикер не одговараат дали Џафери ќе ја прифати иницијативата. Вчера откако пратеникот Антонијо Милошоски најави дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива, од кабинетот на Џафери само кратко информираа дека спикерот не сакал да ги коментира политичките изјави. Сега кога барањето е веќе испратено, нема информации дали и кога ќе има седница со овие точки. Премиерот Заев пак, со истите оправдувања. Истрагата покажала дека не може да се лоцира менаџерска и политичка одговорност кај Филипче и Хасани. На ред биле истражните органи да увидат евентуална човечка грешка. – Самиот начин на поднесување на оставката на двајцата директори од тетовската болница колку што јас сум информиран се неотповикливи оставки и Изборниот законик забранува во време на избори да се именуваат личности. Јас очекувам во ноември по завршувањето на изборите, вториот круг завршува на 31 октомври, да бидат поставени новите раководни лица, додаде Заев. Инаку, по поднесување иницијатива за свикување итна седница, првиот човек на парламентот треба најдоцна до 10 дена да одговори. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/baranjeto-za-itna-sednica-za-razreshuvanje-na-filipche-i-hasani-isprateno-do-dzaferi-spikerot-molchi/feed/ 0
НУК со Иницијатива до Народната банка: Очекуваме делумно отпишување на обврските со кои угостителите ќе ја вратат својата финансиска кондиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-so-inicijativa-do-narodnata-banka-ochekuvame-delumno-otpishuvanje-na-obvrskite-so-koi-ugostitelite-kje-ja-vratat-svojata-finansiska-kondicija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-so-inicijativa-do-narodnata-banka-ochekuvame-delumno-otpishuvanje-na-obvrskite-so-koi-ugostitelite-kje-ja-vratat-svojata-finansiska-kondicija/#respond Mon, 26 Apr 2021 08:10:02 +0000 https://kurir.mk/?p=502097

Независната угостителска комора (НУК) достави Иницијатива до Народната банка за промена на законските акти и прописи со што ќе им се дозволи на комерцијалните банки да извршат делумно отпишување на обврските за угостителската индустрија, намалување на каматите на кредитите и репрограмирање на сите доспеани обврски (кредити, рати и камати) заклучно со 30 април 2021 година, заедно со обврските кои ќе настанат во периодот до 30 април 2022 година. Според НУК, банките во моментов поради постојната законска регулатива не се во можност самостојно да излезат во пресрет на потребите на угостителската индустрија и да направат дополнителни одлагања на обврските односно репрограмирање на доспеаните долгови по основ на користени кредити. -Очекуваме во најбрз рок да предложите и изработите системски решенија и правни акти со кои ќе им дозволите и ќе им препорачате на сите банки да извршат делумно отпишување на обврските, намалување на каматите на кредитите за угостителската индустрија и репрограмирање на сите доспеани обврски (кредити, рати и камати) заклучно со 30 април 2021 година заедно со обврските кои ќе настанат во периодот до 30 април 2022 година за една година со што ќе се овозможи на угостителите кои тонат во обврски да можат да се реструктуираат и да ја вратат својата финансиска кондиција како би се створиле услови да ги подмируваат редовно обврските кон добавувачите, вработените и банките, се наведува во Иницијативата испратена електронски до гувернерката Ангеловска-Бежовска. НУК очекува Ангеловска-Бежовска да ги покани на работна средба на која детално би биле образложени потребите на угостителската индустрија. -Веќе подолго од година дена соочени со пандемијата Ковид-19 угостителите, угостителските работници и целокупната угостителска индустрија трпи енормни загуби и штети. Поради забраните и ограничувањата на работното време, како и посебните препораки и протоколи за работа поголемиот дел на угостители не се во можност да остварат доволно приходи со кои можат навремено и целосно да ги подмират своите обврски вклучувајќи ги и инвестициските обврски за кои угостителите се корисници на краткорочни и долгорочни кредити во повеќе македонски банки во износ на скоро 100 милиони евра. Покрај угостителите и угостителските работници имаат преполовени или се останати целосно без своите редовни приходи, пишува претседателот на НУК, Здравко Јосифовски. Јосифовски додава дека во изминатиот период дел од банките излегоа со парцијални решенија за репрограмирање на обврските на угостителите и угостителските работници. -За жал, никој од нас не очекуваше дека КОВИД-пандемијата ќе трае толку долго за што понудените периоди на одлагање на доспеаните обврски и нивното репрограмирање истекоа. Голем дел од нас се во ситуација од ликвидни и солидни да станат неликвидни фирми, со зголемени обврски по разни основи, вклучувајќи ги и обврските по основа на користени краткорочни и долгорочни кредити, наведува Јосифовски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nuk-so-inicijativa-do-narodnata-banka-ochekuvame-delumno-otpishuvanje-na-obvrskite-so-koi-ugostitelite-kje-ja-vratat-svojata-finansiska-kondicija/feed/ 0
По бегството на Мијалков, недостапни и „иницијаторите“ за конгресот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-begstvoto-na-mijalkov-nedostapni-i-inicijatorite-za-kongresot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-begstvoto-na-mijalkov-nedostapni-i-inicijatorite-za-kongresot/#respond Mon, 22 Feb 2021 20:15:46 +0000 https://kurir.mk/?p=472495

Откако екс-директорот на УБК Сашо Мијалков стана недостапен за органите на прогонот, молк од таборот на иницијаторите за конгрес во ВМРО-ДПМНЕ. Редакцијата на КУРИР се обиде да стапи во контакт со Борче Стамов, но тој не одговори на нашата порака. Одговор од Стамов нема, како што нема одговор од никој од иницијативата која очигледно ќе остане во историјата како неуспешен обид на Сашо Мијалков да издејствува сопствено ослободување од кривичен прогон создавајќи дестабилизација на опозицијата. Со своја реакција за бегството се нема јавено ниту еден претставник на оваа иницијатива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-begstvoto-na-mijalkov-nedostapni-i-inicijatorite-za-kongresot/feed/ 0
Мицевски: Иницијативата за собирање на потписи ја поднесуваме заради сериозни забелешки на Законот за попис https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-inicijativata-za-sobiranje-na-potpisi-ja-podnesuvame-zaradi-seriozni-zabeleshki-na-zakonot-za-popis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-inicijativata-za-sobiranje-na-potpisi-ja-podnesuvame-zaradi-seriozni-zabeleshki-na-zakonot-za-popis/#respond Wed, 03 Feb 2021 10:51:59 +0000 https://kurir.mk/?p=463574

Пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Мицевски во гостување во „Утрински Брифинг“ кажа дека иницијативата за собирање на потписи ВМРО – ДПМНЕ ја поднесува пред собранието поради сериозните забелешки на законското решение за законот за попис како европското знаменце на законот и неможноста за транспаретна дебата по основ на самото законско решение. Дополнително тој потенцираше дека забелешите се и во однос на роковите и на двојниот потпис. - Иницијативата пред собранието ја поднесуваме затоа што имавме сериозни забелешки на самото законско решение на законот за попис. Како што знаете во Р.Македонија повеќе од 20 години не е одржан попис и ние дојдовме во ситуација да пописот односно законот за пописот кој што е единечен акт и се поднесува секогаш кога има попис да биде едно законско решение во кое што не се дадени сите факти. Забелешката е прво за европското знаменце на законот и неможноста за транспарентна дебата по основ на ова законско решение. Имаме огромни сомнежи затоа што начинот на кој што влезе во собранието не ни дава за право да веруваме дека ќе биде транспарентна и статистичка операција. Забелешки по основ на самото законско решение затоа што кога се прави едно законско решение специјално за ваква намена во него треба да ги има дефинициите кое е резидентно население и слично, државјанин.Покрај тоа имаме забелешки на роковите кои што се дадени таму, имаме забелешки на двојниот потпис. Зошто е потребен двоен потпис од одредена институција кога во таа институција имаме директор на Државниот завод за статистика која е улогата заменик директорот да го потврди пописот ако веќе се работи за статистичка операција.И многу други забелешки истака Мицевски. Пратеникот Мицевски појасни дека иницијативата за собирање на потписи за прекинување на важењето на законот за попис е постапка која има одредена форма и започнува во наредните денови. Оваа иницијатива започнува во наредниве денови значи поведувањето на иницијатива е постапка која што има одредена форма. Тоа се оди согласно член 3 став 2 и член 66 од законот за референдум и други обливи на непосредно изјаснување на граѓаните. Денеска планираме да ја поднесеме иницијативата на која што овластен предлагач ќе биде Христијан Мицкоски , се собираат 100 потписи за отпочнување на постапка за иницијатива. Откако ќе се соберат тие 100 потписи во подрачните единции во Државната изборна комисија собраните потписи заедно со записниците се доставуваат до собранието каде што обврска на претседателот е до законодавно правната комисија и матичната комисија да ја разгледа уредноста на иницијативата. Доколку иницијативата е уредна таа истата се враќа претседателот на собранието го известува претседателот на владата кој што има обврска за уредноста на иницијативата да ја извести Државната изборна комисија и која што во рок од 20 дена отвора постапка односно собирање на потписи за прекинување на важењето на законот за попис додаде Мицевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-inicijativata-za-sobiranje-na-potpisi-ja-podnesuvame-zaradi-seriozni-zabeleshki-na-zakonot-za-popis/feed/ 0