инспекции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Sep 2021 18:16:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инспекции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дел од скандалите на Филипче – Борба за живот, за кислород https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-skandalite-na-filipche-borba-za-zivot-za-kislorod/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-skandalite-na-filipche-borba-za-zivot-za-kislorod/#respond Sun, 12 Sep 2021 11:32:33 +0000 https://kurir.mk/?p=562678

Низа скандали го одбележуваат раководењето на Венко Филипче со Министерството за здравство. Сомнителни тендери, висока корупција, скандали со пациенти се само дел од ситуациите на кои јавноста во изминативе години беше сведок. Пандемијата со коронавирусот особено на површина го извади лошото менаџирање со состојбата. Додека министерот Филипче и владата уверуваа дека состојбата е под контрола, граѓаните секојдневно преку медиумите и социјалните мрежи ги споделуваа своите негативни искуства. Додека Филипче уверуваше дека за секој граѓанин на кого му е потребна хоспитализација има слободен кревет и никој нема да биде вратен назад, граѓаните јавно говореа и сведочеа за личната или голготата на своите блиски. Од хоспитализација во болнички ходници, до наоѓање врски за да се дојде до медицинска помош во болнички услови. На голем дел вратите им беа затворани со образложение дека немаат место и беа препраќани и вртени низ болничките лавиринти. Наместо граѓаните на дело да го видат она во што надлежните ги уверуваа, голем дел мораа сами да се снаоѓаат со лекови, кислород. Пропусти се правеа и во навидум добрата организација во следењето на кластери. Надлежните не најдоа решение како да дојдат до податоците од оние граѓани кои одбиваа да ги кажат своите контакти или даваа лажни податоци. Граѓаните бурно реагираа и на ненавременото носење на рестриктивните мерки, како и на носењето на несоодветни мерки во даден период. Она што е еден од поголемите пропусти кога станува збор за коронакризата е немањето вакцини. Додека сите држави набавуваа и наоѓаа начини да дојдат до вакцина повеќе за своите граѓани, Владата и Министерството за здравство потфрлија. Јавноста добро памети дека вакцинацијата во Македонија започна благодарение на донираните вакцини од соседна Србија. И обидот за набавка на вакцини од Кина не помина без скандал Италијанскиот весник „Ла Верита“ во март годинава објави писма и документи за набавката на вакцини од Кина. Весникот пишуваше дека кинеската компанија ја откажала зделката плашејќи се од измами, бидејќи според објавите на „Ла Верита“ Заев одел преку фирма посредник која била фантом компанија со нестабилни темели во Хонг Конг. Во официјалните изјави на Заев и Филипче, кои неколку пати го најавуваа доаѓањето на кинеските вакцини во Македонија, истакнува дека причина за враќање на авансот за кинеските вакцини е поради усогласување на документацијата. Заев тогаш потврди дека се обиделе преку поинаков пат да дојдат до вакцини, но негираше лоши намери или незаконско дејствување. -Негирам какви било лоши намери или незаконско дејствување, зашто во овој период правиме напори да набавиме вакцина по сите можни канали. Јас ја информирав јавноста, и министерот за здравство информираше дека после две недели чекање на активности на кинеската амбасада, ние директно преку ‘Синофарм’ не можевме да добиеме контакт и дадовме нарачки преку приватни компании кои Министерството за надворешни работи не ги потврди и затоа и авансот беше повлечен. Сега очекуваме да стигнат нарачките преку МНР на Кина, односно преку кинеската амбасада, рече во март Заев. Во тој период и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во јавноста излезе со информаци дека власта платила екстремно висока цена за набавка на 200 илјади кинеските вакцини Синофарм. Тој објави и документи, според кои, како што вели, вакцините од Синофарм чинеле 7,8 милиони долари. Тоа, според Мицкоски, е двојно повеќе од продажната цена на вакцините. -Со овој документ се потврдува целата афера околу обидот на македонската влада да набави кинески вакцини преку фирмата посредник „Стабри“. Владата во месец февруари на фирмата со седиште во Хонг Конг и уплатила 7.8 милиони долари, со што излегува дека една вакцина од кинеските „Синоифарм“ би чинеле 65 долари, истакна тогаш Мицкоски на брифинг со новинари. Борба за живот, за кислород За несоодветното менаџирање и справување со коронакризата сведочеше и младата Михаела која ја загуби својата мајка. 41 годишната жена се лекувала во штипската болница од коронавирус, а Михаела објавувајќи ги пораките од својата мајка по нејзината смрт истакна дека жената молела за кислород. - Во периодот од 7:00 – 8:00 на 14.11.2020 по повторно милион обиди да ги добиеме, докторот ни кажа дека ,, во тешка ситуација е, има бронхопневмонија на целите бели дробови, ќе мора да се јавите до после пак за да видиме како ќе биде“. После еден час од мојот разговор, добивме инфомација дека мајка ми е мртва. Се помиривме со сето ова. Судбина. Тие направиле се што можеле, толку можеле и на телефон да ни кренат за информација. Презафатени се со пациентите. Тие се грижеле за мајка ми, но не можеле ништо да направат. Сето ова беа мои зборови за утеха на моето семејство и зборови во кои што верував и бев сигурна. Но, знаете до кога? До пред половина час господине Венко Филипче. Додека не го зедов телефонот на мајка ми кој ни го вратија за да ги прочитам сите утешни зборови што и ги пишав нејзе, но таа не била во состојба да ги прочита и не ги видов сите нејзини неуспешни обиди да го добие дежурниот медицински персонал. Сите повици во кои мајка ми се обидела да добие помош, да добие кислород за да диши, но секако, никој не ја удостоил со одговор. Клучната ноќ, по нашиот последен „нормален“ разговор мајка ми се обидувала да добие помош со 10 повици од 20:23 – 20:29. Има и две молби за шанса за живот од кои едната гласи ,,Ова е итно. Јави ми се. ” и ,, Боца кислород треба горе во четворката “. Мајка ми нема да ја вратиме, на мајка ми никогаш повеќе нема да и биде потребен кислород, мајка ми повеќе никогаш нема да моли за шанса да живее, напиша тогаш Михаела на нејзиниот Фејсбук профил. Инспекциска контрола беше испратена во болница за да го испита случајот и утврди дека пациентката била лекувана според предвидените протоколи. Еден во низата скандали во македонското здравство беше и случајот со родилката Јилдиз Веапоска. Цела македонска јавност беше згрозена и шокирана од скандалот со струшката болница каде што родилка од Дебар остана без три органи, а случајот шест месеци се заташкувал. 28 годишната медицинска сестра во Брза Помош, цели 4 дена ги поминала во вистинска агонија во болницата во Струга пред докторите воопшто да се решат да проверат зошто тукушто породената мајка има толку силни болки во стомакот. Иако постојано се жалела дека не се чувствува добро, докторот Асани три дена по породувањето и донел отпусно писмо и и рекол дека е подготвена за дома. Само што го повикала сопругот, ситуацијата и се влошила.Влезот во операционата сала е последното нешто нашто се сеќава. По 10 дена во кома се разбудила наскопските клиники кога дознала дека нема матка, јајник и еден бубрег. Во домот на Д-р Мухамед Асани беше откриена нерегистрирана гинеколошка ординација на д-р Асани и за неа нема никаковдокумент. Комисијата која го испитуваше случајот, составена по налог на министерот Филипче, утврди дека не се констатирани неправилности, пропусти и недостатоци во нејзиното лекување. Веапоска и нејзиното семејство најавија дека правдата ќе ја бараат по судски пат. Додека често властите го вперуваа прстот кон граѓаните за непочитување на мерките, јавноста сведочеше и медиумите пишуваа за луѓе кои остануваа инвалиди или ја губеа борбата за живот. Инспекциите, тие констатираа работа на здравствените институции според протокол.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-skandalite-na-filipche-borba-za-zivot-za-kislorod/feed/ 0
Затворени неколку кафеани кои, не ја почитувале забраната за работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoreni-nekolku-kafeani-koi-ne-ja-pochituvale-zabranata-za-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoreni-nekolku-kafeani-koi-ne-ja-pochituvale-zabranata-za-rabota/#respond Fri, 10 Apr 2020 13:11:31 +0000 https://kurir.mk/?p=330240

Затворени се четири угостителски објекти во Битола, Гостивар и Тетово кои не ја почитувале забраната за работа, а надвор од употреба се ставени 40 кафемати во Скопје, Охрид и во Гостивар, при надзорите што ги спровеле пазарните инспектори од 6 до 8 месецов во однос на почитување на мерките и препораките на Владата за спречување на ширењето на коронавирусот. Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска денеска соопшти дека од 6 до 8 април шесте инспекциски служби спровеле вкупно 1.346 надзори од кои 547 од страна на Државниот пазарен инспекторат. Пазарните инспектори извршиле и визуелни контроли на угостителските објекти низ државата при што е констатирано дека ја почитуваат забраната за работа, а кај мал дел од трговците се констатирани зголемени цени на производи и по надзорите се вратени на изност од 11 март. Во тек на 164. надзори од инспекторите при Агенцијата за храна и ветеринарство се изречени шест мерки и едукациии поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна и се изречени седум решенија за костатирана лоша општа хигенска состојба, а правните субјекти се задолжени да извршат дезинфекција. Спроведени се и 43 контроли од инспекторите од Агенцијата за лекови, кои констатирале дека нема специфични отстапувања и оти секторот ги почитува препораите, односно се одржува ред во аптеките, а цените се во согалсност со одлуките на Владата. Трудовиот инспекторат, пак, извршил 422 надзора, во тек на кои изрекол едно решение и 11 укажувања во однос на почитување на препораката за ослободување од работа на лица со деца до 10 години. Работодавачите генерално ги почитуваат препораките на Владата. Транспортниот инспекторат, пак, извршил 114 надзори и повторно е констатирано дека меѓуопштинскиот превоз е редуциран за 90 проценти, а автобуските станици ги почитуваат влаидните препораки. Филиповска Грашкоска повторно апелираше да се почитиваат мерките препораките за заштита од коронавирсот, најавувајќи санкции дека ќе биде санкциониран секој кој нема да ги почитува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoreni-nekolku-kafeani-koi-ne-ja-pochituvale-zabranata-za-rabota/feed/ 0
Инспекциите откриле маркети и месари во кои не се одржува хигиена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspekciite-otkrile-marketi-i-mesari-vo-koi-ne-se-odrzuva-higiena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspekciite-otkrile-marketi-i-mesari-vo-koi-ne-se-odrzuva-higiena/#respond Fri, 03 Apr 2020 17:58:56 +0000 https://kurir.mk/?p=326970

Инспекторите констатирале лоши хигиенски услови во пет месарници и маркети. Од Инспекцискиот совет информираат дека за период од пет дена инспекторатите извршиле околу 5.200 контроли по различни основи. Иако општата констатација е дека субјектите се придржуваат до одлуките за превенција од ширењето на коронавирусот, сепак дел од нив не ги почитуваат. -АХВ направи вкупно 277 надзори во повеќе градови во маркети, угостителски објекти, месарници, производствени објекти и зелени пазари. При тоа, изрече 22 мерки најчесто поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна, или поради работа на вработени без санитарна книшка. Исто така, издадени се и 5 решенија на месарници и маркети поради констатирана лоша општа хигиенска состојба и е наредено веднаш да преземат мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација, вели Магдалена Филиповска Грашкоска, претседателка на Инспекциски совет. Најмногу контроли извршиле пазарните инспектори. Тие проверуваат дали се почитуваат замрзнатите цени на производите од страна на трговците, ја контролираат работата на трговските, услужните и угостителски објекти. Државниот пазарен инспекторат открил и фалсификат на средства за дезинфекција. Од Страна на Државниот пазарен инспекторат е постапено и по една пријава за фалсификат средства за дезинфекција. Поконкретно, станува збор за фалсификати на средствата Екосал и Дезинтал, при што надзорот е се уште во тек, вели Филиповска Грашкоска. Инспекторите за пет дена затвориле и 20 угостителски објекти во повеќе градови низ земјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspekciite-otkrile-marketi-i-mesari-vo-koi-ne-se-odrzuva-higiena/feed/ 0
Инспекции во аптеките за цените на заштитните маски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspekcii-vo-aptekite-za-cenite-na-zashtitnite-maski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspekcii-vo-aptekite-za-cenite-na-zashtitnite-maski/#respond Tue, 17 Mar 2020 11:30:19 +0000 https://kurir.mk/?p=317696

Основните продукти за заштита од коронавирусот кои се продаваат во аптеките (маски, алкохол, ракавици), се предвидени во вчерашната одлука на Владата за замрзнување на цените. Откако одлуката ќе биде објавена во Службен весник со што всушност ќе стапи и во сила, од тој момент Пазарниот инспекторат ќе поче контроли во аптеките низ целата држава, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Според директорот Стојко Пауновски, Пазарниот инспекторат ќе ја спроведе секоја одлука на Владата и ќе врши засилен надзор. – Сфатете дека сме пазарна економија и дека само оние цени што ги формира државата се ограничени. Затоа, Владата излезе со дополнителни ограничувања на одредни цени. Сепак, оставаме простор да не изгубат и трговците. Гледаме каква е увозната цена и нормално, затоа ги враќаат цените на одредени проозводи со состојбата на 9 март, откако почна кризната ситуација, истакна Пауновски, одговорајќи на новинарски прашања по денешната средба со дистрибутерите на храна и претставниците на големите супермаркети. Во врска со непочитувањето на владината одлука за работа на кафетериите, локалите, бурекџилниците, Пауновски информира дека веќе десет објекти се затворени, а предвидени се и казни според Законот за потрошувачи. -Секој ден е се подобро. Но, некои или се прават дека не слушнале, а некои злоупотребуваат. Затоа е тука Инспекторатот. Сите 130 инспектори, дури и раководителите, се на терен и постапуваат. Ако е кафе за носење, некои седнуваат и во такви ситуаци, нормално, постапуваме. Затоа веќе 10 објекти се затворени. Дел, верувајте, злоупотребуваат. Тоа не можеме да го спречиме, но одиме и онаму каде што ќе затекнеме, постапуваме по одлуката донесена од Владата, потенцира првиот човек на Пазарниот инспекторат, додавајќи дека свеста на граѓаните мора да дојде до израз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspekcii-vo-aptekite-za-cenite-na-zashtitnite-maski/feed/ 0
Државниот инспекторат за труд со засилени контроли за исплатата на К-15 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-inspektorat-za-trud-so-zasileni-kontroli-za-isplatata-na-k-15/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-inspektorat-za-trud-so-zasileni-kontroli-za-isplatata-na-k-15/#respond Wed, 09 Jan 2019 10:49:13 +0000 https://kurir.mk/?p=150012

Државниот инспекторат за труд прави засилени контроли во приватните фирми за исплата на К-15 на вработените. Надзорот, што почна од почетокот на годината, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика, ќе се спроведува до крајот на февруари, а инспекторите ги посетуваат правните субјекти од сите дејности, вклучувајчи ги и фабриките за производтсво на текстил и чевли. Засилениот инспекциски надзор во областа на производство на  текстил и чевли е од причини што најголем број преставки  во изминатите години беа од работниците во наведените дејности, се појаснува во соопштението и се напоменува дека во случаите каде ќе се утврди дека не е постапено согласно Законот и Колективните договори, Државниот инспекторат за труд ќе преземе мерки согласно со Закон. Од МТСП ги повикуваат работниците неисплатата на К-15 да ја пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот инспекторат за труд 15 131. Државниот инспекторат за труд е орган кој е надлежен да врши инспекциски надзор над примената на правата и обврските на работниците и работодавачите утврдени со Закон и со Колективен договор. Во таа насока, при инспекцискиот надзор,  ќе се проверува  исплатата на регресот за годишен одмор (К-15), право коешто е утврдено со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор  за приватниот сектор  од областа на стопанството. Во Спогодбата, се подвлекува во соопштението од МТСП, е утврдено дека работникот има право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavniot-inspektorat-za-trud-so-zasileni-kontroli-za-isplatata-na-k-15/feed/ 0
Општина Аеродром бара граѓаните да пријават загадувач, инспекторите ќе работат до 22 часот https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-bara-gragjanite-da-prijavat-zagaduvach-inspektorite-kje-rabotat-do-22-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-bara-gragjanite-da-prijavat-zagaduvach-inspektorite-kje-rabotat-do-22-chasot/#respond Wed, 28 Nov 2018 11:43:51 +0000 https://kurir.mk/?p=133054

Инспекциската служба на Општина Аеродром од 1 ноември го продолжи работното време до 22:00 часот секој работен ден, соопштуваат од Општината. -Инспекторите работат во две смени и вршат секојдневни контроли на целата територија на општината од областа на животната средина, загадувањето на воздухот, несовесно фрлање шут и отпад и други нерегуларности. Службите се дежурни и во викендите, а граѓаните своите забелешки можат да ги пријават на дежурниот телефонски број 075/316-515. Инаку, во текот на ноември инспекторите изрекле 19 парични казни во висина од 50 евра во денарска противвредност за фрлање ѓубре на јавна површина, како и за изложување земјоделски производи на јавна површина. Исто така, имаше и три интервенции за палење оган на јавна површина, од кои една во Долно Лисиче и две на улицата „Граврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче. За палење оган се изречени и повеќе од 15 опомени, се наведува во соопштението. Од Општина Аеродром соопштуваат дека инспекциските служби во текот на ноември извршиле и мерење бучава на две локации, од кои на едно место е изречена и парична казна за надминување на дозволената граница на бучава. Овој месец се исконтролирани сите градилишта на територијата на Општината и им се изречени опомени да не ги напуштаат градилиштата со валкани тркала.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-bara-gragjanite-da-prijavat-zagaduvach-inspektorite-kje-rabotat-do-22-chasot/feed/ 0
Засилените контроли започнаа: Инспекциите на терен, се казнуваат несовесните граѓани во ек на сезоната на варење ракија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasilenite-kontroli-zapochnaa-inspekciite-na-teren-se-kaznuvaat-nesovesnite-gragjani-vo-ek-na-sezonata-na-varenje-rakija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasilenite-kontroli-zapochnaa-inspekciite-na-teren-se-kaznuvaat-nesovesnite-gragjani-vo-ek-na-sezonata-na-varenje-rakija/#respond Tue, 09 Oct 2018 06:52:56 +0000 https://kurir.mk/?p=112571

Инспекциските служби во Делчево започнаа засилени контроли со цел спречување на обидите на несовесни граѓани кои во ек на сезоната на варење ракија, од отпадот од сливи се ослободуваат со негово фрлање во канализациската мрежа. Како што велат надлежните за прекршителите ќе следуваат казни согласно законските одредби за ваков вид прекршоци. - Знаеме добро дека Пијанец е регион во кој во овој период изразена е појавата на варење ракија. Во тој процес веќе почнува да се чувствуваат несаканите нус појави, па така сведоци сме на исфрлање на сливовиот отпад во блиската канализациска мрежа која се полни и со тоа се нарушува нејзината основна функција. Како надлежни за оваа состојба апелираме до граѓаните кои во овој период варат ракија, дека не смеат да го фрлаат отпадот (комињето) во канализацијата, бидејќи постои опасност од нејзино затнување, информираат од одделението за инспекциски надзор. Додаваат дека поради евидентираните случаи за ваква практика кај граѓаните, службите ќе вршат редовни контроли по што за несовесните граѓани ќе бидат изрекувани казни. Казните ќе се применуваат согласно со законските одредби од Законот за јавна чистота на град Делчево.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasilenite-kontroli-zapochnaa-inspekciite-na-teren-se-kaznuvaat-nesovesnite-gragjani-vo-ek-na-sezonata-na-varenje-rakija/feed/ 0