инспекција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Sep 2023 13:49:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инспекција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕК спроведе инспекција за крешење на правилата за конкурентност во компанија за медицинска опрема https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-sprovede-inspektsija-za-kreshene-na-pravilata-za-konkurentnost-vo-kompanija-za-meditsinska-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-sprovede-inspektsija-za-kreshene-na-pravilata-za-konkurentnost-vo-kompanija-za-meditsinska-oprema/#respond Tue, 19 Sep 2023 13:49:27 +0000 https://kurir.mk/?p=879576

Европската комисија денеска соопшти дека извршила ненајавена инспекција во просториите на компанија за производство на медицински помагала за лица со кардиоваскуларни заболувања. Инспекцијата е иницирана поради загриженоста на Еврокомиисјата дека компанијата можеби ги прекршила антимонополските правила на ЕУ кои забрануваат злоупотреба на доминантна позиција на пазарот. Службеници на Комисијата при инспекцијата биле придружувани од нивни колеги од органите за контрола на конкурентоста на земјата членка на ЕУ во која се наоѓа седиштето на комапнијата. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, ненајавените инспекции се прелиминарен истражен чекор што го презема Европската комисија за сомнителни антиконкурентни практики. Фактот што Комисијата врши инспекција не значи дека компанијата која е предмет на истрагата ги прекршила антимонополските правила, ниту пак го прејудицира исходот од самата истражна постапка. Со регулативата на ЕУ не е предвиден законски рок за комплетирање на истрагите за монополско однесување и нивното времетраење зависи од повеќе фактори, вклучувајќи ја сложеноста на случајот, степенот до кој засегнатите компании соработуваат со Комисијата и остварувањето на нивните права на одбрана. Во соопштението на ЕК не е посочено името на компанијата, ниту земјата од која таа потекнува. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-sprovede-inspektsija-za-kreshene-na-pravilata-za-konkurentnost-vo-kompanija-za-meditsinska-oprema/feed/ 0
Вонреден инспекциски надзор во ГАК за случајот со родилката која скокна од прозор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-gak-za-sluchajot-so-rodilkata-koja-skokna-od-prozor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-gak-za-sluchajot-so-rodilkata-koja-skokna-od-prozor/#respond Tue, 04 Jul 2023 11:19:12 +0000 https://kurir.mk/?p=852498

Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор во ГАК во врска со случајот со 39-годишната родилка која скокна од прозор на УК за гинекологија, информира Министерството за здравство. – Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба, велат од МЗ. По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана, се додава во соопштението. 39-годишна жена скокна од први кат од Гинекологија, три дена откако се породила. По породувањето со царски рез мајката и бебето биле во добра здравствена состојба. Но, родилката во петокот се пожалила на мала вознемиреност и разговарала со клинички психолог, по што состојбата и се следела. Во саботата била добро, а вознемирувањето и се повторило во неделата наутро, велат од Клиниката за Гинекологија. По падот, жената итно била префрлена на КАРИЛ, каде била оперирана. Од здобиените повреди, по операцијата, родилката е во тешка, животозагрозувачка ситуација, известија од Гинекологија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-gak-za-sluchajot-so-rodilkata-koja-skokna-od-prozor/feed/ 0
ДПИ извршил над 500 инспекциски надзори од 20 до 26 март https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dpi-izvrshil-nad-500-inspektsiski-nadzori-od-20-do-26-mart/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dpi-izvrshil-nad-500-inspektsiski-nadzori-od-20-do-26-mart/#respond Thu, 30 Mar 2023 13:00:33 +0000 https://kurir.mk/?p=818158

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 20 до 26 март извршил над 500 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија. - Издадени се над 180 прекршочни платни налози со вредност над шест и пол милиони денари, од кои 125 прекршочни платни налози по Закон за трговија, 42 прекршочни платни налози по Закон за угостителска дејност, 26 прекршочни платни налози по Закон за заштита од пушењето, 100 прекршочни платни налози по Закон за финансиска дисциплина, 20 прекршочни платни налози по Закон за енергетика, соопшти Државниот пазарен инспекторат. Извршени се над 130 инспекциски надзори по Одлуките за посебни услови за трговија на одделни стоки донесени од страна на Владата. Констатирани се шест прекршоци за што се издадени прекршочни платни налози во висина од над 754.000 денари. - Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарниот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа. Законите ќе важат исто за сите, без селективност, а секој што нема да ги почитува, ќе биде санкциониран. Надзори се вршат постојано, а пазарниот инспекторат функционира со својот полн капацитет, се наведува во соопштението од ДПИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dpi-izvrshil-nad-500-inspektsiski-nadzori-od-20-do-26-mart/feed/ 0
Инспекторите од денес на терен: Казни до 10.000 евра ако не се почитува намалувањето на цените на тестенините и млечните производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektorite-od-denes-na-teren-kazni-do-10-000-evra-ako-ne-se-pochituva-namaluvaneto-na-tsenite-na-testeninite-i-mlechnite-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektorite-od-denes-na-teren-kazni-do-10-000-evra-ako-ne-se-pochituva-namaluvaneto-na-tsenite-na-testeninite-i-mlechnite-proizvodi/#respond Thu, 16 Mar 2023 07:09:44 +0000 https://kurir.mk/?p=812493

Владините одлуки за намалување на цените на тестенините и млечните производи од денес официјално стапуваат во сила, а трговците до сега требаше да ги усогласат цените според Одлуките, соопштија од Државниот Пазарен Инспекторат. -Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со Одлуките! Инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуките, а согласно тоа и според Законот за трговија. Станува збор за искусни професионалци, со долгогодишно работно искуство во сферата на пазарната инспекција, што значи дека сме апсолутно подговени да се соочиме и со овој предизвик, велат од ДПИ. Контролите ќе се вршат над производите кои ги опфаќаат Одлуките за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (Службен весник на РСМ бр. 52/2023), односно: тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети) чија највисока цена на овие производи од ставот се утврдува на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 15%; трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; урда; кравјo бело сирење и мешано бело сирење; кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан); кисело млеко; павлака и jогурт, без додатоци, а највисоките цени на наведените млечни производи се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 март 2023 година, во трговијата на мало, и се намалуваат за 10%. Начинот на кој ќе се постапува доколку некој од економските оператори дејствува спротивно од Одлуките е предвиден во Законот за трговија. Во случај да се утврди прекршување на Одлуките ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија! Казните се високи и изнесуваат од 800 до 10000 евра, во зависност од големината и видот на економскиот оператор. Од ДПИ напоменуваат дека пазарна ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуките, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало. -Апелираме да се почитуваат Одлуките, а исто така ги повикуваме граѓаните доколку забележат неправилности веднаш да пријават во пазарниот инспекторат. Работиме во интерес на граѓаните и токму затоа се донесени овие Одлуки, за да се помогне во време на економска криза која сеуште постои и да се спречи личното профитерство и злоупотреба, велат од ДПИ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektorite-od-denes-na-teren-kazni-do-10-000-evra-ako-ne-se-pochituva-namaluvaneto-na-tsenite-na-testeninite-i-mlechnite-proizvodi/feed/ 0
Инспекциите влегле во над 1500 објекти, напишани казни во вредност од над 9 милиони денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/inspektsiite-vlegle-vo-nad-1500-objekti-napishani-kazni-vo-vrednost-od-nad-9-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/inspektsiite-vlegle-vo-nad-1500-objekti-napishani-kazni-vo-vrednost-od-nad-9-milioni-denari/#respond Sat, 04 Feb 2023 12:21:51 +0000 https://kurir.mk/?p=796092

Државниот пазарен инспекторат спроведува инспекциски надзори над примена на законите и прописите кои го опфаќаат работењето на правните и физичките лица, но и примената на прописите од областа на забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, и изрекува мерки со цел отстранување на утврдените неправилности и доследно спроведување на законите. Целта на надзорите е подобрување, контрола и зајакнување на веќе постоечкиот економски систем како и одржување функционален пазар насочен кон заштита на правата на трговците и потрошувачите со пласирање на безбедни производи. Во месец јануари 2023 година извршени се повеќе од 1500 надзори на цела територија на Република Северна Македонија. Од спроведените надзори констатирани се прекршоци направени од страна на субјектите за што се издадени прекршочни платни налози во вредност од над 9 милиони денари, односно според ● Закон за трговија издадени се над 30 прекршочни платни налози ● Закон за финансиска дисциплина издадени се над 100 прекшрочни платни налози ● Закон за заштита од пушењето издадени се над 40 прекршочни платни налози ● Закон за заштита на потрошувачите издадени се над 10 прекршочни платни налози ● Закон за вршење угостителска дејност над 20 прекршочни платни налози Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и трговците на мало во делот на почитување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата. Секое отстапување од највисоко утврдената маржа од 5% и 10% во трговијата на мало и трговијата на големо се санкционира. Според оваа Одлука за ограничување на маржата кај основните прехрамбени производи, во месец јануари 2023 година извршени се над 300 инспекциски надзори и не се забележани отстапувања од предвидените ограничувања за маржата. Како институција ќе ги ангажираме сите расположливи ресурси, за тековно постапување и спроведување на законските регулативи од кои произлегуваат нашите надлежности. Пазарениот инспекторат постојано врши надзори и постапува во согласност со законите, годишниот и стратешкиот план за работа. Дополнително, покрај редовните контроли, постапува и по пријави доставени од граѓаните и им излегува во пресрет за секое прашање поврзано со нашите надлежности и делокруг на работа.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/inspektsiite-vlegle-vo-nad-1500-objekti-napishani-kazni-vo-vrednost-od-nad-9-milioni-denari/feed/ 0
Вонредна инспекција во кујната во студентскиот дом Пелагонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredna-inspekcija-vo-kujnata-vo-studentskiot-dom-pelagonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredna-inspekcija-vo-kujnata-vo-studentskiot-dom-pelagonija/#respond Thu, 29 Dec 2022 12:10:49 +0000 https://kurir.mk/?p=782091

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со Центарот за јавно здравје и претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, утрово, по добиено известување за можно труење со храна во студентскиот дом Пелагонија, извршија вонредна инспекциска контрола во кујната. -Од страна на инспекторите за храна, кујната е времено затворена. Наредени се мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот. За лабораториско испитување, земени се шест мостри од храната која се послужувала и осум брисеви од работните површини и опремата, се наведува во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство. Кујната, како што посочуваат од АХВ, ќе биде повторно пуштена во употреба по добивање на лабораториските наоди со кои ќе се потврди безбедноста и по контролата која ќе направат инспекторите со која ќе се потврди дека се преземени сите наложени мерки за отстранување на констатираните недоследности.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonredna-inspekcija-vo-kujnata-vo-studentskiot-dom-pelagonija/feed/ 0
МААЕ подготвува инспекција на две локации во Украина заради тврдењата за „валкана војна“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-podgotvuva-inspekcija-na-dve-lokacii-vo-ukraina-zaradi-tvrdenjata-za-valkana-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-podgotvuva-inspekcija-na-dve-lokacii-vo-ukraina-zaradi-tvrdenjata-za-valkana-vojna/#respond Tue, 25 Oct 2022 06:16:25 +0000 https://kurir.mk/?p=750024

На барање на официјален Киев МААЕ се подготвува во следните неколку дена да испрати инспектори кои ќе треба да испитаат две локации во Украина, како одговор на руските тврдења дека Украина може да употреби „валкана бомба“, што украинското раководство го негираше. „Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) е запознаена со изјавите на Руската Федерација за наводни активности на две нуклеарни локации во Украина“, наведе МААЕ вчера преку соопштението.
Агенцијата на ОН додаде дека двете локации веќе биле предмет на нејзини инспекции, а едната од нив пред еден месец. „МААЕ се подготвува да ги посети тие локации во наредните денови“, се додава во соопштението. Русија ја обвинува Украина дека може да употреби „валкана бомба“ и потоа за тоа да ја обвини Москва. Киев го негираше ова обвинување и тврди дека тоа е знак дека самата Москва планира таков напад и дека планира за тоа да ја обвини Украина.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maae-podgotvuva-inspekcija-na-dve-lokacii-vo-ukraina-zaradi-tvrdenjata-za-valkana-vojna/feed/ 0
Вонреден инспекциски надзор во штипската болница откако пациент почина од сепса https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonreden-inspekciski-nadzor-vo-shtipskata-bolnica-otkako-pacient-pochina-od-sepsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonreden-inspekciski-nadzor-vo-shtipskata-bolnica-otkako-pacient-pochina-od-sepsa/#respond Thu, 25 Aug 2022 13:43:48 +0000 https://kurir.mk/?p=723918

Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека иницирал вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничката болница – Штип по добиените сознанија за пациент кој починал од сепса. Роднини на починатиот пациент Ј.Д. (25) од Берово на социјалните мрежи информираа дека тој починал откако добил сепса по дренирање заб во штипската болница. Смртта на пациeнтот ја потврдија и од штипската болница. наку, на социјалните мрежи денеска масовно се споделува фотографијата од 25-годишниот беровец Јован Димовски, за кого се тврди дека починал од сепса предизвикана на забар во болницата во Штип. „Само во нашата држава, само со нашето зрдавство, само со нашите ‘професионални’ доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20-годишен стаж да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што се предизвика на Ванчо животот да му згасне на само 25 години. Ова е срам за цела држава! Каде живееме ние, какво здравство имаме, дали веке еден ден некој ќе одговара за секојдневниот хорор во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради невнимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со ‘како рекол Бог’? Дали во 21 век треба да се случи таков срам? Ангелу наш, ти почивај во мир. А тие нема да спијат мирно“, се вели во една од објавите посветени на прерано починатиот Јован. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vonreden-inspekciski-nadzor-vo-shtipskata-bolnica-otkako-pacient-pochina-od-sepsa/feed/ 0
Инспекција влезе на Радиологија: Додека на државно со месеци се чекаат резултати, приватно се наплаќа и до 500 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspekcija-vleze-na-radiologija-dodeka-na-drzavno-so-meseci-se-chekaat-rezultati-privatno-se-naplakja-i-do-500-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspekcija-vleze-na-radiologija-dodeka-na-drzavno-so-meseci-se-chekaat-rezultati-privatno-se-naplakja-i-do-500-evra/#respond Thu, 30 Jun 2022 12:02:41 +0000 https://kurir.mk/?p=697816

Инспекција влезе на Институтот за Радиологија. Дел од пациентите покрај информирањето на медиумите, одлучиле да се обратат и до Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Курир вчера објави дека на Институтот за Радиологија пациентите со месеци не можат да добијат резултати за извршените снимања. Голем дел од нив се и онколошки случаи, а токму резултатите од Радиологија кои ги чекаат се клучни за нивното натамошно лекување. Во животната битка овие пациенти се попречени од колапсот што се случува на Радиологија за кој од Министерството за здравство се уште молчат. Директорката на ДСЗИ, доктор Ирина Бухова во изјава за Курир вели дека во петокот добиле пријава од пациент, по што веќе во понеделникот (27.06.2022) излегле на терен за утврдување на состојбата. -Во ДСЗИ стигна претставка за неиздаден резултат за извршено снимање. Постапувајќи по Законот за здравствена заштита и Законот за права на пациенти извршен е вонреден инспекциски надзор при што констатирано е дека постојат неиздадени резултати на веќе извршени дијагностички процедури. Од страна на ДСЗИ по извршениот надзор, при кој се констатирани недостатоци согласно надлежностите на Инспекторатот, е издадено решение со кое установата се задолжува да се почитува рокот на важност на издадените упати, резултатите од извршените дијагностички радиолошки иследувања да се издаваат по завршување на иследувањето согласно медицина базирана на докази и да се почитуваат интерните општи акти од страна на вработените лица. Рокот за постапување е седум дена, вели Бухова за Курир. На социјалните мрежи се повеќе граѓани реагираат и потврдуваат дека со месеци чекаат резултати. Велат оние кои имаат финансии може да си дозволат да одат во приватните клиники, додека останатите се оставени сами на себе во лавиринтите на јавното здравство. Во приватните клиники снимања на магнетна резонанца или компјутерска томографија, во зависност од тоа на кој дел на телото, чинат од 10.000 до 30.000 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspekcija-vleze-na-radiologija-dodeka-na-drzavno-so-meseci-se-chekaat-rezultati-privatno-se-naplakja-i-do-500-evra/feed/ 0
Полициска акција во угостителски објекти во Тетово: Затекнати шест лица без сертификати, затворени два објекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policiska-akcija-vo-ugostitelski-objekti-vo-tetovo-zateknati-shest-lica-bez-sertifikati-zatvoreni-dva-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policiska-akcija-vo-ugostitelski-objekti-vo-tetovo-zateknati-shest-lica-bez-sertifikati-zatvoreni-dva-objekti/#respond Mon, 20 Dec 2021 10:55:43 +0000 https://kurir.mk/?p=610760

На 18 и 19 декември 2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во заедничка координирана акција со инспектори од Управата за јавни приходи и од Државниот пазарен инспекторат, во содејство со Единицата за интервентна полиција е извршена контрола на осум угостителски објекти во Тетово. Како што посочи портпаролот на Министерството за внатрешни работи Сузана Прањиќ Талевска, при контролата биле затекнати шест лица без сертификат за вакцинација и две лица без документи за идентификација. – Од страна на Државниот пазарен инспекторат привремено се затворени два угостителски објекта, а од страна на Управата за јавни приходи се изречени пет глоби на пет угостителски објекти за неиздавање на фискални сметки, соопшти МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/policiska-akcija-vo-ugostitelski-objekti-vo-tetovo-zateknati-shest-lica-bez-sertifikati-zatvoreni-dva-objekti/feed/ 0