инспекциски контроли – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиFri, 07 Apr 2023 12:20:41 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngинспекциски контроли – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232Засилени инспекции пред Велигден: Се контролираат јајцата, боите, месото
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasileni-inspektsii-pred-veligden-se-kontroliraat-jajtsata-boite-mesoto/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasileni-inspektsii-pred-veligden-se-kontroliraat-jajtsata-boite-mesoto/#respondFri, 07 Apr 2023 09:22:51 +0000https://kurir.mk/?p=821399Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство пред велигденските празници спроведуваат засилени инспекциски контроли на продажбата на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи.
Налог е издаден и за засилување на инспекциските контроли на граничните премини за пратките со јајца кои се увезуваат во земјава, каде акцент со контролите е ставен на датумот на пакување и означување, временскиот рок на траење, кој за овој производ не смее да биде подолг од 28 дена, односно за јајцата декларирани како “екстра” не повеќе од 9 дена.
-Контролите на домашниот пазар се спроведуваат во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца, со акцент на нивното означување, условите на чување и складирање на овој прехранбен производ, за кој пред празниците постои зголемена побарувачка. Со засилените инспекциски контроли опфатени се и производителите, увозниците и трговците со бои за јајца, во поглед на тоа дали тие ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на боите, односно дали истите се во согласност со одредбите од Законот за безбедност на храната и Правилникот за адитиви кои се користат во храната – вели директорот Бабовски.
Се контролира дали боите се соодветно означени и спакувани во оригинално пакување, бидејќи, додава тој, бојата во ринфуз состојба и без декларација е небезбедна.
-Боите не смеат да претставуваат опасност за здравјето на луѓето и не смеат да влијаат на нутритивниот квалитет на храната. Затоа треба да се внимава, бои да се купуваат исклучиво од регистрирани оператори кои се под контрола на АХВ, објаснува директорот на АХВ.
Засилени се и контролите во месарниците и месарниците со работилници, кои вршат промет со свежо месо и подготовки од месо. Акцент на оваа категорија оператори со храна, ставена е на контролата на здравствената ознака на месото, комерцијалните документи, следливоста, условите за чување и одржувањето на ладниот ланец во прометот со месо и подготовките од месо, како и нивното декларирање.
Дел од засилените контроли се и другите прехранбени производи, особено овошјето и зеленчукот кај кои се проверуваат органолептичките карактеристики, како и условите на чување и складирање.
-Како одговорна институција за безбедноста на храната, во пресрет на велигденските празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да купуваат исклучиво од регистрирани или одобрени оператори со храна, а секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на боите за јајца, да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].]]>Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство пред велигденските празници спроведуваат засилени инспекциски контроли на продажбата на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи.
Налог е издаден и за засилување на инспекциските контроли на граничните премини за пратките со јајца кои се увезуваат во земјава, каде акцент со контролите е ставен на датумот на пакување и означување, временскиот рок на траење, кој за овој производ не смее да биде подолг од 28 дена, односно за јајцата декларирани како “екстра” не повеќе од 9 дена.
-Контролите на домашниот пазар се спроведуваат во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца, со акцент на нивното означување, условите на чување и складирање на овој прехранбен производ, за кој пред празниците постои зголемена побарувачка. Со засилените инспекциски контроли опфатени се и производителите, увозниците и трговците со бои за јајца, во поглед на тоа дали тие ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на боите, односно дали истите се во согласност со одредбите од Законот за безбедност на храната и Правилникот за адитиви кои се користат во храната – вели директорот Бабовски.
Се контролира дали боите се соодветно означени и спакувани во оригинално пакување, бидејќи, додава тој, бојата во ринфуз состојба и без декларација е небезбедна.
-Боите не смеат да претставуваат опасност за здравјето на луѓето и не смеат да влијаат на нутритивниот квалитет на храната. Затоа треба да се внимава, бои да се купуваат исклучиво од регистрирани оператори кои се под контрола на АХВ, објаснува директорот на АХВ.
Засилени се и контролите во месарниците и месарниците со работилници, кои вршат промет со свежо месо и подготовки од месо. Акцент на оваа категорија оператори со храна, ставена е на контролата на здравствената ознака на месото, комерцијалните документи, следливоста, условите за чување и одржувањето на ладниот ланец во прометот со месо и подготовките од месо, како и нивното декларирање.
Дел од засилените контроли се и другите прехранбени производи, особено овошјето и зеленчукот кај кои се проверуваат органолептичките карактеристики, како и условите на чување и складирање.
-Како одговорна институција за безбедноста на храната, во пресрет на велигденските празници, апелираме до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и да купуваат исклучиво од регистрирани или одобрени оператори со храна, а секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на боите за јајца, да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на [email protected].]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zasileni-inspektsii-pred-veligden-se-kontroliraat-jajtsata-boite-mesoto/feed/0Засилени инспекциски контроли за сузбивање на дивите превозници
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zasileni-inspekciski-kontroli-za-suzbivanje-na-divite-prevoznici/
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zasileni-inspekciski-kontroli-za-suzbivanje-na-divite-prevoznici/#respondThu, 27 Jan 2022 09:48:43 +0000https://kurir.mk/?p=623479Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје вршат редовни контроли со цел сузбивање на дивите превозници на подрачјето на градот и во текот на изминатиот месец проверени се 18 превозници од кои на 6 им се изречени казни.
Воедно екипи на Инспекторатот на Град Скопје изминатата недела извршија засилени контроли на терен за почитување на комуналниот ред и јавната чистота, и изречени се 3 казни за прекршување на Законот за јавна чистота.
Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли и на јавните површини. Неселективно ќе се санкционираат сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, информираат преку соопштение од Град Скопје.
]]>Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје вршат редовни контроли со цел сузбивање на дивите превозници на подрачјето на градот и во текот на изминатиот месец проверени се 18 превозници од кои на 6 им се изречени казни.
Воедно екипи на Инспекторатот на Град Скопје изминатата недела извршија засилени контроли на терен за почитување на комуналниот ред и јавната чистота, и изречени се 3 казни за прекршување на Законот за јавна чистота.
Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли и на јавните површини. Неселективно ќе се санкционираат сите што не го почитуваат законот, ја загадуваат животната средина и го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните, информираат преку соопштение од Град Скопје.
]]>https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zasileni-inspekciski-kontroli-za-suzbivanje-na-divite-prevoznici/feed/0Минатата недела спроведени 4.822 инспекциски контроли, затворени четири кафетерии и издадени 13.676 решенија за изолација
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minatata-nedela-sprovedeni-4-822-inspekciski-kontroli-zatvoreni-chetiri-kafeterii-i-izdadeni-13-676-reshenija-za-izolacija/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minatata-nedela-sprovedeni-4-822-inspekciski-kontroli-zatvoreni-chetiri-kafeterii-i-izdadeni-13-676-reshenija-za-izolacija/#respondWed, 18 Nov 2020 13:49:13 +0000https://kurir.mk/?p=431276Од 9 до 15 ноември шесте инспекциски служби во земјава спровеле вкупно 4.822 контроли. За непочитување на заштитните протоколи се затворени два угостителски објекта, еден во Гостивар и еден во Охрид, а издадени се и 13.676 решенија за изолација на лица болни од КОВИД, како и на лица кои биле во контакт со корона-заболени.
Како што соопшти денеска претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, инспекциските служби ќе продолжат да работат со полн капацитет и во наредниот период.
Таа апелира до граѓаните и правните субјекти да ги почитуваат здравствените мерки и препораки со што, рече, ќе им помогнат и на здравствените работници, инспекторите, армијата, полиција и на сите што активно се вклучија во борбата против КОВИД.
-Влегуваме во веројато најтешкиот период од справувањето со корона пандемијата поради што е најважно, како што рече, сите да придонесат за намалување на ширењето на вирусот. Тоа ќе го постигнеме само преку почитување на мерките и пртооколите, и од страна на граѓаните и од стопанството, да ги почтуваат протоколите од страна на граѓаните и стопанството, инспексицките служби ќе продолажт со контролите, напомена Филиповска-Грашкоска на прес-конференција во Владата.
Филиповска-Грашкоска информира дека од 9 до 15 ноември Државниот здравствен и санитатерн испекторат извршил 80 надзори врз основа на кои изрекол 13.676 решенија за изолација на лица заболени од корона и на лица кои биле во контакт со заболени. Државниот здравствен и санитатерн испекторат изрекол и шест решенија од кои четири се за спроведување починато лице кое освен спроводница, мора да има и решение. Остантите две се за неправилно носење заштитна опрема, а уште едно, во рамки на вкупно седумте надзори, е издадено и за неисполнување на санитарно-хигиенски услови.
Пазарниот иснпекторат, пак, извршил вкупно 3.068 контроли и 619 надзори при што изрекол 31 прекршочна пријава. Инспекторатот издал и 62 решенија, како и 38 прекршочни платни налози за прекршување на повеќе закони, меѓу кои законите за финансиска дисциплина, за занаетчиство и за заштита од пушење.
-Од овие, две се за непочитување на Законот на населението од заразни болести. Еден угостителски објект во Гостивар работел по 21 часот, а друг, во Охрид, не го испочитувал ограничувањето за најмногу четири лица на маса. На двата објекта им е изречена забарана за вршење дејност и тие се веднаш затворени, на лице место. Изречени им се и соодветни платни налози, рече Филиповска-Грашкоска.
Таа додаде и дека се затворени уште два други угостителски објекта зашто работеле, а не биле регистрирани.
Инспекторатот за транспорт извршил 80 надзори, а за непочитување закони изрекол десет прекршони пријави, 17 решенија и два прекршочни платни налога за непочитување на пртоколот за меѓународен превоз на патници на граничниот премин „Деве баир“. Државниот инспекторат за труд, пак, спрвел 550 надзори, со фокус на почитување на здравствените протоколи. Притоа, изрекол 24 решенија за неправилноста од областа на работните односи и издал осум платни налози поради неносење заштитна маска на работно место.
Агенцијата за лекови сповела 26 надозри во аптеките низ државата при што е издадена една опомена за погрешно означување на надворешното пакување на заштитни маски.
АХВ, пак, изврши 399 надзори и издаде 12 решенија и изврши 19 едуакции за неизврпени здравствени прегледи, непроведување општи хигиенски мерки, небезбеден производи и работа на нерегистриран објект. (МИА)]]>Од 9 до 15 ноември шесте инспекциски служби во земјава спровеле вкупно 4.822 контроли. За непочитување на заштитните протоколи се затворени два угостителски објекта, еден во Гостивар и еден во Охрид, а издадени се и 13.676 решенија за изолација на лица болни од КОВИД, како и на лица кои биле во контакт со корона-заболени.
Како што соопшти денеска претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, инспекциските служби ќе продолжат да работат со полн капацитет и во наредниот период.
Таа апелира до граѓаните и правните субјекти да ги почитуваат здравствените мерки и препораки со што, рече, ќе им помогнат и на здравствените работници, инспекторите, армијата, полиција и на сите што активно се вклучија во борбата против КОВИД.
-Влегуваме во веројато најтешкиот период од справувањето со корона пандемијата поради што е најважно, како што рече, сите да придонесат за намалување на ширењето на вирусот. Тоа ќе го постигнеме само преку почитување на мерките и пртооколите, и од страна на граѓаните и од стопанството, да ги почтуваат протоколите од страна на граѓаните и стопанството, инспексицките служби ќе продолажт со контролите, напомена Филиповска-Грашкоска на прес-конференција во Владата.
Филиповска-Грашкоска информира дека од 9 до 15 ноември Државниот здравствен и санитатерн испекторат извршил 80 надзори врз основа на кои изрекол 13.676 решенија за изолација на лица заболени од корона и на лица кои биле во контакт со заболени. Државниот здравствен и санитатерн испекторат изрекол и шест решенија од кои четири се за спроведување починато лице кое освен спроводница, мора да има и решение. Остантите две се за неправилно носење заштитна опрема, а уште едно, во рамки на вкупно седумте надзори, е издадено и за неисполнување на санитарно-хигиенски услови.
Пазарниот иснпекторат, пак, извршил вкупно 3.068 контроли и 619 надзори при што изрекол 31 прекршочна пријава. Инспекторатот издал и 62 решенија, како и 38 прекршочни платни налози за прекршување на повеќе закони, меѓу кои законите за финансиска дисциплина, за занаетчиство и за заштита од пушење.
-Од овие, две се за непочитување на Законот на населението од заразни болести. Еден угостителски објект во Гостивар работел по 21 часот, а друг, во Охрид, не го испочитувал ограничувањето за најмногу четири лица на маса. На двата објекта им е изречена забарана за вршење дејност и тие се веднаш затворени, на лице место. Изречени им се и соодветни платни налози, рече Филиповска-Грашкоска.
Таа додаде и дека се затворени уште два други угостителски објекта зашто работеле, а не биле регистрирани.
Инспекторатот за транспорт извршил 80 надзори, а за непочитување закони изрекол десет прекршони пријави, 17 решенија и два прекршочни платни налога за непочитување на пртоколот за меѓународен превоз на патници на граничниот премин „Деве баир“. Државниот инспекторат за труд, пак, спрвел 550 надзори, со фокус на почитување на здравствените протоколи. Притоа, изрекол 24 решенија за неправилноста од областа на работните односи и издал осум платни налози поради неносење заштитна маска на работно место.
Агенцијата за лекови сповела 26 надозри во аптеките низ државата при што е издадена една опомена за погрешно означување на надворешното пакување на заштитни маски.
АХВ, пак, изврши 399 надзори и издаде 12 решенија и изврши 19 едуакции за неизврпени здравствени прегледи, непроведување општи хигиенски мерки, небезбеден производи и работа на нерегистриран објект. (МИА)]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minatata-nedela-sprovedeni-4-822-inspekciski-kontroli-zatvoreni-chetiri-kafeterii-i-izdadeni-13-676-reshenija-za-izolacija/feed/0И овој викенд на Водно ќе има засилени инспекциски контроли за непрописно паркирање
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/i-ovoj-vikend-na-vodno-kje-ima-zasileni-inspekciski-kontroli-za-nepropisno-parkiranje/
https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/i-ovoj-vikend-na-vodno-kje-ima-zasileni-inspekciski-kontroli-za-nepropisno-parkiranje/#respondFri, 21 Feb 2020 18:56:46 +0000https://kurir.mk/?p=307155За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските инспектори и овој викенд ќе продолжат да вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини.
Градските комунални редари изминатиот викенд на Водно вршеа засилени контроли за непрописното паркирање на јавни површини и изрекоа вкупно 76 казни за паркирање во зеленило (14 во сабота и 62 во недела). Благодарение на овие засилени контроли на градските комунални редари за време на викендите на Водно не се создава сообраќаен метеж, а посетителите имаат оптимални услови за рекреација.
Град Скопје воведе две нови автобуски линии - автобусот со број 25А тргнува од пред катната гаража „26 Јули“ на улицата Свети Кирил и Методиј, а автобусот со број 25Б - од паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печат). Овие две автобуски линии до Средно Водно се бесплатни за време на викендите и државните празници, а во овие денови бесплатно е и паркирањето во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).
Возниот ред на овие две автобуски линии може да го пронајдете на следната интернет врска: http://www.jsp.com.mk/VozenRedGen.aspx
Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а непрописното паркирање се санкционира.
Град Скопје им препорачува на граѓаните да ги искористат сите овие поволности и овој викенд да ги остават автомобилите во катната гаража „26 јули“ и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат) и со автобус да се качат бесплатно на Водно.]]>За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските инспектори и овој викенд ќе продолжат да вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини.
Градските комунални редари изминатиот викенд на Водно вршеа засилени контроли за непрописното паркирање на јавни површини и изрекоа вкупно 76 казни за паркирање во зеленило (14 во сабота и 62 во недела). Благодарение на овие засилени контроли на градските комунални редари за време на викендите на Водно не се создава сообраќаен метеж, а посетителите имаат оптимални услови за рекреација.
Град Скопје воведе две нови автобуски линии - автобусот со број 25А тргнува од пред катната гаража „26 Јули“ на улицата Свети Кирил и Методиј, а автобусот со број 25Б - од паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печат). Овие две автобуски линии до Средно Водно се бесплатни за време на викендите и државните празници, а во овие денови бесплатно е и паркирањето во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).
Возниот ред на овие две автобуски линии може да го пронајдете на следната интернет врска: http://www.jsp.com.mk/VozenRedGen.aspx
Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час – 50 денари. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси, а непрописното паркирање се санкционира.
Град Скопје им препорачува на граѓаните да ги искористат сите овие поволности и овој викенд да ги остават автомобилите во катната гаража „26 јули“ и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат) и со автобус да се качат бесплатно на Водно.]]>https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/i-ovoj-vikend-na-vodno-kje-ima-zasileni-inspekciski-kontroli-za-nepropisno-parkiranje/feed/0