инспекциски надзор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Nov 2021 11:41:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инспекциски надзор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штипските советници од ВМРО ДПМНЕ ќе го чекаат заклучокот од инспекцискиот надзор https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskite-sovetnici-od-vmro-dpmne-kje-go-chekaat-zakluchokot-od-inspekciskiot-nadzor/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskite-sovetnici-od-vmro-dpmne-kje-go-chekaat-zakluchokot-od-inspekciskiot-nadzor/#respond Thu, 04 Nov 2021 11:41:10 +0000 https://kurir.mk/?p=590740

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Штип го чека инспекцискиот надзор од Министерството за локална самоуправа, откако синоќа министерот за локална самоуправа Горан Милевски го најави за општините Штип и Аеродром, за дадените свечени изјави со Република Македонија, а не со уставното име Република Северна Македонија. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Душко Иванов за МИА вели дека од решението на инспекцискиот надозр ќе знаат што понатаму да преземат. Доколку свечената изјава која ја дадоа 13 советници на ВМРО ДПМНЕ и еден советник на Левица се прогласат за невалидни, ништовни, како и изборот на претседателот на Советот на општината, кој е извршен по дадената заклетва, во тој случај, тие ќе се жалат пред Управниот суд. Иванов посочи дека ќе го почекаат надзорот, по што ќе се произнесат. Инспекцискиот надзор до претпладневните часови не е пристигнат во Општина Штип, тврдат од општинските служби. Советниците на СДСМ кои ја напуштија конститутивната седница се на став дека Уставот е прекршен и заклетвата, како и одлуките по неа се невалидни и тие ќе го чекаат официјалното правно толкување за овој случај. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskite-sovetnici-od-vmro-dpmne-kje-go-chekaat-zakluchokot-od-inspekciskiot-nadzor/feed/ 0
Утре вонреден инспекциски надзор за починатиот 28-годишен пациент https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-vonreden-inspekciski-nadzor-za-pochinatiot-28-godishen-pacient/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-vonreden-inspekciski-nadzor-za-pochinatiot-28-godishen-pacient/#respond Thu, 10 Dec 2020 13:22:17 +0000 https://kurir.mk/?p=441505

Државниот санитарен и здравствен инспекторат досега има иницирано 25 вонредни надзори за сите условно речено, помлади пациенти. Три од нив се во текот на последната недела, а утре следува и инспекциски надзор за 28-годишен пациент кој почина на 8 декември, истакна директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова. Таа на денешната прес-конференција во одговор на прашање посочи дека вонредниот инспекциски надзор како и секогаш, го опфаќа целокупниот пат на лекување на пациентот. Од неговиот матичен доктор до установата каде починал. За поголем од овие вонредни инспекциски надзори, Бухова рече дека веќе имаат иницирано стручен надзор до Министерство за здравство и Лекарската комора. По нивно завршување, како што појасни, ќе дадат поконкретни одговори во однос на тоа дали имало лекарски пропуст или пропуст во лекувањето. Прашана за болницата во Битола каде беа забележани санитарни нерегуларности, Бухова посочи дека контролното решение во болницат ќе се изврши во текот на наредните денови, затоа што тоа е поголем градежен зафат и од разбирливи причини не може да биде завршено за три или пет дена. Како што појасни Бухова, контролите во сите јавни и приватни здравстевни установи ДСЗИ ги врши во континуитет. Таму каде што има забелешки веднаш се реагира со изрекување наредби со решение. Таа појасни дека контролното решение се врши во оној момент кога е овозможено оптимално време за да се санираат состојбите. На прашањето дали досега од сите надзори имаат констатирано лекарски пропуст во лекување, Бухова рече дека тоа не е надлежност на ДСЗИ. -Во овие 8/9 месеци наназад таму каде што имаме констатирано недостатоци сме изрекувале веднаш мерки со решенија. Во онос на пропусти при лекувањето, тоа не е во надлежност на ДСЗИ, тоа го цени посебна Комисија формирана од министерот или Лекарска комора, каде учестуваат специјалисти од повеќе области. Во однос на иницириниот надзори до сега повратен одговор немаме, што не значи дека не се завршени, појасни Бухова. Во однос на тоа дали изминативе 9 месеци имале пријава од пациент кој не добил одредена здравствена услуга, Бухова рече дека имало една пријава на почетокот, при што ДСЗИ веднаш реагирал и имало промена на директор на една општа болница. Во последниот период, како што рече, таа појасни дека нема пријави во однос на непружање здравствена заштита на пациент за болен од ковид. Бухова информира дека од минатата недела до денеска во тек се 11 стручни надзори за починати пациенти. Три се дополнителни, покрај тековните осум од минатата недела. За овие надзори е потребно повеќе време, бидејќи како што појасни, мора да се следи целиот тек на лекување од матичен доктор, лекување дома, патување преку Итна медициска помош до соодветна институција и хоспитализација. -Нема брзање во вонредните инспекциски надзори затоа што врз база на вонредните инспекциски надзори понатаму можеби ќе треба вонреден стручен надзор за конечен исход во однос на тоа дали има или нема грешка во лекувањето, рече Бухова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-vonreden-inspekciski-nadzor-za-pochinatiot-28-godishen-pacient/feed/ 0
Јавна дебата за инспекциски надзор над загадувачите во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-debata-za-inspekciski-nadzor-nad-zagaduvachite-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-debata-za-inspekciski-nadzor-nad-zagaduvachite-vo-skopje/#respond Fri, 18 Oct 2019 06:47:07 +0000 https://kurir.mk/?p=253222

Во организација на Здружението на граѓани „Зелен институт“ – Скопје денеска ќе се одржи јавна дебата „Платформа за координација и граѓанско учество во инспекциски надзор врз загадувачите на воздухот“. Како што најави организаторот, предвидени се обраќања на претседателката на „Зелен институт“, Наташа Амдиу, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, државната секретарка во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска, Христина Оџаклиеска од Агенцијата за планирање на просторот, Мирослав Богдановски, раководител на инспекторат на Град Скопје… Дебата ќе се одржи напладне во бараките на урбаните заедници „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Пецо Божиновски-Кочо“ во Општина Карпош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javna-debata-za-inspekciski-nadzor-nad-zagaduvachite-vo-skopje/feed/ 0
Во Собранието јавна расправа по Предлог законот за инспекциски надзор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-javna-rasprava-po-predlog-zakonot-za-inspekciski-nadzor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-javna-rasprava-po-predlog-zakonot-za-inspekciski-nadzor/#respond Tue, 19 Mar 2019 06:54:26 +0000 https://kurir.mk/?p=176212

Во Собранието денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците организира јавна расправа по Предлог законот за инспекциски надзор. Законодавно – правната комисија пак ќе ја одржи 144. седница на која на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за работни односи во второ читање, измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување во прво читање и Предлог националната програма за железничка инфраструктура за периодот 2019-2021 година. По оваа седница Комисијата треба да ја продолжи 130. седница на која преостаната точка е Предлог законот за практиканство во второ читање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-javna-rasprava-po-predlog-zakonot-za-inspekciski-nadzor/feed/ 0
Вонреден инспекциски надзор на градилиштата, автосервисите и отпадите во општина Аеродром https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vonreden-inspekciski-nadzor-na-gradilishtata-avtoservisite-i-otpadite-vo-opshtina-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vonreden-inspekciski-nadzor-na-gradilishtata-avtoservisite-i-otpadite-vo-opshtina-aerodrom/#respond Mon, 21 Jan 2019 12:13:35 +0000 https://kurir.mk/?p=154764

Инспекциската служба на општина Аеродром денеска спроведува вонреден надзор на градилиштата, автосервисите и отпадите на целата територија на општината, откако вчера стапија во сила интервентни мерки против загадувањето на воздухот. При контролата е констатирано дека на целата територија на Општина Аеродром генерално се почитуваат интервентните мерки, а вонредниот надзор ќе продолжи и во наредните денови. Мерките беа воведени веднаш по известувањетo од Министерството за животна средина и просторно планирање дека квалитетот на воздухот два дена по ред го надминува законски пропишаниот минимум, односно изнесува над 188 μg/m3 на мерните станици во Карпош, Центар и Ректорат. Општина Аеродром ги почитува воведените мерки и денеска од работа ослободи седуммина вработени од критичните групи. Исто така, двојно е намалена употребата на службените возила. Повеќето од вработените, вклучувајќи го и градоначалникот, утринава стигнаа пеш или со велосипед до работните места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vonreden-inspekciski-nadzor-na-gradilishtata-avtoservisite-i-otpadite-vo-opshtina-aerodrom/feed/ 0