инспектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 26 Sep 2023 16:40:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инспектор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обвинение против полицискиот инспектор што застрела мигрантка кај Гевгелија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-protiv-politsiskiot-inspektor-shto-zastrela-migrantka-kaj-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-protiv-politsiskiot-inspektor-shto-zastrela-migrantka-kaj-gevgelija/#respond Tue, 26 Sep 2023 16:40:08 +0000 https://kurir.mk/?p=881959

По спроведена севкупна истражна постапка, предметен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против полициски инспектор за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“. Како што соопшти Јавното обвинителство, настанот се случил на 19.04.2023 година, во раните утрински часови близу Гевгелија, кај местото викано „Стара Касарна“ кога полициски службеник, распореден за опсервирање на теренот, го известил обвинетиот – раководител на смена, дека група мигранти илегално ја преминале државната граница на РСМ. Обвинетиот контактирал со полициски службеници за ГН Богородица кои требало да ги пресретнат и спречат мигрантите, по што полициските службеници се поставиле во близина на објект во изградба кај поранешната касарна Гевгелија. Откако во дворот на касарната биле забележани две возила во движење – ПМВ марка „Форд Фокус“ и ПМВ марка „Мерцедес“, обвинетиот издал наредба на двајца полициски службеници да се упатат кон главниот влез на касарната, додека тој тргнал кон групата мигранти. Кога обвинетиот се приближил на околу педесетина метри зад ПМВ марка „Форд Фокус“ го забележал сега осудениот како излегува од возилото. Во меѓувреме групата мигранти се стрчале кон ПМВ марка „Мерцедес“, а обвинетиот откако им дал звучен сигнал од неговото возило се упатил кон нив со цел да го лиши од слобода второосудениот кој веќе ги прифаќал мигрантите туркајќи ги и обидувајќи се да смести што повеќе од нив внатре во возилото. Притоа второосудениот не се одзвал на предупредувањето од обвинетиот кој извикал „Стоп Полиција“, по што обвинетиот полициски службеник уште еднаш го предупредил држејќи во раце службен пиштол, се наведува во соопштението. Иако знаел, како што се додава во соопштението, дека може да реагира и со тоа свесно да го доведе во ризик животот и телото на останатите присутни, обвинетиот му се приближил на второосудениот кој наеднаш се свртел и се втурнал во обвинетиот, замавнувајќи со десната рака кон вратот на обвинетиот, по што се нафрлил врз него обидувајќи се да му го одземе пиштолот. Обвинетиот и покрај тоа што бил свесен дека на местото на настанот има поголема група на лица – мигранти, како и тоа дека во раката држи огнено оружје полно со муниција, се впуштил во борба со второосудениот и притоа испукал еден истрел предизвикувајќи значителна опасност за животот и телото на насобраните лица. Испуканиот истрел, ја погодил Фатмата Камара од Сиера Леоне, која седела на задното седиште во возилото нанесувајќи и повреда во задниот дел на десното рамо, па како резултат на здобиените повреди мигрантката починала откако била пренесена во ЈЗУ Општа болница Гевгелија. За кривично правниот настан пред Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се водеше уште една постапка во која по признание на вина две лица се правосилно осудени на затворски казни за кривично дело „криумчарење на мигранти“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-protiv-politsiskiot-inspektor-shto-zastrela-migrantka-kaj-gevgelija/feed/ 0
ФОТО: Погледнете како денес изгледа ѕвездата од серијата „Инспектор Рекс“: Беше миленик на публиката, а еве зошто ја напуштил улогата на детектив https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-poglednete-kako-denes-izgleda-zvezdata-od-serijata-inspektor-reks-beshe-milenik-na-publikata-a-eve-zoshto-ja-napushtil-ulogata-na-detektiv/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-poglednete-kako-denes-izgleda-zvezdata-od-serijata-inspektor-reks-beshe-milenik-na-publikata-a-eve-zoshto-ja-napushtil-ulogata-na-detektiv/#respond Thu, 31 Aug 2023 07:41:01 +0000 https://kurir.mk/?p=872818

Тобијас Морети се прослави како детективот Ричард Мозер во серијата „Инепектор Рекс“, а подоцна таа улога не можеше да ја надмине со ниту една друга. Австрискиот актер Тобијас Морети на јавноста и е најпознат по култната криминална серија „Инспектор Рекс“ во која четири години го глумеше детективот Ричард Мозер. Како прв сопственик на познатиот германски овчар, Морети освои најмногу симпатии кај публиката, а серијата ја напуштил затоа што сакал да работи на нови ангажмани. Тоа се покажало како лоша одлука, бидејќи ниту една од неговите подоцнежни улоги не успеа да ја надмине онаа на детективот Мозер. Морети завршил студии за композиција на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Виена, а земал часови по глума во школата Ото Фалкенберг во Минхен. Од 1997 година е во среќен брак со обоаистката Јулија и имаат три деца. Покрај актерството и музиката, тој и неговата сопруга водат семејна фарма во Инсбрук, каде одгледуваат стока за месо и произведуваат органски производи. Серијата „Инспектор Рекс“ за прв пат се емитуваше пред 29 години, а ги освои срцата и на возрасните и на децата поради главниот лик. Во центарот на заплетот е германскиот овчар Рекс, кој помага да се фатат криминалци, а единствена слаба точка му се бургерите, кои редовно ги краде од другите. Неговите сопственици се менуваа во текот на годината, но тој остана во текот на сите сезони. Барем така им изгледаше на гледачите, а според информациите од снимањето на Рекс, играле тројца германски овчари: Реџиналд фон Равенхорст, Рет Батлер и Хенри. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-poglednete-kako-denes-izgleda-zvezdata-od-serijata-inspektor-reks-beshe-milenik-na-publikata-a-eve-zoshto-ja-napushtil-ulogata-na-detektiv/feed/ 0
НАРОДЕ ВНИМАВАТЕ, ИЗМАМНИЦИ ОПЕРИРААТ НАОКОЛУ: Измамена 73-годишна жена од Кавадарци – лажен инспектор и земал сто илјади денари и 450 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/narode-vnimavate-izmamnici-operiraat-naokolu-izmamena-73-godishna-zena-od-kavadarci-lazen-inspektor-i-zemal-sto-iljadi-denari-i-450-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/narode-vnimavate-izmamnici-operiraat-naokolu-izmamena-73-godishna-zena-od-kavadarci-lazen-inspektor-i-zemal-sto-iljadi-denari-i-450-evra/#respond Tue, 19 Jul 2022 14:03:41 +0000 https://kurir.mk/?p=707450

Повозрасна кавадарчанка била измамена од лажен инспектор, кој и земал сто илјади денари и 450 евра, информираа денеска од СВР Велес. – Вчера во 11.30 часот во ОВР Кавадарци, 73-годишна жена од Кавадарци пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 100.000 денари и 450 евра. Според пријавеното, лицето и се јавило, се претставило дека е полициски инспектор и дека нејзиниот внук и неговата девојка со автомобил удриле дете мигрант. Како што е пријавено, лицето и побарало 50.000 евра за да помогне на нејзиниот внук да не оди во затвор, а откако му кажала дека ја има само наведената сума, лицето се согласило и извршиле примопредавање на парите, по што лицето го прекинало контактот со неа, соопштија од СВР Велес. Оттаму додаваат дека се работи на расчистување на случајот и по целосно документирање ќе следи соодветна пријава. – Поради ваквите зачестени случаи, апелираме до граѓаните да внимаваат и не наседнуваат, а ваквите и слични случаи редовно да ги пријавувааат во полиција, нагласија од СВР Велес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/narode-vnimavate-izmamnici-operiraat-naokolu-izmamena-73-godishna-zena-od-kavadarci-lazen-inspektor-i-zemal-sto-iljadi-denari-i-450-evra/feed/ 0
Инспектор фатен во несовесно работење во службата, еве како го оштетил Буџетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/inspektor-faten-vo-nesovesno-rabotenje-vo-sluzbata-eve-kako-go-oshtetil-budzetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/inspektor-faten-vo-nesovesno-rabotenje-vo-sluzbata-eve-kako-go-oshtetil-budzetot/#respond Wed, 05 May 2021 17:42:06 +0000 https://kurir.mk/?p=506144

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против А.Р., самостоен инспектор Регионалниот центар за гранични работи Југ, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот, од 23.02 до 07.08.2020, како самостоен советник за финансиски работи во истата организациска единица, фактурите кои ги примил од една фирма не ги приложил веднаш за евиденција и уредна заверка со приемен штембил, туку ги задржувал кај себе и ги доставил по истекот на предвидениот рок за плаќање. Поради несовесното и ненавременото извршување на работните обврски на пријавениот, фирмата изготвила каматна листа за задоцнето плаќање, со што бил оштетен Буџетот на Министерството за внатрешни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/inspektor-faten-vo-nesovesno-rabotenje-vo-sluzbata-eve-kako-go-oshtetil-budzetot/feed/ 0
НОВ ГОЛЕМ СКАНДАЛ СО НАРКОТИЦИ: Инспeктop од Куманово се договapa со дилep – „Hикoj немa да те диpa од кoлегите“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-golem-skandal-so-narkotici-inspektop-od-kumanovo-se-dogovapa-so-dilep-hikoj-nema-da-te-dipa-od-kolegite-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-golem-skandal-so-narkotici-inspektop-od-kumanovo-se-dogovapa-so-dilep-hikoj-nema-da-te-dipa-od-kolegite-video/#respond Mon, 12 Apr 2021 12:57:53 +0000 https://kurir.mk/?p=496001

На социјалните мрежи на Интернет се забрзано се шири видео од разговор наводно помеѓу инспектор за наркотици и дилер, во кој што инспекторот на дилерот му тврди дека никој од неговитеколеги нема да го дира. Ова е уште еден скандал каде што припадници на полицијата се вмешани во работата со наркотици, сега останува да се види дали МВР ќе презенме нештооколу овој случај. Во продолжение и нтегрален текст ивидео од разговорот: -Никој нема да те дира од колегите. Значи зависи од тебе, јас едно ќе ти кажам јас веќе нема да ти вакво. Али едно друго значи да знаеш на улица ако се сретнемо ќе имаш проблем, а јас можам да те бутам кога сакам, имам конкретни информации за тебе лично, ама ти ме играш мушки, едно кажуваш друго постапуваш и ми креваш глас, вака започнува снимен телефонски разговор кој трае две и половина минути помеѓу локален дилер во Куманово и инспектор на НТШ во градот, а чија снимка се шири вирално на социјалните мрежи. Едниот криминалец Македонец, другиот Албанец инспектор, дружбата функционира одлично и со разбирање како што би рекол и самиот Заев „едно општество за сите“. Инспекторот за наркотици во Куманово го уверува дулерот кој пуши џоинт додека разговара со инспекторот дека за него има доволно материјал да го уапси, но нема да го апси. Дилерот од друга стана пак вели дека имал домашни проблеми и вели дека тоа што е договорено ќе биде завршено само му е потребно малку време. -И јас сум човек од крв и месо, треба да се прилагодам малце ти кажав, а тоа што ти кажав ќе го завршиме стојам на збор јас. Инспекторот инсистира договореното да се заврши. -Види некој наваму или натаму, ти си на улица друже, му вели инспекторот. Дилерот повторно го упатува на домашните проблеми и вели дека не може да собере доволно пари. -Епа не сум ова од кога ми се случи со автомобилот, проблем со мајка ми, не можам пари да соберам, додава дилерот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nov-golem-skandal-so-narkotici-inspektop-od-kumanovo-se-dogovapa-so-dilep-hikoj-nema-da-te-dipa-od-kolegite-video/feed/ 0
Маж од делчевско претепал инспектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maz-od-delchevsko-pretepal-inspektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maz-od-delchevsko-pretepal-inspektor/#respond Mon, 30 Mar 2020 14:40:03 +0000 https://kurir.mk/?p=324362

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Д.Г.(58) од с.Звегор, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „тешка телесна повреда“. На 12.02.2020 на Граничен премин „Делчево“, Д.Р.(47) од Берово, вработен во Државен инспекторат за транспорт, додека вршел редовна контрола на патничко возило „комби”, со бугарски национални ознаки, управувано од пријавениот, истиот започнал расправија, а потоа физички го нападнал Д.Р., нанесувајќи му тешка телесна повреда. Инцидентот тогаш го потврдија и од Здружението на превозници во патниот сообраќај, од каде го осудија нападот врз инспекторот. -Апелираме до надлежните да ги преземат соодветните мерки, а дополнително бараме да се стави ред со дивите превозници во патничкиот сообраќај, велат од Здружението на превозници. За сторителот е најавена пријава откако целосно ќе биде документиран случајот. Ова не е прв случај на физичко насилство на уапсениот. Имено истиот насилник во март 2018-та година нападна и нанесе тешки телесни повреди на цариничка. Лицето со иницијали Д.Г. со мотокрос влеглo на царинскиот терминал на граничниот премин и во бифето без никаква причина ја нокаутирало цариничката со иницијали М.С., која била на нејзиното работно место во униформа. Д.Г. почнал да ја навредува цариничката која во тој момент била на својата 12-часовна смена и ручала во бифето. Тој ја прашал како смее да руча и физички ја нападнал со тупаници и ѝ нанел тешки телесни повреди, по што М.С. паднала во несвест. По настананот Д.Г. побегнал со својот мотор. Д.Г. ` е добро познат на јавноста и полицијата во Делчево, важи за лице со богато криминално досие и блиски конекции со власта. Оттука се поставува прашањето дали можеби напаѓачот треба да направи многу посериозно кривично дело како на пример убиство па надлежните да преземат мерки. Останува нејасно и дали некој од актуелната владејачка гарнитура ќе одговара со оглед на тоа што се става во функција на одбрана на насилникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/maz-od-delchevsko-pretepal-inspektor/feed/ 0
Нелегален превозник нападнал инспектор на граничниот премин Делчево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nelegalen-prevoznik-napadnal-inspektor-na-granichniot-premin-delchevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nelegalen-prevoznik-napadnal-inspektor-na-granichniot-premin-delchevo/#respond Thu, 13 Feb 2020 17:08:24 +0000 https://kurir.mk/?p=303579

Инспектор нападнат од страна на див превозник на граничниот премин Делчево. Нападот е пријавен во делчевската полиција, од каде го потврдија случајот. -На граничен премин Делчево од слобода е лишен Д.Г (58) од с.Ѕвегор, Делчевско. Лицето физички нападнал инспектор од Државниот инспекторат за сообраќај и транспорт при обид да изврши претрес на патничко возило ,,опел” со бугарски регистерски таблици, кое тој го управувал. Д.Г. бил приведен во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор, се вели во соопштението од полицијата. Инцидентот го потврдија и од Здружението на превозници во патниот сообраќај, од каде го осудија нападот врз инспекторот. -Апелираме до надлежните да ги преземат соодветните мерки, а дополнително бараме да се стави ред со дивите превозници во патничкиот сообраќај, велат од Здружението на превозници. За сторителот е најавена пријава откако целосно ќе биде документиран случајот. Ова не е прв случај на физичко насилство на уапсениот. Имено истиот насилник во март 2018-та година нападна и нанесе тешки телесни повреди на цариничка. Лицето со иницијали Д.Г. со мотокрос влеглo на царинскиот терминал на граничниот премин и во бифето без никаква причина ја нокаутирало цариничката со иницијали М.С., која била на нејзиното работно место во униформа. Д.Г. почнал да ја навредува цариничката која во тој момент била на својата 12-часовна смена и ручала во бифето. Тој ја прашал како смее да руча и физички ја нападнал со тупаници и ѝ нанел тешки телесни повреди, по што М.С. паднала во несвест. По настананот Д.Г. побегнал со својот мотор. Д.Г. ` е добро познат на јавноста и полицијата во Делчево, важи за лице со богато криминално досие и блиски конекции со власта. Оттука се поставува прашањето дали можеби напаѓачот треба да направи многу посериозно кривично дело како на пример убиство па надлежните да преземат мерки. Останува нејасно и дали некој од актуелната владејачка гарнитура ќе одговара со оглед на тоа што се става во функција на одбрана на насилникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nelegalen-prevoznik-napadnal-inspektor-na-granichniot-premin-delchevo/feed/ 0
Обвинителството бара притвор за инспектор во УЈП осомничен за примање поткуп https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinitelstvoto-bara-pritvor-za-inspektor-vo-ujp-osomnichen-za-primanje-potkup/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinitelstvoto-bara-pritvor-za-inspektor-vo-ujp-osomnichen-za-primanje-potkup/#respond Wed, 05 Feb 2020 13:45:55 +0000 https://kurir.mk/?p=299635

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 и Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик. Осомничениот инспектор во Управата за јавни приходи – Тетово побарал поткуп од 300 евра од сопственик на правен субјект во кој извршил контрола и констатирал неправилности. Имено, иако оштетениот платил глоба за констатираните неправилности, осомничениот продолжил да му се јавува и да му праќа пораки во кои барал поткуп затоа што не извршил пломбирање на деловниот простор. Оштетениот го пријавил настанот во полиција и на 4 февруари се согласил да се сретне со осомничениот во угостителски објект во Гостивар. Притоа, му предал 150 евра во претходно обележани банкноти. Бидејќи постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinitelstvoto-bara-pritvor-za-inspektor-vo-ujp-osomnichen-za-primanje-potkup/feed/ 0
Инспекторот Илиевски ја информираше германската амбасада за притисокот по откривање на скандалот: Мобингот е најголем од страна на Заев и Спасовски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektorot-ilievski-ja-informirashe-germanskata-ambasada-za-pritisokot-po-otkrivanje-na-skandalot-mobingot-e-najgolem-od-strana-na-zaev-i-spasovski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektorot-ilievski-ja-informirashe-germanskata-ambasada-za-pritisokot-po-otkrivanje-na-skandalot-mobingot-e-najgolem-od-strana-na-zaev-i-spasovski/#respond Thu, 12 Sep 2019 11:00:20 +0000 https://kurir.mk/?p=239824

Денес имав закажана средба во Германската амбасада со луѓето кои што го третираат образованието, културата и другите прашања, беа заинтересирани за она што се случува, а посебно за незаконското унапредување на функционерите како што е министерот за образование и заменикот министер, како и за активностите кои се преземаат против мене во врска со деградирањето на мојата функција од виш инспектор на државен просветен инспектор и повеќе не можам да бидам во високото образование, туку во основното и средно образование, ова денеска пред германската амбасада каде имаше средба со повеќе лица го изјави инспекторот Ѓорѓи Илиевски. -Ова е деградирање на правото, незаконитоста, на надлежните им ги објаснив целокупните состојби во високото образование дека има доста аномалии и треба да се работи на планот на образованието. Истакнав дека за жал длабоко е влезена политиката во образованието и овие состојби кои што ми се случуваат мене е резултат на инволвираноста на високи функционери во владата, почнувајќи од Зоран Заев и Оливер Спасовски кои и тоа како се инволвирани во овие скандали. За да се надминат сите овие работи јас ги запознав во амбасадата дека ние како држава наместо да тежнееме да одиме кон европскиот пат се плеткаме во некои активности кои се недостојни за нашата држава, вели Илиевски. Тој додава дека се уште продолжуваат со мобинг, малтретирање и омаловажување врз него. -Јас повторно испратив до Народниот правобранител, Трудовата инспекција, до Управниот инспекторат и Државната комисија за корупција, морам да кажам дека повеќе од три месеци Антикорупција до сега нема преземено ништо. Откако се вратив на одмор не ми даваат ниту работни задачи и ми ги одземаат предметите, мобингот е невиден, потенцира тој и додава дека ова сето доаѓа од премиерот Заев и Оливер Спасовски. Инаку просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, неодамна откри незаконски професорски звања на двајца министри од ДУИ, за што беше и деградиран од директорот на просветниот инспекторат. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektorot-ilievski-ja-informirashe-germanskata-ambasada-za-pritisokot-po-otkrivanje-na-skandalot-mobingot-e-najgolem-od-strana-na-zaev-i-spasovski/feed/ 0
Хаос на протест во кумановско: Нападната инспекторка, повреден претседател на месната заедница, еден насилник приведен (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haos-na-protest-vo-kumanovsko-napadnata-inspektorka-povreden-pretsedatel-na-mesnata-zaednica-eden-nasilnik-priveden-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haos-na-protest-vo-kumanovsko-napadnata-inspektorka-povreden-pretsedatel-na-mesnata-zaednica-eden-nasilnik-priveden-video/#respond Tue, 27 Aug 2019 08:46:55 +0000 https://kurir.mk/?p=233806

Претседателот на месната заедница и инспекторка за животна средина биле жртви на насилници во „Шупли камен“. Како што дознава КУРИР, за време на протестот бил нападнат прво 52-годишниот Г.С. По завршување на протестот, пак, инспекторка во Државен инспекторат за животна средина била нападната додека си ја вршела работната должност. Освен што насилниците физички ја нападнале, дознаваме дека го искинале и записникот кој таа го направила. Инспекторката откако извршила увид, констатирала дека не се работи законски, по што била веднаш нападната од лицето кое полицијата го апси во видеото во продолжение, дознава КУРИР.     Еве што велат од СВР Куманово за овие случувања:  На 21.08.2019 во 11.00 часот во СВР Куманово, претседателот на Месната заедница „Шупли Камен“, Г.С. (52) пријавил дека за време на протест и блокада на патот во селото Шупли Камен, физички бил нападнат од непознато лице кое управувало товарно возило. Според пријавеното, во наведеното време на местото пристигнале две товарни возила, по што возачот на првото возило излегол и физички го нападнал Г.С. и со непознат предмет му нанел повреда на вратот. Во 20:00 часот во СВР Куманово, Л.З.(57), државен водостопански инспектор во Државен инспекторат за животна средина, пријавила дека истиот ден околу 15.30 часот, додека вршела службени задачи заедно со водстопански инспектор, по извршениот увид на речното корито на река Пчиња, Б.Н., вработен во сепарација во река Пчиња, насилно се обидел да и го земе записникот, но бил спречен од полициски службеници. Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Куманово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/haos-na-protest-vo-kumanovsko-napadnata-inspektorka-povreden-pretsedatel-na-mesnata-zaednica-eden-nasilnik-priveden-video/feed/ 0