Инспекторат за животна средина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 31 Mar 2023 17:13:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Инспекторат за животна средина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Траги од нафта при вонреден надзор во фирма во Вевчани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragi-od-nafta-pri-vonreden-nadzor-vo-firma-vo-vevchani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragi-od-nafta-pri-vonreden-nadzor-vo-firma-vo-vevchani/#respond Fri, 31 Mar 2023 17:12:47 +0000 https://kurir.mk/?p=818643

Траги од нафта кај местото викано Ведрани во Вевчани биле забележани при вонредниот инспекциски надзор на Инспекторатот за животна средина во фабриката за медицински канабис „Флауер Пауер“. Надзорот, како што информира Државниот инспекторат за животна средина, бил извршен во присуство на вработени лица од општина Вевчани, а по претходно добиена претставка за еколошка катастрофа за истурен талог од нафта, на локација каде што нелегално бил одложен различен цврст отпад. Талогот од нафта бил истурен нелегално од „Флауер Пауер“, фабрика за медицински канабис при отстранување на стара цистерна за нафта. - При увидот константирано е дека на локацијата која е нелегално одлагалиште на цврст отпад има остатоци од нафтен дериват измешан со земја. И северно спрема селото Лабуништа има создадено вир од вода во кој се видливи мрсни дамки на површината од водата во пречник од околу два метри квадратни. Наслаги има и на страните од брегот, кои се останати при намалување на водостојот во вирот од вода, стои во соопштението на Инспекторатот. Инспекциски надзор бил извшен и во објектот за производство на медицински канабис, кој е во изградба, каде, според информацијата, било константирано дека уште нема отпочнато со работа за одгледување на медицински канабис. Во надворешниот дел, пак, како што е наведено, се наоѓала бетонска јама во која имало стара цистерна за чување гориво, која била отстранета за старо железо во отпад. Подот бил тампониран и на еден дел од ѕидната површина имало остатоци од нафтен дериват. Правниот субјект бил задолжен веднаш да го отстрани исфрлениот отпаден нафтен дериват помешан со земја кој претставува опасен отпад, со овластен постапувач, кој поседува дозвола за отстранување и транспорт од МЖСПП. Во рок од седум дека треба да достави доказ дека цистерната за гориво е отстранета на соодветно место, по што треба да го извести Инспекторатот. За утврдената законска повреда, според информацијата, ќе следува соодветна санкција согласно законските прописи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragi-od-nafta-pri-vonreden-nadzor-vo-firma-vo-vevchani/feed/ 0
Казна од 88 илјади евра за нелегално фрлање отпад во Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kazna-od-88-iljadi-evra-za-nelegalno-frlanje-otpad-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kazna-od-88-iljadi-evra-za-nelegalno-frlanje-otpad-vo-skopje/#respond Wed, 15 Dec 2021 10:22:14 +0000 https://kurir.mk/?p=608758

Инспекторатот за животна средина на Град Скопје во рамки на новите заложби на Град Скопје за зголемена контрола и инспекциски надзори со цел заштита на животната околина и здравјето на граѓаните, во процесот на засилени контроли за фрлање на отпад во Вардариште издаде прекршочен паричен налог и парична казна од 88 илјади евра. Според извештајот на инспекторатот на Град Скопје затекнатите лица нелегално исфрлале отпад и со тоа ја загадиле животната средина и ја загрозиле безбедноста по здравјето на граѓаните, што е спротивно на член 37 од Законот за управување со отпад. Мора да има системски решенија и секој мора да ги почитува законите кои ќе се спроведуваат неселективно. Град Скопје нема да толерира ниту едно физичко или правно лице кое ја загадува околината и со тоа влијае на загадување на воздухот, почвата и водите, и свесно го загрозува здравјето и животот на скопјани, а секое прекршување ќе биде соодветно санкционирано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kazna-od-88-iljadi-evra-za-nelegalno-frlanje-otpad-vo-skopje/feed/ 0
Пожарот ја проголта целата документација на Инспекторатот за животна средина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozarot-ja-progolta-celata-dokumentacija-na-inspektoratot-za-zivotna-sredina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozarot-ja-progolta-celata-dokumentacija-na-inspektoratot-za-zivotna-sredina/#respond Wed, 09 Sep 2020 11:04:53 +0000 https://kurir.mk/?p=401016

Во пожарот што изутринава изби во зградата на поранешна Комерцијална банка најмногу штета претрпе Државниот инспекторат за животна средина. Огнот, кој според првичните информации настанал од дотраеност на електричната инсталација, ги уништил архивата на Инспекторатот и дел од канцелариите. Дополнително штета е предизвикана при гасење на пожарот, кога од водата се уништени и дел од компјутерите и инвентарот во канцелариите на инспекторите. -Ни се отвори голем проблем, изгоре целата документација. Последните предмети се кај инспекторите, но и таму пожарникарите интервенирале со вода. Не знаеме што е зачувано на компјутерите, а што не. Ова ќе биде огромна штета за нас. Само мојата канцеларија не е уништена. Ќе побарам средба со министерот за животна средина за да ни најдат простории каде би можеле да се сместиме. Целокупната штета допрва ќе ја проценуваме – вели директорот на Инспекторатот, Фејзула Спахија за „360 степени“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozarot-ja-progolta-celata-dokumentacija-na-inspektoratot-za-zivotna-sredina/feed/ 0