инспекторат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 30 Mar 2022 14:20:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инспекторат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Со инспекциските контроли за наплата на данок на имот утврдени стотици непријавени имоти https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/so-inspekciskite-kontroli-za-naplata-na-danok-na-imot-utvrdeni-stotici-neprijaveni-imoti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/so-inspekciskite-kontroli-za-naplata-na-danok-na-imot-utvrdeni-stotici-neprijaveni-imoti/#respond Wed, 30 Mar 2022 14:20:26 +0000 https://kurir.mk/?p=655801

Екипи на Инспекторатот на Град Скопје од Одделението за даночна инспекција и инспекција за наплата на комунални и други такси, продолжуваат со засилените контроли. Инспекторите за даночна инспекција започнаа контрола кај деловни субјекти во ТЦ Беверли Хилс, по доставена преставка од граѓани, дека дел од субјектите го немаат пријавено или дека не добиваат решенија за данокот на имот, при што е утврдено дека над 100 субјекти го немаат пријавено имотот. Градот Скопје го продолжува засилениот инспекциски надзор за да овозможи почитување на прописите, a инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел зголемување на наплатата на комуналните и другите такси со цел обезбедување праведност и правичност во оданочувањето за сите обврзници подеднакво. Во однос на наплатата на данокот на имот, Инспекторатот апелира сите правни и физички лица кои сеуште не го пријавиле својот имот тоа да го сторат во најкраток можен рок со цел да избегнат камати, глоби и дополнителни трошоци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/so-inspekciskite-kontroli-za-naplata-na-danok-na-imot-utvrdeni-stotici-neprijaveni-imoti/feed/ 0
Кривична пријава за фрлање градежен шут во Охридското Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krivichna-prijava-za-frlanje-gradezen-shut-vo-ohridskoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krivichna-prijava-za-frlanje-gradezen-shut-vo-ohridskoto-ezero/#respond Thu, 04 Mar 2021 14:21:18 +0000 https://kurir.mk/?p=477246

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во рамките на инспекциска постапка утврдил дека на потегот меѓу хотелот „Далјан“ и домот за стари лица во изградба, на површина од 964 квадратни метри, на брегот на Охридското Езеро и во самото езеро, фрлен е градежен шут и насипана е земја од ископ на темели од непозната локација. Во координација со Министерството за внатрешни работи пронајден е сопственикот на земјиштето и против него е покрената кривична пријава. Со цел санирање на крајбрежјето, Инспекторатот поднел и информација за влијанието на нелегалното насипување земја и шут на брегот на езерото во населбата Далјан и за итно враќање на крајбрежјето во првобитната состојба. „Имајќи го предвид мислењето на Хидробиолошкиoт завод од Охрид дека нелегалното насипување земја и шут на брегот од езеротo во населбата Далјан има негативно влијание врз Охридското Езеро, особено врз квалитетот на водата и седиментот, врз живиот свет во езерото, неговиот биодиверзитет, оплитувањето и други негативни последици на овој значаен акватичен екосистем, очекуваме Владата да ги задолжи Министерството за транспорт и врски и Општина Охрид да го отстранат насипот и да го санираат крајбрежјето“, соопшти ДИЖС. До надлежното Јавно обвинителство Охрид, како што посочија, е доставена кривичната пријава за понатамошно постапување по случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krivichna-prijava-za-frlanje-gradezen-shut-vo-ohridskoto-ezero/feed/ 0
Штипската болница има рок од три дена да го извести ДСЗИ за лекувањето на починатата пациентка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskata-bolnica-ima-rok-od-tri-dena-da-go-izvesti-dszi-za-lekuvanjeto-na-pochinatata-pacientka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskata-bolnica-ima-rok-od-tri-dena-da-go-izvesti-dszi-za-lekuvanjeto-na-pochinatata-pacientka/#respond Tue, 17 Nov 2020 14:52:52 +0000 https://kurir.mk/?p=430776

ЈЗУ Клиничка болница Штип треба во рок од три дена да го извести Државниот санитарен и здравствен инспекторат од ПО Штип за утврдената фактичка состојба за спроведеното лекување на починатата пациентка од КОВИД-19 и околностите кои довеле до смртен исход. По вчерашниот вонреден инспекциски надзор од Државниот санитарен и здравствен инспекторат директорот на ЈЗУ Клиничка болница Штип е задолжен веднаш да се состане Комисијата за следење на квалитет на здравствената установа. -Решението во текот на вчерашниот ден од страна на ДСЗИ ПО Штип доставено е по електронски пат, а во текот на денешниот ден и во хартиена форма. Директорот е задолжен во рок од три дена, писмено да го извести ДСЗИ за наодот од извршената контрола на комисијата, информираат од Министерство за здравство. Независно од работата на Комисијата, се вели во соопштението, во текот на денешниот е инициран стручен надзор над работата на здравствената установа и здравствените работници во врска со третманот на пациенката, до министерот за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shtipskata-bolnica-ima-rok-od-tri-dena-da-go-izvesti-dszi-za-lekuvanjeto-na-pochinatata-pacientka/feed/ 0