инспектори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Apr 2023 07:16:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инспектори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еден ден по поразот ова е голем шок и за него – инспекторите чукнале на вратата на Мило Ѓукановиќ, еве што му наредиле да направи веднаш! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-den-po-porazot-ova-e-golem-shok-i-za-nego-inspektorite-chuknale-na-vratata-na-milo-gukanovik-eve-shto-mu-naredile-da-napravi-vednash/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-den-po-porazot-ova-e-golem-shok-i-za-nego-inspektorite-chuknale-na-vratata-na-milo-gukanovik-eve-shto-mu-naredile-da-napravi-vednash/#respond Wed, 05 Apr 2023 07:16:34 +0000 https://kurir.mk/?p=820370

Вонпарламентарното Христијанско-демократско движење, основано од поранешниот премиер на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, во доцна синоќа објави дека на шефот на државата во заминување Мило Ѓукановиќ, ден по поразот на изборите, инспекторатот доставил наредба да бидат урнати негови дивоградби во Никшиќ бидејќи се во спротивност со општинскиот просторно – урбанистички план. Таа партија до медиумите ја достави одлуката за уривање на објекти од 170 и 89 метри квадратни, а се огласи и УРА на премиерот во технички мандат на Дритан Абазовиќ. „Урбанистичката и градежната инспекција на Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам на чело со министерката Ана Новаковиќ Ѓуровиќ денеска (вторник) донесе решение со кое на субјектот Мило Ѓукановиќ му наложи да урне два бесправно изградени објекта во КО (катастарска општина) Кочани во Никшиќ објави УРА на Твитер. Во решението, рокот за извршување на таа наредба е 20 дена од денот на приемот, а доколку Ѓукановиќ во тој рок не ги урне тие објекти, тоа ќе го направи државата на негова сметка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eden-den-po-porazot-ova-e-golem-shok-i-za-nego-inspektorite-chuknale-na-vratata-na-milo-gukanovik-eve-shto-mu-naredile-da-napravi-vednash/feed/ 0
КРВАВА ТЕПАЧКА: Полициски инспектори се „ПРЕСМЕТАЛЕ“ на предновогодишна забава во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krvava-tepachka-policiski-inspektori-se-presmetale-na-prednovogodishna-zabava-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krvava-tepachka-policiski-inspektori-se-presmetale-na-prednovogodishna-zabava-vo-ohrid/#respond Mon, 26 Dec 2022 19:43:44 +0000 https://kurir.mk/?p=780843

Дури три тепачки се случиле на предновогодишна прослава организирана од вработени во СВР Охрид. Како што брифираат високи полициски извори, дел од полицискиот кадар бил на предновогодишна прослава во еден познат угостиелски објект лоциран во приградска населба на Охрид, блиску до аеродромот, објави порталот Охрид1. Неофицијално како што пренесува порталот инцидентите помеѓу „видно расположените“ полициски кадри не се пријавени во полиција, но се снимени од надзорните камери на објектот, а детално запознаени со инцидентите се и сите од раководната структура во СВР Охрид. Сведоци на настанот се сите присутни на забавата, вработените во угостителскиот објект како и вработените задолжени за хигиената на објектот, затоа што морале веднаш објектот да го исчистат по крвавите тепачки. Докажаниот метод на нашиот студент им помогна на илјадници луѓе да го подобрат видот - ги полуди сите во регионот Тепачките избиле помеѓу инспектори од компјутерски криминал и инспектори од недозволена трговија и дрога. Како што брифираат високо позиционирани полициски извори, во тепачките учествувале и луѓе кои се наоѓаат на инспекторски позиции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/krvava-tepachka-policiski-inspektori-se-presmetale-na-prednovogodishna-zabava-vo-ohrid/feed/ 0
Русија ќе им дозволи на инспекторите да ја посетат нуклеарната централа Запорожје https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-kje-im-dozvoli-na-inspektorite-da-ja-posetat-nuklearnata-centrala-zaporozje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-kje-im-dozvoli-na-inspektorite-da-ja-posetat-nuklearnata-centrala-zaporozje/#respond Sat, 20 Aug 2022 09:27:46 +0000 https://kurir.mk/?p=721381

Рускиот лидер Владимир Путин изјави дека на претставници на ОН ќе им биде дозволено да го посетат и да го проверат нуклеарниот комплекс Запорожје. Ова го соопшти Кремљ по разговорите меѓу Путин и францускиот претседател Емануел Макрон. Изјавата на Путин следува во време кога борбите продолжуваат во близина на нуклеарната електрана, а четворица цивили наводно биле ранети во руско гранатирање. Во соопштението по разговорите меѓу Путин и Макрон, Кремљ информира дека рускиот претседател се согласил да им ја обезбеди на истражителите на ОН „неопходната помош“ за пристап до нуклеарната локација. Нуклеарката е под руска окупација од почетокот на март, но украинските техничари сè уште работат под руска управа. Двајцата претседатели ја истакнаа важноста од испраќање експерти на МААЕ во централата за да ја проценат „ситуацијата на теренот“, соопшти Кремљ. Генералниот директор на агенцијата на ОН за нуклеарен надзор, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), ја поздрави изјавата на Путин и рече дека е подготвен самиот да ја предводи посетата на објектот. „Во оваа многу нестабилна и кревка ситуација, од витално значење е да не се преземат нови дејствија што би можеле дополнително да ја загрозат безбедноста на една од најголемите нуклеарни централи во светот“, рече Рафаел Гроси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-kje-im-dozvoli-na-inspektorite-da-ja-posetat-nuklearnata-centrala-zaporozje/feed/ 0
Инспекторите плачелe врз убиените деца во Цетиње, затоа и истрагата траела подолго од вообичаено: Додека бидат живи нема да гo заборават овој случај! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/inspektorite-plachele-vrz-ubienite-deca-vo-cetinje-zatoa-i-istragata-traela-podolgo-od-voobichaeno-dodeka-bidat-zivi-nema-da-go-zaboravat-ovoj-sluchaj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/inspektorite-plachele-vrz-ubienite-deca-vo-cetinje-zatoa-i-istragata-traela-podolgo-od-voobichaeno-dodeka-bidat-zivi-nema-da-go-zaboravat-ovoj-sluchaj/#respond Sat, 20 Aug 2022 08:35:27 +0000 https://kurir.mk/?p=721363

Потресни сцени на невино убиените деца и другите жртви во Цетиње не ги оставиле рамнодушни ниту припадниците на полицијата и истражителите додека точно пред седум дена вршеле увид на местото на злосторот откако монструмот Вук Бориловиќ, вооружен излегол на улица и сеел смрт. Плачеле гледајќи го хоророт кој што го направил масовниот убиец. Солзите неможеле да ги задржат ниту инспекторите со повеќедецениско искуство, па и затоа увидот траел повеќе од вобичаено. Она што го виделе, велат додека се живи нама да го заборават. -Тоа се сцени кои никого неможат да остават рамнодушен, не кријат инспекторите кои биле на терен. Да потсетиме, триесет и четиригодишниот Вук Бориловиќ уби десет лица, а рани шестмина, а според официјалните податоци, во петокот околу 15 часот и 30 минути, Бориловиќ влегол во станот на своите станари и на вратата ја убил единаесетгодишниот М., па неговиот три години помлад брат, а потоа ја застрелал нивните мајка – Наташа Пајовиќ Мартиновиќ – низ прозорецот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/inspektorite-plachele-vrz-ubienite-deca-vo-cetinje-zatoa-i-istragata-traela-podolgo-od-voobichaeno-dodeka-bidat-zivi-nema-da-go-zaboravat-ovoj-sluchaj/feed/ 0
Инспекторите на Град Скопје одзедоа девет сообраќајни дозволи на диви превозници https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/inspektorite-na-grad-skopje-odzedoa-devet-soobrakjajni-dozvoli-na-divi-prevoznici/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/inspektorite-na-grad-skopje-odzedoa-devet-soobrakjajni-dozvoli-na-divi-prevoznici/#respond Thu, 24 Mar 2022 14:53:44 +0000 https://kurir.mk/?p=652710

Инспекторите за патен сообраќај на Град Скопје во рамките на редовните работни задачи во текот на изминатите денови во три смени вршеа контроли и исконтролирани се над 40 превозници. При контролите се утврдени неправилности и одземени се 9 сообраќајни дозволи на диви превозници, информираат од Град Скопје. Градот Скопје продолжува со засилените инспекциски надзори за да овозможи почитување на прописите, a Инспекторатот продолжува со засилени контроли со цел сузбивање на дивите превозници на територијата на градот. Неселективно при вршењето на контролите се санкционираат сите што не го почитуваат Законот за јавни патишта и ја доведуваат во прашање безбедноста на патниците и на другите учесници во сообраќајот, стои во соопштението од градот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/inspektorite-na-grad-skopje-odzedoa-devet-soobrakjajni-dozvoli-na-divi-prevoznici/feed/ 0
Инспекторите не затекнале роднини на пациенти при вонредниот надзор во модуларните болници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektorite-ne-zateknale-rodnini-na-pacienti-pri-vonredniot-nadzor-vo-modularnite-bolnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektorite-ne-zateknale-rodnini-na-pacienti-pri-vonredniot-nadzor-vo-modularnite-bolnici/#respond Tue, 14 Sep 2021 15:03:23 +0000 https://kurir.mk/?p=563549

Инспекторите на Државниот здравствен и санитарен инспекторат не затекнале цивили на лице место во ковид центрите во Македонија по направените вонредни надзори изминатите денови. Во неделата цел на ненајавена контрола била тетовската болница по објавите и сведоштвата на социјалните мрежи дека членови на семејства и по трагедијата од осми семптември и понатаму се грижат за болните од корона. Контроли биле направени и во 12 модуларни објекти, но немало отстапки од протоколите. -ДСЗИ може да реагира со своите правни механизми само ако има отстапки во моментот на надзор и се затекнат цивили однадвор. Не се затекнати такви лица во ковид центрите во кои посетите се забранети, вели Ирина Бухова Сотирова директор на ДСЗИ. Директорката на ДСЗИ повика да се работи на едукација кај населението дека во установи каде има забрана за посети тоа мора доследно да се почитува. -Тој што е таму е потенцијален пациент и потенцијален преносител на заразата. Мора да се почитуваат одредбите, вели Бухова. И пред трагедијата до инспекторатот имало анонимни пријави за недозволено присуство на цивилни лица во ковид центрите. Инспекторите иако биле на терен и разговарале со раководителите во тие објекти, не затекнале посетители. Во делот на истрагата од Обвинителството се уште не побарале вклучување и на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Во несреќата загинаа 14 пациенти а 12 кои беа спасени од пожарот го продолжија лекувањето во тетовската болница. Денеска седум од нив излекувани од ковид заминале дома, пренесе Сител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektorite-ne-zateknale-rodnini-na-pacienti-pri-vonredniot-nadzor-vo-modularnite-bolnici/feed/ 0
Инспекторите го замолија Заев да не го разрешува Пауновски, премиерот ставот ќе го каже на владината седница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektorite-go-zamolija-zaev-da-ne-go-razreshuva-paunovski-premierot-stavot-kje-go-kaze-na-vladinata-sednica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektorite-go-zamolija-zaev-da-ne-go-razreshuva-paunovski-premierot-stavot-kje-go-kaze-na-vladinata-sednica/#respond Tue, 27 Apr 2021 09:32:38 +0000 https://kurir.mk/?p=502710

Премиерот Зоран Заев утринава оствари средба со тројца инспектори, но се уште не е познато каква конечна одлука ќе се донесе по однос на најавеното разрешување на директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски. На средбата, инспекторите му доставиле на Заев и материјали, но и петицијата која ја потпишале над сто инпектори со која се бара Пауновски да остане директор на оваа институција. Заев одлуката дали ќе предложи разрешување на првиот човек на Државниот пазарен инспекторат на денешната владина седница, ќе ја донесе откако ќе ги разгледа материјалите доставени инспекторите. На новинарско прашање, каков ќе биде неговиот став на денешната владина седница по прашањето за Пауновски, Заев рече дека ставот ќе го каже на самата владина седница. -Сакам да ги прочитам во детали материјалите коишто инспекторите ми ги оставија. Тие усно ги образложија, јас ги разбирам што кажаа, но оставија значајни материјали коишто сакам да ги прочитам. Вредно е затоа што тоа ќе влијае на моето оформување на ставот, рече Заев. Заев рече дека е недозволено да се пркоси и да не се спроведува владина одлука за прераспределба на 35 кадри од Министерството за односи меѓу заедниците. Од ова министерство, со владина одлука требаше да се прераспределат 35 административци, за кои што Пауновски одбива да ги прими, затоа што како што вели, тие не се квалификувани, а инспекторатот кубури со инспектори за источна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektorite-go-zamolija-zaev-da-ne-go-razreshuva-paunovski-premierot-stavot-kje-go-kaze-na-vladinata-sednica/feed/ 0
Инспектори ќе ги казнуваат несовесните посетители во Зоо Скопје https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/inspektori-kje-gi-kaznuvaat-nesovesnite-posetiteli-vo-zoo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/inspektori-kje-gi-kaznuvaat-nesovesnite-posetiteli-vo-zoo-skopje/#respond Thu, 25 Feb 2021 10:49:19 +0000 https://kurir.mk/?p=473680

Од овој викенд, службите на Инспекторатот на град Скопје ќе ги казнуваат несовесните посетители кои ќе хранат и вознемируваат животни во Скопје Зоо. Санкционирани ќе бидат и оние кои ќе фрлаат отпадоци во живеалиштата на животните и по патеките. -Под мотото „Подарете љубов, а не храна“ ја започнуваме кампањата за заштита и благосостојба на животните во Зоолошка градина Скопје. Низ годините многу несовесни посетители фрлаат храна која е несоодветна и штетна за нив и покрај таблите со кодекс на однесување кои се поставени на влезот и низ градината, каде јасно е истакнато се она што е забрането, информираат од скопската зоолошка градина. За потсетување, во Скопје Зоо, строго забрането е хранење и допирање на животните, било какво вознемирување на животните и фрлање предмети и отпадоци во нивните живеалишта, тропање по оградите и стаклата, прекачување преку огради и влез во забранети зони. -Нашите животни имаат свои таблички за исхрана и секоја храна надвор од тоа е штетна за нив. На пример, имаме животни дијабетичари кои не смеат да јадат банана, портокал и јаболко, или пак голем дел животни за кои зелката е најштетна. Доколку посетителите сакаат интеракција и хранење на животни, за тоа постои делот Бејби Зоо, каде под надзор на вработени секој посетител добива пакетче храна за животните и може да ги погали и одблизу да се запознае со процесот на чување на миленик. Секако ги потсетуваме сите кои сакаат да хранат животни, дека на улиците има многу бездомни кучиња и мачиња, како и птици кои се гладни, па доколку ги нахранат со соодветна храна ќе направат хумано дело, стои во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/inspektori-kje-gi-kaznuvaat-nesovesnite-posetiteli-vo-zoo-skopje/feed/ 0
Пауновски: Засилени контроли и за Нова Година, со закон треба да се овозможи казнување врз основа на слики и снимки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paunovski-zasileni-kontroli-i-za-nova-godina-so-zakon-treba-da-se-ovozmozi-kaznuvanje-vrz-osnova-na-sliki-i-snimki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paunovski-zasileni-kontroli-i-za-nova-godina-so-zakon-treba-da-se-ovozmozi-kaznuvanje-vrz-osnova-na-sliki-i-snimki/#respond Mon, 28 Dec 2020 14:08:38 +0000 https://kurir.mk/?p=449447

Ако Владата направи закон што ќе дозволи да казнуваме врз основа на слики и снимки, ние сме тука. Но, нашата надлежност засега е сами да воочиме и затекнеме нарушување на законските прописи, рече денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски. Одговорајќи на новинарски прашања по отворањето на новата Канцеларија на Инспекторатот во Тетово, Пауновски напомена дека контролите ќе продолжат интензивно и за Нова Година. -Контролите и за новогодишната ноќ ќе продолжат исто како до сега. Инспекторите се на терен седум дена во неделата, а не како порано што кажуваа 24/7, но има инспектори кои и по 12 или 14 часа се на терен. Толку имаме луѓе, сите се ангажирани. Верувам дека и новогодишните празници најголем дел од нив ќе ги поминат на терен. Затоа упатувам апел до сите што мислат да ги нарушуват протоколите, да се воздржат, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани, истакна Пауновски. Во однос на последниот случај во Штип, директорот објасни дека кога инспекторите дошле на самото место, објектите веќе биле затвроени. -Нашата надлежност е пна што ќе го фатиме на лице место. Такви се законите и прописите и така мора да постапуваме. Во спротивно, ќе се соочиме со адвокати, рече директорот на Пазарниот инспекторат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paunovski-zasileni-kontroli-i-za-nova-godina-so-zakon-treba-da-se-ovozmozi-kaznuvanje-vrz-osnova-na-sliki-i-snimki/feed/ 0
Инспекторите ќе ги празнат угостителските објекти и ќе ги затвораат со законските измени, Пауновски повика на издигнување на свеста на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektorite-kje-gi-praznat-ugostitelskite-objekti-i-kje-gi-zatvoraat-so-zakonskite-izmeni-paunovski-povika-na-izdignuvanje-na-svesta-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektorite-kje-gi-praznat-ugostitelskite-objekti-i-kje-gi-zatvoraat-so-zakonskite-izmeni-paunovski-povika-na-izdignuvanje-na-svesta-na-gragjanite/#respond Wed, 21 Oct 2020 13:46:48 +0000 https://kurir.mk/?p=419056

Свеста на граѓаните треба да се издигне на највисоко ниво ако сакаме да се намалат бројките на заразени со Ковид-19. Ниту една инспекција, ниту, пак, полицијата може да излезе на крај ако некој сака да направи некаков прекршок. Сепак ние сме тука колку што можеме тоа да го спречиме, порача денеска директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски. -Ако кај некого не делуваат казните не знам што друго да преземеме. Тоа значи крајно немање свест кон другите граѓани, рече Пауновски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата заедно со другите институции од Инспекцискиот совет. Со досегашното законско решение, потенцира, немаме прао да ги затвораме објектите доколку ги нарушуваат протоколите за работа и единствено можеме да поднесеме кривична пријава до јавното обвинителство или до соодветниот суд. -Затоа се носат построгите мерки со кои ќе можеме веднаш да ги затвораме објектите до 30 дена и да изрекувама парична казна на лице место со платни налози. И овие денови додека Собранието не ги донесе новите законски решенија по кои веднаш ќе пристапуваме кон празнење на угостителските објекти и кон нивно затоврање, ние постапуваме согласно досегашната практика, односно поднесување кривична пријава по член 205 и 206 за нарушување на протоколите, рече Пауновски. По новите законски решнија, додаде, ќе постапуваме веднаш откако ќе излезат во Службен весник. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/inspektorite-kje-gi-praznat-ugostitelskite-objekti-i-kje-gi-zatvoraat-so-zakonskite-izmeni-paunovski-povika-na-izdignuvanje-na-svesta-na-gragjanite/feed/ 0