ИНСТАТ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Sep 2023 09:54:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ИНСТАТ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанија: Се е подготвено, пописот на населението почнува на 18 септември https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-se-e-podgotveno-popisot-na-naselenieto-pochnuva-na-18-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-se-e-podgotveno-popisot-na-naselenieto-pochnuva-na-18-septemvri/#respond Mon, 04 Sep 2023 09:54:44 +0000 https://kurir.mk/?p=874318

Албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ) соопшти дека се заокружени сите потребни активности и пописот на населението, домаќинствата и становите ќе започне на 18 овој месец. Директорката, Елса Дули за медиумите изјави дека „веќе се обезбедни потребниот број попишувачи кои ќе тропнат во секој дом за да собираат информации“. -Пописот е статистичка операција која ќе даде слика за точниот број на резистентното население на територијата на Република Албанија. На 18 септември ИНСТАНТ ќе започне со процесот на собирање податоци на терен, кој ќе трае шест седмици. Ангажирани се околу 7.000 луѓе. Успешноста на пописот зависи од позитивниот пристап и учество на населението во него, што веруваме дека ќе се постигне, рече таа. Додава дека формуларот содржи околу 100 прашања и само три од прашањата, а се однесуваат на вероисповеста, етничка припадност и јазикот, одговорот ќе биде на доброволна основа. -Повикувајќи се на законот за попис на населението, домаќинствата и становите, сите жители кои се резидентни на територијата на Република Албанија се должни да одговорат на овој прашалник. Овде би издвоила три прашања, кои се изборни, необврзувачки, што значи одговорот не е задолжителен: религија, јазик и етничка припадност, рече таа. Дообјасни дека попишувачите податоците ќе ги прибираат на таблети а првичните резултати од пописот се очекува да бидат објавени во јуни идната година. Последниот попис во земјата беше спроведен во 2011 година. Планираниот, за 2021 беше одложен поради пандемијата со Ковид-19 а минатата година бидејќи „не биле обезбедени неопходните алатки за собирање информации на терен“. Ова е 12-ти по ред попис, од кога Албанија е прогласена за независна држава во 1912 година. Првиот попис бил спроведен во 1923 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-se-e-podgotveno-popisot-na-naselenieto-pochnuva-na-18-septemvri/feed/ 0
ИНСТАТ: Албанија има околу 2,8 милиони жители https://arhiva.kurir.mk/svet/region/instat-albanija-ima-okolu-2-8-milioni-ziteli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/instat-albanija-ima-okolu-2-8-milioni-ziteli/#respond Sat, 03 Sep 2022 13:24:19 +0000 https://kurir.mk/?p=728243

По одлуката да го одложи пописот на населението и домаќинствата, што требаше да се спроведе следниот месец, албанскиот институт за статистка, ИНСТАТ, објави официјална статистика за бројот на населението во земјата. Официјално, според ИНСТАТ, во јануари 2022 година, резидентното население на Албанија брои околу 2,8 милиони жители, од 2,9 милиони колку што имало во 2011 година кога беше спроведен последниот попис на населението. – И покрај официјалната бројка на ИНСТАТ, сепак никој не знае колкав е реалниот број на резидтентно население во земјава. Тоа од причини што последните години природниот прираст на населението отиде на нула поради зголемувањето на морталитетот и намалувањето на наталитетот. Ако на ова се додадат високите стапки на емиграција, чиј циклус е обновен во изминатите години, повеќе од јасно е дека бројката на резидентното население е многу помала, наведуваат албанските медиуми. Инаку, според ИНСТАТ, во просек, нето емиграцијата изнесува од 30.000 до 50.000 луѓе кои заминуваат во текот на последната деценија. Според проценките на Обединети нации од 1990 до 2020 година Албанија ја напуштиле околу 1,2 милиони лица. Станува збор за нето миграција, која вклучува разлика меѓу оние што се враќаат и оние што заминуваат. До падот на комунизмот, по што почна бранот на масовна миграција, Албанија имаше над 3,8 милиони жители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/instat-albanija-ima-okolu-2-8-milioni-ziteli/feed/ 0