институции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 11:40:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png институции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Алиу: Компаниите немаат доверба во институциите, ретко се јавуваат на тендери зашто мислат дека се наместени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aliu-kompaniite-nemaat-doverba-vo-institutsiite-retko-se-javuvaat-na-tenderi-zashto-mislat-deka-se-namesteni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aliu-kompaniite-nemaat-doverba-vo-institutsiite-retko-se-javuvaat-na-tenderi-zashto-mislat-deka-se-namesteni/#respond Fri, 20 Oct 2023 11:40:15 +0000 https://kurir.mk/?p=891219

Ревизорскиот извештај за периодот јануари 2021 - јуни 2023 година покажува дека на 14 од 18 случајно избрани и анализирани тендерски постапки за јавни набавки во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) се пријавила само една компанија. За три постапки имало по две понуди, а за една постапка биле доставени три понуди. Во голем дел од постапките, сумата за одредена набавка што била предвидена во планот за јавни набавки на МИОА, била иста со сумата што ја понудила одредената компанија, соопшти денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. На прес-конференција по средбата со стопанските комори, Алиу рече дека вкупната сума за 18-те постапки е 6,5 милиони евра. Предметите опфатени со ревизијата биле по случаен избор, а ги анализирал независен ревизор, од отворање на тендерската постапка до финална исплата за реализираните активности. Некои од нив, потенцира, се со висок ризик од можни злоупотреби. Министерот ги информирал коморите за Извештајот и побарал од нив да кажат зошто мал број компании аплицираат на тендерите. Му одговориле дека „се соочуваат со тендерска документација која, ако се прочита, е очигледно за која компанија е напишана“. Затоа, најави Алиу, за секоја наредна тендерска постапка, при истражување на пазарот, МИОА ќе свикува прес-конференција. Целта е да ги увери компаниите во транспарентноста, како и детално да ги информира кои се потребите на Министерството. Веројатно така, нагласи, ќе се намали недовербата која е веќе креирана меѓу јавниот и приватниот сектор. -Не сум правник за да кажам дали сето ова е законски или не, а и во Извештајот не е нотирано нешто незаконско, но нотирано е дека има ризици од злоупотреба. Има институции кои понатму треба да ги следат и анализираат овие процеси. Од една страна, одредени компании ги злоупотребуваат процесите и сами креираат политики врз основа на своите бизнис интереси, а од друга, голем дел од компаниите, поради одредени причини, не се јавуваат на јавните повици на државните институции. Ова влијае на конкурентноста и можноста за поголем избор, односно државните институции се принудени да плаќаат повисоки цени поради малата понуда од компаниите. Затоа, потребно е системско решение кое ќе ги спречи сите потреби за злоупотреби и ќе ја зголеми понудата на добра и услуги кон државните институции, истакна министерот. Тој најави дека МИОА за четири до пет месеци повторно ќе излезе со ваков извештај, но за десетгодишен период. -На денешната средба, ги известив коморите за ревизорскиот извештај и побарав од нив да кажат зошто се случува ова, кои се постапките, процедурите и методологијата со која ние ќе се подобриме за тие да аплицираат. За жал, нивниот одговор, на повеќето компании, беше дека немаат доверба во јавните институции и затоа воопшто не трошат ресурси за да аплицираат. На моето прашање, дали ќе се поодбри тоа ако одржуваме прес-конференција во фаза на анализа на пазарот на трудот и дали тогаш би се пријавиле, одговорија потврдно, дека, да, тоа е една од можностите за да бидат сигурни и да знаат однапред што се слуќува и кои се барањта. Според нив, сега се соочуваат со тендерска документација која, велат, ако ја прочитате, ќе видите дека е очигледно за која компанија е напишана. Тоа е фидбекот што го добив денеска од приватниот сектор, истакна Алиу. Ревизорскиот извештај е јавно достапен на веб страницата на МИОА. -Сакаме да бидеме транспарентни и одговорни кон граѓаните, како и да ги подобриме тендерските процеси во земјава. Затоа, МИОА во наредниот период ќе организира средби на кои навреме ќе ги информира сите компании заинтересирани да учествуваат во натамошните постпаки и да одговараат на нашите повици. Има многу точки во кои ние треба да се подобриме како институција, а ни ги дава Ревизорскиот извештај. На пример, да се подели Работната група која пишува тендерска документација со Работната група која ги следи процесите и таа што дава извештај за имплементација на проектите, подвкече министерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aliu-kompaniite-nemaat-doverba-vo-institutsiite-retko-se-javuvaat-na-tenderi-zashto-mislat-deka-se-namesteni/feed/ 0
Владата ќе го плати долгот за струја на институциите што му должат на ЕВН https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-kje-go-plati-dolgot-za-struja-na-instituciite-shto-mu-dolzat-na-evn/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-kje-go-plati-dolgot-za-struja-na-instituciite-shto-mu-dolzat-na-evn/#respond Tue, 13 Dec 2022 10:32:32 +0000 https://kurir.mk/?p=774866

Владата ќе ги покрие долговите за неплатена струја на државни институции на ЕВН, информира премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во Владата. – Тоа се буџетски организации и заради зголемената цена на електрична енергија, Владата направи прераспределба на финансиски средства кои се одобрени и ќе ги достави до Собранието со цел да се обезбеди непречено работење на овие институции, рече премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање. ЕВН има даде рок до 15 овој месец на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и ЖРСМ транспорт и други.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vladata-kje-go-plati-dolgot-za-struja-na-instituciite-shto-mu-dolzat-na-evn/feed/ 0
Србите ги напуштаат косовските институции https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbite-gi-napushtaat-kosovskite-institucii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbite-gi-napushtaat-kosovskite-institucii/#respond Sat, 05 Nov 2022 13:40:45 +0000 https://kurir.mk/?p=756195

Политичките и институционалните претставници на косовските Срби одлучија да ги напуштат сите косовски институции „до повлекување на одлуката на Приштина за пререгистрација и формирање на Заедница на српските општини“. Претставниците на Србите на Косово одржаа средба која како што јавуваат медиумите од Србија траела половина час и ги соопштија одлуките. На средбата присуствуваа и лидерите на Српската листа и на сите четири општини од северот – Северна Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ. Србите го напуштаат собранието, владата и сите институции, вклучително и учеството во полицијата и судството беше соопштено по состанокот. Претседателот на Српската листа и министер во Владата на Косово Горан Ракиќ поднесе оставка од функцијата министер за заедници и враќање. Игор Симиќ соопшти дека поднесува неотповиклива оставка како пратеник во косовското Собрание. Српските медиуми објавија дека Србите кои се дел од косовската полиција ги соблекле униформите. Одлуките остануваат во сила се додека Приштина не ги повлече едностраните одлуки за регистарските таблички.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbite-gi-napushtaat-kosovskite-institucii/feed/ 0
Битиќи се закани: Раководителите на институциите може да ја изгубат работата ако не штедат струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitikji-se-zakani-rakovoditelite-na-instituciite-moze-da-ja-izgubat-rabotata-ako-ne-shtedat-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitikji-se-zakani-rakovoditelite-na-instituciite-moze-da-ja-izgubat-rabotata-ako-ne-shtedat-struja/#respond Wed, 17 Aug 2022 17:28:38 +0000 https://kurir.mk/?p=720120

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека раководителите на државните институции може да ја изгубат и работата ако не штедат струја. Во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија, Битиќи уште еднаш повтори дека во пребродувањето на кризата треба да учествуваат сите, а јавните институции мора да бидат пример за совесно однесување. Според вицепремиерот, рестрикции на струја засега нема да има и не се превидени. -Нашето однесување не може да биде како што било некогаш. Лагодноста може ќе ја изгубиме, но тоа е новиот начин на живеење на кој ќе мора да се прилагодиме, рече Битиќи. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bitikji-se-zakani-rakovoditelite-na-instituciite-moze-da-ja-izgubat-rabotata-ako-ne-shtedat-struja/feed/ 0
Санкции за раководителите на институциите што нема да заштедат 15 отсто струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sankcii-za-rakovoditelite-na-instituciite-shto-nema-da-zashtedat-15-otsto-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sankcii-za-rakovoditelite-na-instituciite-shto-nema-da-zashtedat-15-otsto-struja/#respond Tue, 16 Aug 2022 13:14:19 +0000 https://kurir.mk/?p=719341

На 15 секој месец, почнувајќи од септември, сметките за струја на државните институции ќе бидат јавно објавувани. Целта е, не само граѓаните да имаат увид во потрошувачката, туку и да се знае дали се испочитувани владините задолженија за заштеда до 15 отсто. Извештаите на институциите за потрошената електрична енергија ќе ги објавува Министерството за економија. -Јавноста ќе има увид која институција колку струја потрошила. Секој месец ќе се објавуваат извештаите за потрошувачката на државните институции, и за сегашната и за претходната година, за да се согледа споредбата. Раководителите ќе бидат одговорни за мерките, но и јавноста ќе има пристап, односно увид во потрошувачката. Така ќе видиме како постапиле раководителите. Ако не водат сметка и не ги реализираат препораките за заштеда до 15 отсто, ќе сносат последици, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тој денеска на прес-конференција соопшти дека Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и компаниите се предвидени препораки, а за државните институции конкретни задолженија кои мора да се испочитуваат зашто во спротивно ќе следуваат санкции. Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење сијалици кога има доволно дневна светлина, ладење со клими на не пониско од 27 степени и  греење на не повисоко од 20 степени, исклучување на компјутерите по работата, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, печатење само на потребните материјали, замена на прозорците со енергетски ефикасни, се само дел од задолженијата за државните институции. На домаќинставата им се препорачува вклучување бојлер само кога има потреба од топла вода и по можност на евтина струја, разумно користење на грејните тела, рационална употреба на сијалици и користење повеќе дневно светло, изолирање на таваните, надворешните ѕидови и прозорците,… За бизнис заедницата укажувањата се: да се исклучи декоративното осветлување на фасадите на сите објекти, да не се користи осветлување во внатрешните простории, халите и канцелариите во објектите во период кога има доволно дневна светлина, рационално греење и ладење со клима уредите, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите, инсталирање интелигентни системи за управување во електромоторните погони, замена на старите сијалици со компактни флуоресцентни, примена на нови технологии во подобрување на енергетските перформанси на индустриските постројки,… Препораките и задолженијата ќе бидат во сила од 1 септември 2022 до 31 март 2023 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sankcii-za-rakovoditelite-na-instituciite-shto-nema-da-zashtedat-15-otsto-struja/feed/ 0
Тренчевска уверува: Институциите ќе даваат услугите и за време на штрајкот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-uveruva-instituciite-kje-davaat-uslugite-i-za-vreme-na-shtrajkot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-uveruva-instituciite-kje-davaat-uslugite-i-za-vreme-na-shtrajkot/#respond Wed, 22 Jun 2022 11:16:02 +0000 https://kurir.mk/?p=694096

Уверувам дека институциите ќе ги даваат услугите кон граѓаните и ќе бидат функционални за време на штрајкот, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, откако членовите на Сојузот на синдикатите на Македонија денеска стапија во генерален штрајк за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година. Тренчевска порача дека граѓаните кои имаат потреба од каква било услуга од јавниот сектор мора да ја добијат услугата. Јавните службеници – администрацијата за тоа е и платена да испорачува услуги кон граѓаните, нагласи Тренчевска. Во Министерството за труд и социјална политика утрово никој не пријавил дека штрајкува, рече Тренчевска и дополни дека институциите за социјална и детска заштита функционираат нормално, а онаму кадешто ќе имаат работници кои штрајкуваат ќе биде обезбедено непречно функционирање на институциите. Тренчевска нагласи дека решавањето на проблемите со платите е приоритет, а ад хок решенијата, како што укажа, не носат добри резултати, ниту трајни решенија, што било посочено и на вчерашниот состанок со ССМ. -Општиот колективен договор и социјалниот дијалог за општиот колективен договор треба да продолжи и ќе продолжи и таму да го најдеме системското решение, а тоа е нова методологија која ќе биде вклучена во општиот колективен договор и која што ќе значи системско решавање на проблемот со платите во јавниот сектор, односно континуирано зголемување на платите на вработените во јавниот сектор, рече Тренчевска. Линеарното покачување на 2.806 денари на сите вработени во јавен сектор, според министерката, не е решение и во овие услови нема да направи ништо. -Значи, треба да пристапиме и да продолжиме со социјалниот дијалог којшто е единствен начин да се дојде до решавање на проблемите помеѓу Синдикатот, социјалните партнери односно од една страна Синдикатот, од другата страна Владата. Владата покажува политичка волја, подготвеност да најдеме решение и повикуваме да продолжиме со социјалниот дијалог за да дојдеме до решение кое ќе го реши проблемот на вработените во јавниот сектор, изјави Тренчевска. Дополнително на подготовката и потпишувањето на општиот колективен договор, како што рече Тренчевска започнуваат со процес на подготовка на закон за плати во јавниот сектор, со кој очекува дека ќе биде решен проблемот со платите во јавниот сектор. Од ССМ претходно најавија дека само десет проценти од вработените ќе работат онаму каде што е потребно за итни случаи. Тие како дел од активностите за штрајкот изутрината поставија 120 столчиња пред Собранието со потсетување до пратениците да го прифатат нивниот амандман со ребалансот на Буџетот, да се обезбедат средства за линеарно зголемување на платите за 2 806 денари, како во јавниот, така и во приватниот сектор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trenchevska-uveruva-instituciite-kje-davaat-uslugite-i-za-vreme-na-shtrajkot/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги злоупотреби институциите за лично богатење, а граѓаните поради тоа плаќаат поскапа струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-gi-zloupotrebi-instituciite-za-lichno-bogatenje-a-gragjanite-poradi-toa-plakjaat-poskapa-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-gi-zloupotrebi-instituciite-za-lichno-bogatenje-a-gragjanite-poradi-toa-plakjaat-poskapa-struja/#respond Fri, 08 Apr 2022 07:19:38 +0000 https://kurir.mk/?p=660077

СДСМ се „шампиони“ во енергетиката но само во негативна смисла на зборот. Функционерите од СДСМ преку државни позиции од голтари станаа милионери, буџетот беше злоупотребен за лично богатење, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ ги злоупотреби институциите за лично богатење. А, на сметка на тоа граѓаните плаќаат се поскапа струја. Зоран Заев додека беше на власт, и сега Димитар Ковачевски систематски ги уништуваат домашните капацитети за производство на струја. Хидроакумулациите ги пресушија, а РЕК го оставија без јаглен. За сега во сред енергетска криза Македонија да треба да ги покрива и до 50% од своите потреби на струја од увоз. И откако СДСМ енергетски ја опустоши Македонија, Заев, преку неговиот син Душко Заев, отвора фирма за трговија со струја, истакнуваат од партијата. „Заеви сега ќе печалат на грбот на народот, сите ќе плаќаат поскапа струја за менторот на Ковачевски Заев да ниже профити.

За вакво управување на енергетиката во Македонија, СДСМ и ДУИ ќе мора да понесат одговорност“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-gi-zloupotrebi-instituciite-za-lichno-bogatenje-a-gragjanite-poradi-toa-plakjaat-poskapa-struja/feed/ 0
Институциите треба да штедат, Ковачевски најави санкции за секое непочитување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/instituciite-treba-da-shtedat-kovachevski-najavi-sankcii-za-sekoe-nepochituvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/instituciite-treba-da-shtedat-kovachevski-najavi-sankcii-za-sekoe-nepochituvanje/#respond Thu, 17 Mar 2022 07:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=648535

Кризата предизвикана од руско-украинскиот конфликт се одрази и врз буџетите на државните институции. Владата во вторникот донесе мерки за штедење во јавниот сектор, а секој што нема да ги почитува овие одлуки, ќе биде санкциониран. Премиерот Димитар Ковачевски неколкупати досега изјавуваше дека се соочуваме со најтешката економска криза по Втората светска војна, но дека со добри мерки и штедење ќе се надминат сите предизвици. Тој вчера изјави дека секоја набавка на мебел и возила од страна на државните институции, ќе мора да биде одобрена од Владата, а контролата за трошоците за стоки и услуги и за репрезентација и реклами ќе ја врши Министерството за финансии кое има увид на дневна основа во работењето на државните институции. Јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост, пак, ќе имаат обврска на три месеци да поднесуваат финансиски извештаи до Комисијата за економски систем, за потоа тие да бидат разгледани и одобрени од Владата. – Секој што нема да ја почитува таа одлука ќе биде санкциониран согласно законите за трговски друштва и за работни односи, предупреди Ковачевски, при посетата на поранешната фабрика „ОХИС“. Ковачевски ќе го намали и бројот на советници и според најавите ќе има најмал број на советници од сите негови претходници. Тој вчера откри дека со реорганизација на неговиот Кабинет, дел од советниците повеќе нема да ја имаат таа задача, а дел од нив ќе работат на линиски работи во организациски единици за кои се специјализирани според нивните квалификации. -Бројот на советници којшто јас планирам да го имам е помал од бројот на советници што ги имале досегашните премиери. Тие советници ќе извршуваат работи во нивната професионална област, сите имаат дваесет и повеќе години професионално искуство, академско и професионално, изјави Ковачевски. Мерките за рационализација предвидуваат забрана за започнување на нови постапки за набавка на мебел и возила, а буџетските корисници и правни лица основани од државата ќе треба за 50 проценти да ги намалат и расходите за репрезентација, спонзорства и реклами, како и користењето на службени возила. Се намалува и бројот на службени патувања и бројот на членови на делегации при патувања во странство. За 15 проценти се намалуваат и тековните расходи на јавните претпријатија и акционерските друштва во државна сопственост и согласно тоа, тие ќе треба да ги преработат своите финансиски планови и инвестициони програми и во рок од 15 дена да ја информираат Владата. И на регулаторните тела, единиците на локалната самоуправа, локалните јавни претпријатија и останатите установи под надлежност на општините им се препорачува да ги следат овие владини мерки и да преземат активности за рационализација на нивните расходи. Претходно, Владата донесе пакет од 26 антикризни мерки со цел да се сочува животниот стандард на граѓаните и ливидноста на компаниите во услови кога има раст на цените на основните прехранбени производи и нафтените деривати. За дел од основните прехранбени производи се намалени маржите, а од денес без ДДВ ќе се продаваат лебот, брашното, млекото со масленост од 2 проценти, 3,2 и 3,5 проценти масленост, белиот шеќер, сончогледовото масло, месото, белиот ориз и јајцата. Цените на горивата, пак, се носат на дневно ниво врз основа на изменетиот Правилник за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати со кој РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на горивата доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката се зема просекот од претходните петдневни котации на берзата и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар. – Ние мора да бидеме свесни дека Европа се наоѓа во војна. Во Украина се води војна, Русија изврши воена агресија врз Украина и сето тоа влијаеше исклучително негативно и со далекусежни последици на цените на храната, на вештачките ѓубрива, на цените на суровините, особено на железото, на јагленот и на другите основни суровини. Сите 26 мерки што Владата ги донесе во изминатата недела се токму за справување со овие предизвици со кои се соочуваме ние, но и целата светска економија, истакна вчера Ковачевски. Од друга страна, опозицијата обвинува дека Владата доцни со мерките и дека Владата од 1 ноември потрошила два милиони евра за луксуз иако знаела дека ќе има криза. – Само за пет месеци, Владата потроши 2 милиони евра за непродуктивни трошоци. Тие потрошија 250.000 евра или 15.400.000 денари за набавка на мебел во министерството за внатрешни работи. СДСМ и ДУИ не го прифаќаат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за да трошат пари на луксуз. Само за кафе, Владата ќе потроши 3 милиони денари, наведе ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното соопштение. Влијанието на руско-украинскиот конфликт врз домашната економија внимателно се следи и од страна на Народната банка од каде најавуваат дека ќе продолжат со реоценување на поставеноста на монетарната политика, имајќи ги предвид најновите информации за конфликтот, како и фискалните мерки и последиците врз домашната економија. – Во првите два месеца од 2022 година е остварена просечна годишна стапка на инфлација од 7,1 отсто. Забрзувањето на инфлацијата е главно одраз на растот на светските цени на примарните производи (храна и енергија), но и општо на увозните цени. Ова доаѓа до израз особено во економиите коишто зависат од увоз, односно каде што значителен дел од потрошувачката е увезен, како што е случајот и со нашата економија, како една од трговски најотворените економии во регионот, појаснија од централната банка. Конфликтот во Украина поттикна и дел од инвеститорите да размислуваат за трансфер на нивните инвестиции во други држави. Така, веќе две компании побарале нивните фирми ќерки од Украина целосно да ги преселат во земјава. Доколку нема промена во нивните барања, трансферот на капацитетите, според директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски, би можел да се реализира брзо во рок од три до шест месеци. Според Деспотовски, се зголемува и интересот странските инвестиции кои првично биле планирани за Централна и Источна Европа, сега да се префрлат во Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/instituciite-treba-da-shtedat-kovachevski-najavi-sankcii-za-sekoe-nepochituvanje/feed/ 0
Институциите во Македонија се организираат за собирање помош за Украина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/instituciite-vo-makedonija-se-organiziraat-za-sobiranje-pomosh-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/instituciite-vo-makedonija-se-organiziraat-za-sobiranje-pomosh-za-ukraina/#respond Thu, 17 Mar 2022 06:43:15 +0000 https://kurir.mk/?p=648529

Институциите, претпријатијата, фирмите, стопанските комори и граѓаните од Северна Македонија од неодамна почнаа акција за собирање на хуманитарна помош за луѓето во Украина. До денес, средствата кои Црвениот крст ги собра за помош на Украина достигнаа над 2 милиона 700 илјади денари. Министерството за надворешни работи и Црвениот Крст вчера на хуманитарен настан за собирање помош за Украина потпишаа Меморандум за соработка за поефикасна координација. На настанот беше посочено дека секоја помош е добредојдена, меѓутоа најприоритетно е да се соберат производи за хигиена, храна, вода, санитетски материјали и прва помош. За граѓаните и компаниите кои сакаат да помогнат, отворен е телефонски број на Црвен крст каде можат да се јават и да донираат 100 денари кои директно ќе бидат пратени во Украина. Од МНР и Црвениот крст вчера апелираа до граѓаните и компаниите и понатаму да учествуваат во хуманитарните активности кои се во тек. Во земјава досега се пристигнати 51 граѓанин од Украина и сите се сместени кај пријатели и роднини во Скопје, Гевгелија, Валандово, Прилеп и други места. Владата на седницата во вторникот ги задолжи Министерството за надворешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за финансии и Генералниот секретаријат на Владата да ги продолжат активностите поврзани со утврдување на капацитетите за сместување и да ги подготват сите активности за организирано прифаќање и згрижување на лицата кои ќе пристигнат во земјата како резултат на бегалската криза заради војната во Украина. Како што информира вчера министерот за надворешни работи Бујар Османи списокот со сместувачки капацитети за бегалци од Украина не е довршен бидејќи, како што посочи, постојано се прикажуваат нови капацитети од страна на институциите. – Тоа што Владата го одобри како список на институции кои МНР ги предложи, а ги собра како информации од неколку институции се од делот на МТСП, тоа се неколку одморалишта со точен број на соби, оспособени за прием на бегалци, од ЦУК беа претставени двата транзитни центра за поголем број бегалци и одредени други институции, меѓутоа вчера дадовме уште еден повик до институциите да го дадат конечниот список за да можеме да излеземе и со бројката, рече Османи, додавајќи дека е важно да се мобилизираме сите да им помогнеме на луѓето во Украина. Тој уште еднаш нагласи дека секој кој ќе дојде на нашата граница ќе биде примен и ќе биде згрижен. На вчерашниот настан, амбасадорката на Украина Наталија Задоружњук се заблагодари на институциите, претпријатијата, фирмите, но и на сите граѓани кои одговорија на нивниот повик. – Благодарни сме на пријателската Република Северна Македонија за нејзината јасна поддршка на Украина, за одлуката на Владата за воведување санкции, за помош на бегалци, за организирање на хуманитарна помош за Украина. Ние многу го цениме тоа и посебно би сакала да се заблагодарам на организациите кои донираат финансиски средства со кои можеме да ги набавиме потребните средства и да ги пратиме во Украина, рече Задоружњук. Украинската амбасадорка одговарајќи на прашање истакна оти е јасно дека ќе има повеќе бегалци ако ситуацијата се влошува. Министерот за здравство Беким Сали, пак, состојбата со евентуален бран на бегалци од Украина засега ја оцени како мирна. Досега, како што рече тој во интервјуто за МИА, единствена здравствена услуга на бегалец од Украина е раѓањето на едно девојче во Гинеколошката болница во Чаир. Тој посочи дека неколку болници се означени како „црвени зони“ за евентуален бегалски бран од Украина, односно точки каде што би можеле да пристапуваат евентуално новодојдените мигранти. Имено, Северна Македонија не очекува зголемен прилив на бегалци од Украина, но и покрај тоа, Владата е подготвена за можен бегалски бран. Шефот на дипломатијата Бујар Османи завчера кажа дека во државава нема поголема динамика на влез на украински државјани како што имало пред војната и оти не очекува голем наплив украински бегалци во земјава, но, како што нагласи, ако тоа се случи не се исклучува можноста и за креирање импровизирани капацитети за згрижување. Во однос на евакуацијата на наши граѓани од Украина, Османи посочи дека уште осум наши, но и украински државјани бараат да бидат евакуирани, додека пак останатите 20 се изјасниле дека во моментов немаат потреба за тоа. УНХЦР во вторникот соопшти дека бројот на Украинци кои избегаа во странство речиси три недели по инвазијата на Русија врз Украина изнесува речиси три милиони луѓе. Околу 2,95 милиони луѓе досега ја напуштиле Украина, покажаа податоците на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР). Таа ги базира своите планови за помош на четири милиони бегалци, но наведе дека бројката најверојатно ќе се зголеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/instituciite-vo-makedonija-se-organiziraat-za-sobiranje-pomosh-za-ukraina/feed/ 0
Институциите со засилени контроли за спречување на евентуални манипулации со храната и горивото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/instituciite-so-zasileni-kontroli-za-sprechuvanje-na-eventualni-manipulacii-so-hranata-i-gorivoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/instituciite-so-zasileni-kontroli-za-sprechuvanje-na-eventualni-manipulacii-so-hranata-i-gorivoto/#respond Sun, 06 Mar 2022 10:20:56 +0000 https://kurir.mk/?p=641936

Управата за финансиска полиција, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи заедно спроведуваат засилени и сеопфатни контроли за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето со храна и горива, информира Владата. -Инспекциски контроли на дистрибутивните центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти и на правните субјекти кои вршат трговија на мало и големо со нафтени деривати на територија на целата држава се спроведуваат со цел да нема застој во снабдувањето со прехранбени производи, овошје, зеленчук, енергенси и да не се создава паника кај потрошувачите, се нагласува во соопштението. Како што истакнуваат од владината Прес-служба, контролите се сеопфатни и затоа се делува координативно и пред сé кај дистрибутивните центри, односно трговците на големо и оние маркети кои имаат сопствени магацини и дистрибутивни центри од каде што се преземаат производите. -На овој начин ќе се надминат сомнежите дека не се дополнуваат рафтовите со производи, иако ги има на залиха и токму затоа се прават контроли во дистрибутивните центри на големо. Владата апелира дека во овие услови никој не смее да профитира на грбот на граѓаните. Владата заедно со надлежните институции информира дека со излегувањето на терен и засилените контроли веќе се нормализира состојбата. Храна, гориво и енергенси има доволно, граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации и да бидат смирени. Државата е подготвена да одговори на сите предизвици поврзани со кризата, се потенцира во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/instituciite-so-zasileni-kontroli-za-sprechuvanje-na-eventualni-manipulacii-so-hranata-i-gorivoto/feed/ 0