Институт за јавно здравје на Република Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Feb 2021 11:42:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Институт за јавно здравје на Република Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Извештај на ИЈЗ од 15 до 21 февруари: Зголемување од 3,9% на нови случаи во земјава- во оваа возрасна група има најмногу заболени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtaj-na-ijz-od-15-do-21-fevruari-zgolemuvanje-od-3-9-na-novi-sluchai-vo-zemjava-vo-ovaa-vozrasna-grupa-ima-najmnogu-zaboleni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtaj-na-ijz-od-15-do-21-fevruari-zgolemuvanje-od-3-9-na-novi-sluchai-vo-zemjava-vo-ovaa-vozrasna-grupa-ima-najmnogu-zaboleni/#respond Thu, 25 Feb 2021 11:42:14 +0000 https://kurir.mk/?p=473724

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 15 до 21 февруари 2021, тестирани се вкупно 15.849 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 2,8% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.320 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 3,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.007; 43,4%), со неделна инциденца – 163,0/100.000. Највисока неделна инциденца од 412,8/100.000 е регистрирана во Неготино и Кавадарци (409,0/100.000). Процентот на позитивност се движи од 11,8 до 16,3%, просечно 14,7%, на исто ниво како минатата недела. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=575, 24,8%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=445; 19,2%), 40-49 (n=442; 19,1%), 50-59 (n=413; 17,8%) и 20-29 (n=300; 12,9%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=38; 1,6%) и 10-19 години (n=107; 4,6%). По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 1.760 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 30,1% помалку во споредба со минатата недела. Пријавени се 70 смртни случаи од 13 градови, со зголемување од 62,8% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 65 лицa биле над 60 години, и 5 лица на возраст од 50-59 години. Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 15 до 21 февруари 2021, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtaj-na-ijz-od-15-do-21-fevruari-zgolemuvanje-od-3-9-na-novi-sluchai-vo-zemjava-vo-ovaa-vozrasna-grupa-ima-najmnogu-zaboleni/feed/ 0
За само една недела алармантна бројка на починати во Македонија- ова е црниот биланс во најновиот извештај на ИЈЗ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-samo-edna-nedela-alarmantna-brojka-na-pochinati-vo-makedonija-ova-e-crniot-bilans-vo-najnoviot-izveshtaj-na-ijz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-samo-edna-nedela-alarmantna-brojka-na-pochinati-vo-makedonija-ova-e-crniot-bilans-vo-najnoviot-izveshtaj-na-ijz/#respond Tue, 15 Sep 2020 08:42:59 +0000 https://kurir.mk/?p=403362

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 7 до 13 септември 2020г, тестирани се вкупно 8.353 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, 14.2% помалку во однос на минатата недела. Регистрирани сe вкупно 705 нови позитивни случаи од 33 града во државата што претставува намалување од 10,8% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=202; 28,7%). Во истиот период, во 17 града, бројот на ново-дијагностицирани е под 20. Процентот на позитивни случаи од тестирани изнесува 8.4% или 0.3 % повеќе во однос на претходната недела. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=173, 22,0%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 и 30-39 по (n=136; 19,3%), 40-49 (n=107; 15,2%) и 20-29 (n=98; 14,0%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=19; 2,7%) и 10-19 години (n=36; 5,1%). Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=681; 96,6%), регистрирани се 127 (18,6%) хоспитализирани што е намалување од 3,8% во споредба со минатата недела, а кај 227 (33,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 221 (31,3%) имале контакт со потврден случај. Регистрирани се 32 лица со историја на патување (во последни 14 дена). По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 709 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување. Пријавени се 27 смртни случаи од 12 градови, 7 повеќе споредено со минатата недела. Во однос на возраста, 19 лица биле над 60 години, 6 на возраст од 50-59 и два од 40-49 години. Од починатите 25 лица биле хоспитализирани. Коморбидитети се регистрирани кај 23 починати лица. Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за Состојба со Сovid-19 во Република Македонија 7 -13.09.2020 како и Кумулативна состојба со Сovid-19 во Република Македонија се достапни на веб страницата на Институтот за јавно здравје  http://iph.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-samo-edna-nedela-alarmantna-brojka-na-pochinati-vo-makedonija-ova-e-crniot-bilans-vo-najnoviot-izveshtaj-na-ijz/feed/ 0
Додека коронавирусот се шири, здравствените установи не заборавија да набават телефони и канцелариски предмети (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-koronavirusot-se-shiri-zdravstvenite-ustanovi-ne-zaboravija-da-nabavat-telefoni-i-kancelariski-predmeti-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-koronavirusot-se-shiri-zdravstvenite-ustanovi-ne-zaboravija-da-nabavat-telefoni-i-kancelariski-predmeti-foto/#respond Thu, 19 Mar 2020 15:06:46 +0000 https://kurir.mk/?p=319006

Институтот за јавно здравје на Република Македонија во екот на коронавирусот набавува различни предмети, мебел и мобилни услуги преку електронскиот систем за јавни набавки. Имено тие преку електронскиот систем овие денови бараат да набават мобилна телефонија, тонери, хартија за пишување, тетратки, ситна канцелариска опрема, па дури и самолепливи налепници. И додека државата е во вонредна состојба поради коронавирусот Институтот за јавно здравје очигледно не мисли на тоа, туку се занимава со поразлични набавки од основните медицински кои се во дефицит низ сите здравствени установи во земјава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-koronavirusot-se-shiri-zdravstvenite-ustanovi-ne-zaboravija-da-nabavat-telefoni-i-kancelariski-predmeti-foto/feed/ 0
ИЈЗ: Регистрирани 1.252 заболени од грип, два смртни случаи за три дена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ijz-registrirani-1-252-zaboleni-od-grip-dva-smrtni-sluchai-za-tri-dena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ijz-registrirani-1-252-zaboleni-od-grip-dva-smrtni-sluchai-za-tri-dena/#respond Fri, 08 Feb 2019 08:01:38 +0000 https://kurir.mk/?p=161488

Во текот на изминатата недела (од 28 јануари до 3 февруари), се регистрирани 1.252 заболени од грип, што е речиси двојно зголемување споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 643 заболени од грип. Се очекува пораст на активноста на вирусот и достигнување на пик на сезоната на грип во текот на следните недели, се наведува во извештајот, што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје. Епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје информираше дека на 5 февруари 25-годишна девојка од Охрид починала на КАРИЛ поради компликации од грип. На 6 февруари, пак, петгодишно девојче од Скопје почина на Клиниката за детски болести од компликации предизвикани од грип. Во извештајот на ИЈЗ се наведува дека бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 37,4 отсто споредено со петтата недела од минатата сезона кога беа регистрирани 2.001 случаи. Регистрираната инциденца oваа недела за прв пат оваа сезона е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип. Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 50 материјали за тестирање на грип, од кои 28 (56 отсто) позитивни за присуство на вирусот на грип – 24 Influenza A(H1N1)pdm09, два – Influenza A(H3) и два Influenza А несуптипизиран. Најголем број заболени (826) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години, а највисока инциденца од 91,6 на 100.000 жители е регистрирана кај децата од возрасната група од пет до 14 години. Оваа недела пријавени се заболени лица од 25 извештајни единици. Најголем број заболени се пријавени од подрачјето на Центарот за јавно здравје Струмица (176), а највисока инциденца е регистрирана на подрачјето на Подрачната единица Кратово (313,5 на 100.000 жители). Во сезоната 2018/2019 вкупниот број на заболени од грип изнесува 4.125. Споредено со истиот период од минатата сезона кога беа регистрирани 5.479 случаи, постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 24,7 отсто. Според податоците добиени од Управата за електронско здравство, вакцинирани се 19.960 лица со бесплатни вакцини против сезонски грип (лица постари од 65 години со просечна, потпросечна пензија или без примања), односно 71,3 отсто од вкупниот број на набавени вакцини. Од категоријата на здравствени работници, вакцинирано е 801 лице или 4,1 отсто, нема вакцинирани бремени жени. Од вкупниот број вакцинирани, 14.095 лица или 72,9 отсто се со историја на хронично/и заболување/а, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ijz-registrirani-1-252-zaboleni-od-grip-dva-smrtni-sluchai-za-tri-dena/feed/ 0
Двојно зголемен бројот на заболени од грип за една недела, а 28 имаат свински грип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojno-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-grip-za-edna-nedela-a-28-imaat-svinski-grip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojno-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-grip-za-edna-nedela-a-28-imaat-svinski-grip/#respond Thu, 07 Feb 2019 10:59:43 +0000 https://kurir.mk/?p=161167

Во текот на петтата недела од 2019 година (28.01-03.02.2019), пријавени се 1.252 случаи со симптоми на грип, што е речиси двојно зголемување во споредба со минатата недела, информираат од Институтот за јавно здравје. Од таму додаваат дека бројот на пријавени лица оваа недела е помал за 37,4% споредено со 5-та недела од минатата сезона. Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнати се 50 материјали за тестирање на грип, од кои 28 (56%) позитивни за присуство на вирусот на грип – 24 Influenza A(H1N1), 2 Influenza A(H3) и 2 Influenza А несуптипизиран.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojno-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-grip-za-edna-nedela-a-28-imaat-svinski-grip/feed/ 0
ИЈЗ: За една недела во Македонија регистрирани 74 заболени од грип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ijz-za-edna-nedela-vo-makedonija-registrirani-74-zaboleni-od-grip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ijz-za-edna-nedela-vo-makedonija-registrirani-74-zaboleni-od-grip/#respond Mon, 03 Dec 2018 10:09:28 +0000 https://kurir.mk/?p=135068

Од 19 ноември до 25 ноември во Република Македонија се регистрирани 74 заболени од грип, што е намалување за 14,9 отсто споредено со предминатата седмина (од 12 ноември до 18 ноември) кога беа регистрирани 87 заболени лица, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје. Најголем број заболени (47) се пријавени во најголемата возрасната група од 15-64 години, додека највисока инциденца од 8,6 на 100.000 жители е регистрирана кај децата на возраст до четири години. Најголем број заболени, 12, се пријавени од Центарот за јавно здравје Струмица. Во сезоната 2018/2019 вкупниот број заболени од грип изнесува 344. Споредено со истиот период од минатата сезона кога биле регистрирани 525 случаи, постои намалување на вкупниот број на пријавени случаи за 34,5 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ijz-za-edna-nedela-vo-makedonija-registrirani-74-zaboleni-od-grip/feed/ 0
ИЈЗ се уште испитува дали двата сомнителни случаи имаат вирус на западнонилска треска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ijz-se-ushte-ispituva-dali-dvata-somnitelni-sluchai-imaat-virus-na-zapadnonilska-treska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ijz-se-ushte-ispituva-dali-dvata-somnitelni-sluchai-imaat-virus-na-zapadnonilska-treska/#respond Thu, 09 Aug 2018 12:27:11 +0000 https://kurir.mk/?p=86164

По лабораториските наоди за два позитивни резултати во крвта кои укажуваат на можна инфекција, во тек се дополнителни испитувања во лабораторија на Институтот за јавно здравје за да се потврди или отфрли присуството на вирусот на западнонилска треска кај две лица (дете и жена). Резултатите се очекуваат до крајот на денот или утре изутрина. Ова денеска за МИА го изјави доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје на Република Македонија, кој рече дека лабораториското потврдување на западнонилска треска се врши преку докажување на антитела во ликвор (течност во рбетниот мозок) или преку детекција на нуклеинска киселина на самиот вирус. - Нема потреба од паника. Станува збор за два случаи - дете и жена. Западнонилската треска се пренесува со убод од заразени комарци. Граѓаните кои патуваат треба да се заштитат од убод од комарци. Човекот се заразува ако го касне заразен комарец кој го носи вирусот. Заболувањето не се пренесува од човек на човек. Откако ќе го касне заразениот комарец човекот има период на инкубација што може да трае од три до 14 дена. Просечно во рок од седум дена од каснувањето може да се развијат одредени симптоми, посочи д-р Микиќ. Појасни дека повеќе од 80 отсто од луѓето каснати со заразен комарец поминуваат без симптоми, а 20 проценти може да развијат симптомска инфекција со зголемена температура, исип на кожата, треска, главоболка, болки по телото, дијареа, замор, а само кај еден отсто може да се развијат сериозни форми, како што се тешка клиничка слика, кои можат да бидат смртоносни, со воспаление на мозокот, парализа на одредени органи... - Оние кои имаат многу висока треска, силна главоболка, укочен врат, конфузија, симптоми кои покажуваат дека дошло до воспалување на мозокот, напади, парализа на мускули или слабост да се обратат на доктор, рече д-р Микиќ. Тој нагласи дека многу е важна заштитата од убоди од комарци, да се престојува во затворени простории, да се ставаат мрежи на прозорците, да се избегнува престој во природа или покрај вода во период кога комарците за најактивни во самрак или рано наутро и да се користат препарати за заштита од инсекти и креми. Оние кои одат на планина, посочи, треба да носат долги чорапи и заштитна облека за да се заштита од крлежи. Во Србија годинава се регистрирани 102 случаи на лица заболени од западнонилска трска, од кои деветмина починале, соопшти српскиот Институт за јавно здравје „Др. Милан Јовановиќ - Батут“. Според податоците на Институтот, петмина од починатите се од реонот на Белград, а останатите четворица од Војводина. Заболените се жители на Војводина, Белград или реонот долж течението на Дунав. Две лица на возраст од над 80 години летово починаа во Грција, додека 55 се заразени од вирусот Западен Нил, објави грчкиот весник „Катимерини“. Од оние кај кои се појавиле симптомите на западнонилската треска, 12 се хоспитализирани. Министерството за здравство на Грција објави информации за граѓаните за превенција и заштита од вирусот. Вирусот на западнонилска треска се пренесува на луѓето само преку убод од инфицирани комарци. Вирусот од Африка на европско тло го носат птиците преселници, од кои се инфицираат комарците и потоа ја шират заразата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ijz-se-ushte-ispituva-dali-dvata-somnitelni-sluchai-imaat-virus-na-zapadnonilska-treska/feed/ 0
Препораки за заштита од топлотни бранови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preporaki-za-zashtita-od-toplotni-branovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preporaki-za-zashtita-od-toplotni-branovi/#respond Thu, 09 Aug 2018 08:44:58 +0000 https://kurir.mk/?p=86065

Од 10 до 17 часот кога е најтоплиот период од денот да се избегнува напорна физичка активност, вклучувајќи и спорт и рекреативни активности, да се консумира голема количина течност, да се внесува помало количество храна која не содржи многу маснотии и шеќер, да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на Сонце, да се носат заштитни очила и капа, и да се престојува во затворени климатизирани простории на температура од 23 до 25 степени. Ова се дел од препораките на Институтот за јавно здравје на Република Македонија за заштита при високи температури. Во препораките се посочува дека при престој на отворен простор треба да се прават почести одмори под сенка, да се избегнува престој во целосно затворени возила и директен престој на Сонце, да се избегнуваат алкохолни пијалаци и пијалаци кои содржат кофеин, како и екстремно ладни пијалаци. Хронично болните, посебно тие со срцеви, невролошки и белодробни болести, како што се наведува, потребно е да бидат посебно дисциплинирани во однос на овие препораки и редовно да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба задолжително да го консултираат својот матичен лекар. Се препорачува при чувство на зашеметеност, слабост, вознемиреност или имате интензивна жед и главоболка, да се консумира вода или негазиран минарален пијалак, да се побара помош, да се оди се на постудено место колку што е можно побрзo и да се измери својата телесна температура. При болен мускулен грч најчесто во нозете, рацете и стомакот, потребно е да се оди на студено место и да се консумира течност која содржи електролити. Лекарска помош е потребна ако топлотните грчеви траат подолго од еден час. Пред употреба задолжително треба да се мијат свежиот зеленчук и овошје, и да се прави термичка подготовка на храна и нејзина консумација веднаш по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на четири степени, а пред употребата да се загрее на 100 степени. Треба да се избегнуваат производи кои термички не се обработени, а особено да се внимава со консумација на сладолед и разни кремови, се истакнува во препораките. Високите температури негативно влијаат на здравјето на луѓето при што се влошува состојбата на тие кои страдаат од кардиоваскуларни болести, респираторни болести и ментални нарушувања. Можат да се јават и акутни ефекти како резултат на изложеност на високи температури, како што се сончаница, топлотен удар, топлотни грчеви, функционални нарушувања на централниот нервен систем...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preporaki-za-zashtita-od-toplotni-branovi/feed/ 0