институт за национална историја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Dec 2020 12:04:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png институт за национална историја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ИНИ бара повлекување на Нацрт-концепцијата: Предметот историја е фундамент на нашиот образовен систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ini-bara-povlekuvanje-na-nacrt-koncepcijata-predmetot-istorija-e-fundament-na-nashiot-obrazoven-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ini-bara-povlekuvanje-na-nacrt-koncepcijata-predmetot-istorija-e-fundament-na-nashiot-obrazoven-sistem/#respond Mon, 28 Dec 2020 12:04:52 +0000 https://kurir.mk/?p=449387

По официјалното промoвирање на Концепцијата за основно образование од Министерството за образование и наука, мнозинството од научниот и професорски кадар на Институтот за национална историја, како и поранешни директори и прoфесори во пензија, го изразуваат својот категоричен став на неприфаќање на предложениот модел на системско реформирање на основното образование, кој се однесува на укинување на предметот историја како посебен предмет и се сведува на еден од мноштвото модуларни содржини во новокреираниот предмет „општествени науки“. Ваквиот став го базираме на повеќе суштински и концептуални факти, се вели во соопштението на професорите од Институтот за национална историја. Посочуваат дека ниту тие како Институт, ниту други сродни научни и високообразовни институции и МАНУ, воопшто не биле консултирани при подготовката на Концепцијата. -Како најстара научна институција во државата, Институтот е директно повикан да го изрази својот став во случаи кога непосредно се засегнува процесот на изучување на историјата на македонскиот народ и нација, во било кој сегмент на образовниот систем на национално ниво; Предметот историја е воведен во македонскиот образовен систем со самото формирање на македонската држава, како израз на генерациските заложби на македонските интелектуалци за самостојно изучување на сопствената историја, кои се вградени во одлуките на АСНОМ. Оттаму, предметот историја претставувал, претставува и ќе претставува фундамент на образовниот систем на македонската држава, преку кој се гради идентитетот на учениците, а преку тоа и свеста за припадноста кон нацијата, како и почитта кон другите народи и култури. Предметот историја се изучува како посебен предмет во националните наставни програми на балканските земји, како и во најголем дел од европските земји – членки на ЕУ. Од Бугарија, преку Грција, Србија, Албанија, Косово, БиХ, Хрватска, Словенија, до Британија и Финска, како и многу други европски земји, значењето на изучувањето на предметот историја недвосмислено се посочува како суштинско за осознавањето на идентитетот и градењето на нацијата. Беше најавено дека со официјализирањето на Концепцијата, покрај интегрирањето на предметот историја во рамките на предметот „општествени науки“, автоматски ќе престанат да важат и учебниците по историја во основното образование. Тоа е недозволиво, особено имајќи го предвид фактот дека историјата на македонскиот народ и нација е директно оспорена од соседите, додека интеграцијата на македонската држава во ЕУ е условена со целосна ревизија на националната историја. Подготовката на вакви суштински реформи во образовниот систем, кои директно задираат во концептуалното и системското изучување на историјата на национално ниво е невозможна без претходни темелни компаративни анализи со националните наставни програми во балкански контекст. Истите, пак, јасно покажуваат дека балканските земји, вклучително и земјите членки на ЕУ, го изучуваат предметот историја како фундамент во осознавањето и градењето на идентитетот на нацијата. Македонската држава не смее да биде исклучок и да експериментира со сопствената национална историја. За суштински и концептуални реформи во образовниот систем се потребни темелни анализи и консултации со научната и академската фела, како и постигнување институционален и национален консензус. Меѓутоа, тоа не смее да биде за сметка на предметот историја, кој самиот по себе има интердисциплинарен карактер. Имајќи ги предвид посочените факти и суштински забелешки го повикуваме Министерството за образование и наука да го повлече Концептот за основното образование, којшто се однесува на предметот „општествени науки“. Веруваме дека тоа е заеднички национален интерес на сите граѓани, се вели во соопштението. Потписниците се подредени по азбучен редослед: проф.д-р Маја Ангеловска-Панова проф.д-р Новица Велјановски проф.д-р Вера Гошева проф.д-р Лилјана Гушевска доц.д-р Наташа Диденко проф.д-р Марјан Димитријевски проф.д-р Јован Донев проф.д-р Драган Ѓалевски проф.д-р Лидија Ѓурковска проф.д-р Ленина Жила проф.д-р Влатко Јанев проф.д-р Билјана Јосифовска-Ристовска проф.д-р Катица Јосифовска проф.д-р Васил Јотевски проф.д-р Нада Јурукова проф.д-р Наташа Котлар-Трајкова проф.д-р Ѓорѓи Малковски проф.д-р Катерина Младеновска проф.д-р Александар Манојловски проф.д-р Стефан Влахов Мицов проф.д-р Митко Б. Панов проф.д-р Драгица Поповска проф.д-р Невен Радичевски проф.д-р Силвана Сидоровска-Чуповска проф.д-р Александар Симоновски проф.д-р Катерина Тодороска проф.д-р Александар Трајановски проф.д-р Габриела Топузовска проф.д-р Ѓорѓи Чакарјаневски проф.д-р Тодор Чепреганов проф.д-р Теон Џинго]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ini-bara-povlekuvanje-na-nacrt-koncepcijata-predmetot-istorija-e-fundament-na-nashiot-obrazoven-sistem/feed/ 0
Царовска за предметот историја: Новите генерации треба да учат помалку факти, но многу повеќе да размислуваат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-za-predmetot-istorija-novite-generacii-treba-da-uchat-pomalku-fakti-no-mnogu-povekje-da-razmisluvaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-za-predmetot-istorija-novite-generacii-treba-da-uchat-pomalku-fakti-no-mnogu-povekje-da-razmisluvaat/#respond Wed, 16 Dec 2020 11:45:50 +0000 https://kurir.mk/?p=443988

Новата концепција за основно образование, со која повеќе предмети се интегрираат во еден предмет, а историја повеќе нема да се изучува како посебен, туку дел од општествените науки, министерката за образование и наука Мила Царовска го објасни како промени кои се во согласност со развиените земји каде има интеграција на природни и општествени науки. Таа негира дека спојувањето на историја со другите предмети се должи на моменталниот спор со Бугарија и негирањето на бугарската страна на нашата историја. – Исто, предметот по биологија и предметот по хемија се интегрираат во исто време кога се отвора дискусијата со бугарската страна. Прави некаква разлика? Зборуваме за интеграција на природни и општествени науки што се случува секаде во светот во развиените земји коишто постигнуваат огромни резултати кај своите ученици. Нашата идеја е да создадеме младина, граѓани, иднина којашто ќе може да ја движи оваа држава кон економски и социјален развој. Токму затоа образованието и промените коишто ги правиме се создадени врз основа на анализи коишто се претходно добро подготвени врз основа на одредени методологии коишто даваат точно каде се критичните точки. А критичните точки се дека нашите деца учат многу предмети, но само фактографски без да поврзуваат, истакна Царовска. Таа потенцира дека е потребен концепт на преминување од фактичко учење кон размислување или училиште во коешто ќе се учи најзначајното. – Тоа се новите генерации коишто треба да учат помалку факти, но многу повеќе да размислуваат, да анализираат различна литература и да донесуваат одлуки врз основа на анализите коишто самостојно ги направиле, вели министерката. Царовска потенцира дека концепцијата за основно образование е развојна. Таа се базира на домашни и меѓународни истражувања, но исто така и на анализа на постојни светски добро поставени концепции за основно образование коишто даваат одлични резултати кај учениците. – И ваквиот интегриран пристап на наставни предмети во еден, како главно носечки, и правото на изборни предмети и воннаставни содржини е секаде во светот, во развиените земји, поставен како таков. Зошто? Затоа што кажав дека на тој начин ги учи учениците да не помнат само факти, туку ги учи да учат и критички да размислуваат за одредена тема. Исто така даваме можност учениците да го постигнат својот личен потенцијал од најмала возраст. И секако, училиштето треба да не учи на вредности коишто во изминатиот период и не така баш беа воспоставени во системите за образование, рече Царовска. Таа апелира професорите, учениците и наставници да ги следат промените. – Ќе има јавна презентација. Сега сме во дискусија со засегнатите страни и процесот ќе биде транспарентен, рече Царовска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-za-predmetot-istorija-novite-generacii-treba-da-uchat-pomalku-fakti-no-mnogu-povekje-da-razmisluvaat/feed/ 0
Институтот за национална историја: Евроинтеграциите на македонската нација не смее да се условуваат со ултимативно прифаќање на „историски вистини“ од други национални историографии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institutot-za-nacionalna-istorija-evrointegraciite-na-makedonskata-nacija-ne-smee-da-se-uslovuvaat-so-ultimativno-prifakjanje-na-istoriski-vistini-od-drugi-nacionalni-istoriografii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institutot-za-nacionalna-istorija-evrointegraciite-na-makedonskata-nacija-ne-smee-da-se-uslovuvaat-so-ultimativno-prifakjanje-na-istoriski-vistini-od-drugi-nacionalni-istoriografii/#respond Mon, 30 Nov 2020 13:33:49 +0000 https://kurir.mk/?p=436323

Институтот за национална историја реагира за актуелните состојби на политичкото осопорување на македонската национална историја и идентитет. Во согласност со својата потврдена професионалност и научна релевантност во историските истражувања, Институтот  реагира во услови кога политиките директно задираат во науката и особено кога со политички меморандуми цела една нација и историска наука се квалификуваат како фалсификаторство и се повикува на целосна ревизија на историјата на македонскиот народ и нација. „Институтот за национална историја претставува најстара научна установа во македонската држава, чијашто дејност е приоритетно фокусирана на научното проучување на историските процеси од минатото на македонскиот народ и нација, на етничките заедници, како и на релациите со соседните балкански народи и држави.Во многубројната научна продукција на Институтот се анализираат и балканските политики во однос на македонското прашање и македонизмот, чиишто рефлексии можат да се согледаат и во актуелните состојби. Во согласност со својата потврдена професионалност и научна релевантност во историските истражувања, Институтот не може да не реагира во услови кога политиките директно задираат во науката и особено кога со политички меморандуми цела една нација и историска наука се квалификуваат како фалсификаторство и се повикува на целосна ревизија на историјата на македонскиот народ и нација. Евроинтеграциите на македонската нација не смее да се условуваат со ултимативно прифаќање на „историски вистини“ од други национални историографии. Историјата и нејзината интерпретација мора да бидат детерминирани исклучиво од научна етика и претендирање кон објективност и во тој контекст не смее да се доведува во врска со потребите на политиката, ниту на било каков начин да биде условено од политичките влијанија, што е во целосна спротивност со европските демократски принципи. Имајќи ја предвид природата на научната мисла, која е неопходно да биде слободна и независна, а не политички условена, Институтот го изразува својот категоричен став на осуда на сите форми на политичко оспорување на македонската историографија, на македонската национална историја и идентитетот. Институтот нема да ја подреди својата научна дејност на било какви политички влијанија!“ Институт за национална историја]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/institutot-za-nacionalna-istorija-evrointegraciite-na-makedonskata-nacija-ne-smee-da-se-uslovuvaat-so-ultimativno-prifakjanje-na-istoriski-vistini-od-drugi-nacionalni-istoriografii/feed/ 0