инсулин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Mar 2023 20:12:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инсулин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МЗ: Дистрибуирани нови количини инсулин во аптеките, пациентите се соодветно покриени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-distribuirani-novi-kolichini-insulin-vo-aptekite-patsientite-se-soodvetno-pokrieni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-distribuirani-novi-kolichini-insulin-vo-aptekite-patsientite-se-soodvetno-pokrieni/#respond Fri, 03 Mar 2023 20:12:21 +0000 https://kurir.mk/?p=807865

Во текот на денешниот ден во инсулинските аптеки се дистрибуирани нови количини инсулин, а во финална фаза е јавната набавка за дополнително обезбедување инсулин, информираат за МИА од Министерството за здравство. Оттаму посочија дека пациентите на инсулинска терапија се соодветно покриени. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-distribuirani-novi-kolichini-insulin-vo-aptekite-patsientite-se-soodvetno-pokrieni/feed/ 0
Здружение на дијабетичари Тетово: Нема доволно инсулинска терапија, си позајмуваме еден од друг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzhenie-na-dijabetichari-tetovo-nema-dovolno-insulinska-terapija-si-pozajmuvame-eden-od-drug/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzhenie-na-dijabetichari-tetovo-nema-dovolno-insulinska-terapija-si-pozajmuvame-eden-od-drug/#respond Tue, 21 Feb 2023 13:28:30 +0000 https://kurir.mk/?p=803194

Од Здружението на дијабетичари Тетово велат дека овој месец - февруари нивните членови се мачат да добијат инсулинска терапија. Претставниците на Здружението тврдат дека дека во Инсулинската аптека при Клиничка болница во Тетово пристигнале само одредна бројка на инсулински пакети кои се потрошиле за неколку дена и сега нема доволно терапија цел месец за дијабетичарите. -Овој месец немаме ни 10 отсто од потребната терапија, на 10 февруари дојдоа неколку кутии со пенкала, за неколку дена тоа се потроши, немаме ни ленти, ни ништо. Треба да се потпише нов анекс-договор и да ни се набави потребниот лек. Денеска сме 21-ви и се уште не можеме да ја добиеме редовната терапија од инсулинската аптека. На секои две години има тендери, но тие постојано доцнат и затоа имаме проблеми со редовната терапија. Овој месец јас немам ништо добиено, неколку пати сум бил во аптека од каде ми велат нема инсулин и дури немаме најава дека ќе добиеме. Не може вака да опстанеме. Пак се враќаме на стариот начин на решавање на овој проблем, се позајмуваме кој има некое пенкало во залиха му дава на некој друг пациент како позајмица, но и залихите сега веќе ни се потрошени. Не е тоа работа, треба да земаме редовна терапија, изјави Душко Игневски претседател на Здружение на дијабетичари Тетово. За состојбата со набавка на инсулин побаравме одговор од Министерството за здравство од каде велат има недостиг само на еден тип инсулин. За обезбедување нови количини инсулинска терапија веќе има распишан јавен повик. -Станува збор за само еден тип инсулин (од вкупно 26) од кој неодамна се потрошени количините, но за истиот инсулин има аналог на таа генерика, така што пациентите на инсулинска терапија се соодветно покриени со аналогот. Сите други типови инсулин се на располагање во доволни количини во инсулинските аптеки, соопштија од Министерство за здравство. Дијабетичарите од Тетово образложуваат дека дијабетичарите ако не добијат соодветна терапија на време им се јавуваат и други здравствени проблеми за кои им се потребни дополнителни средства за лекување. Воедно се загрозува нивното здравје. - Во Здружението на дијабетичари Тетово, секој ден пристигаат поплаки. Секој чува по едно пенкало или две, оти знаеме дека се доцни со терапијата, но сега веќе и тие се потрошени. Се работи за голем број пациенти кои си имаат мака и нивното здравје секојднево се нарушува. Ни се зголемива нивото на шеќерот кој што притиска на бубрезите, очите, на крвните садови, тешко е значи, мора редовна терапија да имаме, изјави Игневски. Според него, овој лек го нема и во другите градови, а проценува дека има 44.000 пациенти кои се на инсулинска терапија. Само во Тетово се околу четири илјади]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzhenie-na-dijabetichari-tetovo-nema-dovolno-insulinska-terapija-si-pozajmuvame-eden-od-drug/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Директорите на ФЗО фрлаат 5 милиони за автомобили, а народот нема инсулин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-direktorite-na-fzo-frlaat-5-milioni-za-avtomobili-a-narodot-nema-insulin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-direktorite-na-fzo-frlaat-5-milioni-za-avtomobili-a-narodot-nema-insulin/#respond Sat, 29 May 2021 07:23:12 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516350

Директорите на ФЗО фрлаат 5 милиони за автомобили, а народот нема инсулин. Со 5 милиони ФЗО ќе купи две амбулатни возила, но за директорите на Заев поважна им е личната комоција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека во изминатава година имало недостатоци на инсулин и клексан, недостасуваат многу неопходни работи, но директорите на Заев во ФЗО сепак трошат на лимузини. -Двата директори на Заев во ФЗО немаат проблем со тоа што народот собира пари за операции во странство преку СМС, и наместо за помош, парите ги трошат на комоција. Директорите на ФЗО се однесуваат како и самиот Заев кој во ек на криза кога заговара и зголемување на даноците зема 45 нови автомобили за министрите и директорите. СДСМ се одлепени од реалноста. А додека тие уживаат во луксузот кој си го купуваат со народни пари ќе ни умираат луѓе по планини затоа што нема да има возило кое ќе им се прати, стои во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-direktorite-na-fzo-frlaat-5-milioni-za-avtomobili-a-narodot-nema-insulin/feed/ 0
Нема инсулин, игли и терапија: Дијабетичарите бараат решение за нивните проблеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-insulin-igli-i-terapija-dijabeticharite-baraat-reshenie-za-nivnite-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-insulin-igli-i-terapija-dijabeticharite-baraat-reshenie-za-nivnite-problemi/#respond Sat, 22 May 2021 07:14:28 +0000 https://kurir.mk/?p=513489

Сојузот на здруженија на дијабетичари, денеска јавно ќе се обрати до Министерството за здравство и до Мој термин, со барање да се решат проблемите со недостапноста на инсулини, ленти, игли и друга дијабетична терапија. -Како пациентска организација и како пациенти, не можеме да разбереме како е можно веќе три месеци одговорноста за недостапноста на инсулини, ленти, игли и друга дијабетична терапија, да се префрла од едни на други во здравствениот систем, а притоа во пракса нашите членови се приморани по неколку пати во месецот да се обратат во центарот за дијабатес, по неколку пати во месецот да отидат до аптеките за да проверат дали инсулинот го има и дали ќе може да се издаде, дали веќе во систем е ставена замената…, велат од Сојузот на здруженија на дијабетичари. Со надеж дека ќе поттикнат решение на тековни проблеми поврзани со дијабетесот, Сојузот на здруженија на дијабетичари, апел до МЗ и Мој термин денеска пред Здравствениот дом во Штип јавно ќе упати претседателот на Сојузот, Диме Велев. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-insulin-igli-i-terapija-dijabeticharite-baraat-reshenie-za-nivnite-problemi/feed/ 0
Здруженијата на дијабетичари бараат итно решевање на проблемот со недостиг на инсулин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenijata-na-dijabetichari-baraat-itno-reshevanje-na-problemot-so-nedostig-na-insulin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenijata-na-dijabetichari-baraat-itno-reshevanje-na-problemot-so-nedostig-na-insulin/#respond Wed, 09 Dec 2020 13:33:37 +0000 https://kurir.mk/?p=440924

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија апелира државата да обезбеди непречено и навремено снабдување со инсулин на сите пациенти на кои им е потребен. Велат дека во изминативе два три месеци се јавиле проблеми со достапноста на одредени инсулини и бараат надлежните институции да преземат мерки. – Прогласувањето на пандемијата со КОВИД-19 во РС Македонија, сите заедно сме исправени пред многу предизвици. Ние како Сојуз кој обединува сите лица со дијабетес, се обидуваме во овие тешки услови да дадеме сѐ од себе за регулирање на основната состојба – дијабетесот, но и да не дозволиме да се развијат компликации или пак тие да се влошат. Лицата со дијабетес, кај децата и адолесцентите и нивните семејства, чувствуваат огромна несигурност, во последните 2 – 3 месеци со недостаток на одредени иснулини, кои се потврдуваат на делови од територијата на државата, се вели во денешното соопштение од Сојузот. Оттаму се надеваат дека недостигот на одредени видови инсулин ќе биде надминат во скоро време во интерес на здравјето на сите лица со дијабетес, а со тоа и во интерес на јавното здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdruzenijata-na-dijabetichari-baraat-itno-reshevanje-na-problemot-so-nedostig-na-insulin/feed/ 0
Ова е единствен начин на исхрана кој засекогаш го симнува вишокот на килограми https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-edinstven-nachin-na-ishrana-koj-zasekogash-go-simnuva-vishokot-na-kilogrami/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-edinstven-nachin-na-ishrana-koj-zasekogash-go-simnuva-vishokot-na-kilogrami/#respond Tue, 30 Jun 2020 15:17:06 +0000 https://kurir.mk/?p=366011

Многу луѓе имаат негативен став во врска со инсулинот, бидејќи со бројните болести нивото на овој хормон во организмот се зголемува и луѓето никогаш не можат да го изгубат вишокот килограми, без оглед на тоа колку и да се обидуваат. Ние ќе ви откриеме како да го одржите вашиот инсулин под контрола и со тоа да ја намалите вашата тежина. -Мора да ги елиминирате јаглехидратите и храната со висок индекс на инсулин, така што нема да има ненадејни скокови на хормоните во крвта. -Зголемете го времето помеѓу оброците. Најдобрата опција е 4 оброци на ден во мали порции. Не се препорачува јадење почесто од тоа, бидејќи нивото на хормони во крвта се крева после секој внес и трае еден до два часа. Исто така, не го намалувајте бројот на оброците на еден или два, бидејќи во тој случај ќе јадете поголема количина храна и, соодветно на тоа, нивото на хормоните ќе биде повисоко. -Периодично гладување. Сето тоа зависи од личните преференции, зависно од тоа колку може личноста да издржи. -Кето диета. Оваа диета вклучува отфрлање на јаглени хидрати и консумирање храна богата со протеини и здрави масти. -Oва ќе ја зголеми чувствителноста на инсулин, но таквата диета не им одговара на сите, бидејќи главните контраиндикации се: дијабетес тип 1, болест на тироидната жлезда, висок холестерол проблеми со црниот дроб, нарушувања на гастроинтестиналниот тракт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ova-e-edinstven-nachin-na-ishrana-koj-zasekogash-go-simnuva-vishokot-na-kilogrami/feed/ 0
Презентирани докази дека власта уништила инсулин вреден еден ипол милион евра со валиден рок на траење- се бара одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentirani-dokazi-deka-vlasta-unishtila-insulin-vreden-eden-ipol-milion-evra-so-validen-rok-na-traenje-se-bara-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentirani-dokazi-deka-vlasta-unishtila-insulin-vreden-eden-ipol-milion-evra-so-validen-rok-na-traenje-se-bara-odgovornost/#respond Sun, 08 Dec 2019 12:35:29 +0000 https://kurir.mk/?p=274806

Аферата уништување на инсулин со валиден рок продолжува, овој пат и со документи. Владата и надлежните институции молчат после вчерашната прес конференција на која јавно обзнанивме дека постојат индиции дека се уништени 1,2 тони инсулин од кои огромен дел, односно половина тон биле со валиден рок. Внимавајте се работи за уништување на инсулин чиј рок истекува дури после половина година и чија вредност е 1,5 милиони евра, истакна Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција. -Нивниот молк гласно потврдува дека употребливиот инсулин наместо кај пациентите завршил уништен на 5 декември пред два дена, иако вредноста според пазарните цени му изнесува 1,5 милиони евра. Ова само ги потврдува сомнежите дека здравствените власти веќе набавен и платен со народни пари, инсулин со валиден рок на употреба од светски познатиот производител го уништила за да создаде основа за распишување на нов тендер. За ваквиот скандал постојат и документи. Фатени се во скандал на дело. До нас беа доставени соодветни документи без било каква назнака за доверливост, во кои се содржани сите овие информации, и кои бараме Министерството за здравство да ги потврди или негира, рече Андоновска и додаде: „Од документите со кои располагаме јасно се гледа дека половина тон од инсулинот кој е уништен има валиден рок до средината на наредната година. Дали Агенцијата за лекови и медицински средства до Агенцијата за стокови резерви доставила одобрение за уништување на споменатата количина инсулин, со архивски прием на 18 ноември 2019 година? Дали целата оваа операција за уништување на инсулин со валиден рок и со вредност од 1,5 милиони евра била одобрена со одлука на Влада на седница одржана на 22 октомври 2019 година? Со право се сомневаме дека ако се потврди ова уништување на инсулин вреден 1,5 милиони евра тогаш целта е создавање на вештачка криза која потоа ќе биде менаџирана со брз увоз од страна на фирма блиска до власта. Зошто здравствените институции во надлежност на Венко Филипче уништиле 1,5 милиони евра вреден инсулин и дали ако тоа се потврди некој ќе сноси било каква одговорност? Дали претворањето на милионски вреден инсулин со валиден рок во отпад граѓаните повторно ќе треба да го плаќаат со народни пари?“. Знаејќи дека досега Министерството за здравство, подвлече таа, е извор на корупциски скандали во минатото, сериозно сме загрижени дека и ова е нова милионска афера повторно поврзана со работата на Венко Филипче. -Сме се нагледале како веледрогерии блиски до власта добивале милионски тендери користејќи ја судбината на пациентите, а на грбот на граѓаните или пак доделување на тендери на фирми кои биле отворени неколку дена пред јавниот повик или за кои се водат кривични постапки. Молкот на институциите, на Владата, на Филипче и на Министерството за здравство покажува дека имаме огромна афера Инсулин. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentirani-dokazi-deka-vlasta-unishtila-insulin-vreden-eden-ipol-milion-evra-so-validen-rok-na-traenje-se-bara-odgovornost/feed/ 0
ЗДРАВСТВО: На тендери за инсулин 2012-2016 година државата заштедила 4,3 милиони евра! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-na-tenderi-za-insulin-2012-2016-godina-drzavata-zashtedila-4-3-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-na-tenderi-za-insulin-2012-2016-godina-drzavata-zashtedila-4-3-milioni-evra/#respond Fri, 09 Nov 2018 11:15:47 +0000 https://kurir.mk/?p=125693

Mинистерот за здравство, Венко Филипче деновиве говорејќи во врска со тендерот за инсулин за кој веќе се доставени понуди рече дека нема ниту една фирма со паралелен увоз за набавка на инсулинот.  Според проценките на познавачите на приликите тоа значи дека цената на инсулинот може да се движи до два пати поскапа, пренесува Здравство.

Што велат бројките за набавка на инсулин низ последните неколку тендери кои се распишуваат на две години?

Во 2012 година според податоците од системот Електронски набавки проценатата вредност била 30.913.672 евра со ДДВ, а склучени се договори во висина од 23.289.775 евра со ДДВ.  Во 2014 година проценета вредност на тендерот за набавка на инсулин била 24.373.984 евра исто со ДДВ, а склучени се договори во вредност од 22.057.907 евра. Во 2016 година проценета вредност на тендерот е 22.464.228 евра, а склучени договори во висина од 18.970.693 евра. Оттука заштедата по основ на склучените договори за период 2012 година-2016 година е околу 4,3 милиони евра.

Годинава тендерот се објави со  доцнење кон крајот на септември. Во меѓувреме се правеа пак набавки во четири очи, или на пациентите им се даваше инсулин од донации со рок кој беше при крај. На 6 ноември се доставија понудите за тендерот од септември. Сега тече рок на нивно разгледување и оценка. Останува да се види по завршување на постапката колку ќе се потрши годинава за инсулинот или колку точно ќе ги чини граѓаните. А како што вели  министерот по достава на понудите нема ниту една фирма со паралелен увоз за набавка на инсулинот. Значи нема конкуренција, тешко е во тој случај да има пониска цена, туку само доста повисока.  

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-na-tenderi-za-insulin-2012-2016-godina-drzavata-zashtedila-4-3-milioni-evra/feed/ 0
ЗДРАВСТВО: Инсулинот ќе достигне двапати повисока цена? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-insulinot-kje-dostigne-dvapati-povisoka-cena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-insulinot-kje-dostigne-dvapati-povisoka-cena/#respond Thu, 08 Nov 2018 15:47:30 +0000 https://kurir.mk/?p=125375

Според официјални податоци министерот Филипче вчера рекол дека нема ниту една фирма со паралелен увоз за набавка на инсулинот.  Според проценки на одредени експерти станува збор дека цената на инсулинот може да се движи до два пати поскапа, објавува Здравство.

Најверојатно идејата на министерството и на самиот министер е  дека сега инсулинот ќе биде поквалитетен, но не може да се говори дека се набавуваат неквалитетни лекови. Но да појасниме дека се што ќе се набави како лек мора да биде со квалитет според дадени критериуми. Што значи паралелниот увоз прави само конкуренција, но не и намалување на квалитетот.

Моментот кога за пациентите снема инсулинминистерството набавуваше инсулин во постапка со преговарање без претходно објавување оглас односно во четири очи. А, тендер за инсулин е објавен крај на септември, по неколку набавки во четири очи, понудите се доставени во 6 на пладне, сега моментално тече рок на нивно разгледување и оценка. Набавката, односно тендерот доцни неколку месеци.

Имено самиот министер рече дека по достава на понудите нема ниту една фирма со паралелен увоз за набавка на инсулинот.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstvo-insulinot-kje-dostigne-dvapati-povisoka-cena/feed/ 0
По набавки во четири очи, објавен тендер за инсулин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-nabavki-vo-chetiri-ochi-objaven-tender-za-insulin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-nabavki-vo-chetiri-ochi-objaven-tender-za-insulin/#respond Fri, 28 Sep 2018 17:09:00 +0000 https://kurir.mk/?p=107574

Министерството за здравство ја стартуваше процедурата за набавка на инсулин. Според објавениот оглас понудите ќе се отвораат на 6 ноември. Набавката, односно тендерот доцни неколку месеци. Во меѓувреме, за пациентите снема инсулин и министерството набавуваше инсулин во постапка со преговарање без претходно објавување оглас односно во четири очи. Имаше само најави и изјави дека ќе има тендер и тоа од пролетта. Се стартуваше со најава од Владата кога во јули годинава на седница усвои информација  за повеќегодишна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли, ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот септември 2018 - септември 2020 година. Тогаш од владината прес-служба информираа дека за спроведување на набавката е задолжено министерството за здравство. На министерството пак му требаа околу два месеци за да објави тендер. -За да не дојдеше до ситуација да снема инсулин, дијабетичарите да се жалат во август дека на поделениот инсулин рокот веќе му истекува, министерот за здравство Венко Филипче требаше да се ангажира тендерот да биде објавен неколку месеци порано како што и ветуваше, коментираат упатените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-nabavki-vo-chetiri-ochi-objaven-tender-za-insulin/feed/ 0