интеграција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 Sep 2023 10:33:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png интеграција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Австрија предлага унапредување на постепената интеграција на Западниот Балкан на патот кон полноправно членство во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-predlaga-unapreduvane-na-postepenata-integratsija-na-zapadniot-balkan-na-patot-kon-polnopravno-chlenstvo-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-predlaga-unapreduvane-na-postepenata-integratsija-na-zapadniot-balkan-na-patot-kon-polnopravno-chlenstvo-vo-eu/#respond Thu, 28 Sep 2023 10:33:55 +0000 https://kurir.mk/?p=882707

Иако ја препознаваме важноста да се разговара за реформите во Унијата и за иднината на ЕУ, сметаме дека тоа не треба да се користи како изговор за одложување на процесот на проширување на нашите партнери од Западен Балкан, со кои преговараме со години и децении. се наведува во писмото на австриската Влада упатено до високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји и до министрите и државните секретари за надворешни работи и европски прашања на членките ЕУ. Повикувајќи се на декларацијата на „Пријателите на Западен Балкан“ од јуни 2023 година, во Австрија бара од институциите на ЕУ да презентираат јасна агенда за етапна и забрзана интеграција на земјите од Западен Балкан со конкретни чекори за имплементација до 2024 година и во следниот период, врз основа на „фер и ригорозни услови и принципот на поединечни заслуги“. Во поисмото, потпишано од австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг и министерката за ЕУ и уставни прашања Каролине Едштадлер, се посочува дека Австрија целосно се согласува со важната порака што претседателката на Европската комисија ја нагласи во своето обраќање за „Состојбата на Унијата“ пред ЕП кон средината на овој месец дека „Иднината на Западен Балкан е во нашата Унија“. - Дваесет години по Самитот ЕУ-Западен Балкан во Солун, оваа пораката е поважна од кога било. Во исто време, очигледно е дека сегашниот процес на проширување станува се покомплексен и побирократски и затоа напредува премногу бавно, се додава во документот. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, во писмото се посочува дека руската агресија врз Украина го промени политичкиот пејзаж на Европа и направи земјите од Западен Балкан и нивните граѓани уште побрзо е да се поврзат со ЕУ, па затоа треба да создаде „рамноправно поле за игра“ со другите кандидати и аспиранти, кои веќе ги уживаат придобивките на вклученост во зоната на слободна трговија. - Надоврзувајќи се на австрискиот нон-пејпер од мај 2022 година, заклучоците на Европскиот совет од 23 и 24 јуни 2022 година, како и на новиот план за раст за Западен Балкан, објавен од претседателот на Комисијата во мај 2023 година, сметаме дека од клучно значење е понатамошно унапредување на постепената интеграција на Западен Балкан на патот кон полноправно членство, се вели во документот. Австрија најавува дека изработила листа на конкретни предлози, кои ќе ги елаборира пред Претседателството на ЕУ, институциите на Унијата и заинтересираните земји членки, особено на оние од групата „Пријателите на Западниот Балкан“. - Се надеваме дека овие предлози ќе придонесат за нашите претстојни дискусии и ќе бидат брзо имплементирани, се додава во писмото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-predlaga-unapreduvane-na-postepenata-integratsija-na-zapadniot-balkan-na-patot-kon-polnopravno-chlenstvo-vo-eu/feed/ 0
Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ сака договори за партнерство, а не договори кои на соседите ќе им се алатка за да ја кочат интеграцијата на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-vmro-dpmne-saka-dogovori-za-partnerstvo-a-ne-dogovori-koi-na-sosedite-kje-im-se-alatka-za-da-ja-kochat-integracijata-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-vmro-dpmne-saka-dogovori-za-partnerstvo-a-ne-dogovori-koi-na-sosedite-kje-im-se-alatka-za-da-ja-kochat-integracijata-na-makedonija/#respond Thu, 25 Jun 2020 19:21:09 +0000 https://kurir.mk/?p=363094

Стефан Андоновски, советник за меѓународна политика на претеседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на телевизијата Алсат М говореше за ставовите на партијата во пресрет на претојните предвремени парламентарни избори на 15 јули. „Договорот од Преспа е егземплар на свитканата кичма, тоа се случува кога настапувате без свои ставови и идеи. Додека грчката страна имаше тим од над 40 експерти во преговорите за Договорот, македонсаката страна не ја вклучи ни опозицијата, или ја исклучи. СДСМ ги искористи и институциите и преку поткуп на пратеници направи да поминат амандманите за измена на Уставот согласно Договорот од Преспа“, рече Андоновски. Андоновски посочи дека во сиот тој процес македонската страна даде премногу, а за возврат доби многу малку. „Цело време пак ние баравме активно да сме вклучени и да не се поигрува со јазикот и идентитетот, така дојдовме во ситуцаија државата да е со свиткана кичма. СДСМ ова и го немаше ветено пред изборите во 2016 година да го ветеше немаше да добие ни толку гласови колку што добитуку многу помалку. Напротив Заев во кампањата се колнеше дека нема да менува ни име, ни Устав. Но, следат избори, а граѓаните се мудри и гледаат кој што прави“, рече Анодновски. Во контекст на Договорот со Бугарија, тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ долги години преговараше со Бугарија за договор кој ќе гради партнерства и мостови, а не да урива. „Овој Договор е алатка на Бугарија да ја кочи евроинтеграцијата на Македонија, а тоа го гледаме од заклучоците на Советот на ЕУ. Бугарија бара целосна имплементација на Договорот за да стартуваат преговори на Македонија со Брисел, а дел од тоа е непризнавање на јазикот, народот, ревизија на минатото“, рече Андоновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-vmro-dpmne-saka-dogovori-za-partnerstvo-a-ne-dogovori-koi-na-sosedite-kje-im-se-alatka-za-da-ja-kochat-integracijata-na-makedonija/feed/ 0
Потребна е зголемена интеграција на старите лица во општеството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potrebna-e-zgolemena-integracija-na-starite-lica-vo-opshtestvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potrebna-e-zgolemena-integracija-na-starite-lica-vo-opshtestvoto/#respond Mon, 19 Nov 2018 14:44:49 +0000 https://kurir.mk/?p=129614

Добивање поголеми информации преку медиумите, запознавање на јавноста и институциите за зголемена интеграција на старите лица во општеството, беше целта на денешната работилница во рамките на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица. Работилницата е дел од регионалниот проект „Преземање акција за социјална инклузија на старите лица“, финансиран од Европската Унија, од австрискиот Црвен крст и Австриската развојна агенција, а имплементиран од здружението „Хуманост“. -Минатата година во рамките на регионалниот проект се спроведе истажување на тема „Колку е потребно отворање на сервиси од социјални и здравствени услуги на постари граѓани. Од вкупно 1.000 испитаници или околу 41 отсто ја потврдија потребата од отворање сервиси од социјални и здравствени услуги. И оваа година ќе се спроведат активности во текот на оваа недела и од страна на уште шест здруженија на граѓани кои имплементирале мали проекти за социјална инлкузија на старите лица, нагласи Љупка Петковска, стручен соработник во Црвениот крст на РМ. Таа информираше и дека се обезбедени 60.000 евра за доделување на подгрантови. Сунчица Димитриовска, професорка и истражувач рече дека од спроведената анкета врз репрезентативен примерок на 1.004 стари лица на тема „Потреба од социјални и од здравствени сервиси за старите лица“ констатирана е потребата од зголемување на информираноста на старите лица и нивните семејства за услугите од социјална заштита и за зголемување на пристапот до овие услуги. За спроведување на здравствена заштита, како што беше посочено, потребно е да постои голема координација меѓу креаторите на политики за стари лица, даватели на услуги за старите лица и самите стари лица, со цел унапредување на квалитетот на нивниот живот, подигање на јавната свест за отворање на дневни центри за давање помош во домашни услови, како и зголемување на број на здруженија на граѓани кои ќе работат со стари лица, развој на волонтеризмот и меѓугенерациската солидарност, отворање и развој на вонинституционални фирми на заштита на старите лица, но и одвојување на финансиски средства од буџетот на државата, од буџетот на локална самоуправа, како и развој на приватно-јавно партнертсво за развој на центри за давање помош во домашни услови. Најчесто, како што беше посочено, ограничување на старите лица во извршување на секојдневните активности претставува движењето, како во домот, така и надвор од него. И образованието на старите лица има влијание врз потребата од помош во домот. Лицата со завршено до основно образование, кои поради степенот на завршено образование, веројатно, биле изложени на почести физички работи, имаат поголеми ограничувањеа и зависност од помош во извршувањето на секојдневните активности, за разлика од старите лица со високо завршено образование. Старите лица бараат да има што поголем број домови и да бидат достапни за секој пензионер, да се развиваат што повеќе форми и услуги  од социјална и здравствена заштита на стари лица во средината во која живеат (дневни центри и центри за давање помош во домашни услови), како и да се зголеми информираноста на старите лица за формите за  заштита што се наменети за нив. Емилија Робановска од здружениото „Хуманост“ рече дека сакаат да ја подигнат свеста на јавноста, бидејќи старите лица не се информирани за нивните права,  ниту за начинот за нивно остварување. -На старите лица им недостигаат здравствените и социјалните сервиси. Самите организации ги подготвуваме да лобираат во институциите на локално и на државно ниво за да можеме да искреираме што повеќе здравствени и социјални сервиси, изјави Ровановска. Универзитетскиот професор Марјан Танушевски на Презентацијата на искуствата на претставници на мрежата ИнклузиваМ со медиумите рече дека токму медиумите можат да помогнат да се излезе од ситуацијата, бидејќи е важна и корисна алатка. -Ги сакаме медиумите, медиумите и новинарите ги чувствуваме како наши пријатели, наши поддржувачи. Но, дружењето со новинарите и со медиумите треба да се чувствува како доживување, како желба, да се избрифираат, да им се дадат дополнителни можности, нагласи Танушевски. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potrebna-e-zgolemena-integracija-na-starite-lica-vo-opshtestvoto/feed/ 0