интермецо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Aug 2023 07:23:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png интермецо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПОВТОРНО КАЗНЕТИ „МОШ“ И „ИНТЕРМЕЦО“ – или ќе платат 13.000 евра во рок од 8 дена или ќе се поведе постапка на суд! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-kazneti-mosh-i-intermetso-ili-ke-platat-13-000-evra-vo-rok-od-8-dena-ili-ke-se-povede-postapka-na-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-kazneti-mosh-i-intermetso-ili-ke-platat-13-000-evra-vo-rok-od-8-dena-ili-ke-se-povede-postapka-na-sud/#respond Fri, 04 Aug 2023 07:23:51 +0000 https://kurir.mk/?p=863195

По пријави од граѓани за зголемена бучава од гласна музика од угостителските објекти на територија на Општина Центар, Секторот за Инспекциски работи, во текот на минатата недела, организираше акција за мерење на бучава со овластена лабораторија за животна средина „Еуромак контрол“ Скопје, во раните утрински часови. Акциите се спроведоа на целата територија на Општината, при што беа поминати клучните точки, односно локалите за кои што редовно има пријави од граѓани, конкретно во населените места Дебар маало, Буњаковец, Центар и Капиштец. Извршено е мерење на бучавата на 2 угостителски објекти: Мош и Интермецо. По извршените мерења на бучава, овластената лабораторија за животна средина ги достави извештаите од мерењата, врз основа на кои се спроведени инспекциски постапки, со платен налог за глоба за сторен прекршок согласно Законот за заштита од бучава во животна средина. Правните лица можат да платат половина од казната во рок од 8 дена. Доколку не ги платат казните во висина 13.000еур, овластениот инспектор ќе достави Барања за поведување прекршочна постапка пред Основен суд, Оддел за прекршоци. Општина Центар постојано добива поплаки од граѓаните за гласна музика и непочитување на работното време по што во неколку наврати досега има изречено казни за бучава. Општина Центар повторно апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обзир кон жителите кои живеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-kazneti-mosh-i-intermetso-ili-ke-platat-13-000-evra-vo-rok-od-8-dena-ili-ke-se-povede-postapka-na-sud/feed/ 0
Газдите на „Мош“ и „Интермецо“ не се криеле, чекале да заврши првоаприлската забава под маски па да стават клуч на врата – еве колку дена ќе бидат затворени! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gazdite-na-mosh-i-intermetso-ne-se-kriele-chekale-da-zavrshi-prvoaprilskata-zabava-pod-maski-pa-da-stavat-kluch-na-vrata-eve-kolku-dena-ke-bidat-zatvoreni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gazdite-na-mosh-i-intermetso-ne-se-kriele-chekale-da-zavrshi-prvoaprilskata-zabava-pod-maski-pa-da-stavat-kluch-na-vrata-eve-kolku-dena-ke-bidat-zatvoreni/#respond Mon, 03 Apr 2023 09:37:14 +0000 https://kurir.mk/?p=819390

Двата клубови „Мош“ и „Интермецо“ се затворени десетина дена откако газдите се криеа и не сакаа да ги подигнат решенијата за пломбирање. Пазарната инспекција во саботата ги нашла сопствениците на кои им врачила забрана за работа во времетраење од 10 дена. Изречена им е и казнена глоба. Ова доаѓа откако минатата недела градоналникот на Центар, Горан Герасимовски објави дека жителите постојано се жалеле на гласна музика која доаѓала во доцните вечерни часови од овие два објекти. Во меѓувреме двата клубови чекале да помине првоаприлската забава под маски, каде во еден од локалите настапувала и пејачката Тамара Тодевска, а од неделата рано утрото ставиле клуч на врата. Инаку минатата недела Пазарната инцпекција со денови ги бараше сопствениците за да им ги достават казните, но откако не ги најдоа тоа го направиле преку пошта, но процесот на пристигнување на решенијата бил многу спор, па се изгубило дополнително време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gazdite-na-mosh-i-intermetso-ne-se-kriele-chekale-da-zavrshi-prvoaprilskata-zabava-pod-maski-pa-da-stavat-kluch-na-vrata-eve-kolku-dena-ke-bidat-zatvoreni/feed/ 0
Далматински звуци и енергичен настап: Јелена Розга во четврток во „Интермецо“ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dalmatinski-zvuci-i-energichen-nastap-jelena-rozga-vo-chetvrtok-vo-intermeco/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dalmatinski-zvuci-i-energichen-nastap-jelena-rozga-vo-chetvrtok-vo-intermeco/#respond Tue, 31 May 2022 08:45:20 +0000 https://kurir.mk/?p=684073

Уживајте во далматинските звуци на неверојатниот вокал на Јелена Розга во Вашиот омилен музички бар Интермецо. Јелена Розга се прослави како вокал во хрватската група Магазин која е безвременски фаворит во сите бивши ЈУ простори. После првиот соло албум Oprosti mala, постигна огромен успех и во соло кариерата. Розга е позната по своите енергични настапи кои зрачат со позитивна енергија и гарантираат незаборавна забава. 2 јуни, четврток во 20.00 часот во Интермецо, обожавателите на нејзината музика и музиката од групата Магазин можат да бидат дел од овој летен концерт кој сигурно ќе ви донесе незаборавни спомени. Резервирајте навреме, бројот на влезници е ограничен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/dalmatinski-zvuci-i-energichen-nastap-jelena-rozga-vo-chetvrtok-vo-intermeco/feed/ 0
Пуштале гласна музика и ја тргнале службената пломба: Кривична против управителот на  „Интермецо“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pushtale-glasna-muzika-i-ja-trgnale-sluzbenata-plomba-krivichna-protiv-upravitelot-na-intermeco/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pushtale-glasna-muzika-i-ja-trgnale-sluzbenata-plomba-krivichna-protiv-upravitelot-na-intermeco/#respond Thu, 05 Nov 2020 14:25:17 +0000 https://kurir.mk/?p=425468

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денес во Основното јавно обвинителство (ОЈО) ја поднесе кривичната пријава против Димитрије Јовановиќ, управител на Друштво за угостителство, трговија и услуги Фор Фингерс ДОО Скопје и овластено лице на подружница 1 Интермецо Скопје. Кривичната пријава против Јовановиќ е поднесена согласно членот 389 од Кривичниот законик, односно за сторено кривично дело – симнување или оштетување на службен печат или знак што го ставило овластено лице заради осигурување на предмет или просторија. Согласно овој член, оној што ќе влезе во ваква просторија или отвори осигурен предмет, се казнува парично или со затвор до три години. -Општина Центар, на барање на жителите кои живеат во овој дел од општината, неколку пати претходно го опоменуваше и санкционираше кафе барот „Интермецо“ за прекршување на Законот за заштита на животната средина во однос на надминувањето на дозволеното ниво на бучава. На кафе барот „Интермецо“ досега поради гласна музика и бучава му беше изречена една мандатна глоба во висина од 6000 евра, потоа откако кафе барот продолжи со непочитување на законските мерки, Општина Центар му изрече уште една глоба од 6000 евра и му забрани да врши угостителска дејност во траење од 30 дена. Откако локалот беше затворен, незаконски е тргната службената пломба на влезот и веќе истиот ден „Интермецо“ продолжи со работа, информираат од општината. Кривичната пријава до ОЈО општината ја поднесува сѐ со цел обвинителството да ги преземе сите потребни правни дејствија во насока на утврдување на фактичката состојба со кршењето на законот од страна на кафе барот. Градоначалникот Богдановиќ и Општина Центар повторно упатуваат апел до сите сопственици, менаџери и управи на локалите на територија на општината, да се придржуваат до правилата и законските одредби за бучава и да не ги надминуваат дозволените нивоа на гласност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pushtale-glasna-muzika-i-ja-trgnale-sluzbenata-plomba-krivichna-protiv-upravitelot-na-intermeco/feed/ 0
Општина Центар го затвори кафе-барот Интермецо, згора на тоа треба да плати и вртоглава парична казна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtina-centar-go-zatvori-kafe-barot-intermeco-zgora-na-toa-treba-da-plati-i-vrtoglava-parichna-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtina-centar-go-zatvori-kafe-barot-intermeco-zgora-na-toa-treba-da-plati-i-vrtoglava-parichna-kazna/#respond Fri, 30 Oct 2020 12:05:52 +0000 https://kurir.mk/?p=422625

Согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар, донесе решение во кое на правниот субјект „Фор Фингерс“ ДОО Подружница бр.1 Интермецо Скопје, му се забранува да врши угостителска дејност во законски определен рок од 30 дена, велат од Општина Центар. – По пријава и континуирани поплаки од страна на жителите на Општина Центар, констатирано е дека локалот и правниот субјект Интермецо ги надминал пропишаните гранични вредности на имисионото право на бучава – стои во соопштението од Општината. Оттаму додаваа дека на правнот лице веќе му е изречена глоба во износ од 6.000 евра и поради повторно непочитување на законските одредби, на кафе барот Интермецо му се изрекува забрана за вршење дејност. – Апелираме до сите угостителски објекти да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина и да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за дозволеното ниво на децибелажа – велат од Општината. Од Општина Центар велат дека ќе продолжат со редовни и засилени контроли и согласно своите надлежности, ќе преземат поригорозни мерки за санкционирање на сите правни лица – угостителски објекти кои нема да ги почитуваат законските прописи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtina-centar-go-zatvori-kafe-barot-intermeco-zgora-na-toa-treba-da-plati-i-vrtoglava-parichna-kazna/feed/ 0
Општина Центар го казни со 6.000 евра кафулето „Интермецо“ поради гласна музика https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-centar-go-kazni-so-6-000-evra-kafuleto-intermeco-poradi-glasna-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-centar-go-kazni-so-6-000-evra-kafuleto-intermeco-poradi-glasna-muzika/#respond Fri, 21 Aug 2020 12:14:25 +0000 https://kurir.mk/?p=393481

Општина Центар го казни кафулето „Интермецо“ со 6.000 евра поради гласна музика, информираат од општината. Од таму велат дека голем број граѓаните кои живеат во близина на кафулето во населбата Капиштец, постојано се жалеле на бучавата и гласната музика која се слуша од локалот. „Проблемот со гласната музика и бучавата од конкретниот локал се јавува веќе неколку години наназад и по сите претходно преземени мерки, односно опомени, мерења на децибелажата и предупредувања, Општина Центар изрече казна. Општина Центар нема да дозволи некој, со своето неодговорно однесување да го вознемирува населението и затоа апелира до сите сопственици, менаџери и управи на локалите на територија на општината, да се придржуваат до правилата и законските одредби за бучава и да не ги надминуваат дозволените нивоа на бучава“, велат од Општината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-centar-go-kazni-so-6-000-evra-kafuleto-intermeco-poradi-glasna-muzika/feed/ 0