интерпелација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Oct 2022 10:13:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png интерпелација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за Интерпелација на Марија Георгиевска од СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-podnese-baranje-za-interpelacija-na-marija-georgievska-od-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-podnese-baranje-za-interpelacija-na-marija-georgievska-od-sdsm/#respond Wed, 19 Oct 2022 10:13:59 +0000 https://kurir.mk/?p=747587

Денес, сакам да ве известам дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес поднесе барање за Интерпелација на претседателката на Комисијата за избори и именувања, Марија Георгиевска од СДСМ, затоа што неделовнички и неуставно на сеуште не завршена точка на дневен ред и незавршена комисија, таа поднесува парцијален извештај до деспотот во Собранието, Талат Џафери за уставни судии, изјави денеска за медиумите Антонијо Милошоски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека тие што им одговараат уставни судии, ги поднесуваат на гласање без да биде воопшто завршен процесот на дискусија на самата седница каде што именуваната Марија Георгиевска не ја закажуваше цели десет месеци до пред некое време. - Тоа е спротивно на членот 128 од Деловникот каде што е точно наведено дека работното тело заседава и откако ќе заврши седницата подготвува извештај и записник за тоа што се одлучило на самото работно тело, а оваа седница на Комисијата за избори и именувања не е завршена. Вториот прекршок е членот 129 од Деловникот каде што пишува дека за известител во однос на било кои седници од работните тела најчесто е претседателот на тоа работно тело пред пленумот, а ние видовме вчера дека претседателката на Комисијата за избори и именувања Марија Георгиевска немаше дури ни храброст да се јави пред Собранието, пред пратениците да објасни зошто поднела парцијален извештај, зошто ја прекинува комисијата и пишува извештај без да биде истата завршена и барем да беше присутна и да земе збор и да каже зошто смета дека овие селективно одбрани кандидати за уставни судии заслужуваат да бидат членови на Уставниот суд. Сметаме дека со самото вакво однесување на владејачкото мнозинство во Собранието дополнително се девалвира не само Уставниот суд како институција, дополнително се девалвира и Собранието, а најмногу довербата на граѓаните во правосудството, појаснии Милошоски. Пратеникот рече дека очекуваат оваа интерпелација да биде во најкус можен рок ставена на пленарна седница и се надеваат дека пратениците кои што веруваат не само во политиката како професија туку и во Деловникот како демократска процедура, ќе ја поддржат оваа интерпелација и ќе може на чело на Комисијата за избори и именувања да дојде пратеник кој ќе го почитува Деловникот кој што е начин на демократска работа во Собранието.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-podnese-baranje-za-interpelacija-na-marija-georgievska-od-sdsm/feed/ 0
Собранието не ја изгласа интерпелацијата на Талат Џафери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ne-ja-izglasa-interpelacijata-na-talat-dzaferi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ne-ja-izglasa-interpelacijata-na-talat-dzaferi/#respond Fri, 01 Jul 2022 05:17:24 +0000 https://kurir.mk/?p=698095

Пратениците вчеравечер не ја изгласаа интерпелацијата за претседателот на Собранието Талат Џафери, што ја поднесе опозицијата. „Против“ гласаа 61 пратеник, а „за“ беа 43 пратеници. Во текот на дебатата, опозицијата го обвини Џафери за кршење на одредбите од Уставот и Деловникот за работа на Собранието, за немање капацитет за водење на собраниските седници и за несоработка со пратениците од опозицијата. Според опозицијата, се почесто има скандали во работењето на претседателот на Собранието, а меѓу последните ги посочија заклучувањето на пратениците во пленарната сала и користењето на непристоен речник во комуникацијата со службите во Собранието. За парламентарното мнозинство, кое се изјасни дека нема да даде поддршка на интерпелацијата, ваквиот потег на опозицијата е обид поскоро да се врати на власт. Интерпелацијата, како што посочија, е непримерна, а претседателот на Собранието треба да продолжи да го води законодавниот дом. Единствениот кочничар во Собранието, според парламентарното мнозинство, е опозицијата која прави блокади и острукции и оневозможува да функционира законодавниот дом. Претседателот на Собранието Талат Џафери од собраниската говорница во текот на денешната расправа и порача на опозицијата да се погледне во огледало и да се преиспита. Рече дека во изминатиот месец опозицијата изнела многу лични навреди кон него, но дека тој нема да зборува на тој начин. По неприфаќањето на интерпелацијата, претседателот на Собранието рече дека ќе продолжи да работи во насока на тоа да не се узурпира законодавниот дом и најави дека ќе продолжи комуникацијата со сите пратеници. – Без оглед на начинот на гласање, важно е што се нарушија тезите дека интерпелациите се држат во фиока. Ми останува да им се заблагодарам и на тие што гласаа за моето разрешување и на оние кои гласааа против моето разрешување. Како и да е, работата на законодавниот дом ќе продолжи, а граѓаните се оние кои ќе ја направат проценката бидејќи никој од нас не е непогрешен. Ќе кажам дека со моите постапки нема да дозволам да се узирпира овој дом кој му припаѓа на народот. Продолжува и комуникацијата со секој од вас, рече Џафери. Интерпелацијата беше поднесена на 30 мај од страна на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-ne-ja-izglasa-interpelacijata-na-talat-dzaferi/feed/ 0
Лефков: Позади оваа интерпелација стои повеќе од половина Македонија, недоличното и противуставно однесување на Џафери е за заштита на криминалот на владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-pozadi-ovaa-interpelacija-stoi-povekje-od-polovina-makedonija-nedolichnoto-i-protivustavno-odnesuvanje-na-dzaferi-e-za-zashtita-na-kriminalot-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-pozadi-ovaa-interpelacija-stoi-povekje-od-polovina-makedonija-nedolichnoto-i-protivustavno-odnesuvanje-na-dzaferi-e-za-zashtita-na-kriminalot-na-vladata/#respond Thu, 30 Jun 2022 11:33:22 +0000 https://kurir.mk/?p=697817

Позади ова интерпелација стои повеќе од половина Македонија. Повеќе од половина Македонија е потпишана на оваа интерпелација, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков на денешната седница на која се дискутира за интерпелацијата на собранискиот спикер Талат Џафери. Лефков истакна дека непринципиелното и противуставното однесување на Џафери е резултат на заштита на криминалот на владата. - Наместо да разговараме за тоа каде не донесе оваа влада да е неподносливо живеењето во државата Талат Џафери лично со своето непринципиелно, противуставно, противзаконско работење се поставува како жив штит и собранието го фрла како топовско место, како жртва во заштита на владата која има само и само криминални побуди, изјави тој. Лефков додаде дека покрај пораз на економски и национален план, државата се соочува и со праз на демократијата внатре во собранието, како и дека Џафери наместо да ги штити процедурите и со тоа демократијата, тој ги крши. - Како претседател на собранието вие треба да ја претставувате законодавната власт, треба да бидете чувар на процедурите. Преку чување на процедурите се зачувува и се задржува демократијата, вели Лефков. Лефков ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да престанат да бидат само апарат за гласање, и ги побара од нив да ја поддржат оваа интерпелација се со цел конечно да започнат да работат во интерес на граѓаните. - Денеска ни се случува тонење и затоа пред се им се обраќам на пратениците од мнозинството бидете свесни дека повеќе од половина од Македонија е за оваа промена, бараат од вас да ја поддржите оваа интерпелација и конечно да почнеме да работиме во интерес на граѓаните. Доста и вие како пратеници се фрлавте како топовско месо пред интересите на министрите, нека си ја понесе владата на невидливиот премиер одговорноста, повика Лефков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-pozadi-ovaa-interpelacija-stoi-povekje-od-polovina-makedonija-nedolichnoto-i-protivustavno-odnesuvanje-na-dzaferi-e-za-zashtita-na-kriminalot-na-vladata/feed/ 0
Многу пати ме имаат обвинето дека Интерпелациите сум ги држел во фиока, вели Џафери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnogu-pati-me-imaat-obvineto-deka-interpelaciite-sum-gi-drzel-vo-fioka-veli-dzaferi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnogu-pati-me-imaat-obvineto-deka-interpelaciite-sum-gi-drzel-vo-fioka-veli-dzaferi/#respond Thu, 30 Jun 2022 09:46:04 +0000 https://kurir.mk/?p=697740

Во Собранието на Македонија денеска треба да се одржи 77. пленарна седница со единствена точка на дневниот ред Интерпелација за работата на претседателот на Парламентот Талат Џафери. Прв процедурално се обрати Џафери кој го објасни текот на оваа седница. Тој посочи и дека многупати го имаат обвинето дека Интерпелациите ги држи во фиока. „Да бидам јасен, тие прашања не се однесуваат на мене туку до постапката затоа и денеска е предлог на дневен ред да биде единствена точка Интерпелацијата“, порача Џафери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnogu-pati-me-imaat-obvineto-deka-interpelaciite-sum-gi-drzel-vo-fioka-veli-dzaferi/feed/ 0
Почна седницата за интерпелацијата на Џафери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sednicata-za-interpelacijata-na-dzaferi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sednicata-za-interpelacijata-na-dzaferi/#respond Thu, 30 Jun 2022 09:18:57 +0000 https://kurir.mk/?p=697724

Собранието на Република Северна Македонија ја почна 77. пленарна седница со единствена точка на дневниот ред Интерпелација за работата на претседателот на Парламентот Талат Џафери, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до полноќ. Претседателот на Собранието Џафери на седницата има право да го образложи својот писмен одговор или да даде устен одговор на поставената интерпелација. Пратениците од опозициската партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и пред поднесувањето на интерпелацијата рекоа дека не очекуваат таа да биде изгласана и Џафери да замине од оваа функција, но оти сепак сметаат дека тој треба да одговара пред граѓаните за својата работа. Интерпелацијата за Џафери ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе на 30 мај. Џафери запазувајќи го рокот во Деловникот одговори на неа и ја закажа денешната седница. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои спроведуваат, како што ја нарекоа активна блокада во Собранието, го обвинуваат Џафери за нестручно и несовесно работење и претседавање со македонското Собрание. Според нив, во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршеше одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека се почесто има скандали во неговото работење и оти меѓу последните во низата бил скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ биле заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Џафери, како што посочуваат од опозицијата, постапил несовесно, со тоа што извршил најтешка повреда на „Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија“.кога со непристоен речник, употребувајќи најразлични пцости, вршел притисок врз службите во Собранието. Дополнително, во неговиот мандат, сѐ со цел исполнување на коалиционите договори Џафери постапувал како пратеник на власта, а не како претседател на Собранието. Дополнително, опозицијата обвинува и дека во изминатиов период имало повеќе прекршувања на Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија од страна на претседателот. Според ВМРО-ДПМНЕ, Џафери покажал дека нема капацитет за правилно водење на Собранието, ниту пак покажува волја за соработка со пратениците од опозицијата, преку почитување на Уставот и Деловникот. Претседателот на Собранието Талат Џафери преку соопштение одговори на поднесената интерпелација која, како што наведе, „содржи низа невистини и претставува груб обид за манипулација“. -Тврдењата изнесени во интерпелацијата јасно укажуваат на намерата на подносителите без каква било основа да ги девалвираат моите постигнувања, посебниот придонес што го дадов во изминатите пет години во подигнувањето на нивото на дијалог и демократска култура во законодавниот дом, преземајќи чекори кон јакнење на независноста на Собранието и на неговата контролна функција во однос на извршната власт – нешто што беше речиси незамисливо во периодот кога дел од сегашните подносители на интерпелацијата беа мнозинство во парламентот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, секако, се свесни дека, за дневно – политички цели, поттикнати од нивното партиско седиште, пласираат груби невистини со наводите во интерпелацијата дека ги прекршувам Уставот, законите и собранискиот Деловник, стои, меѓу другото, во одговорот на Џафери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-sednicata-za-interpelacijata-na-dzaferi/feed/ 0
Интерпелацијата за Џафери на дневен ред во Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/interpelacijata-za-dzaferi-na-dneven-red-vo-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/interpelacijata-za-dzaferi-na-dneven-red-vo-sobranieto/#respond Thu, 30 Jun 2022 05:27:37 +0000 https://kurir.mk/?p=697545

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да се одржи 77. пленарна седница со единствена точка на дневниот ред Интерпелација за работата на претседателот на Парламентот Талат Џафери, поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24.00 часот. Претседателот на Собранието Џафери на седницата има право да го образложи својот писмен одговор или да даде устен одговор на поставената интерпелација. Пратениците од опозициската партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и пред поднесувањето на интерпелацијата рекоа дека не очекуваат таа да биде изгласана и Џафери да замине од оваа функција, но оти сепак сметаат дека тој треба да одговара пред граѓаните за својата работа. Интерпелацијата за Џафери ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе на 30 мај. Џафери запазувајќи го рокот во Деловникот одговори на неа и ја закажа денешната седница. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои спроведуваат, како што ја нарекоа активна блокада во Собранието, го обвинуваат Џафери за нестручно и несовесно работење и претседавање со македонското Собрание. Според нив, во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршеше одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека се почесто има скандали во неговото работење и оти последен во низата бил скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ биле заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Џафери, како што посочуваат од опозицијата, постапил несовесно, со тоа што извршил најтешка повреда на „Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија“.кога со непристоен речник, употребувајќи најразлични пцости, вршел притисок врз службите во Собранието. Дополнително, во неговиот мандат, сѐ со цел исполнување на коалиционите договори Џафери постапувал како пратеник на власта, а не како претседател на Собранието. Дополнително, опозицијата обвинува и дека во изминатиов период имало повеќе прекршувања на Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија од страна на претседателот. Според ВМРО-ДПМНЕ, Џафери покажал дека нема капацитет за правилно водење на Собранието, ниту пак покажува волја за соработка со пратениците од опозицијата, преку почитување на Уставот и Деловникот. Претседателот на Собранието Талат Џафери преку соопштение одговори на поднесената интерпелација која, како што наведе, „содржи низа невистини и претставува груб обид за манипулација“. -Тврдењата изнесени во интерпелацијата јасно укажуваат на намерата на подносителите без каква било основа да ги девалвираат моите постигнувања, посебниот придонес што го дадов во изминатите пет години во подигнувањето на нивото на дијалог и демократска култура во законодавниот дом, преземајќи чекори кон јакнење на независноста на Собранието и на неговата контролна функција во однос на извршната власт – нешто што беше речиси незамисливо во периодот кога дел од сегашните подносители на интерпелацијата беа мнозинство во парламентот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, секако, се свесни дека, за дневно – политички цели, поттикнати од нивното партиско седиште, пласираат груби невистини со наводите во интерпелацијата дека ги прекршувам Уставот, законите и собранискиот Деловник, стои, меѓу другото, во одговорот на Џафери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/interpelacijata-za-dzaferi-na-dneven-red-vo-sobranieto/feed/ 0
Интерпелацијата на Џафери во четврток пред пратениците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/interpelacijata-na-dzaferi-vo-chetvrtok-pred-pratenicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/interpelacijata-na-dzaferi-vo-chetvrtok-pred-pratenicite/#respond Mon, 27 Jun 2022 11:07:27 +0000 https://kurir.mk/?p=696308

Во четврток на 30-ти јуни во Собранието на Република Македонија се очекува да се одржи пленарната седница за интерпелацијата на претседателот на Парламентот Талат Џафери поднесена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Џафери на денешното пленарно заседание потврди дека оваа пленарна седница ќе се одржи во четврток. Парламентот неделава има интензивна агенда во рамки на која ќе се одржат неколку седници почнувајќи од денеска. Утре се одржува средба на Мешовитиот парламентарен комитет Република Македонија – ЕУ, во среда поставување пратенички прашања, а во петок се очекува да продолжи и седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која на дневен ред е ребалансот на Буџетот. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата интерпелацијата за Џафери ја поднесоа на 30 мај, по што претседателот на Собранието запазувајќи го рокот во Деловникот одговори на неа и ја закажа седницата на која ќе се расправа. Опозициската партија и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски и пред поднесувањето на интерпелацијата рекоа дека не очекуваат таа да биде изгласана и Џафери да замине од оваа фукција, но оти сепак сметаат дека тој треба да одговара пред граѓаните за својата работа. Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24.00 часот. Претседателот на Собранието Џафери на седницата има право да го образложи својот писмен одговор или да даде устен одговор на поставената интерпелација. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои спроведуваат, како што ја нарекоа активна блокада во Собранието, го обвинуваат Џафери за нестручно и несовесно работење и претседавање со македонското Собрание. Според нив, во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршеше одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека се почесто има скандали во неговото работење и оти последен во низата бил скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ биле заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Џафери, како што посочуваат од опозицијата, постапил несовесно, со тоа што извршил најтешка повреда на „Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија“.кога со непристоен речник, употребувајќи најразлични пцости, вршел притисок врз службита во Собранието.  Дополнително, во неговиот мандат, сѐ со цел исполнување на коалиционите договори Џафери постапувал како пратеник на власта, а не како претседател на Собранието. Дополнително, во изминатиов период, сведоци сме на повеќе прекршувања на Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија од страна на претседателот. Според ВМРО-ДПМНЕ Џафери покажал дека нема капацитет за правилно водење  на Собранието, ниту пак покажува волја за соработка со пратениците  од опозицијата, преку почитување на Уставот и Деловникот. Претседателот на Собранието Талат Џафери преку соопштение одговори на поднесената интерпелација која, како што наведе, „содржи низа невистини и претставува груб обид за манипулација“. -Тврдењата изнесени во интерпелацијата јасно укажуваат на намерата на подносителите без каква било основа да ги девалвираат моите постигнувања, посебниот придонес што го дадов во изминатите пет години во подигнувањето на нивото на дијалог и демократска култура во законодавниот дом, преземајќи чекори кон јакнење на независноста на Собранието и на неговата контролна функција во однос на извршната власт – нешто што беше речиси незамисливо во периодот кога дел од сегашните подносители на интерпелацијата беа мнозинство во парламентот. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, секако, се свесни дека, за дневно – политички цели, поттикнати од нивното партиско седиште, пласираат груби невистини со наводите во интерпелацијата дека ги прекршувам Уставот, законите и собранискиот Деловник, стои, меѓудругото, во одгворот на Џафери.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/interpelacijata-na-dzaferi-vo-chetvrtok-pred-pratenicite/feed/ 0
Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесе интерпелација за Талат Џафери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-vmro-dpmne-utre-kje-podnese-interpelacija-za-talat-dzaferi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-vmro-dpmne-utre-kje-podnese-interpelacija-za-talat-dzaferi/#respond Sun, 29 May 2022 10:30:12 +0000 https://kurir.mk/?p=683064

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во текот на утрешниот ден ќе ја поднесат формално интерпелацијата за Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија, истакна на денешната пре-конференција Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Стојаноска: Целокупната македонска јавност изминатиов период беше сведок на целосното нестручно и несовесно работење и претседавање на Талат Џафери со македонското Собрание. Во неколку наврати Џафери еклатантно ги кршеше одредбите од Уставот, Деловникот за работа на Собранието, како и законите со кои е уредена работата на Собранието. Имено, откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење. Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозиционите пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење. Претседателот Џафери постапи несовесно, со тоа што изврши најтешка повреда на „Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието на Република Македонија“, односно го прекрши членот 14 од Кодексот, со кој е уредено што се подразбира под тешка повреда на овој кодекс. Иако Џафери е прво потпишан на овој Кодекс, како што можеше да слушне целата македонска јавност, со крајно вулгарен речник, употребувајќи најразлични пцости, вршеше притисок врз службита во Собранието, при што го омаловажуваше нивното достоинство. Дополнително, во неговиот мандат, сѐ со цел исполнување на коалиционите договори, Талат Џафери во својата работа постапува како пратеник на власта, а не како претседател на Собранието, кој треба да соработува со координаторите на пратеничките групи, како што е предвидено во членот 60 од Деловникот на Собранието на Република Македонија. Исто така, иако со истиот член во Деловникот е предвидено претседателот да се грижи за примената на истиот, сведоци сме на најразлични прекршувања, воведување на различни пракси, кои досега не биле дел од работата на Собранието, при што самото тоа отвора простор за проблем во функционирањето на пленумот во иднина. Многупати сме биле сведоци ние, како пратеници, а и целата македонска јавност на начинот на кој се водат седниците од страна на претседателот, односно на повеќе наврати седниците траеле до раните утрински часови, со намера да се ускрати правото на говор и дебата, а со една и единствена цел - изгласување на закони кои се од бизнис интерес на коалицијата на власт. Дополнително, во изминатиов период, сведоци сме на повеќе прекршувања на Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија од страна на претседателот и тоа: - Неразгледување на интерпелации поднесени за работа на носители на јавни функции, предложени од опозицијата. Интерпелациите само се оставени на дневен ред на одредена седница и никогаш тие точки не се разгледуваат. Интерпелациите за тогашниот вицепремиер Љупчо Николовски и министерот Бојан Маричиќ станаа беспредметни, бидејќи тие сега извршуваат сосема други функции; Понатаму: - Неразгледување и непродолжување на пленарни седници, на кои се останати информации предложени од опозициските пратеници; - Ненавремено доставување на материјал до пратениците; - Спротивно на Деловникот и без образложение, отфрлање на амандмани поднесени од пратеници на опозицијата; - Одземање на право на говор на пратеник, како што беше случајот со утврдување на дневниот ред на 71-та Седница на Собранието; - Разрешување и избор на член на работно тело на Седница на Собранието, без претходно да има одлука која треба претходно да е усвоена на матичното работно тело; - Неупотреба на македонскиот јазик во излагањето на Талат Џафери пред Комитетот на министрите на Европскиот парламент, како единствен службен јазик во меѓународните односи на Република Македонија. Со ваквиот неодговорен пристап, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери покажа дека нема капацитет за правилно водење на Собранието, ниту пак покажува волја за соработка со пратениците од опозицијата, преку почитување на Уставот и Деловникот. Поради овие причини, ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“, согласно Уставот и Деловникот на Собранието на Република Македонија, ја поднесуваме оваа интерпелација. Ние не очекуваме дека власта, предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски, ќе се охрабри и ќе ја изгласа оваа интерпелација, и дека 61 пратеник од власта ќе го чујат гласот на народот и ќе гласаат за разрешување на Талат Џафери. Но, добро е граѓаните да го видат лицето на ДУИ и СДСМ, како сложно го бранат неодбранливото дивеење врз Уставот, Деловникот и законите, од страна на Талат Џафери, истакна Стојаноска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-vmro-dpmne-utre-kje-podnese-interpelacija-za-talat-dzaferi/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на Ковачевски да има доблест и гласа интерпелација на Талат Џафери заради неговото недемократско однесување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-na-kovachevski-da-ima-doblest-i-glasa-interpelacija-na-talat-dzaferi-zaradi-negovoto-nedemokratsko-odnesuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-na-kovachevski-da-ima-doblest-i-glasa-interpelacija-na-talat-dzaferi-zaradi-negovoto-nedemokratsko-odnesuvanje/#respond Sun, 29 May 2022 06:56:05 +0000 https://kurir.mk/?p=682993

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија ќе поднесе интерпелација за претседателот на Собранието на Македонија заради недоличното однесување, сите прекршувања на Деловникот за работа на Собранието, прекршување на Уставот на Македонија, како и за навредите на Џафери кон вработените во Собранието, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Ги повикуваме сите пратеници во Собранието на Македонија да ја поддржат интерпелацијата за Талат Џафери. Исто така Ковачевски треба да излезе од скутот на ДУИ и пратениците на СДСМ да ја поддржат интерпелацијата на Талат Џафери. Автократот Џафери покаже дека не е достоен да биде претседател на Собранието заради неговиот примитивизам, кршење на Деловникот и Уставот и недемократско однесување. Џафери вулгарно ги навредуваше вработените во Собранието. Џафери контактирал со Чеченски политичар кој е безбедносен ризик за државата заради блискоста со Кремљ. Џафери ги заклучуваше пратениците во Собранието. Што уште треба да направи Џафери за Ковачевски да се охрабри и како лидер на СДСМ да побара негова оставка? Постои основан сомнеж дека и Ковачевски и ДУИ намерно провоцираат сценарио во Собранието кое треба да биде дефокус од реалните проблеми, неспособноста и криминалот на власта. Оставката на Џафери е основан и логичен чин после целото негово поведение и очекуваме СДСМ на Ковачевски да има барем грам доблест, велат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sdsm-na-kovachevski-da-ima-doblest-i-glasa-interpelacija-na-talat-dzaferi-zaradi-negovoto-nedemokratsko-odnesuvanje/feed/ 0
Мицкоски: Идната недела ќе поднесеме интерпелација за Џафери, но немаме илузија дека ќе помине https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-idnata-nedela-kje-podneseme-interpelacija-za-dzaferi-no-nemame-iluzija-deka-kje-pomine/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-idnata-nedela-kje-podneseme-interpelacija-za-dzaferi-no-nemame-iluzija-deka-kje-pomine/#respond Sat, 28 May 2022 11:26:23 +0000 https://kurir.mk/?p=682862

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ идната работна недела ќе поднесе интерпелација за претседателот на Собранието Талат Џафери, но лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски не очекува дека таа ќе помине во Парламентот. -Се надевам дека нема повторно да ги изигруваат процедурите во Парламентот и ќе ја стават точката на дневен ред и ќе можеме да зборуваме малку поотворено за тоа што се случуваше тој ден кога беа брутално навредени вработените во Парламентот. Немаме илузија дека таа ќе помине бидејќи таму има 61 послушник на власта кои заради свои лични привилегии ќе го бранат Џафери, но добро е да се види како се препелка СДСМ и помалите коалициски партнери кои се уште не гукнаа за законот за една изборна единица, а еве веќе е мај, рече Мицкоски на прес-конференција. За протестот најавен за 18 јуни очекува политичка и општествена поддршка од сите оние кои, како што рече, мислат дека оваа влада на СДСМ и ДУИ ја води државата во погрешна насока. -Повикани се сите, ја користам оваа прилика сите граѓани, политички партии и општествени субјекти коишто чувствуваат дека државата оди во погрешна насока да излезат и да ни се придружат, рече Мицкоски. На новинарско прашање зошто своите ставови за решение за енергетската криза не ѝ ги предложи на Владата, одговори дека постојано повикува на средба и дека не условува таа да биде за предвремени избори, туку и за други важни теми. -Што можам да направам, 17 пати го повикувам да разговараме. Не условувам, но една од темите е и предвремени избори. Веројатно, имам право да барам што да биде дневен ред, не сум човек што оди на состанок и да зборуваме за апстрактни работи. Велам: Дајте да зборуваме за актуелната политичка состојба, за преговорите со Бугарија, за економијата, енергетската криза, здравство, образование, за предвремени избори. Не сака. Со сила не можам, изјави Мицкоски. Дециден е дека треба да има предвремени избори затоа што и според нивната теренска партиска анкета за мај, повеќе од 67 проценти испитаници кажале дека државата оди во погрешна насока, а над 75 отсто дека Владата треба да поднесе оставка. Во врска со притворот на обвинетите за случајот „Парцели за ЕВН“ во Делчево кои се функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски одговори дека прво бара извинување од СДСМ, а потоа ќе тужи за навреда и дека неговиот адвокатски тим ќе подготви тужба за клевета. -Тие почнаа да тркалаат дека така се финансирало ВМРО, дека јас сум бил вплеткан итн., но видовме дека тие лица се таму каде што се поради сосема други членови од Кривичниот законик. Верувам во пресумпција на невиност, но исто така секому каде што ќе се докаже вина, родена сестра да ми е, за сторен криминал ќе одговара. Тоа важи за сите оние кои не само што се членови на ВМРО, на СДСМ, ДУИ, Алијанса, било кој, политички определени или политички неопределени… Очекувам истото тоа што е направено за сите овие луѓе, да биде направено за сите оние останати коишто на истиот начин продавале вакво земјиште на ЕВН. Очекувам и Финансиската полиција и Обвинителство да постапат и со останатите 100-200 парцели и останатите продавачи да имаат ист третман. Инаку, во спротивно, третманот ќе се однесува само на поединци, а не генерално, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски соопшти дека од понеделник до среда ќе учествува на Конгрес на Европската народна партија во Ротердам. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-idnata-nedela-kje-podneseme-interpelacija-za-dzaferi-no-nemame-iluzija-deka-kje-pomine/feed/ 0