интевју – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Apr 2023 09:14:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png интевју – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По лажното интервју испливаа ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ: Каква е состојбата на Шумахер по 10 години од несреќата? https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-lazhnoto-intervju-isplivaa-vistinskite-informatsii-kakva-e-sostojbata-na-shumaher-po-10-godini-od-nesrekata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-lazhnoto-intervju-isplivaa-vistinskite-informatsii-kakva-e-sostojbata-na-shumaher-po-10-godini-od-nesrekata/#respond Thu, 20 Apr 2023 09:14:19 +0000 https://kurir.mk/?p=825830

Германскиот весник Die Aktuelle објави наводно интервју со легендарниот Формула 1 возач Михаел Шумахер (54). Иако неговата здравствена состојба будно се следи и добро е познато дека не може да комуницира, новинарите не се двоумеле да објават текст од кој може да се заклучи спротивното. Но, брзо стана јасно дека се работи за измама, а горенаведените медиуми во последниот пасус од спорниот текст само наведоа дека разговорот бил воден со бот, вештачка интелигенција. Новинарите на споменатиот весник со голема фотографија на насловната страна истакнаа дека успеале да го интервјуираат возачот, но од читањето се гледа дека се работи за измама. Со помош на вештачката интелигенција, која може да одговара на прашањата наместо еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1, новинарите добија одговори на прашања од јавен интерес. Никаде на насловната страница на весникот или во опремата на интервјуто не истакнаа дека се работи за разговор со четбот, односно вештачка интелигенција, но тоа патем го спомнаа на крајот од текстот. Одговорите станаа предмет на дискусија и коментар, па вештачката интелигенција одговори дека Шумахер „може да преживее со помош на најблиските и дека без поддршката од семејството немало да преживее толку тешки години“. Die Aktuelle е на удар на критики за сето ова. Да потсетиме, Михаел, кој е искусен скијач, на тој кобен 29 декември 2013 година, залутан од патеката на француските Алпи, паднал и удрил со глава во карпа. Неговиот шлем му го спасил животот, но сепак бил тешко повреден. Два пати го оперирале и го ставиле во вештачка кома. После тоа, многу малку се знае за него. – Шумахер е буден, дише, неговото срце има убав ритам. Веројатно може да седне, можеби дури и да направи чекор со помош на други, но не повеќе од тоа – изјави познатиот невролог Ерих Ридерер во францускиот документарец за TMC. Повремено го посетува и Жан Тод, претседател на Светската автомобилска федерација (ФИА), кој истакна дека Шумахер го следи патот на својот син. – Секако дека го следи. Би биле повеќе од среќни да имаме нов Шумахер во Формула, а јас секогаш ќе му го кажам истото на Михаел: борба. Во одлични услови е и има одлична нега – изјави Тод.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/po-lazhnoto-intervju-isplivaa-vistinskite-informatsii-kakva-e-sostojbata-na-shumaher-po-10-godini-od-nesrekata/feed/ 0
„СО ГУМЕНИ ЧИЗМИ СЕ ОДИ ПО РИБА, А НЕ ПО ЛЕБ“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-gumeni-chizmi-se-odi-po-riba-a-ne-po-leb/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-gumeni-chizmi-se-odi-po-riba-a-ne-po-leb/#respond Tue, 26 Oct 2021 09:20:17 +0000 https://kurir.mk/?p=585634

Сè уште не сум се сместил во градоначалничкиот кабинет, а веќе почнав да размислувам за освојување нов мандат на следните локални избори, бидејќи сум сигурен оти успешно ќе го завршам првиот мандат, вели новиот градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во интервју за Плусинфо. Тој посочува дека во следните четири години ќе работи чесно и макотрпно, па самите граѓани, како што вели, ќе сфатат дека имаат градоначалник кој заслужил да не се менува. За извојуваната победа во првиот круг на локалните избори, Стојкоски вели дека била очекувана, но дека ни самиот не верувал оти ќе победи со толку голема разлика во гласовите. На ѓорчепетровци им ветува дека повеќе нема да газат во кал, на помладите генерации им ветува паркови и зеленило во секое маало, а на најмладите, пак, им ветува детски градинки. Стојкоски, кој инаку е лекар-радиолог по професија, упатува и јавен апел до граѓаните да не практикуваат да пијат млеко директно од крава, оти, како што вели, во незовриеното млеко можно е да живеат бактерии кои можат да предизвикаат трајни последици по здравјето на човекот. По професија сте лекар и кај граѓаните ве бие добар глас дека сте човек кој помага секогаш кога е потребно. Зошто мислите дека добар лекар може да биде добар градоначалник? – Добар лекар може да биде добар градоначалник од проста причина што пристапот на лекарите кон луѓето е неселективен и лекарите имаат поголема емпатија кон луѓето, сочувствуваат со пациентите и постојано се обидуваат да ги излекуваат. Лекарите имаат еднаков пристап кон секој поединец, а тоа мене ми е најважно. Јас како градоначалник ќе се обидам да ја задржам неселективноста и на тој начин општината ќе бележи подобри резултати. Општиот впечаток е дека Општина Ѓорче Петров досега беше затворена општина, луѓето немаа пристап до градоначалникот и до администрацијата, а јас силно ќе се насочам кон подобрување на комуникацијата со народот. Тоа ќе биде вовед во натамошните процеси и на тоа што го планирам во делот на дигитализација, односно исклучувањето на човечкиот фактор во носењето одлуки. Победата во првиот круг на локалните избори може да се смета за изненадување, со оглед на тоа што повеќето предизборни анкети покажуваа дека во Општина Ѓорче Петров ќе се води тесна трка. Очекувавте ли вие лично ваква лесна победа и дали сметате дека победивте поради тоа што им го понудивте најдоброто на граѓаните, или, пак, поради тоа што вашиот противкандидат од СДСМ, а досегашен градоначалник, не ги исполнил во целост своите ветувања? – Воопшто не беше лесно да се извојува победа во првиот круг, постојано бев присутен на терен и имав многу директни средби со граѓаните. Тоа е клучот за ваквиот успех. Комуникацијата со граѓаните ни помогна да ги воочиме проблемите, а теренските активности ми помогнаа да осознаам и за проблеми кои воопшто не ни беа вметнати во кампањата, а кои добиваат приоритет за решавање. Не можам да кажам дека не очекував победа во прв круг, но од друга страна, имав петмина противкандидати. Сепак, победив со голема разлика во гласовите и таквата масовна поддршка дополнително ми ја зголеми одговорноста. Во предизборната кампања ветивте повеќе од 200 проекти на територијата на Ѓорче Петров. Што е тоа што прво ќе го направите откако ќе влезете во градоначалничкиот кабинет? – Добро се сеќавам на сите работи што им ги ветив на граѓаните, а тоа што прво ќе го направам е реализација на проектот „Ѓорче Петров без кал“. Планираме да ги реализираме, односно да ги асфалтираме сите улици во руралниот дел на општината и да извршиме реконструкција на дотраените коловози во урбаниот дел на општината. Секаде каде што има техничка можност ќе поставиме атмосферска канализација. Ќе се фокусирам силно и на детските градинки, бидејќи ветив изградба на две нови детски градинки. Секако, тоа ќе го сториме во соработка со Министерството за труд и социјална политика и верувам дека нема да имаме кочници, бидејќи се работи во интерес на граѓаните. Ако дојде до промена на централната власт по локалните избори, тогаш тој процес сигурно ќе тече подинамично и не би се појавувале препреки во работењето.   Целото интервју со Стојкоски прочитајте го на Плусинфо.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-gumeni-chizmi-se-odi-po-riba-a-ne-po-leb/feed/ 0