инвалидитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 May 2020 09:23:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инвалидитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гутереш: Луѓето со инвалидитет се тешко погодени од пандемијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-lugjeto-so-invaliditet-se-teshko-pogodeni-od-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-lugjeto-so-invaliditet-se-teshko-pogodeni-od-pandemijata/#respond Wed, 06 May 2020 09:23:41 +0000 https://kurir.mk/?p=342326

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека една милијарда лица со инвалидитет ширум светот се меѓу најтешко погодените од пандемијата на коронавирусот во однос на смртност. – Процентот на смртни случаи од Ковид-19 во домовите за стари и немоќни, во кои доминираат стари лица со инвалидитет, се движи од 19 проценти до неверојатни 72 отсто, рече тој. Гутереш истакна дека лицата со инвалидитет се соочуваат со недостиг на достапни здравствени информации, пречки да ги применат основните мерки за хигиена и непристапни здравствени установи. Ако се заразат со болеста предизвикана од новиот коронавирус, „многумина веројатно ќе развијат тешки здравствени симптоми што можат да резултираат со смрт“, рече тој. Во извештајот тој се препорачува одговор кој ќе вклучува лица со инвалидитет и нивно закрепнување во криза. – Дури и во нормални околности, лицата со инвалидитет имаат помала веројатност да добијат пристап до образование, здравствена заштита и можности за приход или вклучување во заедницата, рече тој. – Пандемијата ги засили овие нееднаквости и создаде нови закани, истакна тој. Гутереш неодамна предупреди и за влијанието на кризата врз постарите лица и децата кои се изложени на зголемен ризик од смрт, злоупотреба и глад поради пандемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-lugjeto-so-invaliditet-se-teshko-pogodeni-od-pandemijata/feed/ 0
Мизрахи на средба со претставници на здруженија со инвалидитет: За овие лица потребен е бенефициран стаж, бидејќи инвалидитетот го зема данокот со годините https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-na-sredba-so-pretstavnici-na-zdruzenija-so-invaliditet-za-ovie-lica-potreben-e-beneficiran-staz-bidejkji-invaliditetot-go-zema-danokot-so-godinite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-na-sredba-so-pretstavnici-na-zdruzenija-so-invaliditet-za-ovie-lica-potreben-e-beneficiran-staz-bidejkji-invaliditetot-go-zema-danokot-so-godinite/#respond Sun, 02 Feb 2020 16:58:25 +0000 https://kurir.mk/?p=298283

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи при денешната нејзина посета на Гевгелија оствари средби со претставници на повеќе здруженија. Денеска во Гевгелија се сретнав со претставници од повеќе здруженија, и тоа од Здружението на слепи, Здружението на глуви и наглуви и Здружението на телесни инвалиди ,,Мобилност”, објави на својата Фејсбук страница Мизрахи. -Целта на средбата беше запознавање на проблемите коишто ги имаат овие целни групи како најранливи во општеството. Тие ги истакнаа проблемите со кои се соочуваат пред сѐ ограничувањето на додатокот за попреченост со годините. Велат дека инвалидитетот не прашува доба, тој најчесто е траен и со текот на годините се влошува, а не се подобрува. Додека пак за деинституционализација без пристапност не може ни да се зборува, а не да се применува, пишува министерката Мизрахи. -Во оваа насока, активно ќе се заложам за системско решавање на пристапноста заедно со сите надлежни институции. Нашата цел со Министерството мора да биде изнаоѓање системски решенија за унапредување на социјалната сигурност за оваа група сограѓани во Македонија. Неопходно е да им се овозможи на овие лица активно да учествуваат на пазарот на труд и да придонесат во општеството. Потребно е за лицата со телесен инвалидитет да има бенефициран стаж, затоа што инвалидитетот го зема данокот со годините, вели министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mizrahi-na-sredba-so-pretstavnici-na-zdruzenija-so-invaliditet-za-ovie-lica-potreben-e-beneficiran-staz-bidejkji-invaliditetot-go-zema-danokot-so-godinite/feed/ 0
Да се подигне свеста за дечињата со инвалидитет: Барби кукли во инвалидска количка и со протеза на нога https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/da-se-podigne-svesta-za-dechinjata-so-invaliditet-barbi-kukli-vo-invalidska-kolichka-i-so-proteza-na-noga/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/da-se-podigne-svesta-za-dechinjata-so-invaliditet-barbi-kukli-vo-invalidska-kolichka-i-so-proteza-na-noga/#respond Fri, 15 Feb 2019 10:23:18 +0000 https://kurir.mk/?p=164234

„Имаме можност да го подигнеме нивото на разговорите за физички инвалидитет, така што ќе го вклучиме во својата нова линија на кукли“- се наведува во соопштението на производителот Мател. Популарната кукла Барби ќе се бори против стигматизација на лицата со инвалидитет, откри компанијата. Во колекцијата за 2019-та една од Барбиките ќе има инвалидска количка, а друга протеза на едната нога, која ќе може да се тргне. Во пакетот ќе има и рампа за инвалидски колички, која ќе може да се намонтира на Барби куќата. Во изработката на куклата, Мател соработуваше со 13 годишниот активист Џордан Ривс, кој е роден без лева подлактица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/da-se-podigne-svesta-za-dechinjata-so-invaliditet-barbi-kukli-vo-invalidska-kolichka-i-so-proteza-na-noga/feed/ 0
Трагични судбини во Македонија: Смрт од непознати причини и траен инвалидитет од несовесно лекување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragichni-sudbini-vo-makedonija-smrt-od-nepoznati-prichini-i-traen-invaliditet-od-nesovesno-lekuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragichni-sudbini-vo-makedonija-smrt-od-nepoznati-prichini-i-traen-invaliditet-od-nesovesno-lekuvanje/#respond Sun, 03 Jun 2018 07:37:58 +0000 https://kurir.mk/?p=61751

Ромите при користење на здравствените услуги секојдневно се соочуваат со многубројни проблеми, а и судскот систем, исто така, „не е на нивна страна“, се жалат активисти на ромските здруженија за покревање на свеста за нивните права. Од кај нив наведуваат дека и полицијата често пати ги третира како „криминалци“, дека не го добиваат истиот третман како останатите и во социјалните установи. Тешко доаѓаат до работна позиција, само поради тоа што се Роми. Поголемиот дел од нив се осудени на глад, сиромаштија и беда. Стигматизацијата и дискриминацијата кон нив, од страна на сите останати во општеството, дополнително им го отежнува секојдневието. Ромите, како мацинска етничка група во Македонија треба да ги уживаат сите права и слободи како и сите останати лица во земјата.  Велат, време е да се покрене свеста во општеството за тоа дека сите сме еднакви, со што ќе им се даде можност да напредуваат и да живеат нормален и достоинтсвен живот. Се жалат дека има повеќе случаи во кои тие или нивните семејства биле обесправени, а не можеле да добијат адекватна правна сартисфакција. Повеќегодишни голготи Таков е случајот со Агуш Салиоски од Прилеп, кој поради лекарска грешка со ампутирана рака порасна низ судниците, за конечно во 2015 година неговиот случај да заврши со позитивни пресуди, односно надомест на штета од 60.000 евра и доживотна месечна рента од 3.000 денари. Салиоски во 2008 година ја скршил раката, по што во прилепската болница му бил поставен гипс и бил задржан на лекување. Три денови се жалел на болки, но поради незаинтересираноста на лекарите, добил гангрена и за да му биде спасен животот, лекарите на детска клиника во Скопје направиле ампутација на неговата рака. Во 2010 година, поднесена е кривична тужба против шест доктори поради пропусти и направени грешки при лекувањето, а во 2011 година се поднесени две граѓански тужби против Општата болница во Прилеп, од каде се побарало надомест за штета поради претрпен инвалидитет и душевна болка. Во 2013 по оддржани 18 рочишта, донесена била пресуда со која лекарот што го примил детето бил осуден на условна казна затвор од три месеци во рок од една година поради сторена грешка во лекувањето. Дури во 2015 година, правдата е задоволена. Правниот систем во одбрана на здравствениот  Дваесет годишна мајка од Битола родила машко дете, по два денови детето починало, како што навеле докторите од непознати причини. На родилката не и било дадено да го погреба дететото, туку во болницата го отстраниле како медицински отпад. Во 2015 година е поднесена тужба против Клиничката Болница во Битола за надомест на штета за претрпени душевни болки поради третирање на телото на мртвото бебе како медицински отпад, спротивно од волјата на родителите - тужбата е одбиена од страна на Основниот суд во Битола. Потоа е поднесена жалба. Во 2016 година Апелацискиот суд пресудува 500 евра надомест на штета за повреда на лични права. Конечно, по пет годишно талкање по судниците, Врховниот суд ја преиначува истата пресуда во надомест на штета во висина од 10.000 евра. Случаи кои се уште немаат судска разрешница Тригодишното девојче Анета Неџипоска со симптоми на повраќање и температура била примена на одделението за инфективни болести во прилепската болница. По прегледот и била дадена инфузија, а потоа била пуштена на домашно лекување со препишана терапија. Утрото девојчето, од страна на родителите било најдено без знаци на живот, по што лекарите ја потврдиле смртта на детето. Случајот по службена должност е преземен од Основното јавно обвинителство, пред кој се уште се води истрага за причините за смртта и евентуални пропусти при лекувањето, по што ќе се утврди дали постои основ за поведување на кривична постапка. Во 2012 година, 24-годишна родилка починала од непознати причини за време на породување со царски рез во битолската болница, новороденчето преживеало. Претходно не биле утврдени никави компликации. По обдукцијата е утврдено дека причината за смртта била недостиг на воздух. Започната е кривична постапка која се уште е во ток, со оглед на тоа што во 2016 година беше донесена пресуда со која беше прогласен анестезиологот а виновен, при што е утврдена условна казна затвор од шест месеци, меѓутоа против пресудата беше поднесена жалба, по што предметот беше вратен на повторно судење, по кое беше донесена истата пресуда како и во 2016 година. Против пресудата повторно беше поднесена жалба, при што предметот се уште не е завршен и е пред Апелацискиот суд. „Рома С.О.С“ бара одговорност од лекарите Од Здружението „Рома С.О.С“ велат дека ова се само дел од случаите со кои се соочиле Ромите, како најмаргинализирана заедница, при користењето на здравствените услуги во Македонија. Само оние кои истрајале во борбата со судскиот и здравствениот систем, со помош на правното застапување од страна на „Рома С.О.С“, успеале да докажат дека е направена грешка при лекувањето. Здружението бара поголема одговорност и совесност од страна на лекарите при давањето на медицински третман на Ромите. Симона Митровска  за МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tragichni-sudbini-vo-makedonija-smrt-od-nepoznati-prichini-i-traen-invaliditet-od-nesovesno-lekuvanje/feed/ 0
Скопјанка со инвалидитет: Ме избегнуваат момците, но јас сум мила и храбра девојка со широко срце https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/skopjanka-so-invaliditet-me-izbegnuvaat-momcite-no-jas-sum-mila-i-hrabra-devojka-so-shiroko-srce/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/skopjanka-so-invaliditet-me-izbegnuvaat-momcite-no-jas-sum-mila-i-hrabra-devojka-so-shiroko-srce/#respond Sat, 13 Jan 2018 08:21:23 +0000 http://kurir.mk/?p=9853

Момци, се жалите дека не можете да најдете девојки во градот кои ви бе разбрале, но има девојки кои би ви го дала сето она по што копнеете, но тие се секогаш последна опција бидејќи имаат некоја форма на инвалидност. -Ја сум девојка со физичка инвалидност. Се чуствувам изолирана од општеството и друштвото.Често слушам од момците кои се во потрага по вистинска љубов дека не можат да најдат девојка која ќе ги разбере.Зошто погрешно ги сфаќате работите и сте полни со предрасуди кон оние кои се различни од вас, иако сум со инвалидност имам способности да разберам како човек.Но, очигледно јас сум последен избор, или не може со мене некој да биде само затоа што нашето општество ви дало погрешна претстава за нас, раскажува скопјанката Марија која пред 5 години издржала тешка сообраќајна несреќа што ја врзала за количка за цел живот. Момците многу често, велат кога само би имале девојка која нема материјално да ме искористува и би ме сакала безусловно. -Е, така другари, и меѓу нас има убави, мили и храбри девојки со широки срца. Јас имам високо образовани и сум успешна во тоа што го работам, сама се издржувам, а сепак сум осамена. Ослободете се од предрасудите кон нас, голем дел од вас едноставно не игнорираат и ниту не помислуваат дека ние сето тоа го можеме, мислат дека не би биле среќен со нас. Доволно е само да ни дадете шанса, еднаква како и на сите други девојки, бидејќи длабоко во душата, ние тоа и сме, вели Марија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/skopjanka-so-invaliditet-me-izbegnuvaat-momcite-no-jas-sum-mila-i-hrabra-devojka-so-shiroko-srce/feed/ 0