инвертер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 13 Apr 2022 09:12:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инвертер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Општина Охрид ќе субвенционира набавка на инвертер клима https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-ohrid-kje-subvencionira-nabavka-na-inverter-klima/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-ohrid-kje-subvencionira-nabavka-na-inverter-klima/#respond Wed, 13 Apr 2022 09:12:38 +0000 https://kurir.mk/?p=662318

Општина Охрид распиша јавен повик за субвенционирање набавка за инвертер клима уред за 2022 година, во висина од половина износ, но не повеќе од 15.000 денари. Јавниот повик ќе трае заклучно со 30 април 2022 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства, а ќе се реализира по принципот „прв дојден прв услужен“. Целта, како што стои во повикот, е стимулирање на жителите за примена на посовремени уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината. – Право на учество имаат жителите на Општина Охрид, кои имаат купено инвертер клима уред за затоплување на своето домаќинство во 2022 година и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците, стои во повикот на Општина Охрид. Барателот, според јавниот повик, треба да има живеалиште на подрачјето на општина Охрид, да достави изјава дека нема искористено субвенции за купување инвертер клими и дека до поднесување на барањето е корисник на печка на јаглен, дрва, нафта или мазут, набавениот уред да биде купен во 2022-та година, се до завршување на Јавниот повик и да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот… Барањето со потребната документација во затворен плик се доставува до Комисијата за спроведување на постапката за субвенционирање на граѓаните за набавка на посовремен уред за затоплување- инвертер клима за 2022 година, во архивата на Општина Охрид, на адреса улица „Димитар Влахов“ број 57, Охрид, секој работен ден од 9 до 15 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-ohrid-kje-subvencionira-nabavka-na-inverter-klima/feed/ 0
Уште една пропадната мерка на власта, нема инвертер клими за сиромашните граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-propadnata-merka-na-vlasta-nema-inverter-klimi-za-siromashnite-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-propadnata-merka-na-vlasta-nema-inverter-klimi-za-siromashnite-gragjani/#respond Mon, 21 Sep 2020 13:23:08 +0000 https://kurir.mk/?p=406241

Пропадна проектот кој бомбастично беше најавуван од Владата и од премиерот Зоран Заев за доделување ваучери за инвертер клими. Со овој проект Владата најавуваше дека ќе се намали загаденоста на воздухот, но по неколкумесечните преписки меѓу министерствата и сите надлежни, ваучерите за инвертори останаа недоделени. На стартот на грејната сезона, Град Скопје најавува нови правила при аплицирање, па така, сега наместо граѓаните да добиваат ваучери тие самите ќе треба од свој џеб да ги платат инвертерите, а потоа да се надеваат на локалната власт да им ги враќа парите. Но, ова не ја постигнува целта на мерката бидејќи како што беше најавувано со оваа мерка требаше да им се помогне на социјално ранливите категории на граѓани наместо да се греат на дрва да дојдат до еколошки грејни тела. Тука се поставува прашањето како ќе се убедат граѓаните посебно оние кои немаат средства да вложат минимум 500 евра за инвентер клима, па да се надеваат дека општината ќе им ги врати парите. Овој аргумент е доволен за уште една мерка и дадено ветување на Владата да се прогласи за пропадната. Инаку чистиот воздух беше едно од главните ветувања на СДСМ во предизборната кампања, а уште погласни беа како опозиција. Но, и откако дојдоа на власт не спроведоа ниту една посериозна мерка во ова насока. Тоа дека Владата и покрај многуте ветувања во сферата на екологијата не ги извршува, ниту основните обврски за подобрување на квалитетот на воздухот, покажува и тоа што пред некој ден министерот за екологија Насер Нуредини призна дека на само две недели пред почетокот на грејната сезона ниту една од мерните станици за загаденост на воздухот не е во функција, а посочи и дека не знае кога би проработиле.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-propadnata-merka-na-vlasta-nema-inverter-klimi-za-siromashnite-gragjani/feed/ 0
„ВИСОКОЕФИКАСНИ ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ ЗА ИЗБОРЕН ПОТКУП!“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visokoefikasni-inverter-klima-uredi-za-izboren-potkup/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visokoefikasni-inverter-klima-uredi-za-izboren-potkup/#respond Tue, 16 Jun 2020 09:29:48 +0000 https://kurir.mk/?p=358516

Кога „зборот е збор“ топлината ќе дојде со задоцнување од речиси цела година! Сета среќа што се најавија избори за власта да се сети дека има граѓани на кои им е неопходно ефикасно затоплување, кое пак, од истата таа власт им беше ветено за ланската зима. Несомнено е дека власта на СДС како и секогаш, така и сега, на граѓаните се сеќава само пред избори, а потоа ја зафаќа постизборна амнезија, што пак го отвара прашањето дали и оваа зима граѓаните ќе успеат да ги добијат помпезно највуваните и долгоочекуваните инвертери или пак повторно станува збор за класичен предизборен поткуп својствен за оваа власт!? Како и пред 9 месеци, така и сега ќе запрашаме зошто грејните тела да се одземаат и да се фрлаат во отпад, кога имаме толку многу семејства на кои премногу би им значеле овие грејни тела?! Потоа, колку граѓани ќе добиеја инвертери ако Град Скопје не потрошеше 33 милиони денари за тревата, колку граѓани ќе имаа ефикасно затоплување ако власта не се луксузираше со набавки на бадеми, лешници, фстаци, октоподи, шкампи, ракчиња, виски, бурбон, вотка, десетици тони сокови и минерални води за кои потроши 450.000 денари и колку граѓани повеќе ќе можеа да аплицираат за инвертери ако власта не потрошеше 20 илјади евра за плагијат - срамната фотографија со која ни промовираше нечија Дома!? Како и да е, јавниот повик за субвенционирање ќе излезе следната недела и ги повикуваме сите граѓани да аплицираат затоа што сепак станува збор за нивни пари! Дополнително сакаме да им укажеме на граѓаните да бидат што побрзи со обезбедувањето на потребната документација за аплицирање затоа што повикот ќе се реализира по принципот „прв дојден – прв услужен“, а сите веќе се уверивме во тоа како функционираат владините „брзи прсти“ при доделувањето на било што од власта кон граѓаните! Одговорност мора да има и ќе има, а одговорноста се вика – 15ти јули! Лидија Петкоска, комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/visokoefikasni-inverter-klima-uredi-za-izboren-potkup/feed/ 0