инвестирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Jan 2023 12:00:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инвестирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ангелоски: Македонските компании да добијат шанса за инвестирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angeloski-makedonskite-kompanii-da-dobijat-shansa-za-investirane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angeloski-makedonskite-kompanii-da-dobijat-shansa-za-investirane/#respond Tue, 24 Jan 2023 12:00:06 +0000 https://kurir.mk/?p=791125

Македонските компании треба да добијат шанса за инвестирање со тоа што целокупниот државен апарат ќе ги обезбеди потребните инфраструктурни и процедурални услови, а постапките ќе ги направи брзи и ефикасни, истакна Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија во дебатата на емисијата „24 Анализа“. „Домашната економија треба да ја изградиме на завидно ниво, а нејзин стожер и носител треба да бидат домашните компании. Во одреден временски период поради желбата да се привлечат странски инвестиции за да се намали стапката на невработеност која беше многу висока, домашните компании тотално се запоставија дури се случи и процес во кој тие се затвораа иако создаваа одлични производи и имаа добра поставеност, а се носеа странски компании кои добиваа екстра субвенции. Државните институции на централно и локално ниво преку политиките кои ги креираат практично треба да создадат услови за да дојде до промена на оваа стратегија и поставување на домашните компании како главен елемент на растот и развојот на економија. Странските инвестиции треба да бидат некој вид на засилување, да го дополнат тоа што е потребно или преку нив да се развиваат одредени помалку развиени региони, истакна Ангелоски. Тој потенцираше дека недозволиво е да се чека по шест или седум години за да се донесат или променат деталните урбанистички планови за да се добие градежна дозвола за изградба фабрика или некоја друга инвестиција како и да имаме индустриски зони во кои компаниите купиле земјиште за да инвестираат и вработат луѓе, но не можат да го сторат тоа бидејќи не е изградена потребната инфраструктура. „ Треба да се фокусираме на тоа државата и државните институции да ги направиме оперативни и редовно и навремено да ги извршуваат работните задачи кои ги имаат. Тоа ќе биде голема помош за компаниите и за стопанството. Министрите велат дека има зелена транзиција, но како тоа е возможно практично да функционира кога се бара да се обезбедат повеќе од 80 документи за да може да се инвестира во фотоволтаици“, изјави Ангелоски. Во однос на државните институции тој е дециден дека оние кои добро работат и постигнуваат резултати треба да добиваат соодветни ресурси, додека тие кои во континуитет остваруваат загуба треба да се приватизираат или ликвидираат. Во дискусијата се отвори и темата за зголемувањето на минимална плата, за што претседателот на Сојузот истакна дека иако ќе го подигне прагот на плати во приватниот сектор, поголем притисок ќе изврши во државниот сектор. „Треба да се земе во предвид и тоа што минималната плата ќе предизвика инфлаторен ефект, и тоа во услови кога имаме голем раст на стапката на инфлација и кога се преземаат мерки за нејзино намалување. Поголема плата бара поголема ефективност за работната сила, а поради притисокот кој го создава како инпут во производните процеси влијае и на зголемување на цената на крајниот производ“, рече Ангелоски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/angeloski-makedonskite-kompanii-da-dobijat-shansa-za-investirane/feed/ 0
Лепа Брена и Бобa инвестираат 50 милиони евра во нов бизнис: Градат луксузен хотел, но имаат еден проблем https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/lepa-brena-i-boba-investiraat-50-milioni-evra-vo-nov-biznis-gradat-luksuzen-hotel-no-imaat-eden-problem/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/lepa-brena-i-boba-investiraat-50-milioni-evra-vo-nov-biznis-gradat-luksuzen-hotel-no-imaat-eden-problem/#respond Mon, 18 Apr 2022 16:38:03 +0000 https://kurir.mk/?p=664883

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ со години водат неколку успешни бизниси од кои заработуваат милиони, а сега наводно добиле нова идеја и парите ќе ги вложат во туризам и на Златибор ќе градат луксузен хотел. Имено, овој луксузен објект ќе се гради зад езерото, на потегот помеѓу Дино парк и студентското одморалиште. Како истакнат спортист, Боба таму во 90-тите добил парцела од два хектари. Како што дознаваат српските медиуми од трговците со недвижности, пазарната вредност на тие во тој дел е меѓу 25.000 и 30.000 евра, па затоа неговиот плац чини околу шест милиони евра. Но, семејството Живојиновиќ прво мора да ги среди документите, бидејќи земјиштето го добило на користење, а новиот закон предвидува тој да мора да биде сопственик или закупец. Затоа треба прво да завршат пренамена на земјиштето, за да го започнат проектот. Неофицијално, во општината Боба се уште не поднел барање. Според изворот, хотелот ќе биде вистински луксуз, што не е чудно со оглед на тоа што сумата што ја вложуваат е повеќе од висока. Покрај стандардните соби, хотелот ќе има и претседателски апартман, неколку конференциски сали каде ќе се организираат предавања и семинари, сали за свечености, базени и бањи, голема детска игротека, како и винарска визба каде што ќе ги чува своите вина за послужување гости. Кога станува збор за базените, ќе има и надворешни и внатрешни, наменети за сите возрасти, а големо внимание и финансии ќе бидат насочени кон сауните, просториите за релаксација и масажа. Инаку, Боба неодамна ја потврди оваа информација за медиумите. - Мислам дека се постигнав како тенисер, како сопруг, како родител и тоа ми е доволно. Кога ќе се пошегуваме, „сопругот на Лепа Брена“, кој стои зад тоа, стои Боба Живојиновиќ со име, презиме, финансии, образование, работа. А тоа е, ние сме семејство. Моите пријатели знаат за што зборувам. Сè што правев, правев на интуиција и правев со мои пари. Продукцијата „Гранд“ ја основав за две недели - рече тој и додаде: - Имаме неколку многу сериозни проекти. Вложуваме сериозни инвестиции. На Златибор инвестираме речиси 50 милиони евра. Сега почнувам да инвестирам и во Мајами - изјави Боба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/lepa-brena-i-boba-investiraat-50-milioni-evra-vo-nov-biznis-gradat-luksuzen-hotel-no-imaat-eden-problem/feed/ 0
ОЕЦД: Европските земји повеќе да инвестираат во своите здравствени работници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-evropskite-zemji-povekje-da-investiraat-vo-svoite-zdravstveni-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-evropskite-zemji-povekje-da-investiraat-vo-svoite-zdravstveni-rabotnici/#respond Thu, 19 Nov 2020 14:46:49 +0000 https://kurir.mk/?p=431844

Пандемијата со Ковид-19 го откри недостатокот на здравствени работници што веќе постоеше во многу европски земји, се наведува во извештајот објавен денеска од ОЕЦД, во кој се препорачува државите да мораат да вложат повеќе за своите здравстевни работници, јави дописникот на МИА. Во моментот кога вториот епидемиски бран го погодува Стариот континент, Организацијата за економска соработка и развој извлекува лекции од првиот бран во својата годишна здравствена панорама. Меѓу овие лекции, ОЕЦД тврди дека европските здравствени системи мора да се развиваат за подобро да одговорат на врвовите на побарувачката. „Недостатокот на здравствен персонал сепак беше многу видлив, затоа што обуката на квалификувани здравствени работници трае повеќе време отколку создавањето на привремени капацитети“, се подвлекува во извештајот. За да се поправи ова на краток рок, ОЕЦД предлага „мобилизација на дополнителен персонал“ преку резервни листи, посочувајќи ја Франција како пример. Но, ова нема да ги ослободи европските држави од повеќе инвестиции во нивниот здравствен персонал, кој од здравствената криза беше подложен на екстремни притисоци. ОЕЦД, исто така, нагласува дека земјите кои биле поуспешни од другите во зауздувањето на заразата, како што се Норвешка и Финска, биле подобро подготвени, со ефективна стратегија за тестрирање, следење на пациенти и следење на контакт. Затоа ги повикува владите да усвојат стратегии што овозможуваат правилно управување со закрепнувањето на економската активност, за да нема повеќе други мерки на ограничувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oecd-evropskite-zemji-povekje-da-investiraat-vo-svoite-zdravstveni-rabotnici/feed/ 0
„Џенерал Моторс“ инвестира две милијарди долари во стартапот за електрични возила „Никола’“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/dzeneral-motors-investira-dve-milijardi-dolari-vo-startapot-za-elektrichni-vozila-nikola/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/dzeneral-motors-investira-dve-milijardi-dolari-vo-startapot-za-elektrichni-vozila-nikola/#respond Wed, 09 Sep 2020 15:59:21 +0000 https://kurir.mk/?p=401201

Стартапот за електрични возила „Никола“ и „Џенерал Моторс“, синоќа најавија стратешко партнерство со инвестиција на „ЏМ“ вредна две милијарди американски долари, за производство на теренски возила на водороден погон. Акциите на двете компании на берзанските тргувања денеска пораснаа значително. Акциите на „Никола“ пораснаа за 45 отсто, а на „ЏМ“ за 11 отсто. Со оваа инвестиција, американскиот автомобилски гигант од Детроит добива 11 проценти од компанијата и едно место во бордот на директори на „Никола“. Компанијата од Аризона е стартап за електрични возила, конкурент на Тесла. Ги дизајнира пикап теренците „Баџер“. Според договорот, сериското производство на овие возила треба да започне до крајот на 2022 година. Погонот на возилата со водород е целосно електричен. За разлика од патничките автомобили Тесла, струјата за електромоторите не доаѓа од литиум-ионова батерија која треба регуларно да се полни од електромрежата, туку од водородни ќелии. Возилата со ваков погон имаат нула издувни гасови, трошат водород а нуспроизводот е вода. Полнењето на ќелиите се врши на водородни станици кои на Запад засега се многу ретки. Според договорот, „Никола“ е должна да ја користи технологијата и производството на водородни ќелии на „ЏМ“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/dzeneral-motors-investira-dve-milijardi-dolari-vo-startapot-za-elektrichni-vozila-nikola/feed/ 0