инвеститор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Feb 2023 17:54:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инвеститор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НЕГОВИТЕ ЗГРАДИ ВО ТУРЦИЈА СЕ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА – на ова туристичко место во регионот уапсениот инвеститор изградил зграда која буквално „ЛЕБДИ“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/negovite-zgradi-vo-turtsija-se-sramneti-so-zemja-na-ova-turistichko-mesto-vo-regionot-uapseniot-investitor-izgradil-zgrada-koja-bukvalno-lebdi-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/negovite-zgradi-vo-turtsija-se-sramneti-so-zemja-na-ova-turistichko-mesto-vo-regionot-uapseniot-investitor-izgradil-zgrada-koja-bukvalno-lebdi-video/#respond Thu, 16 Feb 2023 17:54:45 +0000 https://kurir.mk/?p=801414

Турскиот претприемач Мехмет Јашар Јошкун, кој минатата недела беше уапсен во Истанбул под сомнение дека незаконски изградил резиденција уништена од земјотресот, формирал компанија во Будва и започнал со милионски инвестиции во тој град. Јошкун беше уапсен минатиот четврток на аеродромот во Истанбул под сомнение дека со авион се обидел да побегне во Црна Гора. Регионалните медиуми минатата недела дојде до информации дека Џошкун е еден од сопствениците на компанијата „Антис Монтенегро“ која изградила четирикатница во Будва со два подрума. Интересно е што се работи за зграда која практично „виси на работ“ над Будва (Бечиќ). Кој дозволил да се гради таму и колку тој објект е безбеден за вселување, надлежните државни органи дефинитивно треба да проверат. На социјалната мрежа Фејсбук имаше страница со името на компанијата „Антис Монтенегро“, но таа страница повеќе не функционира. Имаше и активна веб-страница на таа компанија, која исто така беше затворена. Во меѓувреме Алџезеера Балканс денес објави видео прилог од зграда која навистина е шокантно како виси на работ од овој рид.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/negovite-zgradi-vo-turtsija-se-sramneti-so-zemja-na-ova-turistichko-mesto-vo-regionot-uapseniot-investitor-izgradil-zgrada-koja-bukvalno-lebdi-video/feed/ 0
НИТУ ЕДНА НЕГОВА ЗГРАДА НЕ Е СРУШЕНА ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ – овој инвеститор откри во што била тајната додека градел, бил казнуван стотици пати! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nitu-edna-negova-zgrada-ne-e-srushena-vo-zemjotresot-ovoj-investitor-otkri-vo-shto-bila-tajnata-dodeka-gradel-bil-kaznuvan-stotitsi-pati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nitu-edna-negova-zgrada-ne-e-srushena-vo-zemjotresot-ovoj-investitor-otkri-vo-shto-bila-tajnata-dodeka-gradel-bil-kaznuvan-stotitsi-pati/#respond Wed, 15 Feb 2023 20:26:15 +0000 https://kurir.mk/?p=801020

Бројни сопственици и изведувачи на зградите кои се срушија како кули од карти во Турција се уапсени овие денови по катастрофалниот земјотрес кој одзеде над 41 илјада жртва. Меѓу нив не е еден човек чие видео денеска турските медиуми го пренесуваат во текот на целиот ден. Илјадници згради беа срамнети со земја, но не и зградите на овој изведувач и сопственик на градежна фирма. Зборувајќи пред една негова зграда која го издржала потресот, вели: „Додека ги градев зградите ми пишуваа стотици казни, бидејќи моите згради не беа „фенси“, сега ми ѕвонат и ми кажуваат: „Ќе ти дадеме медал, се срушија овие „фенси“ зградите“, вели тој. Потоа додава дека неговите столбови се изградени без штедење и на солиден начин, за разлика од останатите изведувачи и фирми во тој регион. Инаку најмалку 26 лица се уапсени и се сомничат за недостатоци при градењето на зградите кои се урнаа во земјотресот минатиот понеделник.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nitu-edna-negova-zgrada-ne-e-srushena-vo-zemjotresot-ovoj-investitor-otkri-vo-shto-bila-tajnata-dodeka-gradel-bil-kaznuvan-stotitsi-pati/feed/ 0
„Глобалниот деловен гигант – групацијата ТРАФИГУРА, мега инвеститор и во Македонија???“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/globalniot-deloven-gigant-grupacijata-trafigura-mega-investitor-i-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/globalniot-deloven-gigant-grupacijata-trafigura-mega-investitor-i-vo-makedonija/#respond Thu, 13 Jan 2022 09:38:42 +0000 https://kurir.mk/?p=618753

Групацијата Трафигура е една од водечките светски, независни трговски, логистички и производни компании во секторот на „commodities“ или природни суровини и производи. Како мултинационален конгломерат, групацијата има развиена мрежа од свои компании во 48 земји на сите континенти од Земјината топка. Трафигура е и клучен инвеститор во проектната компанија Еуромакс Ресоурцес (регистрирана во Канада и јавно листирана на Берзата во Торонто „TSX") која повеќе години го развива Проектот за современ рударски комплекс на бакар „Иловица-Штука" во југоисточниот регион на нашата држава. Неодамна, Групацијата Трафигура го објави годишниот извештај за финансиската година 2021, кој покажува рекордно високи резултати и одлична подготвеност за уште позасилен иден развој. Вкупниот промет, тргуваниот волумен, приходите и чистиот профит во 2021, се највисоки во нивната историја со што се демонстрира структурна и квалитативна конзистентност на деловните и финансиските показатели. Вкупните приходи се зголемени за 57 проценти во однос на 2020, и изнесуваат 231,3 милијарди долари (што е за цели 16 пати поголем износ од нашиот БДП!), а нето профитот е скоро дуплиран од минатогодишниот, со 3,1 милијарди долари. Како резултат на ваквата впечатлива профитабилност, нивната капитална вредност порасна за 36 проценти или на 10,6 милијарди долари, што ја потврдува стабилноста и снагата на нивниот деловен и финансиски модел подржан со транспарентна финансиска комуникација и извонредно активна програма за заштита на екологијата , социјалните аспекти и успешното управување. Г-дин Џереми Веир, извршен претседател и главен извршен директор на Трафигура, забележува: „Нашите резултати во 2021 повторно поставија нови рекордни нивоа во смисла на трговскиот волумен како и во севкупната профитабилност. Горд сум дека постигнавме и одличен напредок во понатамошното диверзифицирање на нашиот бизнис со што добивме уште поважна улога во глобално подржаниот процес на транзиција кон чиста или ‘зелена’ енергија... Ова беше уште една година на сериозни мерки за закрепнување на глобалната економија од последиците на пандемијата со КОВИД19, каде се соочивме со сета фрагилност на глобалните синџири за снабдување во услови кога побарувачката нагло порасна додека логистиката и снабдувањето мака мачеа да обезбедат барем минимум од потребниот сервис за светската економија . Во вакви комплицирани услови на глобално ниво, Трафигура успеа да задржи континуиран квалитет и сигурност во функционирањето и набавувањето  на неопходните суровини, производи и специјализираните услуги за постојано растечкиот број на наши деловни партнери , на сите континенти...“ Групацијата имаше впечатливо успешен старт на новиот сектор за „Обновлива Енергија" со нови инвестиции во обновливи извори и минерални суровини кои ќе бидат апсолутно неопходни во процесот на транзиција кон чиста енергија и продолжува со засилени инвестиции во пристапот кон управувањето со екологијата и социјалните аспекти диверзифицирано во сите нивни дејности. За таа цел  воспоставија специјално посветен „ESG Commitee“ (Enviromental, Social, Governance) во рамките на нивниот Одбор на Директори , со кој лично претседава извршниот претседател и главен извршен директор , г-дин Џереми Веир. Овие години, секторот за чиста и обновлива енергија , конечно призна дека револуционерната транзиција мора да се ослони на современото и одржливо рударство , односно обезбедување на доволни количини минерали и метали за да се изградат и функционираат соларните панели, турбините на ветер и моќните батерии за електричните возила и „складирање" на енергијата . Справувањето со овој предизвик, ќе биде клучен елемент за да се избегне еколошката катастрофа за човештвото доколку и понатаму главно се ослонуваме на енергијата од фосилните извори. Напредниот свет сẻ појасно го согледува круцијалното значење на развојот на современото, одржливо рударство со научно-технолошко минимизирање на можните негативни влијанија врз животната средина и еко системот на планетата. Драги пријатели, во изминативе денови сите си испочеститавме Нова Година, Божиќни празници, домашни слави и имендени, со безбројни повторувања на истите фрази, зборови и пораки си посакавме добро здравје, среќа и успеси во животот. Од друга страна пак, бруталната реалност на животот безпоштедно нẻ бомбардира со десператни информации, анализи и статистики за здравствените проблеми со долготрајната пандемија, за економската и енергетска криза, ладните радијатори, загадениот воздух, води и почва, за секојдневното покачување на цените на сẻ и сешто, евидентната сиромаштија, за незапирливото иселување од земјава кон економски развиениот свет... Се научивме ли да живееме така? Се помиривме ли со тоа? Нели ви врие во желудникот безизлезноста. По природа сум непомирлив и верувам дека во секој од нас демне желбата, како предатор да нападне и загрми – за подобро, СЕГА и ВЕДНАШ. Сите сме свесни за потребата од неодложни промени, но тие одат бавно и кога се големи чинат многу. Се повторуваме дека за тоа неопходни се итни инвестиции во нашата држава. Но и со ова сознание дозволуваме инвеститорите, оние големи конгломерати кои се веќе присутни и имаат изработено проекти за да инвестираат кај нас, некој неодговорно се обидува да ги избрка. Во нашиот случај се неколкумина локални "политичари-активисти" што упорно шират омраза, го сатанизираат во јавност инвеститорот и го третираат како опасна "терористичка" организација. Со безкрајните игри и одолговлекувања , неразумно ги тераме да дигнат раце од инвестицијата во овој мега Проект како и од другите потенцијални стратешки проекти во нашата држава кои сосема извесно, за многу краток период би можеле да направат вистински позитивен економски и социјален прогрес! Кој ќе ја понесе одговорноста доколку „успееме" да ја присилиме Групацијата Трафигура да покрене легитимна постапка за заштита на своите права како странски инвеститор , односно да ја активира веќе одамна подготвената меѓународна арбитражна процедура пред „Интернационалниот Центар за Заштита на Инвестициони Спорови " (ICSID) или „ad hoc“ Судот воспоставен во согласност со арбитражните правила на - Комисијата за Меѓународно Трговско Право на Обединетите Нации (UNCITRAL)? Најеминентни меѓународни правни експерти за вакви арбитражни спорови, апсолутно се сигурни дека во овој случај постапката финално ќе резултира позитивно за инвеститорот . Со оглед на планираната долгорочна функционалност на овој Проект, искуствено би се очекувало огромно отштетно финансиско побарување кон нашата држава (веројатно над една милијарда долари!), кое ќе треба сите ние но и нашите поколенија да го отплаќаме. Треба да бидеме рационално свесни дека и самиот чин на евентуално покренување на ваков високо профилен арбитражен спор, гласно ќе одекне во деловните и финансиски кругови во светот  и дефинитивно ќе ја „патосира“ репутацијата на нашата земја и ќе ја маркира на светската мапа како непосакувана и тотално несигурна дестинација за големите странски инвестиции! Искрено се надевам дека никогаш нема да дојде до остварување на ова црно сценарио. Сите ние, граѓаните на Македонија, имаме насушна потреба и од позитивни и оптимистички вести за реално посветла и прогресивна иднина... сẻ уште се надеваме конечно да видиме и чуеме за РЕШЕНИЈА, за акција и дела кои сега и веднаш ќе нẻ извлечат од досегашната депресивна фаза на живуркање и преживување. Д-р Живко Груевски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/globalniot-deloven-gigant-grupacijata-trafigura-mega-investitor-i-vo-makedonija/feed/ 0
Вест Бромвич на продажба: Интерес од 6 инвеститори, сопственикот бара 150 милиони фунти https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vest-bromvich-na-prodazba-interes-od-6-investitori-sopstvenikot-bara-150-milioni-funti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vest-bromvich-na-prodazba-interes-od-6-investitori-sopstvenikot-bara-150-milioni-funti/#respond Mon, 30 Nov 2020 10:05:22 +0000 https://kurir.mk/?p=436219

Премиерлигашот Вест Бромвич може да ја смени сопственоста. Шест потенцијални инвеститори се заинтересирани за купување на клубот. Претставниците на клубот веќе разговарале со тројца потенцијални купувачи, од кои двајца од Соединетите Американски Држави, објави „Дејли мејл“. Кинескиот бизнисмен Гуочуан Лај, кој е сопственик на Вест Бромвич, сака да добие 150 милиони фунти за продажба на клубот, но поради последиците од пандемијата на коронавирусот, тој може да го продаде тимот и за 100 милиони фунти. Лај го купи Вест Бромвич во 2016 година за околу 200 милиони фунти. Вест Бром е 17. во Премиер лигата со 6 бода по 10 одиграни натпревари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vest-bromvich-na-prodazba-interes-od-6-investitori-sopstvenikot-bara-150-milioni-funti/feed/ 0
Инвеститорот на „Космос” сам признал дека градел спротивно на законот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/investitorot-na-kosmos-sam-priznal-deka-gradel-sprotivno-na-zakonot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/investitorot-na-kosmos-sam-priznal-deka-gradel-sprotivno-na-zakonot/#respond Mon, 10 Sep 2018 09:33:25 +0000 https://kurir.mk/?p=98792

Во Кривичен суд во тек е доказна постапка за рочиштето за Т.Н.Т - „Космос" на Фијат Цаноски, на кое што се репродуцира ДВД од собраниската надзорна расправа на комисијата за транспорт, врски и екологија од октомври-ноември 2011. Тогашниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, на седницата ги објаснува огромните отстапувања од градежниот план што ги констатирала инспекцијата. Инвеститорот започнал да гради пред да го добие официјалниот документ од општината. -Со котата на водата се манипулира. Инвеститорот сам признава дека градел спротивно, затоа и бара измена на планот инаку зошто би барал? Во барањето за измена тој вели "Јас градам спротивно зошто ми се појавија подземни води", рекол Тони Трајковски на седницата од 2011 година. Од страна на инвеститорот не била почитувана и динамиката за плаќање на комуналиите. На седницата бил присутен и екс-градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кој изјавува дека Градот Скопје се договорил со инвеститорот за плаќање на комуналиите за земјиштето на 24 еднакви рати. Инвеститорот платил само две. Градот секогаш презема обврски согласно законот за земјиште и затоа ја активирал хипотеката на инвеститорот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/investitorot-na-kosmos-sam-priznal-deka-gradel-sprotivno-na-zakonot/feed/ 0