инвеститори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 21 Feb 2023 10:06:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инвеститори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бесими: Подготвени сме за издавање на еврообврзница, инвеститорите имаат доверба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-podgotveni-sme-za-izdavane-na-evroobvrznitsa-investitorite-imaat-doverba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-podgotveni-sme-za-izdavane-na-evroobvrznitsa-investitorite-imaat-doverba/#respond Tue, 21 Feb 2023 10:06:55 +0000 https://kurir.mk/?p=803079

Министерството за финансии е подготвено и може веднаш да излезе на меѓународниот пазар со издавање на еврообврзницата, штом во Собранието заврши процедурата за избор на министер за правда. Очекувам и следната аукција да биде успешна. Зад овој процес стои конзорциум на банки со кои 20 години земјата реализира успешно издавање на еврообврзници, а постои и интерес од инвеститорите што учествуваа на аукцијата на 9 март повторно да учествуваат. Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување во 24 Анализа. Повторената аукција, како што рече министерот, не повлекува финансиски трошок, бидејќи тоа е во рамки на договорот што го има земјата со конзорциумите банки, кои во овој процес не следат 20 години. „Штом се избере министер за правда, ние сме подготвени следниот ден да настапиме на пазарот, зависно од оценките на банките кои ќе посочат кои се добри позиции. И следната трансакција ќе биде успешна. Инвеститорите покажуваат интерес повторно да се јават. Ние издаваме познат производ за нив, не доцниме со исплати и тоа и е познато на нив. Нема нови трошоци за повторената постапка, додека каматата ја пазарот“, рече министерот Бесими. Тој потенцира дека каматната стапка ќе го одреди и износот на кој ќе биде издадена Еврообврзницата. „Ние имавме плафон на 800 милиони евра и одлучивме да издадеме Еврообврзница од 600 милиони евра за да ги платиме обврските кон странство, односно еврообврзницата што доспева во јуни од 450 милиони и каматите околу 30 милиони за истата, како и други заеми што доспеваат кон странство. Идејата беше тоа што ќе го обезбедиме со Еврообврзница да платиме она што е обврска кон странство. Доколку каматата е над 7 проценти и повеќе, може да се разгледа опцијата да се издаде Еврообврзница само на 500 милиони евра, па во текот на годината да се видат повторно условите, односно доколку се олабават каматите, затоа што се очекува во втората половина од годината инфлацијата да се намали и растот да се зголеми, но имаме многу непознати и никој не знае што ќе се случи во Украина“, истакна министерот Бесими. Појаснувајќи ја постапката поради која ќе се повтори аукцијата за издавање на еврообврзница, рече дека тоа е поука и најави дека ќе се предложат законски измени со кои нема да се потпишува мислењето само од министер за правда, туку тоа да може да биде и друг член од Владата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-podgotveni-sme-za-izdavane-na-evroobvrznitsa-investitorite-imaat-doverba/feed/ 0
Инвеститори од Катар се подготвени да платат околу пет милијарди долари за Манчестер јунајтед https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/investitori-od-katar-se-podgotveni-da-platat-okolu-pet-milijardi-dolari-za-manchester-junajted/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/investitori-od-katar-se-podgotveni-da-platat-okolu-pet-milijardi-dolari-za-manchester-junajted/#respond Sat, 18 Feb 2023 08:39:41 +0000 https://kurir.mk/?p=802020

Сопственикот на „Катар Исламска банка“, една од најголемите банки во Катар, шеикот Џасим бин Хамад Ал Тани е подготвен да плати 4,82 милијарди долари за Манчестер јунајтед, објавија некои медиуми во Велика Британија. Претходно се дозна дека купувањето на англиски клуб може да биде рекорд во историјата на спортот. Моменталниот рекорд е 4,5 милијарди долари платени за купување на НФЛ тимот на Денвер Бронкос. Шеикот Џасим, син на поранешен катарски премиер, стана навивач на Манчестер јунајтед во 1992 година кога имал 10 години и вели дека ќе инвестира во машките и женските тимови, како и во обновата на стадионот, тренинг-базата и околината на „Олд Трафорд“. Оваа сезона Манчестер јунајтед има 46 бодови од 23 кола и се наоѓа на 3. место во табелата во Премиер лигата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/investitori-od-katar-se-podgotveni-da-platat-okolu-pet-milijardi-dolari-za-manchester-junajted/feed/ 0
Русија ги намалува можностите за инвеститорите од „непријателските држави“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-gi-namaluva-moznostite-za-investitorite-od-neprijatelskite-drzavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-gi-namaluva-moznostite-za-investitorite-od-neprijatelskite-drzavi/#respond Mon, 08 Aug 2022 15:02:56 +0000 https://kurir.mk/?p=715731

Руската централна банка денеска објави серија мерки насочени за спречување на инвеститори од „непријателските“ земји преку погодностите предвидени за вложувачите од „пријателските држави“, да продолжат да тргуваат на Московската берза. Московската берза минатата седмица соопшти дека по речиси полгодишна пауза ќе им овозможи на клиентите од пријателските држави или од оние земји што не воведоа санкции против Русија, да почнат да тргуваат. Но, подоцна беше истакнато дека тоа ќе се однесува исклучиво на пазарот на деривати, а не на главниот пазар на акции, без да се појасни кога ќе биде дозволен поширок пристап. Аналитичарите сметаат дека одложувањето е делумно последица на загриженоста дека инвеститори од САД, ЕУ и Велика Британија би можеле да ги искористат поволностите предвидени за пријателските земји, за на „задна врата“ да влезат на берзата и да продолжат да тргуваат со акциите што се во нивна сопственост. Централната банка денеска соопшти дека на шест месеци ги блокира руските депозитории и регистри во извршувањето трансакции врзани за хартии од вредност добиени од странски партнери, вклучувајќи ги тука и пријателските земји. Регулаторот соопшти дека било забележано брокери да нудат опција за купување хартии од вредност од државјани на странски земји, а потоа да ги пренесуваат во рускиот депозиториум, што е опишано како ризичен потез, „без гаранции за очекуван финансиски исход“. Западните санкции го ограничија пристапот на Русите на глобалните берзии на акции, додека противмерките на Москва значат забрана на пристап на странци во продажба или купување руски акции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rusija-gi-namaluva-moznostite-za-investitorite-od-neprijatelskite-drzavi/feed/ 0
Триесет проценти од германските инвеститори би ја напуштиле земјава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/trieset-procenti-od-germanskite-investitori-bi-ja-napushtile-zemjava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/trieset-procenti-od-germanskite-investitori-bi-ja-napushtile-zemjava/#respond Wed, 15 Jun 2022 19:03:27 +0000 https://kurir.mk/?p=691382

Триесет проценти од странските инвеститори или скоро една третина од германските компании би ја напуштиле државата и би го префрлиле својот бизнис од Македонија во друга држава. Криминалот и корупцијата, неефикасната јавна администрација и нефуинкционалниот едношалтерски систем се најголемите пречки за работа во земјава. Ова се дел од заклучоците на новата анкета спроведена од македонско=германското стопанско здружение за деловната клима во земјава - анкетата покажала и дека инвеститорите имаат проблем со правната несигурнос, политичката нестабилност и инфраструктурата. Резултатите од анкетата која денеска беше презентирана покажала и дека има тренд на опаѓање на фирмите кои повторно би инвестирале во државата. Трговската размена меѓу Македонија и Германија надминува 4.7 милијарди евра, а извозот е тројно поголем од увозот. Во Македонија има околу 200 компании со германски капитал кои вработуваат околу 20.000 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/trieset-procenti-od-germanskite-investitori-bi-ja-napushtile-zemjava/feed/ 0
Градоначалникот Стефковски на средба со инвеститори од Словенија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-stefkovski-na-sredba-so-investitori-od-slovenija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-stefkovski-na-sredba-so-investitori-od-slovenija/#respond Thu, 17 Mar 2022 12:25:16 +0000 https://kurir.mk/?p=648860

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денес 17.03.2022 година, во просториите на општина Гази Баба оддржа средба со потенцијални инвеститори од Словенија. За средбата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: „Во просториите на општина Гази Баба оддржав средба со преставници од индустриски капацитети од Словенија на кои им го презентиравме индустрискиот потенцијал на општина Гази Баба. Како градоначалник заедно со администрацијата во следниот период во рамки на општината ќе создаваме позитивна бизнис клима преку која ќе обезбедиме инвестиции кои ќе создадат отворање на нови работни места“, напиша Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gradonachalnikot-stefkovski-na-sredba-so-investitori-od-slovenija/feed/ 0