инвестиции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 07 Aug 2023 09:33:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инвестиции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски за МИА: Нови 427 апликации на компании за поддршка на инвестиции, тоа значи и нови работни места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-mia-novi-427-aplikatsii-na-kompanii-za-poddrshka-na-investitsii-toa-znachi-i-novi-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-mia-novi-427-aplikatsii-na-kompanii-za-poddrshka-na-investitsii-toa-znachi-i-novi-rabotni-mesta/#respond Mon, 07 Aug 2023 09:33:37 +0000 https://kurir.mk/?p=864146

Премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за МИА, истакна дека годинава се пристигнати рекордни, вкупно 427 апликации на исто толку компании за поддршка преку Законот за финансиска поддршка на компаниите, а склучени се 294 нови договори со планирани инвестиции од 365,9 милиони евра, што е тројно повеќе од оние планирани во 2022 година „Без нови инвестиции, нема раст на економијата. За нас се еднакво важни, како домашните така и странските инвестиции. По рекордните бројки на највисоката финансиска поддршка за најголем број компании во изминативе пет години која ја обезбедивме минатата година и годинава продолжуваме со маркирање на рекорден интерес за сетот мерки кои ги обезбедуваме преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Предвидено е повеќе од тројно зголемување на новите работни места, кои е планирано да се отворат со инвестициите во рамките на новите договори. Па така, за цело времетраење на проектите предвидени се нови 4.439 работни места. Наш врвен приоритет е создавање на поволен деловен амбиент за компаниите, поттикнувајќи ја долгорочната економска стабилност. Инвестициите се од витално значење за стопанството, бидејќи го поттикнуваат економскиот раст, создаваат нови можности за работа, ги стимулираат иновациите, продуктивноста и конкурентноста, а сето тоа значи раст на производството и повисок животен стандард за граѓаните", рече Ковачевски. Премиерот одговарајќи на новинарското прашање за МИА, во однос на дејностите на компаниите кои покажуваат најголем интерес за инвестииции согласно овој Закон, рече дека, најголем број од компаниите се од областа на дрвната индустрија, мебел, печатници и производи од хартија, потоа метало-машинската индустрија, производи од лим, алуминиум, стакло, како и прехрамбено-преработувачката индустрија, но има и од текстилна, кожарско-преработувачка индустрија, потоа информатичко-комуникациската индустрија, фармацевтската и хемиската индустрија. „Рекордниот број апликации се резултат на зголемената доверба на компаниите кои препознаваат партнер во Владата. И годинава ќе продолжиме да имплементираме политики кои ќе носат повеќе пари за граѓаните, инвестиции во нови инфраструктурни проекти, поддршка на домашни и странски компании, што се заедно ќе придонесе и кон зголемување на средствата во буџетот и враќање на парите на граѓаните со што влијаеме за создавање на посилна економија и просперитетна држава", заклучи Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-mia-novi-427-aplikatsii-na-kompanii-za-poddrshka-na-investitsii-toa-znachi-i-novi-rabotni-mesta/feed/ 0
Тајванската корпорација „Јагео“ влегува во Македонија – отворање нови 3.900 работни места и инвестиција над 200 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tajvanskata-korporatsija-jageo-vleguva-vo-makedonija-otvorane-novi-3-900-rabotni-mesta-i-investitsija-nad-200-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tajvanskata-korporatsija-jageo-vleguva-vo-makedonija-otvorane-novi-3-900-rabotni-mesta-i-investitsija-nad-200-milioni-evra/#respond Tue, 18 Apr 2023 13:27:38 +0000 https://kurir.mk/?p=825007

Отворање на 3. 900 работни места и вкупна инвестиција од 205 милиони евра за десет години, предвидува досега најголемиот инвестициски договор што денеска во Тајпеј го потпишаа директорот на Дирекцијата за технилошко – индустиски развојни зони, Јован Деспотовски и првите луѓе на тајванската корпорација “Јагео“, Позитивните искуства од Кемет електроникс, која во 2020 беше купена, а лани и официјално преземена од групацијата Јагео, биле е дна од причините Македонија да биде избрана како инвестициска дестинација меѓу неколку земји во регионот, рече главниот извршен директор на Јагео, Дејвид Ванг. Направивме многу истражувања, но главната причина за нас да ја донесеме конечната одлукакако групација беше 10 годишното искуство исто така и позитивниот однос и поддршка на Владата. Тоа се двата најважни фактори за нас, стабилноста на државата и квалитетната работна сила „ Два производствени капцитети ќе се градат во Скопје , првиот во јули догодина, а потоа во втора фаза и во Штип, изјави Дејвид Ванг, главен изврешн директор на “Јагео“. „Јагео“ планира производство на резервни делови и компоненти за електрични возила , како и софистицирана опрема за зелени технологии, но и развојни и истражувачки проекти во соработка со македонските универзитети. Или се заедно – според директорот на ТИРЗ – најголема гринфилд инвестиција во технологии на 21 век. Македонија станува дел од светската мапа. Потпишувањето на договорот во видео обраќањ го поздрави и Со над 40 000 вработени, тајванската корпорација Јагео е еден од нејголемите снабдувачи со делови и електроника за автомобилксата индустрија , електронски компоненти за новите зелени технологии, 5Г телекомуникации, медицината, одбраната. На три континети има 49 производни капцитети и 20 центри за истражување и развој, изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/tajvanskata-korporatsija-jageo-vleguva-vo-makedonija-otvorane-novi-3-900-rabotni-mesta-i-investitsija-nad-200-milioni-evra/feed/ 0
Лондон најави пет милијарди фунти нови инвестиции во одбраната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-najavi-pet-milijardi-funti-novi-investitsii-vo-odbranata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-najavi-pet-milijardi-funti-novi-investitsii-vo-odbranata/#respond Mon, 13 Mar 2023 07:18:56 +0000 https://kurir.mk/?p=811158

Британскиот премиер Риши Сунак најави дека во контекст на „новите закани од Русија и Кина“ Обединетото Кралство ќе инвестира дополнителни пет милијарди фунти (5,6 милијарди евра) во својата одбрана. Според владино соопштение, дополнителните пет милијарди фунти ќе му бидат доделени на Министерството за одбрана во следните две години. Идејата е „да се обноват и зголеми резервите на муниција, да се модернизира (основата за) нуклеарните активности на Британија и да се финансира следната фаза од програмата за подморници AUCUS“. Британскиот парламентарен комитет минатата недела предупреди дека залихите на муниција во кралството се опасно ниски, што според него ја загрозува националната безбедност. Секретарот за одбрана Бен Валас изрази слична загриженост во јануари. - Во време кога светот станува понестабилен, а конкуренцијата меѓу земјите е поинтензивна, Обединетото Кралство мора да биде подготвено да се спротивстави, рече Риши Сунак, се вели во соопштението.. „Преку долгорочно инвестирање во нашите вооружени сили, ќе бидеме подготвени да одговориме на денешните и утрешните предизвици“, рече Сунак, кој ја започнува посетата на САД, каде што се очекува да биде потпишан договор за подморниците AUCUS со Австралија и САД. Во коминикето се наведува дека Велика Британија одлучила да го обнови својот „стратешки преглед“ на одбраната „со цел да одговори на новите геополитички закани, нелегалната инвазија на Русија на Украина, економската принуда од Кина и зголемената конкуренција меѓу државите“. Премиерот Сунак, исто така, изрази аспирација „на долг рок да ги зголеми трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-najavi-pet-milijardi-funti-novi-investitsii-vo-odbranata/feed/ 0
Германија субвенционира проекти во странство поврзани со водородот во вредност од 550 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-subvencionira-proekti-vo-stranstvo-povrzani-so-vodorodot-vo-vrednost-od-550-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-subvencionira-proekti-vo-stranstvo-povrzani-so-vodorodot-vo-vrednost-od-550-milioni-evra/#respond Tue, 15 Nov 2022 14:59:53 +0000 https://kurir.mk/?p=761024

Германија најави дека со 550 милиони евра во странство ќе субвенционира проекти поврзани со користење на водород како извор на енергија. – Водородот е голема надеж и клучна технологија кога станува збор за замена на фосилните горива во индустријата со обновливи облици на енергија, изјави денеска германската министерка за развојна помош Свења Шулце на Конференцијата на ОН за заштита на климата (КОП27), која се одржува во египетското одморалиште Шарм ел- Шеик. Штефан Венцел од германското Министерство за економија прецизираше дека планираните 500 милиони евра субвенции треба да привлечат приватни инвеститори. – Се надеваме дека субвенциите би можеле да привлечат до пет милијарди евра инвестиции во овој обновлив извор на енергија, рече Венцел во обраќањето пред учесниците на конференцијата за климата. Шулце посочи дека многу земји во развој имаат елементи како што се ветерот или сончевата енергија кои се потребни за енергетско интензивно производство на водород и затоа треба да бидат поддржани. – Многу земји во развој имаат идеални услови за производство на водород, но во исто време постои опасност да бидат исклучени од процесот на формирање на енергетската иднина, заклучи германската министерка задолжена за помош на земјите во развој. Фондот за субвенционирање за стимулирање на производството на водород е поделен на 250 милиони кои треба да се искористат за поттикнување на производството и 300 милиони за стимулирање на потрошувачката на водород и изградба на потребната инфраструктура. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-subvencionira-proekti-vo-stranstvo-povrzani-so-vodorodot-vo-vrednost-od-550-milioni-evra/feed/ 0
Побједа: Русите за четири месеци купиле недвижнини во Црна Гора вредни 20 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pobjeda-rusite-za-chetiri-meseci-kupile-nedviznini-vo-crna-gora-vredni-20-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pobjeda-rusite-za-chetiri-meseci-kupile-nedviznini-vo-crna-gora-vredni-20-milioni-evra/#respond Thu, 07 Jul 2022 15:06:17 +0000 https://kurir.mk/?p=701854

Со 41,6 милиони евра директни инвестиции, Русија е најголем инвеститор во Црна Гора во првите четири месеци годинава. Половина од сумата, 20 милиони, Русите ја вложиле во купување недвижнини, покажуваат податоците на Централната банка, објави весникот Побједа. За четири месеци годинава во Црна Гора имало вкупно 306,47 милиони евра странски директни инвестиции. Тоа е за 68,4 милиони повеќе, отколку во истиот период во 2021 година. Како што пишува весникот, се чини дека војната што ја водат во Украина, ги наведе Русите да ги зголемат инвестициите во Црна Гора. Па, тие инвестирале 15 милиони повеќе, отколку од јануари до крајот на април минатата година, кога со 25,8 милиони директни инвестиции го зедоа третото место на листата земји што најмногу инвестирале. Русите, според официјалните податоци на Управата за приходи и царина, од 1 февруари до 9 јуни годинава формирале 1.100 фирми во Црна Гора, главно од областа на ИТ. Побједа претходно објави дека Русите се сопственици, или ко-сопственици, на 18.906 недвижнини и 3,9 милиони квадрати земјиште во Црна Гора, во 13 општини. Владата минатиот месец замрзна имот на 34 руски државјани, како дел од санкциите поради инвазијата на земјата врз Украина. Замрзнати се недвижнини во Херцег Нови, Будва, Жабљак. Од почетокот на годинава до крајот на април, од Украина во Црна Гора имало 5,47 милиони евра инвестиции. Најголем дел од парите Украинците ги потрошиле на купување недвижнини – 4,6 милиони, додека во компании и банки инвестирале 594.000 евра. По Русија, најмногу пари во Црна Гора стигнале од Обединетите Арапски Емирати – 40,64 милиони евра. И ОАЕ значително го зголемиле инвестирањето во Црна Гора, во однос на минатата година, кога за четири месеци инвестирале 8,68 милиони. На трето место е Турција со 27,9 милиони евра директни инвестиции. Потоа следуваат Италијаните со 27,2 милиони. На петтата позиција е Швајцарија со 25,5 милиони евра инвестиции. Германија е следна со 25,48 милиони инвестиции. Станува збор за значаен скок на инвестиции од Германија. Минатата година земјата не беше меѓу првите десет по инвестирање во Црна Гора. На листата се најдоа и Србија, САД, Велика Британија, Австрија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pobjeda-rusite-za-chetiri-meseci-kupile-nedviznini-vo-crna-gora-vredni-20-milioni-evra/feed/ 0
Илиеска: Капиталните инвестиции се многу потребни во државава бидејќи тие го придвижуваат цел економски систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-kapitalnite-investicii-se-mnogu-potrebni-vo-drzavava-bidejkji-tie-go-pridvizuvaat-cel-ekonomski-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-kapitalnite-investicii-se-mnogu-potrebni-vo-drzavava-bidejkji-tie-go-pridvizuvaat-cel-ekonomski-sistem/#respond Mon, 21 Mar 2022 21:35:51 +0000 https://kurir.mk/?p=651020

Во вечерашното гостување во дебатната емисија „Анализа 24“ на Телевизија 24, гостување Анастасија Илиеска, од ВМРО-ДПМНЕ, во однос на задолжувањето и пренаменување на капиталните инвестиции таа истакна дека капиталните инвестиции се многу потребни во државата а ситуацијата со задолжувањето е многу тешка и симптоматична поради тоа што задолжувањето во сегашното време на криза скапо ги чини граѓаните. Илиеска забележа дека од 2017-та година до 2021-ва година имаме раст на јавниот долг од 2,4 милијарди евра. - Капиталните инвестиции години наназад ги пренаменуваме со ребаланс на буџетот. Инвестициите се многу потребни во државава, бидејќи тие се нешто што го придвижува цел економски систем и не може постојано да се бега од капиталните инвестиции и да ги пренаменуваме за одредени ставки, кажа Илиеска. Во однос на штедењето од страна на Владата, Илиеска посочи дека не гледа дека некој штеди и дека се однесува разумно во време на криза, бидејќи во првите 2 месеци од оваа нова година од страна на Владата направени се 200,000 евра само за хотелски услуги, 50,000 евра за кафе, 50,000 евра за цвеќиња. Што се однесува на задолжувањето Илиеска потенцираше дека ситуацијата е многу тешка и симптоматична - Ситуацијата е таква поради тоа што сега секое задолжување ќе биде многу поскапо. Потребно беше многу порано да ги резервираме тие средства за да бидат по евтини. Сега со оваа ситуација дополнително со случувањата во Украина, парите на пазарите се многу скапи, кажа Илиеска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilieska-kapitalnite-investicii-se-mnogu-potrebni-vo-drzavava-bidejkji-tie-go-pridvizuvaat-cel-ekonomski-sistem/feed/ 0
Арсовска: Секој еден што се обиде да донесе инвестиција во градот Скопје е добредојден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-sekoj-eden-shto-se-obide-da-donese-investicija-vo-gradot-skopje-e-dobredojden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-sekoj-eden-shto-se-obide-da-donese-investicija-vo-gradot-skopje-e-dobredojden/#respond Thu, 10 Mar 2022 19:53:13 +0000 https://kurir.mk/?p=645121

Секој еден што се обиде да донесе инвестиција во градот Скопје е добредојден. И доколку лидерот на ВМРО ДПМНЕ прокажува проактивност во таа насока мени ми драго. Само на власта тендери и провизии им се вртат низ главата. Тоа не е реалноста. Реалноста е дека во овие 120 дена, никој од економските ресори од владата не пројави проактивност да донесе некаква инвестиција во градот. Ниту се јавил, ниту ме повикал, истакна градоначалничката Арсовска при вечерашното гостување во емисијата Вин Вин на ТВ Телма. Арсовска уште објасни дека владата и економските ресори не се заинтересирани за состојбата во градот. - Кој било од владата да дојдеше да кажеше дека ќе донесе инвестиција во градот Скопје јас ќе го поддржев. Еве на пример министерот за локална самоуправа Милевски, да дојдеше и да кажеше „сакам да донесам инвестиција во градот Скопје“, јас ќе го поддржев. Затоа што тоа е добро граѓаните. Сега во овој момент средства нема и граѓаните го знаат тоа, но тоа не значи дека ние електрични автобуси нема да набавиме. Градот во овој момент со буџет во којшто е задолжен за повеќе од 160 милиони евра, нема средства, меѓутоа има донатори, има фондови и има начини како да се изведе она што треба. И јас сум подготвена со секој еден, па дури и со претставници на Владата да седнам на маса. За жал Владата досега со ниту еден чекор не покажа дека е способна или подготвена за доброто на граѓаните да соработува со локалната самоуправа, во којашто по ничија вина мнозинството е не доаѓа од нивната политичка партија, дополни Арсовска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/arsovska-sekoj-eden-shto-se-obide-da-donese-investicija-vo-gradot-skopje-e-dobredojden/feed/ 0
НАЈГОЛЕМАТА КРИПТО БЕРЗА ВО СВЕТОТ КУПУВА УДЕЛ ВО ФОРБС ЗА 200 МИЛИОНИ ДОЛАРИ – прва крипто инвестиција во медиуми https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najgolemata-kripto-berza-vo-svetot-kupuva-udel-vo-forbs-za-200-milioni-dolari-prva-kripto-investicija-vo-mediumi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najgolemata-kripto-berza-vo-svetot-kupuva-udel-vo-forbs-za-200-milioni-dolari-prva-kripto-investicija-vo-mediumi/#respond Fri, 11 Feb 2022 09:58:19 +0000 https://kurir.mk/?p=630085

Најголемата светска берза за криптовалути Бајненс планира стратешка инвестиција од 200 милиони долари во Форбс, издавачка компанија и списание со традиција од 104 години, објави американската телевизија CNBC. Средствата ќе му помогнат на Форбс да го спроведе планираното излегување на берзата во првиот квартал преку спојување со компанија со посебна намена за аквизиции, или SPAC, која кортира на пазарот, изјавија за американските медиуми извори запознаени со договорот. Бајненс ќе преземе од институционалните инвеститори половина од обврските од 400 милиони долари, најавени од Форбс во август, рекоа извори на CNBC, кои не сакаа да бидат именувани пред да биде објавена трансакцијата. Тоа Бајненс ќе го направи еден од двајцата најголеми сопственици на Форбс, а оваа издавачка куќа ќе котира на Њујоршката берза под симболот Форбс. Крипто компанијата ќе добие и две места во деветчлениот одбор на директори на Форбс. Овој потег укажува на растечкото влијание на крипто секторот во реалниот свет, кој бележи раст на вредноста и создава нова класа на милијардери, поради глобалниот интерес за дигитални средства. Ова е прва голема инвестиција на една крипто компанија во традиционален медиум во Соединетите Држави. Форбс пред еден век беше основан од дедото на главниот уредник и двократен претседателски кандидат, Стив Форбс. Во 2014 година, издавачката куќа продаде 95 отсто од акциите во „Integrated Vale Media“, со седиште во Хонг Конг, за 475 милиони долари. Форбс е познат по годишното рангирање на најбогатите деловни луѓе во светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najgolemata-kripto-berza-vo-svetot-kupuva-udel-vo-forbs-za-200-milioni-dolari-prva-kripto-investicija-vo-mediumi/feed/ 0
Македонија ја губи битката со странските инвестиции во регионот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-ja-gubi-bitkata-so-stranskite-investicii-vo-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-ja-gubi-bitkata-so-stranskite-investicii-vo-regionot/#respond Tue, 08 Feb 2022 13:43:02 +0000 https://kurir.mk/?p=628677

Ограничен потенцијал за трговска размена, нееднаква распределба на придобивките и загубите по ЕУ интеграцијата и неусогласеност во градењето стратегии за привлекување странски директни инвестиции, се само некои од ризиците на Иницијативата за заеднички регионален пазар (ЗРП). Ова го покажува најновата анализа на Finance Think, за предизвиците на ЗРП Иницијативата од перспектива на Македонија, што беше презентирана денеска на онлајн брифинг со новинарите. Според Finance Think, Иницијативата може да се гледа од две перспективи – како регионална соба за чекање за одложена интеграција во ЕУ или како брза трака за економска интеграција која води до членство во ЕУ. Првото претпоставува дека ЗРП е посебен процес и секоја земја е одговорна за својот пат кон ЕУ, додека второто претпоставува комплементарност меѓу ЗРП и ЕУ интеграцијата, како и меѓузависност на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. -Економската димензија претпоставува дека проектот на ЗРП се соочува со објективни предизвици во поглед на ограничен потенцијал за трговска размена во рамките на Западен Балкан, нееднаква распределба на придобивките и загубите по интеграцијата и неусогласеност во градење на стратегии за привлекување на странски директни инвестиции. Тешко е да се аргументира дека ЗРП ќе ја зголеми интрарегионалната трговска размена, имајќи ги предвид опаѓачките тенденции во трговската размена. Учеството на земјите од Западен Балкан во увозот и извозот на Северна Македонија опаднало од 19,5 отсто во 2010 на 11,6 проценти во 2019 година, рече Бојан Србиноски на денешниот онлајн брифинг со новинарите, презентирајќи ја Анализата. Според него, главна улога во дистрибуцијата на придобивките и загубите по интеграцијата, ќе имаат: големината на пазарот, акумулацијата на квалификуван кадар и развојот на инфраструктурата. -Структурните карактеристики на индустриите на земјите од Западен Балкан може да предизвикаат промени во производната структура во регионот во текот на регионализацијата, во корист на поголемите и „опремени“ со квалификувана работна сила, предизвикувајќи регионални дисторзии и можни победници и губитници, посочи Србиноски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-ja-gubi-bitkata-so-stranskite-investicii-vo-regionot/feed/ 0
Македонија последна по странски инвестиции во 2021 година, помалку дури и од Косово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-posledna-po-stranski-investicii-vo-2021-godina-pomalku-duri-i-od-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-posledna-po-stranski-investicii-vo-2021-godina-pomalku-duri-i-od-kosovo/#respond Wed, 01 Dec 2021 17:15:49 +0000 https://kurir.mk/?p=602637

Според Народната банка на РМ, во текот на третиот квартал од 2021 година, вкупните директни инвестиции во земјата бележат нето-приливи од 38,6 милиони евра, како резултат на нето-приливите кај: сопственичкиот капитал (48,4 милиони евра) и реинвестираната добивка (26,2 милиона евра), при нето-одливи кај меѓукомпанискиот долг (од 36 милиони евра). Во периодот јануари-септември 2021 година, вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 285,6 милиони евра, главно како резултат на реинвестираната добивка и сопственичкиот капитал (196,7 милиони евра и 113,2 милиони евра, соодветно), во услови на намалени нето-обврски врз основа на меѓукомпаниски долг (за 24,3 милион евра). Во првите шест месеци, според табелата на Conservative.mk што веќе наголемо се споделува по социјалните мрежи, странските инвестиции се 244 милиони евра (според НБМ изнесуваат 247 милиони), додека во истиот период, Косово бележи 277 милиони евра инвестиции, Албанија 463 милиони, а Србија 1,7 милијарди евра. Македонија беше на последно место според странските инвестиции и минатата година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-posledna-po-stranski-investicii-vo-2021-godina-pomalku-duri-i-od-kosovo/feed/ 0