инвестициски пакет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Jun 2023 19:42:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png инвестициски пакет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Европската комисија покренува инвестициски пакет во вредност од 2,1 милијарди евра за Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropskata-komisija-pokrenuva-investitsiski-paket-vo-vrednost-od-2-1-milijardi-evra-za-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropskata-komisija-pokrenuva-investitsiski-paket-vo-vrednost-od-2-1-milijardi-evra-za-zapaden-balkan/#respond Fri, 30 Jun 2023 19:42:33 +0000 https://kurir.mk/?p=851380

Европската комисија денеска го промовираше новиот финансиски пакет за поддршка на 14 водечки инвестициски проекти во областа на транспортот, енергијата, животната средина, човечкиот капитал и поддршката на приватниот сектор во Западен Балкан, во вредност од 2,1 милијарди евра. Како што се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Европската комисија, тоа е петти инвестициски пакет во рамки на Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан. Проектите се подготвени во тесна соработка со партнерите од Западен Балкан и меѓународните финансиски институции со цел да се забрза европската перспектива на регионот. Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, рече: „Со овој нов инвестициски пакет испраќаме гласна и јасна порака до нашите партнери од Западен Балкан: нивната иднина е во ЕУ и ние правиме постојан напредок за да го затвориме јазот во економскиот развој. Овие проекти подобро ќе го поврзат регионот одвнатре и со ЕУ, ќе помогнат во декарбонизацијата на нивните економии и ќе ја поддржат конкурентноста на приватниот сектор во регионот. Сега, ги повикувам нашите партнери од Западен Балкан и меѓународните финансиски институции да ги реализираат овие проекти што е можно поскоро за граѓаните и бизнисите во регионот да можат да ги искористат придобивките од овие инвестиции“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropskata-komisija-pokrenuva-investitsiski-paket-vo-vrednost-od-2-1-milijardi-evra-za-zapaden-balkan/feed/ 0