ИО – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 18 May 2023 14:26:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ИО – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ќе заседаваат ИО и ЦО на СДСМ, утре средба на Ковачевски со лидерите од владината коалиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-zasedavaat-io-i-tso-na-sdsm-utre-sredba-na-kovachevski-so-liderite-od-vladinata-koalitsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-zasedavaat-io-i-tso-na-sdsm-utre-sredba-na-kovachevski-so-liderite-od-vladinata-koalitsija/#respond Thu, 18 May 2023 14:26:41 +0000 https://kurir.mk/?p=835953

Премиерот Димитар Ковачевски утре во Клубот на пратениците ќе одржи средба со партнерите од владината коалиција, потврдија за МИА од Владата. Станува збор за редовна средба за тековните активности и политички случувања. Во пресрет на утрешната средба, како што информираат од СДСМ, вечер седници ќе одржат Централниот и Извршниот одбор на оваа партија. Од Владата и од СДСМ дополнително ќе информираат за времето на седниците на ЦО и ИО и на средбата на премиерот со коалциските партнери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ke-zasedavaat-io-i-tso-na-sdsm-utre-sredba-na-kovachevski-so-liderite-od-vladinata-koalitsija/feed/ 0
Заврши седницата на ИО на СДСМ: Еве каква одлука донесоа во врска со влез на Алијансата на Албанците во Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-sednitsata-na-io-na-sdsm-eve-kakva-odluka-donesoa-vo-vrska-so-vlez-na-alijansata-na-albantsite-vo-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-sednitsata-na-io-na-sdsm-eve-kakva-odluka-donesoa-vo-vrska-so-vlez-na-alijansata-na-albantsite-vo-vladata/#respond Tue, 31 Jan 2023 21:47:35 +0000 https://kurir.mk/?p=794435

(Интегрален текст од изјавата на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ) Извршниот одбор на СДСМ на денешната седница разговараше за повеќе актуелни прашања, за економските политики на Владата, претседавањето со ОБСЕ, текот на скрининг процесот со ЕУ можноста за проширување на владиното парламентарно мнозинство. Окрупнување на владиното мнозинство, што значи приклучување на нов политички субјект – Алијанса за Албанците, покрај постојните политички партнери. Претседателот на партијата, Димитар Ковачевски, информираше за разговорите со претседателот на Алијанса околу програмскиот дел на можната соработка. Заедничка оценка е дека Алијанса го поддржува концептот за европска Македонија, а со тоа и директно да придонесат кон остварувањето на стратешките, национални и државни интереси за спроведување на реформите и сите потребни чекори за членство во ЕУ преку директно учество. Извршниот одбор едногласно одлучи, партијата да ги продолжи разговорите со Алијанса врз основа на политички и програмски принципи. За понатамошните разговори со Алијанса, ИО на СДСМ одреди Работна група во која покрај претседателот ќе учествуваат и: Миле Зечевиќ – генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски – член на Централниот одбор и Јован Митрески – координатор на ПГ на СДСМ. Нашата одговорност пред граѓаните е да ја обезбедуваме иднината на државата, економскиот стандард, подобар живот за сегашните и идните генерации. Оттука, соработката со Алијанса ќе биде додадена вредност за граѓаните и државата, особено во однос на: Унапредување на владеењето на правото и борбата против корупцијата, Забрзан економски развој и напредок на државата. Зголемување на ефикасноста на Собранието со цел побрзо носење на одлуки за подобрување на животниот стандард на граѓаните, справување со енергетската и економската криза, реформските закони од ЕУ агендата. Поголема поддршка на стратешкото партнерство со САД и унапредување на добрососедските односи. Зголемување на парламентарното мнозинство. Чекор напред за проширување на сојузот за поддршка на членството во ЕУ со сите реформи, чекори и потребни одлуки. Јасна диференцијација од двете политички партии во Собранието кои се против ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Кадровско зајакнување и освежување. Стабилност неопходна во клучен период во однос на глобалните случувања. Можност за соработка на локално ниво во општините и советите со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните. На сите наши граѓани, и на Македонците им треба визијата за 2030 година, членство во ЕУ, подобар живот и добросостојба, еднакви со граѓаните на земјите членки на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-sednitsata-na-io-na-sdsm-eve-kakva-odluka-donesoa-vo-vrska-so-vlez-na-alijansata-na-albantsite-vo-vladata/feed/ 0
ИО на СДСМ одржува седница, меѓу темите можното проширување на владината коалиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/io-na-sdsm-odrzhuva-sednitsa-megu-temite-mozhnoto-proshiruvane-na-vladinata-koalitsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/io-na-sdsm-odrzhuva-sednitsa-megu-temite-mozhnoto-proshiruvane-na-vladinata-koalitsija/#respond Tue, 31 Jan 2023 18:33:20 +0000 https://kurir.mk/?p=794387

Извршниот одбор на СДСМ вечерва одржува седница, на која меѓу темите е можното проширување на владината коалиција. На седницата на ИО, како што потврдија од партијата, ќе стане збор и за актуелни состојби и мерки. Како дел од активностите за евентуално зголемување на владејачкото мнозинство, во Владата денеска се одржа средба на премиерот Димитар Ковачевски со лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари, на која, како што изјави Таравари, биле синхронизирани 90 проценти од програмските определби, но за кадровските решенија воопшто не разговарале. Таравари рече дека влегувањето на АА во владиниот кабинет не е дефинитивно, но оти шансите за тоа се огромни. Од Владата, пак, преку соопштение информираа дека работните состаноци на премиерот со парламентарните и вонпарламентарните политички партии, на кои фокусот е продолжувањето на европскиот пат и носењето одлуки исклучиво во интерес на граѓаните и државата, ќе продолжат и понатаму. Ковачевски и Таравари, како што соопштија, разговарале за повеќе актуелни теми врзани со стратешките определби на државата. -Разговарани беа придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО, отпочнувањето на преговорите со ЕУ со крајна цел полноправно членство во ЕУ како и стратешкото партнерство кое Северна Македонија го има формализирано со Соединетите Американски Држави. Во фокус на разговорите помеѓу премиерот Ковачевски и Таравари беа и неприкосновената борба против корупција во контекст на реформските процеси кои се случуваат во државата, како и процесот на скринингот кој досега успешно се одвива, но и процесот на носење одлуки и реформи кои ќе придонесат до што поскора интеграција на земјата во ЕУ, се посочува во соопштението од средбата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/io-na-sdsm-odrzhuva-sednitsa-megu-temite-mozhnoto-proshiruvane-na-vladinata-koalitsija/feed/ 0