ИОК – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 07:04:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ИОК – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ИОК го суспендираше Олимпискиот комитет на Русија https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/iok-go-suspendirashe-olimpiskiot-komitet-na-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/iok-go-suspendirashe-olimpiskiot-komitet-na-rusija/#respond Fri, 13 Oct 2023 07:04:31 +0000 https://kurir.mk/?p=888333

Олимпискиот комитет на Русија денеска ги призна комитетите на Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, а веднаш потоа следеше жестока реакција од ИОК, кој изрече суспензија на неопределен рок. Суспензијата значи дека Олимпискиот комитет на Русија повеќе нема право да функционира ниту како Национален олимписки комитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/iok-go-suspendirashe-olimpiskiot-komitet-na-rusija/feed/ 0
Ратификувана организацијата на Европските младински олимписки игри Скопје 2025 година https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ratifikuvana-organizatsijata-na-evropskite-mladinski-olimpiski-igri-skopje-2025-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ratifikuvana-organizatsijata-na-evropskite-mladinski-olimpiski-igri-skopje-2025-godina/#respond Sun, 08 Oct 2023 06:23:18 +0000 https://kurir.mk/?p=886503

Со едногласна одлука, Генералното Собрание на Европските олимписки комитети, составено од 50 Национални олимписки комитети, ја ратификуваа одлуката градот Скопје да биде домаќин на 18-те летни Европски младински олимписки игри (20-26 јули 2025 година). Пред да се донесе оваа едногласна одлука, претседателот на МОК, Даниел Димевски и Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го презентираа планот за организација на игрите во однос на спортските објекти, сместувачките капацитети, транспортот и другите фактори кои ќе имат влијание на успешната организација на игрите. Годинава од 23 до 29 јули Европските младински олимписки игри се одржаа во Марибор, Словенија. Првото вакво натпреварување се организираше во Брисел, Белгија, од 12 до 21 јули 1991 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ratifikuvana-organizatsijata-na-evropskite-mladinski-olimpiski-igri-skopje-2025-godina/feed/ 0
ИОК препорача враќање на руските и белоруските спортисти на светските натпревари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/iok-preporacha-vrakane-na-ruskite-i-beloruskite-sportisti-na-svetskite-natprevari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/iok-preporacha-vrakane-na-ruskite-i-beloruskite-sportisti-na-svetskite-natprevari/#respond Wed, 29 Mar 2023 05:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=817518

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) препорача повторно вклучување на руски и белоруски спортисти во меѓународните натпревари, под неутрално знаме и во индивидуална конкуренција, под услов тие активно да не ја поддржуваат агресијата против Украина. Препораките на Извршниот комитет на ИОК се однесуваат само на враќање на руските и белоруските спортисти на меѓународните натпреварувања, но не и на Олимписките игри во Париз во 2024 година, за кои ИОК во догледно време ќе донесе одлука. „Учеството на спортисти со руски и белоруски пасош на меѓународни натпревари функционира. Го гледаме речиси секојдневно во голем број спортови, најмногу во тенис, но и во велосипедизам, на некои натпревари во пинг-понг. Го гледаме во хокејот на мраз, ракометот, го гледаме во фудбалот и другите лиги во САД, но и во Европа, а го гледаме и на другите континенти. На ниту едно од тие натпреварувања немаше безбедносни инциденти“, нагласи претседателот на ИОК Томас Бах во своето обраќање на почетокот на состанокот на Извршниот комитет во Лозана. Германската министерка за спорт Ненси Фезер изјави дека препораката на МОК е шлаканица за украинските спортисти. Украина, Полска и балтичките земји веќе подолго време се закануваат со бојкот на Олимписките игри во 2024 година во случај на присуство на руски и белоруски спортисти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/iok-preporacha-vrakane-na-ruskite-i-beloruskite-sportisti-na-svetskite-natprevari/feed/ 0
Меѓународниот олимписки комитет: Олимпијадата не може да спречи војни и конфликти https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/megunarodniot-olimpiski-komitet-olimpijadata-ne-mozhe-da-sprechi-vojni-i-konflikti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/megunarodniot-olimpiski-komitet-olimpijadata-ne-mozhe-da-sprechi-vojni-i-konflikti/#respond Thu, 23 Feb 2023 05:37:39 +0000 https://kurir.mk/?p=803934

Меѓународниот олимписки комитет ќе им дозволи на руските и белоруските спортисти да ја исполнат нормата за учество во следните Летни олимписки игри во Париз преку азиските квалификации, бидејќи им е забрането учество во европските натпреварувања. Во своето соопштение ИОК вели дека Олимписките игри не можат да спречат војни и конфликти и не можат да се справат со сите политички и општествени предизвици на нашиот свет. – Војната во Украина е во доменот на политиката, а Олимписките игри можат да бидат светски пример каде сите би ги почитувале истите правила и едни со други. Тие можат да ја отворат вратата за дијалог и градење мир на начин на кој поделбата не може. Нашата мисија отсекогаш била да промовираме мир преку спортот – соопшти ИОК. Како што е наведено погоре, ИОК останува посветен на таа мисија и обединување на целиот свет во мирно натпреварување. – Потребен е дијалог за да се изгради мир, натпревар во кој се почитува Олимписката повелба може да послужи како катализатор за дијалог, кој секогаш е првиот чекор кон постигнување мир – пренесуваат од Меѓународниот олимписки комитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/megunarodniot-olimpiski-komitet-olimpijadata-ne-mozhe-da-sprechi-vojni-i-konflikti/feed/ 0
Олимписките игри во 2036 ќе се одржат во Африка? https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiskite-igri-vo-2036-kje-se-odrzat-vo-afrika/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiskite-igri-vo-2036-kje-se-odrzat-vo-afrika/#respond Sun, 25 Sep 2022 06:23:30 +0000 https://kurir.mk/?p=737084

Египет ја разгледува кандидатурата за домаќин на Олимписките игри во 2036 година, изјави денеска министерот за млади и спорт Ашраф Соби на состанокот со претставници на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК). „Претседателот Абдел Фатах ал-Сиси даде согласност за кандидатурата на Египет за домаќин на Олимписките игри во 2036 година“, рече Соби. Тој денеска разговараше со претседателот на ИОК Томас Бах. „Египет има силна спортска инфраструктура и ако може да биде домаќин на Олимпијадата, тоа ќе биде историско за него“, рече Бах. Египетските спортски претставници на почетокот на септември објавија дека разговараат со претставници на Грција и Саудиска Арабија за заедничка кандидатура за домаќин на Светското првенство во 2030 година. Во последните три години во Каиро се организираа бројни светски првенства меѓу кои и бепе и ракометниот Мундијал минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiskite-igri-vo-2036-kje-se-odrzat-vo-afrika/feed/ 0
ИОК ги зголеми трошоците за антидопинг програми за речиси шест пати во споредба со последниот олимписки циклус https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/iok-gi-zgolemi-troshocite-za-antidoping-programi-za-rechisi-shest-pati-vo-sporedba-so-posledniot-olimpiski-ciklus/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/iok-gi-zgolemi-troshocite-za-antidoping-programi-za-rechisi-shest-pati-vo-sporedba-so-posledniot-olimpiski-ciklus/#respond Thu, 02 Jun 2022 09:54:54 +0000 https://kurir.mk/?p=685481

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ги зголеми трошоците за медицински и антидопинг-програми за речиси шест пати во споредба со претходниот олимписки циклус. Ова информација е објавена од „Inside the Games“ во врска со финансиските извештаи на организацијата. Конкретно, за периодот од 2017 до 2021 година, вклучително и Игрите во Пјонгчанг, МОК потроши 27,7 милиони долари на овие програми. Од 2013 до 2016 година слични трошоци изнесуваа 4,53 милиони долари. За возврат, ИОК известува дека зголемувањето на трошоците се должи на целосна преоценка на програмите за допинг контрола, вклучително и земајќи ја предвид ситуацијата што настана по Олимпијадата во Сочи 2014 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/iok-gi-zgolemi-troshocite-za-antidoping-programi-za-rechisi-shest-pati-vo-sporedba-so-posledniot-olimpiski-ciklus/feed/ 0
ИОК ја критикуваше идејата Светското првенство да се одржува на секои две години https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/iok-ja-kritikuvashe-idejata-svetskoto-prvenstvo-da-se-odrzuva-na-sekoi-dve-godini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/iok-ja-kritikuvashe-idejata-svetskoto-prvenstvo-da-se-odrzuva-na-sekoi-dve-godini/#respond Thu, 03 Feb 2022 07:18:21 +0000 https://kurir.mk/?p=626210

Претседателот на Обединетото светско борење (UWW), Ненад Лаловиќ, кој ги претставува летните спортови во Извршниот комитет на Меѓународниот олимписки комитет, ја коментираше идејата на ФИФА Светското првенство да се одржува на секои две години. – Сакам да го повторам ставот на Здружението за летни спортови. Предлогот на ФИФА може негативно да влијае на здравјето на спортистите и да ја поткопа издржливоста на другите спортски федерации. Едностраната одлука на ФИФА Светското првенство да се одржува на секои две години и проширувањето на европските лиги може да има сериозни последици не само за фудбалот, туку и за другите спортови. Овие последици не можат да се потценат. Нашето здружение смета дека ФИФА треба внимателно да го разгледа ова прашање и да спроведе глобални консултации со спортската заедница. Фудбалерите веќе практично играат на границата на човечките можности. Клубовите кои повикуваат играчи ќе се соочат со уште поголеми предизвици, рече Лаловиќ на 139. седница на ИОК. УЕФА, Фудбалската конфедерација на Јужна Америка, Премиер лигата и други организации се спротивставија на идејата Мундијал да се одржува на секои две години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/iok-ja-kritikuvashe-idejata-svetskoto-prvenstvo-da-se-odrzuva-na-sekoi-dve-godini/feed/ 0
ИОК може да ги ревидира правилата за прием на Олимпијадата на спортисти кои прележале коронавирус https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/iok-moze-da-gi-revidira-pravilata-za-priem-na-olimpijadata-na-sportisti-koi-prelezale-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/iok-moze-da-gi-revidira-pravilata-za-priem-na-olimpijadata-na-sportisti-koi-prelezale-koronavirus/#respond Tue, 18 Jan 2022 12:17:55 +0000 https://kurir.mk/?p=620749

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) работи на можноста за промена на антиепидемиските правила за спортистите кои неодамна закрепнала од коронавирусот да можат да учествуваат на Игрите во Пекинг. – Разговараме со група медицински експерти за можноста за намалување на интервалот помеѓу тестовите и заминувањето на Игрите. Со тоа ќе се зголеми бројот на учесници на натпреварите. Сите такви ситуации ќе се разгледуваат посебно за да може ИОК и Организациониот комитет Пекинг 2022 да најдат компромис и да направат сЕ што е можно за да дозволат такви спортисти. Но, безбедноста сепак е на прво место за нас, соопштено е на официјалниот сајт на ИОК. Олимпијадата во Пекинг ќе се одржи од 4 до 20 февруари. Ќе се доделат 109 комплети медали во 15 дисциплини. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/iok-moze-da-gi-revidira-pravilata-za-priem-na-olimpijadata-na-sportisti-koi-prelezale-koronavirus/feed/ 0
Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/japonija-pred-dogovor-so-iok-za-organizacija-na-olimpijadata-vo-2030-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/japonija-pred-dogovor-so-iok-za-organizacija-na-olimpijadata-vo-2030-godina/#respond Tue, 04 Jan 2022 16:25:15 +0000 https://kurir.mk/?p=616010

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и јапонските претставници одржаа неформални разговори за да го одобрат Сапоро за главен град на Зимските олимписки игри во 2030 година. Ова го пренесува агенцијата „Кјодо“, повикувајќи се на извори од ИОК. Се известува дека одлуката во корист на Сапоро може да биде донесена пред крајот на годината. Во март ќе се спроведе анкета на локалните жители во префектурата Хокаидо, чии резултати може да влијаат на одлуката на МОК. Во моментов, МОК се соочува со зголемени трошоци за одржување на Олимпијадата, поради што комитетот придава големо значење на користењето на постоечките капацитети и поддршката на локално ниво. Сапоро веќе беше домаќин на Зимските олимписки игри во 1972 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/japonija-pred-dogovor-so-iok-za-organizacija-na-olimpijadata-vo-2030-godina/feed/ 0
Почина поранешниот прв човек на ИОК, Жак Рог https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pochina-poraneshniot-prv-chovek-na-iok-zak-rog/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pochina-poraneshniot-prv-chovek-na-iok-zak-rog/#respond Mon, 30 Aug 2021 15:13:58 +0000 https://kurir.mk/?p=556807

Поранешниот претседател на Интернационалниот олимписки комитет, Жак Рог почина денеска на 79-годишна возраст.
Белгиецот ја водеше најголемата спортска организација од 2001 до 2013 година пред да биде наследен од актуелниот претседател Томас Бах. Тој беше спортист во своите млади години и ја претставуваше својата земја на три Олимпијади во едрење. Олимпиското знаме ќе биде спуштено на половина копје во следните пет дена во куќата на ИОК, „Олимписката куќа“, Олимпискиот музеј и останатите институции на ИОК.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pochina-poraneshniot-prv-chovek-na-iok-zak-rog/feed/ 0