ирак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 07:16:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ирак – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 САД во Израел испратија генерал со големо борбено искуство во Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vo-izrael-ispratija-general-so-golemo-borbeno-iskustvo-vo-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vo-izrael-ispratija-general-so-golemo-borbeno-iskustvo-vo-irak/#respond Tue, 24 Oct 2023 07:16:28 +0000 https://kurir.mk/?p=892388

Генерал полковник на маринскиот корпус на САД, генерал Џејмс Глин, поранешен командант на Командата за специјални операции на Маринскиот корпус, е во Израел за да ги советува израелските одбранбени сили (ИДФ) за нивните тековни операции и пред очекуваната копнена инвазија на Газа, јави Си-Ен-Ен, цитирајќи „добро информиран американски функционер“. Функционерот не сакал да даде детали каков вид совети ќе понуди Глин, но истакнал дека Глин може да го искористи своето децениско искуство за да понуди помош за „поширока слика“ околу конфликтот во Газа. Глин моментално е заменик командант за работна сила и резервни работи, помагајќи во водењето на напорите на службата да регрутира и задржи нови маринци. Тој претходно беше командант на Командата за специјални операции на Маринскиот корпус (MARSOC) и има значително борбено искуство во Ирак. Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби вчера изјави дека администрацијата на Бајден испратила во Израел „неколку релевантни воени офицери“ кои имаат „искуство за кое се верува дека е соодветно за видовите операции што Израел ги спроведува и може да ги спроведе во иднина“. Глин не е највисокиот американски офицер што го посетил Израел по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври. Командантот на американската централна команда, генерал Мајкл „Ерик“ Курила го посети Израел минатата недела и се состана со високи израелски воени лидери, вклучително и началникот на Генералштабот, генерал-полковник Херзи Халеви. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-vo-izrael-ispratija-general-so-golemo-borbeno-iskustvo-vo-irak/feed/ 0
Вашингтон нареди евакуација на дел од персоналот на амбасадата во Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-naredi-evakuatsija-na-del-od-personalot-na-ambasadata-vo-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-naredi-evakuatsija-na-del-od-personalot-na-ambasadata-vo-irak/#respond Sun, 22 Oct 2023 20:51:21 +0000 https://kurir.mk/?p=892043

САД денеска наредија евакуација на дел од персоналот од нивната амбасада во Багдад, главниот град на Ирак, и нивниот конзулат во Ербил, соопшти американскиот Стејт департмент. Наредбата, од петокот, но објавена денеска во соопштение, беше издадена „поради зголемена безбедносна закана за персоналот и интересите на САД“. Во соопштението, исто така, се повикани американските граѓани да не патуваат во Ирак.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vashington-naredi-evakuatsija-na-del-od-personalot-na-ambasadata-vo-irak/feed/ 0
Ирак ги осудува турските воздушни напади во регионот на ирачки Курдистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-gi-osuduva-turskite-vozdushni-napadi-vo-regionot-na-irachki-kurdistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-gi-osuduva-turskite-vozdushni-napadi-vo-regionot-na-irachki-kurdistan/#respond Mon, 02 Oct 2023 11:44:18 +0000 https://kurir.mk/?p=884211

Ирак ги осудува повторените турски воздушни напади, како и присуството на турски бази во регионот на ирачки Курдистан и се надева дека ќе постигне договор со Анкара за решавање на овој проблем, изјави денеска ирачкиот претседател Абдул-Латиф Рашид. -Ирачкиот народ, регионот Курдистан и сите Ирачани ги отфрлаат овие прекршувања, рече Рашид во интервју за државната телевизија Ал-Хадат. Ирачкиот претседател изјави дека понекогаш во такви напади се убивани и цивили, вклучувајќи и посетители во регионот, кои „станале жртви на турските бомбардирања“. Британските медиуми пренесуваат дека не е сигурно дали интервјуто е снимено пред или по турските воздушни напади. Турција вчера соопшти дека извршила воздушни напади во северен Ирак и дека уништила 20 цели на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), откако милитантната група претходно ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Анкара. Претседателот Рашид е член на ирачката курдска партија ПУК, која има блиски врски со Иран и ги критикуваше нападите на Турција во северен Ирак. Рашид кажа дека Багдад се надева дека ќе постигне договор со Анкара за решавање на проблемот на начин сличен на безбедносниот договор што Ирак го потпиша со Иран за справување со иранските курдски сепаратистички групи во регионот на Курдистан. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-gi-osuduva-turskite-vozdushni-napadi-vo-regionot-na-irachki-kurdistan/feed/ 0
Турција ги бомбардира курдските бунтовници во Ирак поради бомбашкиот напад во Анкара https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-gi-bombardira-kurdskite-buntovnitsi-vo-irak-poradi-bombashkiot-napad-vo-ankara/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-gi-bombardira-kurdskite-buntovnitsi-vo-irak-poradi-bombashkiot-napad-vo-ankara/#respond Mon, 02 Oct 2023 06:23:35 +0000 https://kurir.mk/?p=883985

Турското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека ги бомбардирале курдските бунтовници во северен Ирак поради бомбашкиот напад во Анкара, во кој беа ранети двајца турски војници. Курдската работничката парти (ПКК), вооружена група која Турција и западните земји ја сметаат за терористичка, ја презеде одговорноста за самоубиствениот напад. Бомбаш-самоубиец вчера активираше експлозивна направа во близина на Министерството за внатрешни работи во турската престолнина Анкара, неколку часа пред да започне седницата на парламентот по летниот одмор. Полицијата благовремено ги неутрализирала напаѓачите, избегнувајќи поголем инцидент. Во воведниот говор по повод првата седница на Собранието по летната пауза, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оцени дека „терористите кои се обидуваат да го уништат мирот и безбедноста во Турција никогаш нема да успеат“. Нема да дозволиме терористичка организација да ја насочува нашата политика и да го попречува патот на нашата земја“, рече Ердоган. Двајца терористи, кои со мало возило пристигнале пред влезот на Генералната дирекција на полицијата во Анкара, вчера изутрина во 9 часот и 30 минути по локално време извршиле бомбашки напад. Еден од терористите се разнесе во експлозијата, а другиот е неутрализиран. При престрелката, двајца турски полицајци биле полесно ранети.  (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turtsija-gi-bombardira-kurdskite-buntovnitsi-vo-irak-poradi-bombashkiot-napad-vo-ankara/feed/ 0
Обесени тројца осуденици во Ирак за бомбашки напад од 2016 година во кој загинаа 300 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obeseni-trojtsa-osudenitsi-vo-irak-za-bombashki-napad-od-2016-godina-vo-koj-zaginaa-300-litsa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obeseni-trojtsa-osudenitsi-vo-irak-za-bombashki-napad-od-2016-godina-vo-koj-zaginaa-300-litsa/#respond Tue, 29 Aug 2023 07:10:15 +0000 https://kurir.mk/?p=871918

Во Ирак изминативе два дена се обесени три лица, кои биле осудени за учество во бомбашки напад со автомобил во Багдад во 2016 година, во кој загинаа повеќе од 300 лица, а стотици други беа повредени. Бесењето е извршено во неделата или вчера, соопшти кабинетот на премиерот Мохамед Шија ал Судани, без да даде детали, пренесува Би-би-си. Премиерот ги информираше семејствата на жртвите дека е извршена „праведна смртна казна“ против „тројца клучни криминалци кои беа прогласени за виновни за учество во терористичкиот бомбашки напад“, соопшти неговиот кабинет. Бомбашкиот напад во Багдад, беше извршен на 3 јули 2016 година додека голем број луѓе беа надвор ноќе за време на исламскиот свет месец Рамазан. Возило преполно со експлозиви беше разнесено пред преполн трговски центар во Карада, претежно шиитска област во ирачкиот главен град. Во експлозијата и пожарот што го зафати објектот загинаа многу луѓе. Тоа беше најсмртоносниот поединечен бомбашки напад во Ирак од инвазијата предводена од САД во 2003 година. Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава (ИД). Оваа терористичка организација беше поразена и ја загуби контролата врз територијата во Ирак, но се уште е активна, наведува Би-би-си.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/obeseni-trojtsa-osudenitsi-vo-irak-za-bombashki-napad-od-2016-godina-vo-koj-zaginaa-300-litsa/feed/ 0
Топлотен бран го погоди Ирак, температури од 50 степени Целзиусови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toploten-bran-go-pogodi-irak-temperaturi-od-50-stepeni-tselziusovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toploten-bran-go-pogodi-irak-temperaturi-od-50-stepeni-tselziusovi/#respond Mon, 14 Aug 2023 13:08:08 +0000 https://kurir.mk/?p=866560

Топлотен бран го погоди Ирак, а според локалните медиуми во главниот град Багдад се измерени 50 степени Целзиусови, а дури 51 степен во јужниот дел на земјата. Најкритична е ситуацијата во областите Наџаф, Насирија, Диванија, Самава. Во некои провинции погодени од топлотниот бран, како што е јужниот дел на Ди Кар, властите го намалија работното време на службениците. Топлотниот бран вчера го зафати Ирак. Во наредните денови се очекува пад на температурите, но метеоролозите најавуваат дека крајот на септември ќе биде исклучително топол во државата. Електричната мрежа е во лоша состојба и има напојување само неколку часа дневно поради неодржување и капацитет. Ирак се соочува со четврта година по ред на суша. Според ОН, земјата е една од петте земји во светот најмногу изложени на ефектите од климатските промени.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toploten-bran-go-pogodi-irak-temperaturi-od-50-stepeni-tselziusovi/feed/ 0
Ирак го деблокира Телеграм откако ги исполниле безбедносните барања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-go-deblokira-telegram-otkako-gi-ispolnile-bezbednosnite-barana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-go-deblokira-telegram-otkako-gi-ispolnile-bezbednosnite-barana/#respond Sun, 13 Aug 2023 09:40:54 +0000 https://kurir.mk/?p=866202

Ирачкото Министерство за комуникации денеска соопшти дека ќе ја укине забраната за апликацијата Телеграм, воведена претходно оваа недела поради безбедносни причини и протекување податоци на официјални државни институции и граѓани. Апликацијата е широко користена во Ирак и исто така е извор на вести и платформа за споделување содржина. Сепак, некои канали содржат големи количини на лични податоци, вклучувајќи имиња, адреси и семејни врски на Ирачаните. Во соопштението на Министерството се наведува дека одлуката за укинување на забраната е донесена откако „компанијата сопственик одговорила на барањата на безбедносните органи кои побарале да открие како точно протекле личните податоци“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irak-go-deblokira-telegram-otkako-gi-ispolnile-bezbednosnite-barana/feed/ 0
ОН: Во Ирак во последните 50 години исчезнале милион луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-irak-vo-poslednite-50-godini-ischeznale-milion-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-irak-vo-poslednite-50-godini-ischeznale-milion-luge/#respond Tue, 04 Apr 2023 15:47:53 +0000 https://kurir.mk/?p=820165

ОН денеска соопштија дека до еден милион луѓе „исчезнале“ во Ирак во последните 50 години и ги повикаа ирачките власти да ги истражат исчезнувањата, што може да биде проблем, бидејќи ирачкиот закон не го признава присилното исчезнување како кривично дело. - Комитетот на ОН за присилни исчезнувања го повика Ирак веднаш да воспостави основа за спречување, искоренување и одговор на овие грозоморни злосторства, се вели во соопштението. Во извештајот се наведува дека околу 290.000 луѓе, од кои околу 100.000 биле Курди, исчезнале за време на „геноцидната кампања“ на Хусеин во регионот на Ирачки Курдистан помеѓу 1968 и 2003 година, и дека повеќе луѓе исчезнале за време на инвазијата на САД и нивните сојузници во 2003 година, кога беа заробени најмалку 200.000 Ирачани, од кои речиси половина во затвори со кои управувале САД или Велика Британија. - Затворениците биле уапсени без налог поради учество во бунтовнички операции, додека други биле „цивили на погрешно место во погрешно време“, соопшти Комитетот. Новиот бран на киднапирања следел по прогласувањето калифат од страна на Исламската држава над дел од територијата на Ирак. - Другите обрасци кои се во тек вклучуваат наводно присилно исчезнување на деца, особено на децата Јазиди родени откако нивните мајки биле сексуално злоставувани во камповите на Исламската држава, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-vo-irak-vo-poslednite-50-godini-ischeznale-milion-luge/feed/ 0
Бербок заминува за Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berbok-zaminuva-za-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berbok-zaminuva-za-irak/#respond Tue, 07 Mar 2023 09:56:00 +0000 https://kurir.mk/?p=809005

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска треба да отпатува за Ирак, јави ДПА. Според ирачкото Министерство за надворешни работи, политичарката од Зелените ќе се сретне со премиерот Мохамед Шија ал Судани и со министерот за надворешни работи Фуад Хусеин во главниот град Багдад. Германија и Ирак сакаат да ги зајакнат билатералните односи за време на посетата и да разговараат за поинтензивна соработка во областа на енергетиката и инвестициите, соопшти официјален Багдад. Германското МНР првично не сакаше да ги коментира планираните теми за разговор. По години војна против терористичката милиција Исламска држава, новиот шеф на ирачката влада Ал Судани е под притисок да ја изведе својата земја од тешката политичка и економска криза. Околу 30 отсто од луѓето во Ирак живеат во сиромаштија, а во земјата од 2019 година има повеќе масовни протести. Германските војници го поддржуваат Ирак во борбата против Исламската држава. Пред неколку години, терористите контролираа големи области во Ирак и Сирија. Иако во меѓувреме беа воено поразени во регионот, тие продолжуваат да вршат напади. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/berbok-zaminuva-za-irak/feed/ 0
Лојд Остин во ненајавена посета на Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lojd-ostin-vo-nenajavena-poseta-na-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lojd-ostin-vo-nenajavena-poseta-na-irak/#respond Tue, 07 Mar 2023 09:25:37 +0000 https://kurir.mk/?p=808986

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин пристигна во ненајавена посета на Ирак. Според американските медиуми, посетата има за цел да покаже дека САД се решени да го задржат своето воено присуство во земјата речиси 20 години откако коалицијата предводена од САД го нападна и го собори режимот на Садам Хусеин. Инвазијата во 2003 година доведе до смрт на десетици илјади цивили и нестабилност што на крајот го отвори патот за подемот на групата Исламска држава (ИД) откако САД ги повлекоа своите борбени трупи од Ирак во 2011 година. Остин, кој е највисокиот претставник на администрацијата на претседателот Џо Бајден кој е во посета на Ирак, беше последниот командант на американските сили во земјата. -Тука сум да го потврдам стратешкото партнерство меѓу САД и Ирак додека се стремиме кон побезбеден, постабилен и посуверен Ирак, рече шефот на Пентагон. Во моментов, САД имаат 2.500 војници во Ирак и 900 во соседна Сирија, кои ги советуваат и помагаат локалните безбедносни сили во борбата против ИД, која во 2014 година зазеде големи делови од двете земји. Коалицијата предводена од САД последователно ги врати овие територии од џихадистите во 2019 година. -Она што Ирачаните ќе го слушнат од него е посветеност на одржување на присуството на нашите сили, но не се работи само за војската. САД се многу заинтересирани за стратешко партнерство со владата на Ирак, изјави висок американски функционер од областа на одбраната, кој побарал да остане анонимен. Посетата на Остин исто така има за цел да го поддржи ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани во неговата борба против влијанието на соседен Иран во земјата. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lojd-ostin-vo-nenajavena-poseta-na-irak/feed/ 0