иран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 14:16:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png иран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Иран жена осудена на смрт поради прељуба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-iran-zhena-osudena-na-smrt-poradi-preluba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-iran-zhena-osudena-na-smrt-poradi-preluba/#respond Fri, 03 Nov 2023 14:07:39 +0000 https://kurir.mk/?p=896200

Жена е осудена на смрт во Иран поради прељуба. Таа согласно иранските закони има право на жалба на казната. Смртната казна за прељуба се извршува со каменување. Осудената жена минатата година била пријавена од сопругот во полиција дека таа има афери со други мажи. Тој како доказ доставил снимки од надзорните камери во нивниот дом. Во 2017 година, една жена беше осудена на смрт во Иран за прељуба, но никогаш не беше објавено дали казната е извршена. Меѓу кривичните дела кои се казнуваат со смрт во земјава се прељуба, убиство, силување, вооружени грабежи, киднапирање и трговијата со дрога. Минатата година двајца хомосексуалци беа егзекутирани откако беа прогласени за виновни за содомија. Иран е под меѓународен притисок поради неговата широка употреба на смртната казна. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш пред два дена изјави дека во Иран се егзекутираат луѓе „со алармантна брзина“. Во првите седум месеци од годинава најмалку 419 лица се осудени на смрт, што е за 30 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-iran-zhena-osudena-na-smrt-poradi-preluba/feed/ 0
Најмалку 32 загинати во пожар во центар за одвикнување од дроги во Иран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-32-zaginati-vo-pozhar-vo-tsentar-za-odviknuvane-od-drogi-vo-iran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-32-zaginati-vo-pozhar-vo-tsentar-za-odviknuvane-od-drogi-vo-iran/#respond Fri, 03 Nov 2023 08:30:46 +0000 https://kurir.mk/?p=896059

Најмалку 32 лица загинаа, а 16 се повредени во голем пожар во центар за одвикнување од дроги во северен Иран, јавија денеска иранските медиуми. Полицијата ги истражува причините за пожарот во кампот за одвикнување од опиум во Лангаруд, во провинцијата Гилан, на Каспиското Море, јави иранската полуофицијална новинска агенција Мехр. Агенцијата Мизан соопшти дека раководителите и службениците на центарот се под истрага. Според Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, Иран има еден од најтешките проблеми со зависност во светот, затоа што земјата се наоѓа на главната маршрута за шверц на опиум и хероин од Авганистан до Западна Европа.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-32-zaginati-vo-pozhar-vo-tsentar-za-odviknuvane-od-drogi-vo-iran/feed/ 0
Новите билборди со поезија во Иран предизвикуваат загриженост https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novite-bilbordi-so-poezija-vo-iran-predizvikuvaat-zagrizhenost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novite-bilbordi-so-poezija-vo-iran-predizvikuvaat-zagrizhenost/#respond Tue, 31 Oct 2023 08:09:19 +0000 https://kurir.mk/?p=894744

Неодамна во Иран се покрена прашањето „дали поезијата може да предизвика сообраќајна несреќа“, поради стотиците билборди со поеми на улиците на Техеран што може да им го одвлекуваат вниманието на возачите. Посебно дизајнирани билборди се појавија во иранскиот главен град кон средината на октомври на иницијатива на општината. Има околу 600 билборди, од коишто некои заземаат и важно место над градските автопати што минуваат низ огромните сообраќајници. Елегантно калиграфски, панелите нудат извадоци од делата на 104 современи поети, меѓу кои Нима Јуши, Мехди Ахаван-Салеса, Сохраб Сепехри и Хушанг Ебтехаја. Во Иран поезијата се почитува како уметност. Новата иницијатива, сепак, предизвикува загриженост бидејќи читањето на овие долги текстови може да го одвлече вниманието на возачите и на тој начин да биде причина сообраќајни несреќи, според полицијата. Надлежните за безбедноста во сообраќајот сметаат дека текстовите треба да бидат куси, за возачите „да не навлегуваат“ во напишаното. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novite-bilbordi-so-poezija-vo-iran-predizvikuvaat-zagrizhenost/feed/ 0
Лавров пристигна во Иран на средба со колегите од регионот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-pristigna-vo-iran-na-sredba-so-kolegite-od-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-pristigna-vo-iran-na-sredba-so-kolegite-od-regionot/#respond Mon, 23 Oct 2023 16:33:22 +0000 https://kurir.mk/?p=892268

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска пристигна во Иран на разговори со колегите од регионот, потврди руското Министерство за надворешни работи. Се очекува Лавров да разговара со министрите за надворешни работи на Турција, Азербејџан и Ерменија, кои исто така се поканети на министерскиот состанок на регионалната консултативна платформа „3+3“ за Јужен Кавказ. Шефовите на дипломатиите имаат намера да разговараат за последните настани во Јужен Кавказ, како и за прашања за регионална соработка во областа на безбедноста, додека мировните преговори меѓу Азербејџан и Ерменија ќе бидат главна точка на агендата, пренесува ТАСС. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lavrov-pristigna-vo-iran-na-sredba-so-kolegite-od-regionot/feed/ 0
Две новинарки осудени на затворски казни во Иран, поради „соработка“ со американската влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-novinarki-osudeni-na-zatvorski-kazni-vo-iran-poradi-sorabotka-so-amerikanskata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-novinarki-osudeni-na-zatvorski-kazni-vo-iran-poradi-sorabotka-so-amerikanskata-vlada/#respond Sun, 22 Oct 2023 11:50:00 +0000 https://kurir.mk/?p=891899

Суд во Иран осуди две новинарки на неколку години затвор поради „соработка“ со американската влада, објавија денеска локалните медиуми. И двете се во затвор веќе една година по нивното известување за смртта на Махса Амини додека беше во полициски притвор во септември 2022 година. Нилуфар Хамеди, која ја објави веста за смртта на Амина, и Елахе Мохамади, која пишуваше за нејзиниот погреб, се осудени на седум, односно шест години затвор. Револуционерниот суд во Техеран ги обвини за „соработка со непријателската американска влада“, „заговор против националната безбедност“ и „пропаганда против системот“. И двете можат да се жалат на првостепената пресуда во рок од 20 дена. Хамеди работеше за реформистичкиот весник „Шарг“, додека Мохамади за Хам-Михан. Во мај, Обединетите нации им доделија награда за слобода на печатот „за нивната посветеност на вистината и одговорноста“. Смртта на Махса Амини предизвика повеќемесечни протести во десетици градови низ Иран. Демонстрациите претставуваа еден од најсериозните предизвици за Исламската Република. Од почетокот на протестите, според активистите за човекови права во Иран, најмалку 529 луѓе се убиени во демонстрациите. Се проценува дека властите привеле повеќе од 19.700 луѓе.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dve-novinarki-osudeni-na-zatvorski-kazni-vo-iran-poradi-sorabotka-so-amerikanskata-vlada/feed/ 0
Иран и Либан повикаа на итен состанок на исламските земји https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-i-liban-povikaa-na-iten-sostanok-na-islamskite-zemji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-i-liban-povikaa-na-iten-sostanok-na-islamskite-zemji/#respond Fri, 13 Oct 2023 19:06:57 +0000 https://kurir.mk/?p=888668

Воените злосторства на израелскиот режим против палестинскиот народ мора итно да се запрат, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Хосеин. Тој, на заедничка прес-конференција со либанскиот министер за надворешни работи Абдула Бухабиб во Бејрут, кажа дека е договорено итно да се одржи состанок на ниво на исламски земји, со цел, како што рече, „да се запре злосторството врз невините луѓе“. Амирабдолахиан посочи дека САД со испраќање различни пораки до двете страни повикуваат на воздржаност, а истовремено испраќаат оружје за Израел. -Криминалниот режим на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е вклучен во убиството на палестинските жени и деца во Газа. САД не можат да испраќаат оружје и бомби за да ги убијат Палестинците со едната рака, додека со другата ги повикуваат двете страни на воздржаност, изјави тој. Бухабиб, пак, нагласи дека сите треба да вршат притисок врз Израел да ја прекине војната, а стабилноста во регионот, како што наведе, може да се постигне само со праведно решение за Палестина. Додаде дека разговарал со својот ирански колега за спречување на ескалација на војната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-i-liban-povikaa-na-iten-sostanok-na-islamskite-zemji/feed/ 0
Најлошото сценарио е тотална војна на Блискиот Исток https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najloshoto-stsenario-e-totalna-vojna-na-bliskiot-istok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najloshoto-stsenario-e-totalna-vojna-na-bliskiot-istok/#respond Tue, 10 Oct 2023 06:18:29 +0000 https://kurir.mk/?p=887250

Дојче Веле Бруталниот напад на Хамас наидува на силна одмазда од страна на Израел. Но, дали е тоа подготовка за копнена офанзива на Појасот Газа или дури и почеток на голема војна? Експертите велат дека тоа не е исклучено. Непосредно по терористичките напади на Хамас врз Израел - со илјадници проектили и копнена пенетрација - голем број експерти истакнаа дека тоа е страшен пропуст на израелските служби. Германскиот експерт за Блискиот Исток, Мајкл Лидерс, го опиша како „тежок шамар за воениот естаблишмент на Израел“. -Верувам дека во моментов има голема несигурност во политичкиот естаблишмент на Израел. Нападот беше изненадување за Израел, што е изненадувачки - обично израелските тајни служби се одлично подготвени, а граничната ограда кон Газа е технички опремена, изјави тој за јавната телевизија ЗДФ. -Хамас очигледно долго време се подготвува за ваков напад. Нападот е пресвртница. Бидејќи, во претходните конфликти, имаше напади, израелски одговори, игри со мачки и глушец. Но, сега Хамас за прв пат успеа да навлезе на израелска територија со многу борци, за да не бидат веднаш потиснати, туку да се случат жестоки борби, додава Лидерс. Дефинитивно ќе биде многу крваво Според последните податоци, над 700 луѓе загинале во Израел, додека над 300 загинале во Газа по израелски ракетен истрел. Воениот коментатор Гидо Шмитке рече дека дури и израелскиот противвоздушен систем „Железна купола“ е преоптоварен. -Со овој број на ракети истрелани од Хамас во исто време, тој систем не може да ја собори секоја. Една батерија може истовремено да цели шест проектили. Веројатно нема повеќе од четири до шест такви батерии околу Појасот Газа и секоја треба да покрива 150 квадратни километри, изјави тој за порталот „т-онлајн“. За Израел ова е шок, веројатно поголем од војната во Јом Кипур пред точно половина век. Борците на Хамас среде израелски градови, околу стотина киднапирани Израелци и гозба со мртвите... Премиерот Бенјамин Нетанјаху најави одмазда и долг конфликт. Военото раководство вети дека ќе заврши со Хамас за никогаш повеќе да не биде возможен сличен напад. Но, што значи тоа? -Тоа сигурно ќе биде многу крваво, вели Лидерс, кој не може да процени дали израелската Армија ќе влезе во Газа по копно. „Израелската одмазда ќе дојде. Овој конфликт ќе трае со денови, можеби дури и со недели и има потенцијал да ескалира“. Уличните борби се ризик за секоја армија -Засега на Западниот Брег е релативно мирно, но и таму луѓето се многу очајни со оглед на условите за живот и израелската окупација. Од палестинска гледна точка, особено Палестинците од Газа кои знаат дека ќе платат страшна жртва во крв: што имаат да изгубат?, прашува Лидерс. -Тие живеат во област не поголема од градот Бремен со над два милиони луѓе. Тоа е едно од најгусто населените места во светот. Нема снабдување со храна и вода, таму пијат солена вода. Тоа е страшна ситуација за тие луѓе, во еден вид затвор без покрив, додава овој експерт. Шмитке, кој поминал децении известувајќи од боиштата низ светот, вели дека Израел нема да избрзува со копнена офанзива. Има информации дека се подготвуваат израелски тенкови и оклопни возила. -Хамас веројатно е подготвен за тоа сценарио, со систем од тунели, проширени подруми, стапици и слично. Урбаните операции, борбата од куќа до куќа се голем предизвик за секоја армија. Тие се секогаш крајно крвави и значат човечки загуби затоа што сте изложени на оган или експлозиви од сите страни, вели Шмитке. Израел ќе го нападне Иран? Според оценката на Мајкл Лидерс, Хамас веќе успеал на некој начин - со прекин на нормализацијата на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија. На Израел повторно ќе се гледа со презир во арапскиот свет. -Со овој напад, израелската стратегија за ѕидање и одземање на правото на луѓето исто така целосно пропадна, вели Лидерс. „Овие воени денови се почеток на големи политички промени во регионот. Мислам дека на тоа се надеваше Хамас, пред се затоа што официјалната палестинска управа на Западниот Брег воопшто не е популарна меѓу Палестинците“. Како што додава воениот експерт Шмитке, најлошо може да биде ако либанскиот Хезболах, кој има поддршка од Иран, отворено интервенира во војната. -Тешко е да се биде пророк кога станува збор за воени конфликти, но не е невозможно Израел да цели на некои цели во Иран. Во најлош случај, тоа може да доведе до општо пожар на Блискиот Исток. Мислам дека САД, кои се подготвени да го поддржат Израел на секој начин, ќе направат се за да го спречат таквото сценарио или барем да го ограничат, додава тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najloshoto-stsenario-e-totalna-vojna-na-bliskiot-istok/feed/ 0
Воен аналитичар: Војна на Блискот Исток му одговара на Иран, но Израел ќе возврати со полна сила https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voen-analitichar-vojna-na-bliskot-istok-mu-odgovara-na-iran-no-izrael-ke-vozvrati-so-polna-sila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voen-analitichar-vojna-na-bliskot-istok-mu-odgovara-na-iran-no-izrael-ke-vozvrati-so-polna-sila/#respond Mon, 09 Oct 2023 11:47:08 +0000 https://kurir.mk/?p=886948

Воениот аналитичар Маринко Огорец на телевизија N1 ја коментираше новонастанатата ситуација на Блискиот Исток и нападот на Хамас врз Израел. Зборувајќи за тајмингот и целта, тој рече: „Мислам дека главната причина за овој напад се преговорите меѓу Саудиска Арабија и Израел за признавање на Израел. Доколку и Саудиска Арабија го признае Израел, ќе дојде до прилагодување на меѓународните односи на регионално ниво, нова динамика на односите ќе започне Блискиот Исток, што ќе го турне Иран и неговата улога во втор план. Иран не го сака тоа, тој се смета себеси за важен фактор на Блискиот исток, а Хамас е неговата продолжена рака. Не можеме да впериме прст кон кого било, но оваа ситуација најмногу му одговара на Иран“. Според претходните извештаи, Хамас има повеќе од 100 затвореници, а Огорец верува дека овие заложници ќе се користат како жив штит пред се за канализирање на операциите на израелската армија. „Ќе го искористат и за преговори. Што ќе биде со заложниците, тешко е да се каже, не сум сигурен дека имаат добра судбина“, рече тој. Ова е втор пат во историјата на Израел да биде вака изненаден, истакнува воениот аналитичар: „Кој потфрли? Сите, накратко, целиот безбедносен систем на Израел. Разузнавачката служба потфрли страшно, Хамас лансираше илјадници проектили, некој требаше да ги донесе. Кога се ќе заврши, Израел ќе мора да го испита извршувањето на неговите услуги“. „Ова е споредливо со 11 септември“. На прашањето дали Ерусалим е целта на Хамас, Огорец одговара: „Не, ова е крајот на ситуацијата што се однесува до Хамас. Тие извршија ужасен терористички чин, неспоредлив масакр, споредлив со оној од 11 септември во Њујорк, и по организација и по обем. Израел сега е консолидирани, ќе возвратат со полна сила. Хезболах се уште не реагирал како што се очекува“. Тој додава дека била очекувана поддршката од САД со оглед на нивните традиционално сојузнички односи: „Мислам дека американскиот носач на авиони е само демонстрација на моќ, на Израел не му е потребна американска воена помош“. Конфликтот на Блискиот Исток му одговара на Владимир Путин, открива Огорец. Но, се повеќе западни земји ја задржуваат воената помош за Украина. „Тој конфликт трае речиси две години. Западните земји речиси го испразнија својот арсенал, максимално и помагаат на Украина. Но нивните опции се при крај. САД мора да му помогнат на Израел. Мислам дека поддршката нема да бидете великодушна како порано“, вели тој. „Очекувам дека оваа војна на Блискиот Исток ќе заврши за неколку недели, тоа не е тип на војна што би траела како во Украина“, додава тој. Тој исто така истакнува дека Хамас не треба да се меша со Палестина и дека Палестина ќе биде колатерална жртва: “Не смееме да го мешаме Хамас со Палестинците. Палестина ќе биде колатерална жртва на тероризмот на Хамас. Хамас направи нешто невидено, злосторствата во 24 часа повикуваат на одмазда од Израелците. За очекување е дека Израел ќе биде побрутален од вообичаено. Појасот Газа е можеби најгустиот населен простор на планетата и колатералните жртви се неизбежни“. Се очекува нов миграциски бран и нова бегалска криза, заклучува тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/voen-analitichar-vojna-na-bliskot-istok-mu-odgovara-na-iran-no-izrael-ke-vozvrati-so-polna-sila/feed/ 0
Иран промовираше дрон со најдолг дострел во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-promovirashe-dron-so-najdolg-dostrel-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-promovirashe-dron-so-najdolg-dostrel-vo-svetot/#respond Fri, 22 Sep 2023 15:34:27 +0000 https://kurir.mk/?p=880824

Иран денеска на годишнината од почетокот на некогашната војна со Ирак, ја покажа својата воена опрема, вклучувајќи го и „дронот со најдолг дострел во светот“ заедно со балистички и хиперсонични ракети, објавија иранските државни медиуми. Соопштено е дека дронот е „првпат претставен на јавноста“ на парадата која се емитуваше во живо, а беа прикажани и дроновите „Мохаџер“, „Шахед“ и „Араш“. Исламската Република минатиот месец соопшти дека развила напредно беспилотно летало „Мохаџер-10“ со подобрен дострел и времетраење на летот, како и со поголема носивост на товар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-promovirashe-dron-so-najdolg-dostrel-vo-svetot/feed/ 0
Топло добредојде за Роналдо во Техеран https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/toplo-dobredojde-za-ronaldo-vo-teheran/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/toplo-dobredojde-za-ronaldo-vo-teheran/#respond Mon, 18 Sep 2023 15:36:25 +0000 https://kurir.mk/?p=879196

Гостувањето на саудискиот клуб Ал Наср, предводен од португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, предизвика голем интерес во Техеран пред натпреварот во Азиската Лига на шампиони против најпопуларниот и најтрофеен ирански клуб Персополис. По слетувањето на аеродромот „Имам Хомеини“, претседателот на Персополис лично ја пречека делегацијата на Ал Наср и му подари на Роналдо раскошен персиски тепих, по што автобусот со играчите беше испратен со радосни повици од голем број навивачи. Големи транспаренти со натписот „Добредојдовте“ и портрети на фудбалерите на Ал Наср се поставени на мостовите на главните патишта во голема иранска престолнина, ненавикната на дочек на меѓународни ѕвезди поради дипломатската изолација на земјата. За жал, ниту еден навивач нема да може да присуствува на натпреварот меѓу иранскито и саудискиот клуб, закажан за утре утре на стадионот „Азади“, кој со своите 90.000 седишта е најголемиот во Иран, поради санкциите што Азиската фудбалска конфедерација ги изрече по контроверзна објава на Инстаграм страницата на Персополис во 2021 година. Натпреварот, кој ќе се игра зад затворени врати, сепак, ќе биде пренесуван на телевизија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/toplo-dobredojde-za-ronaldo-vo-teheran/feed/ 0