ирански беспилотни летала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Oct 2022 14:02:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ирански беспилотни летала – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ има докази дека ирански беспилотни летала се користат во Украина и планира санкции против Техеран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ima-dokazi-deka-iranski-bespilotni-letala-se-koristat-vo-ukraina-i-planira-sankcii-protiv-teheran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ima-dokazi-deka-iranski-bespilotni-letala-se-koristat-vo-ukraina-i-planira-sankcii-protiv-teheran/#respond Wed, 19 Oct 2022 14:02:09 +0000 https://kurir.mk/?p=747798

Европската унија собра „докази“ кои покажуваат дека Иран испорачувал дронови што Русија ги користи против Украина и подготвува санкции против Техеран, изјави денеска портпаролка на Унијата. -Сега кога собравме доволно докази, работиме на јасен европски одговор, брз и цврст, рече Набила Масрали, портпаролка на европскиот шеф за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел. Списокот со санкции е доставен до земјите-членки на Унијата и се очекува одлука за нив во текот на неделата, изјави дипломатски извор. Иран негира дека и испорачал беспилотни летала на Русија, а Кремљ соопшти дека нема информации дали се користени ирански беспилотни летала камикази. На 18 октомври, британското разузнавање ги идентификуваше беспилотните летала што ги користи Русија како ирански, а американскиот Стејт департмент процени дека ирански беспилотни летала биле користени во нападот на Киев на 17 октомври. Руските сили денеска повторно го гаѓаа јужниот дел на украинскиот регион Миколаев со беспилотни летала камикази, соопшти украинската војска, откако повеќе од една недела воздушни напади уништија речиси една третина од електраните во Украина и ја прекинаа електричната енергија во повеќе од 1.000 градови и села. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ima-dokazi-deka-iranski-bespilotni-letala-se-koristat-vo-ukraina-i-planira-sankcii-protiv-teheran/feed/ 0