ирански договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 06 May 2018 07:01:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ирански договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По Германија и Франција, Британија се обидува да го убеди Трамп за иранскиот договор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-germanija-i-francija-britanija-se-obiduva-da-go-ubedi-tramp-za-iranskiot-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-germanija-i-francija-britanija-se-obiduva-da-go-ubedi-tramp-za-iranskiot-dogovor/#respond Sun, 06 May 2018 07:01:43 +0000 https://kurir.mk/?p=50456

По посетите на водачите на Франција и Германија, Емануел Макрон и Ангела Меркел, на Вашингтон, вчера и британската премиерка Тереза Меј направи обид да го убеди претседателот на САД Доналд Трамп да остане во нуклеарниот договор со Иран. Трамп и Меј разговарале за иранското прашање по телефон, а британскиот шеф на дипломатијата Борис Џонсон отпатува во посета на Вашингтон, на средби со потпретседателот Мајк Пенс и советникот на Трамп Џон Болтон. Трамп најави дека ќе донесе одлука за иранскиот договор до 12 мај. Според договорот, кој со Иран го потпишаа САД, Русија, Кина, Германија, Франција и Британија, Иранците добија олеснување од санкциите, а за возврат се обврзаа да ја замрзнат својата нуклеарна програма. Трамп жестоко го критикуваше договорот и предупреди дека целта на Иран е да развие нуклеарно оружје со кое ќе може да се заканува на Израел и на сунитските арапски соседи. Русија и Кина остануваат посветени на договорот, а Британија, Франција и Германија се ангажираа да ги убедат САД во потребата договорот да остане на сила. Критичари на договорот во САД обвинуваат дека милијардите долари што Иран ги доби по олеснувањето на санкциите биле употребени за проширување на војните во Сирија и Јемен. - Обединетото Кралство, САД и нашите европски партнери се обединети во напорите да се спротиставиме на иранското однесување со кое Блискиот Исток станува помалку безбеден, да се спротиставиме на нивните кибер активности, нивната поддршка за групи како Хезболах, и на нивната опасна ракетна програма со која ги вооружуваат Хути бунтовниците во Јемен, изјави Џонсон пред посетата на Вашингтон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-germanija-i-francija-britanija-se-obiduva-da-go-ubedi-tramp-za-iranskiot-dogovor/feed/ 0
ЕУ: Иранскиот договор мора да опстои https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-iranskiot-dogovor-mora-da-opstoi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-iranskiot-dogovor-mora-da-opstoi/#respond Thu, 11 Jan 2018 13:01:32 +0000 http://kurir.mk/?p=9475

Клучниот договор од 2015 година, кој има за цел ограничување на нуклеарните амбиции на Иран, мора да опстои, наведуваат министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија, во време кога претседателот на САД, Доналд Трамп размислува дали да се повлече од него. Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, денеска изјави дека нуклеарната спгпдба е „клучен договор што го прави светот побезбедно место". Тој ова го изјави на преговорите во Брисел меѓу министрите од Велика Британија, Франција и Германија и нивниот ирански колега Џавад Зариф. Германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел изјави дека ЕУ сака да опстои договор, бидејќи тоа е во интерес на сите е да не се развива нуклеарно оружје во Иран. Според договорот, Иран го забави развојот на својата нуклеарна програма во замена за ублажување на економските санкции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-iranskiot-dogovor-mora-da-opstoi/feed/ 0