ирански генерал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 11:42:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ирански генерал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ирански генерал тврди дека има над 400 километри тунели под северниот дел на Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranski-general-tvrdi-deka-ima-nad-400-kilometri-tuneli-pod-severniot-del-na-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranski-general-tvrdi-deka-ima-nad-400-kilometri-tuneli-pod-severniot-del-na-gaza/#respond Tue, 31 Oct 2023 11:42:43 +0000 https://kurir.mk/?p=894879

Началникот на Генералштабот на иранската армија изјави дека има над 400 километри тунели под северниот дел на Појасот Газа. „Низ некои од нив можат да минат возила и мотоцикли, соопшти генерал-мајор Мохамад Багери на конференцијата за цивилна одбрана во Техеран. -Некои од тунелите имаат влез во Израел, соопшти началникот. Багери тврди дека причината зошто израелската армија чекала да изврши целосна копнена инвазија во Газа е затоа што знае дека таквата операција ќе значи „уште еден пораз“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranski-general-tvrdi-deka-ima-nad-400-kilometri-tuneli-pod-severniot-del-na-gaza/feed/ 0
ОН: Убиството на иранскиот генерал Сулејмани е незаконско https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-ubistvoto-na-iranskiot-general-sulejmani-e-nezakonsko/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-ubistvoto-na-iranskiot-general-sulejmani-e-nezakonsko/#respond Tue, 07 Jul 2020 11:49:34 +0000 https://kurir.mk/?p=370838

Специјалната известувачка на Обединетите нации за убиства без судење (extrajudicial executions), Агнес Каламар изјави дека САД не обезбедиле докази, со кои би се оправдал воздушниот напад врз возилото со кое патуваше иранскиот генерал Касим Сулејмани. – Генералот беше задолжен за акции на Техеран во Сирија и Ирак. И покрај тоа не претставувал директна опасност по животите, истакна Каламар. Таа додаде дека ОН треба да донесат резолуција за употребата на дронови при убиства на луѓе. На 3 јануари годинава во близина на аеродромот во Багдад убиени се генерал Касим Сулејмани од елитните сили Кудс на Исламската револуционерна гарда, и Ебу Мехди ал Мухандис, постар командант на ирачките Народни единици за мобилизација. Во нападот, покрај Сулејмани и иранските офицери, загинаа вкупно 10 лица, од кои петмина од Ирак. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-ubistvoto-na-iranskiot-general-sulejmani-e-nezakonsko/feed/ 0
Ирански генерал ја презеде одговорноста за украинскиот авион: Кога дознав за грешката посакав да бидам мртов! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranski-general-ja-prezede-odgovornosta-za-ukrainskiot-avion-koga-doznav-za-greshkata-posakav-da-bidam-mrtov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranski-general-ja-prezede-odgovornosta-za-ukrainskiot-avion-koga-doznav-za-greshkata-posakav-da-bidam-mrtov/#respond Sat, 11 Jan 2020 11:55:59 +0000 https://kurir.mk/?p=288267

Командантот на иранската Револуционерна гарда, генерал Амир Али Хаџизаде изјави денеска дека неговата единица презема „целосна одговорност“ за ненамерното соборување на украинскиот патнички авион. Во своето обраќање на државната телевизија, Хаџизаде изјави дека кога дознал за соборувањето на авионот, при што загинаа 176 патници и членови на екипажот, „посакал да биде мртов“. Иранските вооружени сили соопштија дека го замениле авионот со непријателска мета во момент на ракетните напади врз две воени бази во Ирак, во кои се стационирани американски трупи. Нападите беа одмазда поради убиството на иранскиот врховен генерал Касим Сулејмани, кој загина во американскиот воздушен напад во Багдад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranski-general-ja-prezede-odgovornosta-za-ukrainskiot-avion-koga-doznav-za-greshkata-posakav-da-bidam-mrtov/feed/ 0
ВИДЕО: Погребан иранскиот генерал Сулејмани, убиен од американски воздушен напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pogreban-iranskiot-general-sulejmani-ubien-od-amerikanski-vozdushen-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pogreban-iranskiot-general-sulejmani-ubien-od-amerikanski-vozdushen-napad/#respond Wed, 08 Jan 2020 12:32:29 +0000 https://kurir.mk/?p=286750

Убиениот ирански генерал Касим Сулејмани е погребан. Погребот на Сулејмани, убиен во американски возудшен напад во Ирак, започна во неговиот роден град Керман. Погребот претходно беше одложен поради големиот број луѓе и стампедото во кое загинаа најмалку 56 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Како што пренесе државната иранска телевизија, повеќе од милион луѓе излегле на улиците на родниот град на убиениот генерал, за да му оддадат почест. Во меѓувреме, започна осветата за смртта на генералот, а Иранската револуционерна гарда испука десетина ракети врз воените бази во Ирак, каде се наоѓаат американски војници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-pogreban-iranskiot-general-sulejmani-ubien-od-amerikanski-vozdushen-napad/feed/ 0
Кој е убиениот ирански генерал Касем Сулејмани? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koj-e-ubieniot-iranski-general-kasem-sulejmani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koj-e-ubieniot-iranski-general-kasem-sulejmani/#respond Fri, 03 Jan 2020 08:35:56 +0000 https://kurir.mk/?p=285052

Генералот Касем Сулејмани, шеф на единицата „Кудс“ на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), беше убиен денеска во американски напад од воздух врз меѓународниот аеродром во Багдад. Во нападот загинаа уште шест други лица. Сулејмани стана познат во Иран и во странство како водач на странскиот огранок на Револуционерната гарда и за неговата улога во борбите во Сирија и Ирак. Тој беше клучен во ширењето на иранското влијание на Блискиот исток, кое се обидоа да го ограничат САД и регионалните ривали на Техеран, Саудиска Арабија и Израел. Во текот на изминатите 20 години, тој преживеал повеќе обиди за атентат од агенции од Западот и од израелски и арапски агенции. Единиците „Кудс“ на Сулејмани, задолжени се за спроведување операции надвор од границите на Иран, и обезбедија силна поддршка за сирискиот претседател Башар ал Асад кога се чинеше дека е близу до пораз во граѓанската војна во 2011 година. Тие, исто така, помогнаа вооружените групи да ја победат групата Исламска држава Ирак и Левант (ИСИЛ). Сулејмани стана шеф на ИРГЦ во 1998 година и со години не привлекуваше внимание кон себе бидејќи ги зајакна врските на Иран со Хезболах во Либан, со Асад во Сирија и со шиитските милитантни групи во Ирак. Во последниве години, тој се најде во центарот на вниманието кога се појави заедно со иранскиот врховен лидер на ајатолахот Али Хаменеи и други шиитски водачи. Под водство на Солејмани, ИРГЦ значително ги прошири своите способности, правејќи значително влијание во разузнавачките, финансиските и политичките сфери надвор од границите на Иран. Сулејмани има скромно потекло и е роден во сиромашно семејство на југоистокот на провинцијата Керман во Иран. Започнал да работи како 13-годишник за да му помогне на семејството, а слободното време го поминувал вежбајќи и присуствувал на проповеди што ги одржувал Хамнеи. Како млад човек за време на Иранската револуција во 1979 година, Сулејмани започнал да напредува во иранската армија и, наводно, имал само шест недели тактички тренинзи пред да учествува во својата прва борба во иранската провинција Западен Азербејџан, според списанието Форин полиси. Сулејмани излегол од војната Иран-Ирак како херој заради мисиите што ги водел преку ирачката граница. По повторното воспоставување на владата во Ирак во 2005 година, влијанието на Солејмани се прошири во ирачката политика под раководство на поранешните премиери Ибрахим ал-Џафари и Нури ал-Малики. За тоа време, Организацијата Бадр, шиитска политичка партија и паравоени сили, кои се сметаат за „најстар посредник на Иран во Ирак“, станаа државен огранок откако министерствата за внатрешни работи и транспорт се најдоа под контрола на политичкото крило на вооружената група. По избувнувањето на сириската граѓанска војна во 2011 година, Сулејмани нареди некои од неговите ирачки милиции да се преселат во Сирија за да ја одбранат владата на Асад. За време на борбата на Ирак против ИСИЛ, Хашд ал Шааби (Народна мобилизација), шиитска паравоена единица поддржана од Иран, од кои дел спаѓа под контрола на Сулејмани, се бореше заедно со ирачката армија за да ја порази вооружената група. Мохамед Маранди, раководител на американски студии на Универзитетот во Техеран, рече дека улогата на Сулејмани во обидот да го порази ИСИЛ го направила „национален херој“ и „маченик“ меѓу иранскиот народ и другите земји од Блискиот исток. „Да не беа луѓе како него, овој регион ќе видеше како се виорат црни знамиња низ целиот регион“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/koj-e-ubieniot-iranski-general-kasem-sulejmani/feed/ 0