ирански министер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Feb 2023 18:24:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ирански министер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ирански министер повреден во хеликоптерска несреќа, загина негов соработник https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranski-minister-povreden-vo-helikopterska-nesreka-zagina-negov-sorabotnik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranski-minister-povreden-vo-helikopterska-nesreka-zagina-negov-sorabotnik/#respond Thu, 23 Feb 2023 18:24:34 +0000 https://kurir.mk/?p=804321

Хеликоптер во кој се наоѓаше иранскиот министер за спорт се урна денеска во градот Бафт во јужната провинција Керман, а во несреќата загинал еден од неговите советници, јави агенцијата ИРНА. Повредени се 16 лица, меѓу кои и министерот Хамид Саџади и четворица членови на екипажот. Несреќата се случила кога хеликоптерот слетал на стадионот во Бафт. Во Иран, кој е под санкции, имаше неколку воздушни несреќи во последниве години, а официјалните лица се жалат на потешкотии во набавката на резервни делови за одржување и модернизација на застарените летала, пренесе Бета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranski-minister-povreden-vo-helikopterska-nesreka-zagina-negov-sorabotnik/feed/ 0
Ирански министер ја откажа посетата на Австрија поради израелското знаме https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranski-minister-ja-otkaza-posetata-na-avstrija-poradi-izraelskoto-zname/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranski-minister-ja-otkaza-posetata-na-avstrija-poradi-izraelskoto-zname/#respond Sat, 15 May 2021 16:14:31 +0000 https://kurir.mk/?p=510762

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф ја откажа за денеска планираната посета на неговиот австриски колега во Виена, по одлуката на Австрија да го истакне израелското знаме на владините згради во знак на солидарност со Израел во конфликтот со милитантниот палестински Хамас. Австрискиот весник „Ди Пресе“ објави дека иранскиот министер за надворешни работи требало претпладнево да се сретне со неговиот австриски колега Александар Шаленберг, но тој го откажал патувањето поради одлуката на австрискиот канцелар да го истакне израелското знаме на зградата на Владата и Министерството за надворешни работи. Портпаролката на Шаленберг ја потврди оваа вест и рече дека „жалат“ поради тоа, пренесе австриската агенција АПА. Во Виена се водеа преговори во последните неколку недели, чија цел е договор за враќање на САД во нуклеарниот договор потпишан со Иран во 2015 година, од кој САД се повлекоа за време на претходниот претседател Доналд Трамп во 2018 година. Франција, Германија, Велика Британија, Русија и Кина остануваат учесници во договорот. Иранскиот заменик министер за надворешни работи, Абас Арагши, вчера на Твитер напиша дека Австрија била одличен домаќин на тие разговори досега, но дека е „шокантно и болно да се види знамето на окупацискиот режим во Виена, кој во само неколку дена, брутално уби десетици невини цивили, вклучително и многу деца”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranski-minister-ja-otkaza-posetata-na-avstrija-poradi-izraelskoto-zname/feed/ 0