ирански претседател – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Dec 2020 10:59:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ирански претседател – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иранскиот претседател го спореди Трамп со Садам Хусеин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranskiot-pretsedatel-go-sporedi-tramp-so-sadam-husein/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranskiot-pretsedatel-go-sporedi-tramp-so-sadam-husein/#respond Wed, 23 Dec 2020 10:59:15 +0000 https://kurir.mk/?p=447136

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска го спореди својот американски колега со починатиот ирачки диктатор Садам Хусеин, јави ДПА. – Во поновата иранска историја, двапати моравме да се справиме со двајца лудаци … (Доналд) Трамп и Садам (Хусеин), рече Рохани. Тој дополни дека едниот го вовлекол Иран во војна (1980-88), другиот во економска војна. – Садам беше погубен заради неговите злосторства … Судбината на Трамп нема да изгледа многу подобро, оцени Рохани. – На крајот, Иран беше победник и во двете војни, рече иранскиот претседател. – Садам беше во можност да ги окупира југот и југо-западот на Иран, а Трамп не успеа да ги спроведе своите планови за промена на режимот, оцени Рохани. Тој истакна дека поради осумгодишната војна меѓу Иран и Ирак, Иран морал да инвестира со години во реконструкција на своите погранични покраини, но дека санкциите што ги вовел Трамп биле уште полоши. Според Техеран, во изминатите две години имало повеќе од 1.500 санкции. Тие го втурнаа Иран во најтешката економска криза во неговата историја. Сепак, Рохани се надева дека наследникот на Трамп, Џо Бајден, и ќе се врати на нуклеарниот договор во Виена од кој Трамп еднострано се повлече во 2018 година и ќе ги укине санкциите кон Иран, пренесува ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iranskiot-pretsedatel-go-sporedi-tramp-so-sadam-husein/feed/ 0
Навикнете се на коронавирусот, долго време ќе биде меѓу нас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naviknete-se-na-koronavirusot-dolgo-vreme-kje-bide-megju-nas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naviknete-se-na-koronavirusot-dolgo-vreme-kje-bide-megju-nas/#respond Sat, 06 Jun 2020 12:31:58 +0000 https://kurir.mk/?p=354453

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска ги предупреди Иранците да се подготват „долго време“ да живеат со коронавирусот, откако земјата почна постепено да ги укинува наметнатите ограничувања за совладиување на жариштата од заразата, пренесоа француските медиуми. -Луѓето не треба да прифатат дека ова заболување ќе се елиминира за 15 дена или еден месец: па затоа долго време ќе треба да ги следиме инструкциите, рече Рохани за време на редовната неделна средба со Штабот за борба со коронавирусот, што беше пренесувана на државната телевизија. -Треба да ги прекинеме сите групни собирања, дали се тоа свадбени веселби, церемонии на помен или семејни посети, додаде тој. Иран се уште активно се бори со смртоносната епидемија на коронавирусот, иако првите случаи беа регистрирани уште во февруари. Портпаролот на Министерството за здравство, Киануш Џаханпур, изјави дека вкупниот број на позитивни случаи во земјата е зголемен на 169. 425, со нови 2.269 заразени во последното деноноќие. Тој додаде дека во последните 24 часа починале уште заразени 75 лица, со што вкупниот број на жртви од Ковид-19 сега изнесува 20.209. Властите постепено ги укинуваат ограничувањата, наметнати за справување со вирусот, и нормалниот режим на работа на економијата речиси е обновен во повеќето провинции низ земјата. Властите, меѓутоа, се сериозно загрижени од зголемениот број на новозаразени и недостигот на контрола за почитување на наметнатите мерки во земјата. Според Рохани, во Иран нема „втор бран“ и економската активност во целата земја треба да продолжи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/naviknete-se-na-koronavirusot-dolgo-vreme-kje-bide-megju-nas/feed/ 0
Рохани му се извинил на Зеленски за урнатиот украински авион крај Техеран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rohani-mu-se-izvinil-na-zelenski-za-urnatiot-ukrainski-avion-kraj-teheran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rohani-mu-se-izvinil-na-zelenski-za-urnatiot-ukrainski-avion-kraj-teheran/#respond Sat, 11 Jan 2020 18:21:15 +0000 https://kurir.mk/?p=288419

Иранскиот претседател Хасан Рохани и се извинил на Украина за соборениот украински патнички авион во близина на Техеран, информира украинскиот претседател Володимир Зеленски. Двајцата претседатели имале телефонски разговор, соопшти прес службата на шефот на украинската држава. „Рохани се извини за трагедијата, која однесе животи на 176 лица. Претседателот на Иран целосно признава дека до трагедијата дојде поради погрешни дејствија на војската во нивната земја”, се наведува во соопштението на украинското претседателство. Зеленски на Рохани му соопштил дека инсистира Иран под итно да го заврши идентификувањето на телата на загинатите во инцидентот. „За нас е исклучително важно следната недела, до 19 јануари,  телата на загинатите да бидат вратени во Украина, за да можат роднините да се збогуваат со нив“, подвлече украинскиот претседател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rohani-mu-se-izvinil-na-zelenski-za-urnatiot-ukrainski-avion-kraj-teheran/feed/ 0