ирена ристиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Aug 2020 16:53:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ирена ристиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ирена Ристиќ „удри“ по власта: Крадете, а ништо не работите, ни грам љубов, ни грам осет немате за оваа земја!!! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/irena-ristikj-udri-po-vlasta-kradete-a-nishto-ne-rabotite-ni-gram-ljubov-ni-gram-oset-nemate-za-ovaa-zemja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/irena-ristikj-udri-po-vlasta-kradete-a-nishto-ne-rabotite-ni-gram-ljubov-ni-gram-oset-nemate-za-ovaa-zemja/#respond Wed, 05 Aug 2020 16:53:08 +0000 https://kurir.mk/?p=386796

Укинете го Министерството за животна средина! Шо ќе ни е?! Шо ќе ни е?! Пластични шишиња и разен друг отпад со саати и саати течат со Вардар!!! И така со години!!! Слободно украдете ги парите со кои би се санирала оваа хаварија и би се санкционирале сторителите, пошто секако само тоа знаете да правите!!! Да крадете!!! Не се преправајте дека нешто ве допира и дека демек нешто преземате!!! Ни грам љубов, ни грам осет немате за оваа земја!!! Да би Вардар ве однел, да би!!! Фејсбук статус на Ирена Ристиќ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/irena-ristikj-udri-po-vlasta-kradete-a-nishto-ne-rabotite-ni-gram-ljubov-ni-gram-oset-nemate-za-ovaa-zemja/feed/ 0
Ристиќ објави шокантно видео: „Зошто е таков Вардар?! Еве, гледајте!“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristikj-objavi-shokantno-video-zoshto-e-takov-vardar-eve-gledajte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristikj-objavi-shokantno-video-zoshto-e-takov-vardar-eve-gledajte/#respond Sun, 22 Sep 2019 21:58:30 +0000 https://kurir.mk/?p=243675

Актерката Ирена Ристиќ објави шокантно видео од реката Вардар. „Зошто е таков Вардар?! Еве, гледајте! Инспекцијата искочила на терен и наводно е од каналот (а каналот се наоѓа после мостот близнаци, на потегот према Долно Лисиче. Информациите се дека директно доаѓа од Макстил, поранешна Железара, вели мојот извор кој го направи видеово) Чекаме резултати од инспекциската работа!!
Не ви тече Вардар у дневна па да си истурате шо сакате, гомна мегаломански ненаситни!!! КАЗНА!!!“-пишува Ристиќ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ristikj-objavi-shokantno-video-zoshto-e-takov-vardar-eve-gledajte/feed/ 0
„После овие снимки во оваа влада веруваат само Марјан Забрчанец и другар му Петрит“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posle-ovie-snimki-vo-ovaa-vlada-veruvaat-samo-marjan-zabrchanec-i-drugar-mu-petrit-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posle-ovie-snimki-vo-ovaa-vlada-veruvaat-samo-marjan-zabrchanec-i-drugar-mu-petrit-foto/#respond Fri, 09 Aug 2019 13:06:23 +0000 https://kurir.mk/?p=228119

Се побројни се реакциите на граѓаните во јавноста по објавените видео снимки за изнудениот рекет од страна на Боки 13 врз бизнисменот Орце Камчев. Поранешната пратеничка од редовите на СДСМ Софија Куновска и порача на власта магла. -ПР тимот на СДСМ волку ли смисли по повод целава сапуница. Кој со кого се гледал?!  Притоа тие што се гледаат ниту ги плаќаме ниту е забрането да се гледаат.
Аут оф фокус или магла по нашки. Не се држат пресови за опозиција туку се покренуваат соодветни постапкин ако некој прави нешто недозволено, драги мои, стои во нејзиниот пост на Фејбсук. Исто така актерката Ирена Ристиќ сподели статус во кои вели дека после овие снимки во оваа влада веруваат само Марјан Забрчанец и другар му Петрит.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posle-ovie-snimki-vo-ovaa-vlada-veruvaat-samo-marjan-zabrchanec-i-drugar-mu-petrit-foto/feed/ 0
Ристиќ: Д #СмартСити оф Скопје (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ristikj-d-smartsiti-of-skopje-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ristikj-d-smartsiti-of-skopje-foto/#respond Tue, 06 Aug 2019 20:38:44 +0000 https://kurir.mk/?p=227092

Актерката Ирена Ристиќ сподели фотографии од расфрлано ѓубре, честа слика која може да се види низ Скопје. Д #СмартСити оф Скопје..., напиша Ристиќ на Фејсбук. Инаку, Ристиќе е дел од акцијата „Не биди ѓубре“ и заедно со други активисти до сега исчистија повеќе локации во Скопје и им ја завршија работата на оние, кои што се платени за тоа. Преку акциите тие сакаат да ја подигнат свеста за почиста животна околина. Пораките се не загадувај, или ако веќе си загадил, исчисти си позади себе и службите кои се платени за тоа, да си ја вршат работата како што треба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/ristikj-d-smartsiti-of-skopje-foto/feed/ 0
Ирена Ристиќ до Спасовски: Да сносите одговорност за сето малтретирање, изживување и демонстрирање сила над мене https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/irena-ristikj-do-spasovski-da-snosite-odgovornost-za-seto-maltretiranje-izzivuvanje-i-demonstriranje-sila-nad-mene/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/irena-ristikj-do-spasovski-da-snosite-odgovornost-za-seto-maltretiranje-izzivuvanje-i-demonstriranje-sila-nad-mene/#respond Sun, 31 Mar 2019 19:21:56 +0000 https://kurir.mk/?p=180868

Актерката Ирена Ристиќ, која во септември минатата година беше уапсена кога со група активисти чистеше пред Влада, преку Фејсбук статус во кој ги објави сите документи од вечерта кога беше притворена, побара одговорност од министерот за внатрешни работи. Таа од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски бара одговорност за малтретирањето што го доживеала од полициските припадници кои ја однесоа во психијатарската болница Бардовци. „За сето малтретирање, модрици, подливи и гребаници!!! За наранџастите и љиљакови нокти на полицајките! За сето изживување и унесување у фаца од страна на командирот со уште шестмина други… Ред се редат, мале… За секоја навреда, секое “пизда ти материна”, “ма” и “мори”!! За сета вулгарност, простотилак, некултура и непрофесионалност! За сето демонстрирање сила! За клештењето кога побарав некој да ми го провери кучето дома!! За труцкањето у лименото комбе, за висењето у Бардовци! За сета неправда која ми е нанесена само зашто кажав она што е факт! За целата траума!!! За сите кои ја немаат мојата лудост и храброст да се спротивстават! За Вашите лаги!!!“,пишува Ристиќ на Фејсбук. #ОДГОВОРНОСТ  -Третата слика е официјален документ на МВР во кој се тврди дека Ирена Ристиќ поради одбивање да се алкотестира била носена прво во комплекс клиники-Ургентен центар каде наводно одбила да биде алкотестирана па поради тоа била однесена во психијатриска болница Скопје, Бардовци. Да се потсетиме на посочениот ден Ирена е лишена од слобода од страна на овластени службени лица без поуки за права, поуки за бранител и без известување на семејството. Оневозможен пристап до адвокат. Нејзиниот бранител, адвокат Јанаки Митровски е контактиран дури во 3.30 по полноќ после 4 и пол часа, по што Ирена е ослободена во 4.30. На средната слика има официјален допис од Ургентен центар дека тој ден нити вонредно, нити преку МОЈ ТЕРМИН Ирена е регистрирана дека била во Ургентен центар, а идентичен одговор најдесно има и од Клиниката за Токсикологија. Министре Oliver Spasovski ќе сноси ли одговорност некој во Министерство за внатрешни работи за иживувањето врз Ирена, кршењето на нејзините основни права и безочното лажење на Вашите служби со цел заташкување? До кога овластените службени лица ке сметаат дека униформата ги прави имуни на почитување правила, прописи и постапка? ОДГОВОРНОСТ мора да има, и истата мораме ГЛАСНО да ја бараме со цел да спречиме идно вакво однесување на полиција која смета дека може било кој граѓанин да го влече по психијатарски болници од чиста мира и дополнително да лаже(види фото) со цел да заташка, завршува таа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/irena-ristikj-do-spasovski-da-snosite-odgovornost-za-seto-maltretiranje-izzivuvanje-i-demonstriranje-sila-nad-mene/feed/ 0
ОЈО ја отфрли кривичната пријава против актерката Ирена Ристиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-ja-otfrli-krivichnata-prijava-protiv-akterkata-irena-ristikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-ja-otfrli-krivichnata-prijava-protiv-akterkata-irena-ristikj/#respond Thu, 21 Mar 2019 18:08:39 +0000 https://kurir.mk/?p=177308

Основното јавно обвинителство донесе Решение со кое се отфрла кривичната пријава против македонската актерка Ирена Ристиќ, кое беше поднесено од Здружението за здравствена, социјална и образовна поддршка „Иницијатива за развој и инклузија на заедниците“ од Скопје, (European Roma Rights Centre) и Здружение на правници Роми, под образложение дека пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност, објави порталот ЈанакиЗнае. Актерката Ристиќ беше пријавена за кривичното дело „Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“ по чл. 319 став 1 од Кривичниот законик и за кривичното дело „Загрозување на сигурноста“ од чл. 144 став 4 в.в ст. 1 од Кривичниот законик. Јавен Обвинител при ОЈО Скопје ја прифаќа одбраната на актерката, оттаму наведуваат дека искажаното е во согласност со член 10 од Конвенцијата за основни човекови права и слободи односно правото на слобода на изразување. Ова решение е обжалено од наводно оштетените, но и жалбата е одбиена од Вишото Јавно Обвинителство и решението е правосилно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-ja-otfrli-krivichnata-prijava-protiv-akterkata-irena-ristikj/feed/ 0
Ирена Ристиќ во интервју за „еМагазин“: Ако си на функција должен си да најдеш решение, а не оправдание https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/irena-ristikj-vo-intervju-za-emagazin-ako-si-na-funkcija-dolzen-si-da-najdesh-reshenie-a-ne-opravdanie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/irena-ristikj-vo-intervju-za-emagazin-ako-si-na-funkcija-dolzen-si-da-najdesh-reshenie-a-ne-opravdanie/#respond Sat, 22 Dec 2018 08:45:25 +0000 https://kurir.mk/?p=143508

Личност на годината на „еМагазин“ е актерката и активистка Ирена Ристиќ, а изборот е направен од повеќе причини, и во секоја од нив, може да се препознае апсурдот. Направи еколошко размрдување на свеста и совеста со „Не биди ѓубре“, грешките на системот ги лови како лавот својот плен и многу често ги чувствува на своја кожа, низ нејзини раце поминаа голем број на хуманитарни акции, секогаш e на страната на обесправените, а поради љубовта кон животните заврши на суд. „Ај лав ју Петренце“ Со акцијата „Не биди ѓубре“, Ирена Ристиќ заедно со други активисти исчистија повеќе локации во Скопје и им ја завршија работата на оние, кои што се платени за тоа. Преку овие акции тие сакаат да ја подигнат свеста за почиста животна околина. Пораките се не загадувај, или ако веќе си загадил, исчисти си позади себе и службите кои се платени за тоа, да си ја вршат работата како што треба. „Убава ни е дружбата и се радуваме на секој резултат што ќе го направиме. Се бавиме со сериозно ѓубре. На мала квадратура собираме по 70 вреќи ѓубре во сред центар. Кога собиравме само пикавци, собравме 20 вреќи. Тоа се напластени ѓубриња“, вели Ирена во разговор за „еМагазин“. Работата на институциите според нејзе се сведува на оправдувања и наоѓање на изговори, што е недозволиво. „Ако си на функција должен си да најдеш решение, а не оправдание“, додава таа. Акцијата „Не биди ѓубре“ започна во август и од тогаш, секој викенд се на некоја локација. Се започнало со еден статус на една колешка, како сонувала дека глумците чистат, па Ристиќ искоментирала, да го исчистат кругот на Клинички центар. „Пред да се појавиме во 10 часот во кругот на Клинички центар, службите имаа подзачистено. Но и на веќе исчистено, собравме 20 големи вреќи ѓубре. Не предухитруваа за повеќе акции. Ќе најавиме каде ќе чистиме, ќе отидат да исчистат, но повторно одевме и полневме вреќи бидејќи не исчистиле како што треба. Малиот паркинг позади Соборна беше типичен пример. Неколку пати чистеа едно мало просторче за на крај да заличи на нешто. Не е како што треба, но е далеку подобро од она што беше. И нема локација на која не сме нашле шприцови и игли“, додава Ирена. Многу често се случува, отпадот што треба да биде дислоциран од одредено место, службите да го остават по неколку дена и тој повторно да биде расфрлан. Ги потсетуваат на Фејсбук за да си ја завршат работата. Нејзе ја радува што полека се менува свеста кај народот, посебно кај поединци кои чистат околу нивните згради, што е поентата на нивната акција. Луѓето сами да се грижат за својот простор. Ристиќ вели дека јадрото на „Не биди ѓубре“ кое го сочинуваат околу 15 активисти, знааат дека се предмет на шегачење на советниците на градоначалникот Петре Шилегов и на него самиот, но тоа не ги обесхрабрува, бидејќи како што вели, фактички, они се смеат на сопствениот одраз во огледало. „Они не си ја завршиле работата, така што нема простор некој да се шегачи со нас. Јас на пример да бев градоначалник ќе излезев на прес-конференција ќе се извинев на граѓаните за изгубеното време и ќе направев се тоа да не се повтори. А не да не игнорира, и не после шест дена да ги собира вреќите. Затоа што функцијата на еден градоначалник е да собира ѓубре и да го регулира паркингот. Таму нема простор за фини нешта, таа работа е аргатска. И не ми е јасно зошто човекот се бави со нешто што очигледно не го сака. Таа ароганција негова е навредлива. Мислам дека може достоинствено да ја напушти функцијата и да ја препушти на некој кој барем за нијанса повеќе ќе си ја сака работата. Се чудам како, луѓето наеднаш заборавија за што се боревме. За што се боревме? Сега наеднаш имаме функција и не гледаме дека е валкано, или не гледаме дека градот е тотално нефункционален “, вели Ирена. Дел од работните обврски кои градоначалникот не си ги завршил, Ирена многу често ги објавува на нејзиниот Фејсбук-профил под хаштаг „Ај лав ју Петренце“. Кога сме кај соработката со градоначалниците, таа вели дека единствен позитивен импулс добиваат од градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. „Човекот ни даде максимална поддршка која сега ќе ја развиваме во посериозна соработка. Имало куп фирми кои сакаат да не поддржат, но тоа треба прво да се разгледа, па потоа да решиме во кој правец ќе се развива“, вели Ристиќ која во оваа акција е најекспонирана, но позади себе има и други луѓе кои не сакаат да бидат експонирани, а подеднакви се вклучени во се што прави. „Јас сум тука за лајкови. Се дефинирам себе како координатор на туѓата добрина. Мене не ме мрзи да ги спојам луѓето кои што имаат потреба од помош со тие кои се волни да помогнат. И тоа  е напорно, тоа е целодневна работа на телефон. Телефонот ми е канцеларија преку кој стапувам во контакт со сите, и така функционирам. И не е комплицирано. Затоа не можам да разберам како луѓето кои се на функции, кои се платени за тоа, имаат цела една структура под себе и ресурси, не можат да се координираат и да постигнуваат секојдневни резултати. Затоа што, ако јас како поединец можам да координирам 30-40 луѓе со превоз, со алати, со камиони, не разбирам како некој што е платен, тоа не го прави.  Заглавени сме во процедури наместо во акција, и тоа е залудно губење на енергија“, објаснува Ирена. Ако си ги знаеш правата и се бориш за нив, ќе завршиш во Бардовци Ирена ја избравме за личност на годината бидејќи учествуваше и спроведе бројни хуманитарни акции. Нејзините искуства со хуманоста на луѓето се различни, но вели дека најмногу потфрлаат политичарите. „Кога со торбиче собирав пари низ протестите, најмалку даваа политичарите. Донираа по 100 денари за разлика од некои луѓе кои даваа по 500 по 1.000 денари. Имаше еден пратеник кој даде книжна десетденарка, иако кажав која е целта на собирањето на средствата. Освен еден бивши министер, мислам дека беше за економија кој сакаше да остане анонимен, за една акција ми даде поголема сума на пари, другите не верувам дека помагаат. Исто така, секогаш вешто ги избегнуваат моите објави кога пишувам за хуманитарна акција кога е многу итно, но кога ќе ги чепнам лично за конкретна грешка, ми се јавуваат за десет минути“, објаснува Ирена. Ристиќ често пати предизвикува реакции на социјалните мрежи, таа додава дека за многу работи, сите знаат, но премолчуваат. Но таа не премолчува, па оттука трпи закани и навреди. „Моите објави ги растресуваат заспаните мрежи, само затоа што гласно го изговарам, она што го мислат сите, а од разни причини го премолчуваат. Така често сум мета за навреди и закани. Стравот е се присутен, сите молчат. Како за монструмот од Кочани кој малтретира кучиња. Сите луѓе ми се јавуваа јас да сведочам. Но им велам дека не можам во нивно име, бидејќи за да се поведе постапка мора да има изјави од конкретни луѓе, а они се плашат. И таа ситуација си остана така“, вели Ирена. Многу често, таа на своја кожа ги почувствувала слабостите, и нефункционирањето на системот. Не е единствена. Но е една од ретките која си ги знае правата како граѓанин, не премолчува и ја тера правдата до крај. „Институциите се толку нефункционални до раб да се прашаш дали воопшто постојат. Мораш сам да се бавиш со закони, мораш сам да истражуваш за да не се заглавиш негде. МВР ја има заборавено својата основна задача а тоа е дека они се органи на безбедност, они се чувари. Не се орган на терор, страв. Таму има многу простотилак и ароганција, а тоа е сето од незнаење. Човек кога знае, не може да биде таков. Недозволиво е“, додава таа. Според Ристиќ имаме закони за се, но немаме кадри кои тие закони би ги спроведувале. „Полицајците кои се на терен не ги познаваат доволно законите. На дадена тема, треба многу добро да си информиран, за да можеш да се заштитиш. Тие одат на сила. Ако одговориш како што јас одговарав во Беко, тогаш ќе те однесат во Бардовци и ќе лажат дека те носеле на Клиника и ќе го објават тоа како службен документ. МВР решило да напише така, за да се извади себе си од погрешна водена постапка. Но за се има докази. Тие пробувајќи да се извадат од целата ситуација, уште повеќе се заглавија“, вели Ристиќ за случајот кога беше приведена кога чистеше пред Влада. Вели дека целата тортура ја издржува само за да остане пример, за следниот пат кога ќе тргнат така да се однесуваат кон друг човек, да им текне дека можеби и тој ќе биде доволно гласен како и таа. Работам со Нела Витошевиќ бидејќи го вади најдоброто од мене Како актерка која смее до солзи и расплакува до болка, Ристиќ ги селектира луѓето со кои работи. Најчесто соработува со режисерката Нела Витошевиќ. „Ги селектирам луѓето со кои работам, затоа што сметам дека претставата е врвниот продукт и не трпи оправданија од ниту еден тип како не можам, не знам, не се снаоѓам. Често соработувам со Нела бидејќи е вредна, принципелна, креативна, професинална и сето она што мене ми треба за да го извадам максимумот од мене“, вели Ирена и додава дека сака да сработи нешто на мајчин јазик, собира текстови, чита, ја знае екипата со која ќе работи и повторно претставата ќе ја режира Нела. Претставата „Странци“ која одлично помина кај публиката на репертоарот на Драмски театар ќе биде поставена по празниците. Во новата сезона на Преспав која стартуваше на 17 декември, Ирена ќе ја гледаме во седмата епизода. „Една епизода имам оваа сезона што е грешка на продукцијата, но ќе се поправат белким“, додава таа. Долго време наназад, фестивалите не и се репер за тоа што е најдобро, бидејќи има пазарење. Гостува и си заминува. Желба за Нова година и е, со девојките од „Не биди ѓубре“ да купат косилица и на акциите од пролет да бидат по 100 луѓе. За периодот што следува сакаат да инвестираат во лопати за чистење на снег, за ако наврне да не ги изненади и да чистат каде што треба. Верува во резултати и тоа е она што ја крева во недела сабајле за нова акција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/irena-ristikj-vo-intervju-za-emagazin-ako-si-na-funkcija-dolzen-si-da-najdesh-reshenie-a-ne-opravdanie/feed/ 0
Таткото на девојчето што се удави во Вардар ќе ја тужи актерката Ирена Ристиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatkoto-na-devojcheto-shto-se-udavi-vo-vardar-kje-ja-tuzi-akterkata-irena-ristikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatkoto-na-devojcheto-shto-se-udavi-vo-vardar-kje-ja-tuzi-akterkata-irena-ristikj/#respond Mon, 03 Dec 2018 17:23:02 +0000 https://kurir.mk/?p=135271

Фејсал Меџити, таткото на тинејџерката која се удави во водите Вардар во Гостивар бегајќи од куче, најави тужба против актерката Ирена Ристиќ која изминатиов викенд на својот Фејсбук профил објавила дека тинејџерката била убиено од својот татко. Како мотив во незјиниот пост ја навела трагичната љубовна врска, бидејќи се заљубила во друго момче, а била ветено за момче од Турција. -Јас сум таткото на удавеното девојче. Апелирам до сите да не го коментираат овој случај да остават институциите кои се надлежни, рече Меџити. Тој повика на разбирање кај новинарите да не прават сензации од овој случај, бидејќи болката од загубата во семејството сé уште е силна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tatkoto-na-devojcheto-shto-se-udavi-vo-vardar-kje-ja-tuzi-akterkata-irena-ristikj/feed/ 0
Шилегов, го исчистивте ли ѓубрето како и обично или овој пат решивте да апсите? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shilegov-go-ischistivte-li-gjubreto-kako-i-obichno-ili-ovoj-pat-reshivte-da-apsite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shilegov-go-ischistivte-li-gjubreto-kako-i-obichno-ili-ovoj-pat-reshivte-da-apsite/#respond Mon, 17 Sep 2018 13:54:06 +0000 https://kurir.mk/?p=102160

Градската власт во Скопје, водена од Петре Шилегов го претвори градот во огромна депонија. Комуналната хигиена не се одржува, иако е тоа редовен делокруг на работа на ЈП Комунална хигиена. Но затоа власта очигледно фрустрирана од сопствената неработа апси секој кој сака со позитивен пример да покаже што всушност треба  истата да прави.

Актерката Ирена Ристиќ, која беше огромен поддржувач на Шарената револиција, вчера беше приведена откако пред Влада собираше пикавци и го чистеше просторот, кој претходно не бил исчистен од страна на градските служби.

Ристиќ  на Фејсбук посочи на притисокот на власта, кој во полиција се обиделе врз неа да го вршат.

  Таа јавно сподели и дека полицијата имала насилен однос кон неа. Ристиќ вели дека завршила со модрици.

Комунална хигиена излегува да чисти само кога Шилегов треба да се пофали пред граѓаните, некого да навреди или да исмее, но не секојдневно, како што тоа впрочем треба да го прави.

Имено, Шилегов по големиот сенароден митинг на опозицијата на почетокот на јуни напиша фејсбук статус: „ Го исчистивме ѓубрето. Како и секогаш...“.

Очигледно тоа секогаш не е баш секогаш, па затоа кога службите нема да завршат работа и со денови главниот град ќе тоне во смет, па некој со добар пример ќе покаже на неажурноста на власта, тој се апси.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shilegov-go-ischistivte-li-gjubreto-kako-i-obichno-ili-ovoj-pat-reshivte-da-apsite/feed/ 0
МВР ќе ја казни актерката Ирена Ристиќ со 1300 евра? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-kje-ja-kazni-akterkata-irena-ristikj-so-1300-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-kje-ja-kazni-akterkata-irena-ristikj-so-1300-evra/#respond Mon, 17 Sep 2018 11:42:11 +0000 https://kurir.mk/?p=102063

На 17.09.2018 година во 01.05 часот на булевар „Илинден“ во Скопје, во близина на Влада на Република Македонија, лицата И.Р.(43) од Охрид и В.Р.(32) од Скопје, го нарушиле jавниот ред и мир. Како што соопшти денеска МВР, лицата викале на висок тон и дрско и непристојно се однесувале, а откако двајца полициски службеници им се доближиле и ги предупредиле за нивното однесување, почнале да ги омаловажуваат и навредуваат полициските службеници. И.Р. и В.Р. биле приведени во Полициската станица Центар за понатамошна постапка, поради сторени прекршоци против јавниот ред и мир. Кај лицето В.Р. (32) било утврдено дека е под дејство на алкохол, после извршено алкотестирање. И.Р. (43) одбивала да и биде извршено алкотестирање и поради тоа била однесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да и биде земена крв и урина за анализа за присуство на алкохол. Таа, исто така, одбила да даде крв, по што била однесена во ЈЗУ Психијатриска болница - Скопје, со цел добивање на мислење од стручно лице врз основа на надворешните манифестации и симптоми на лицето. После тоа, И.Р. била вратена во Полициската станица Центар и во 04.30 часот била ослободена. На лицето В.Р. му било извршено алкотестирање и тој потпишал записник за присуство на алкохол во крвта, по што бил ослободен во 03.35 часот. Против лицето И.Р. ќе бидат поднесени прекршочни пријави по член 4 (Кој на јавно место со карање, викање или непристојно и дрско однесување го нарушува јавниот ред и мир ќе му се изрече глоба во висина од 100 до 400 евра во денарска противвредност) и член 13 (Koj омалoважува државен орган, односно омаловажува или навредува службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата ќе му се изрече глоба во висина од 600 до 800 евра во денарска противвредност. Ако службено лице од став 1 на овој член е полициски службеник на сторителот ќе му се изрече глоба 600 до 900 евра во денарска протввредност). МВР во соопштението подвлекува дека против лицето В.Р. ќе бидат поднесени прекршочи пријави по член 4, член 6 (Кој на јавно место се оддава на пијанство или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир ќе му се изрече глоба во висина од 100 до 400 евра во денарска противвредност) и член 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-kje-ja-kazni-akterkata-irena-ristikj-so-1300-evra/feed/ 0