Ирина Бухова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Sep 2022 14:45:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ирина Бухова – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владата ја разреши директорката на ДСЗИ Бухова, еве кој доаѓа на нејзино место https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-razreshi-direktorkata-na-dszi-buhova-eve-koj-doagja-na-nejzino-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-razreshi-direktorkata-na-dszi-buhova-eve-koj-doagja-na-nejzino-mesto/#respond Tue, 13 Sep 2022 14:45:21 +0000 https://kurir.mk/?p=732240

На денешната 82-ра седница, Владата ја разреши Ирина Сотирова- Бухова од должноста в.д. директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на нејзино барање.Како што информираат од владината прес-служба, за в.д директор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја именува Рената Младеновска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-ja-razreshi-direktorkata-na-dszi-buhova-eve-koj-doagja-na-nejzino-mesto/feed/ 0
Арсовски: Оставката на Бухова не е доволна, потребна е одговорност за незаконитото работење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-ostavkata-na-buhova-ne-e-dovolna-potrebna-e-odgovornost-za-nezakonitoto-rabotenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-ostavkata-na-buhova-ne-e-dovolna-potrebna-e-odgovornost-za-nezakonitoto-rabotenje/#respond Wed, 24 Aug 2022 10:18:37 +0000 https://kurir.mk/?p=723124

Повторно молк од институциите во врска со незаконитото работење на Ирина Бухова. Како функционер на власта на СДСМ, Бухова е врзана со низа скандали, при што на обзнанување на последниот за очната болница, си даде оставка за која вели дека ја планирала од поодамна. Оставката на Бухова е врзана со последниот скандал за кој не спречила диво работење на приватна очна болница во центарот на Скопје, за која нејзината институција издала решение за забрана за вршење оперативни зафати на Промедика офталмологија, а Бухова продолжила одреден период да ги штити, изјави на денешната прес конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека не е доволно само да си поднесе оставка, туку дека мора да се отвори случај, да се утврдат фактите и да сноси секаква одговорност. - Министерството за здравство да не молчи повеќе, туку да го испита случајот, бидејќи вака е практично соучесник. Оваа власт предводена од СДСМ од здравствениот систем направи вистински кошмар. Материјалниот и било каков друг интерес на функционерите кои ги раководат институциите во здравството им се далеку поважни од здравјето на граѓаните и непречено функционирање на системот. Оставката на Бухова не значи дека ќе избега од одговорност. Одговорност мора да има за секој кој се огрешил пред законот. Доколку институциите како Министерството за здравство и останатите кои што треба да го испитат случајот се уште молчат, тоа значи дека и тие истите се соучесници, појасни портпаролот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-ostavkata-na-buhova-ne-e-dovolna-potrebna-e-odgovornost-za-nezakonitoto-rabotenje/feed/ 0
Арсовски: Оставката на Бухова нема да ја спаси од одговорност што приватна очна болница оперирала на диво https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-ostavkata-na-buhova-nema-da-ja-spasi-od-odgovornost-shto-privatna-ochna-bolnica-operirala-na-divo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-ostavkata-na-buhova-nema-da-ja-spasi-od-odgovornost-shto-privatna-ochna-bolnica-operirala-na-divo/#respond Tue, 23 Aug 2022 10:15:32 +0000 https://kurir.mk/?p=722550

Вчерашното објавување на оставката на Ирина Бухова од директор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат е уште една потврда дека нејзиното директорување и раководење на институцијата е поврзано со многу скандали и криминалии, а следствено на последниот кој што го обзнанивме пред неколку дена, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Истакна дека последното во низа беше она кое што го објавивме пред неколку денови, дека дозволила, внимавајте дозволила Ирина Бухова иако имало решение за забрана на вршење на оперативна дејност на очна болница, приватна очна болница да продолжи и понатака да оперира на диво во центарот на Скопје, иако не поседувала лиценци за оперативни зафати. -Можеме да кажеме дека едниот дел од нашата цел, да се тргне оваа директорка која не раководи добро со институцијата и ја внесе во десетици криминалии е исполнет, без разлика што не очекуваме подобро решение од власт, што би ја заменило. Но, она што е уште поважно е дека Ирина Бухова сега треба да сноси одговорност за стореното и за лошото менаџирање и сите криминали кои што се направени во таа институција. Никако, ама никако не смее, внимавајте после секој скандал на било кој директор или функционер на власта на СДСМ и ДУИ, да си поднесе оставка и тука да заврши целата приказна на одговорност. Не тоа не смее да се случи. Практика стана да даваат оставки и да мислат функционерите на СДСМ дека нема да одговараат за стореното и нерегуларното работење, бидејќи сите институции на прогон, јавно обвинителство, МВР итн. Ги штитат пошто се нивни пулени. Еве, јавно од оваа говорница да им порачаме, како политичка партија, како Димче Арсовски, најпрвин на Ирина Бухова, а потоа и на сите други кои си дадоа оставки и мислеа дека тука им завршила одговорноста, нема да биде така. Ниту едно дело нема да помине неказнето. Бидете сигурни во тоа. Никој ама баш никој нема да избега од одговорност, вели Арсовски. Тој нагласи дека Ирина Бухова е само последна во низата на директори што даваат оставка. -Или да речеме, си бараат изговори дека одамна сакала да си замине од функцијата, ама не можеле да и најдат достојна партиска замена, а всушност, Бухова си заминува во оној момент кога објавуваме огромен скандал за нејзе, каде што дозволила приватна очна болница да оперира на диво. Одговорност мора да има. Уште еднаш го повикувам Беким Сали, во најбрз можен рок, заедно со другите институции за спроведување на законите, да отвори истрага за овој случај и да ги изнесе фактите во јавност. Молкот и оставката на Бухова е само потврда за нејзиното незаконско и криминално работење. Одговорност ќе има, макар и до крајот на светот да бегаат и да се кријат функционерите од власта кои што се огрешиле пред законот, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-ostavkata-na-buhova-nema-da-ja-spasi-od-odgovornost-shto-privatna-ochna-bolnica-operirala-na-divo/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Со заминување на Бухова, не завршува одговорноста, кривична одговорност за сите во институциите мора да има https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-zaminuvanje-na-buhova-ne-zavrshuva-odgovornosta-krivichna-odgovornost-za-site-vo-instituciite-mora-da-ima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-zaminuvanje-na-buhova-ne-zavrshuva-odgovornosta-krivichna-odgovornost-za-site-vo-instituciite-mora-da-ima/#respond Mon, 22 Aug 2022 20:45:51 +0000 https://kurir.mk/?p=722359

Со заминување на Бухова, не завршува одговорноста, кривична одговорност за сите во институциите мора да има. Поликлиниката Промедика во центарот на Скопје работела без лиценца и оперирала луѓе. Ова го дозволиле од ДСЗИ и од министерството за здравство, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Најодговорен е министерот за здравство, кој морал да знае што се случува во неговиот ресор. Тоа во тоа време бил Венко Филипче.

ЈО да не чека, истрага мора да има како за Бухова, така и за Филипче и за сите одговорни кои дозволиле поликлиника да работи без лиценца. Здравјето на граѓаните нема цена, и никој не смее да тера бизнис со здравјето на народот.

Оставки и одговорност веднаш“ - се наведува во партиското соопштение.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-zaminuvanje-na-buhova-ne-zavrshuva-odgovornosta-krivichna-odgovornost-za-site-vo-instituciite-mora-da-ima/feed/ 0
ФАКТОР ДОЗНАВА: Ирина Бухова повеќе не е директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/faktor-doznava-irina-buhova-povekje-ne-e-direktorka-na-drzavniot-sanitaren-i-zdravstven-inspektorat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/faktor-doznava-irina-buhova-povekje-ne-e-direktorka-na-drzavniot-sanitaren-i-zdravstven-inspektorat/#respond Mon, 22 Aug 2022 19:15:22 +0000 https://kurir.mk/?p=722324

Порталот Фактор од свои извори во здравствениот сектор дознава дека досегашната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, доктор Ирина Бухова нема повеќе да ја врши функцијата. Имено, нејзиниот мандат истече уште на 5-ти април годинава, но досега се бараше нејзина замена. „Одредени структури во Министерството за здравство добија „партиска задача“ да најдат замена, уште во април откако и заврши мандатот“, велат изворите на Фактор. Фактор вечерва ја контактираше веќе поранешната директорка на ДСЗИ, Бухова која потврди дека по завршувањето на мандатот, самата побарала да именуваат нов директор. Инаку, се уште не се знае кој е наследникот на Бухова, односно кој ќе биде новиот директор на ДСЗИ, иако како што дознава Фактор, поранешната директорка Бухова е веќе известена за смената.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/faktor-doznava-irina-buhova-povekje-ne-e-direktorka-na-drzavniot-sanitaren-i-zdravstven-inspektorat/feed/ 0
ПОЧИНА ЛИЦЕ КОЕ БИЛО ЛЕКУВАНО ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ: По трагедијата, ДСЗИ со апел до граѓаните кои се позитивни на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-lice-koe-bilo-lekuvano-vo-domashni-uslovi-po-tragedijata-dszi-so-apel-do-gragjanite-koi-se-pozitivni-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-lice-koe-bilo-lekuvano-vo-domashni-uslovi-po-tragedijata-dszi-so-apel-do-gragjanite-koi-se-pozitivni-na-koronavirus/#respond Tue, 12 Oct 2021 11:20:04 +0000 https://kurir.mk/?p=577649

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) апелираат до граѓаните кои се позитивни на Ковид 19, да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување. Директорката на инспекторатот Ирина Бухова, вели дека апелот го упатуваат со цел да ги заштитат граѓаните и нивното здравје. Од инспекторатот известуваат дека добиле претставка од здравствен работник, за починато лице инфицирано со Ковид 19, кое по утврдената дијагноза од матичен лекар, по 14 дена од инфекцијата, дошло во Ковид центар, во многу лоша здравствена состојба и починало на само неколку часа по приемот. Блиски родини на починатото лице, дале податок дека сега веќе починатото лице било лекувано седум дена во домашни услови со инфузиона терапија и ги навеле точните називи на лековите кои биле давани, а истите ги посочил во писмен допис и здравствениот работник кој извршил прием на пациентката каде починала. Според сите законски прописи, испектори од ДСЗИ, веднаш по преставката на здравствениот работник, излегоа на терен и утврдија дека матичниот лекар на пациентката и препишал само таблетарна антибиотска терапија, пациентката потоа никогаш не побарала преглед или совет од матичниот лекар и дека не е познато кој, на сега веќе починатата и давал терапија и притоа не оставил никаков пишан документ или извештај. Од тие причини, ДСЗИ случајот го пријави во Министерството за внатрешни работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-lice-koe-bilo-lekuvano-vo-domashni-uslovi-po-tragedijata-dszi-so-apel-do-gragjanite-koi-se-pozitivni-na-koronavirus/feed/ 0