Ирина Пановска Ставридис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Nov 2022 09:14:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ирина Пановска Ставридис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Клиника за Хематологија ќе прерасне во регионален центар за лекување на најтешките болести на крвта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinika-za-hematologija-kje-prerasne-vo-regionalen-centar-za-lekuvanje-na-najteshkite-bolesti-na-krvta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinika-za-hematologija-kje-prerasne-vo-regionalen-centar-za-lekuvanje-na-najteshkite-bolesti-na-krvta/#respond Wed, 09 Nov 2022 09:14:49 +0000 https://kurir.mk/?p=757809

Делегација од Европската команда на армијата на САД, денеска ја посети ЈЗУ Клиника за Хематологија, каде интензивно се гради вториот кат, со  средства од програмата за помош Европска команда на Американска војска, обезбедени  преку амбасадата на САД во нашата земја во висина од милион долари. Оваа сума е наменета за проширување на капацитетите за хоспитализација, односно надградба на уште еден спрат. Новиот капацитет, заедно со воспоставените најсовремени методи за лекување и медицинска грижа, нудат можност клиниката да му служи не само на македонскиот јавен здравствен систем, туку истовремено го етаблира на врвот на најзначајните центри за лекување на хематолошки болести во поширокиот регион. -Оваа инвестиција е огромно олеснување за секојдневното просторно функционирање на Клиниката и на пациентите, ако се земе предвид фактот дека искористеноста на стационарот во последните неколку години е повеќе од сто отсто и секојдневно се бара кревет повеќе. Благодарение на донацијата од САД, на Хематологија годишно ќе се примаат 70 нови пациенти со малигни болести за кои досега немаше место, велат од клиниката. Финансиската помош е признание на САД за потенцијалот што го носи менаџерскиот и лекарскиот тим на ЈЗУ Клиника за Хематологија Скопје. Директорката на Клиниката д-р Ирина Пановска Ставридис вели дека согласно динамичкиот план за реализација, новиот спрат да биде ставен во употреба за во јуни идната година. “На новиот оддел, годишно ќе бидат лекувани најмалку 50 до 60 пациенти од нашата земја и 10 до 15 од соседните земји, кои досега не можевме да ги прифатиме заради немање просторни услови. Тоа се пациенти со малигни хематолошки болести, една од најранливите групи на пациенти. Клиниката за Хематологија сега е на мапата на светските и европските медицински центри за лекување на најтешките болести на крвта. Со оваа донација, Хематологија доби додадена вредност од техничка гледна точка, простор и опрема со која дополнително ќе се подобри медицинската услуга за пациентите. Со почеток со работа на новото одделение, на пациентите ќе им биде ставено на располагање се што поседуваат и нудат најсовремените центри од ваков вид”, вели директорката проф. д-р Пановска-Ставридис.
 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinika-za-hematologija-kje-prerasne-vo-regionalen-centar-za-lekuvanje-na-najteshkite-bolesti-na-krvta/feed/ 0
Познати детали за состојбата на девојката која имаше несакани реакции по примањето на вакцина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznati-detali-za-sostojbata-na-devojkata-koja-imashe-nesakani-reakcii-po-primanjeto-na-vakcina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznati-detali-za-sostojbata-na-devojkata-koja-imashe-nesakani-reakcii-po-primanjeto-na-vakcina/#respond Fri, 02 Apr 2021 20:25:04 +0000 https://kurir.mk/?p=491569

Дваесет и осумгодишната девојка која по вакцинацијата со „Астра Зенека“ во Србија имаше несакана реакција сега е во добра состојба и кај неа е целосно повречена невролошката симптматологија, вели директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, во вечерашната дебата на „360 степени“. „Во вторникот на нашата клиника беше хоспитализирана млада пациентка која на 21 март примила вакцина ‘Астра Зенека’ во Србија. Една недела по вакцинирањето, пациентката почувствувала главоболки кои биле неспецифични еднострани, во неколку наврати изгубила свест и потоа забележала оток на очниот капак на едната страна на лицето. По направените невролошки испитувања и крвни анализи беше упатена на нашата Клиника, бидејќи имаше многу ниски вредности на тромбоцити. Тоа се клетки од крвта кои имаат улога во згрутчување на крвта, а истовремено имаше изразена невролошка симптоматологија“, вели Пановска-Ставридис. Пановска-Ставридис за оваа ситуација вели дека е парадоксална, но не е непозната во медицината. Според неа, оваа состојба е можна по вакцинирањето против ковид, но тоа не е докажано. Додава дека постојат и други состојби во медицината кога се среќаваат пациенти со тромби, а со ниски вредности на тромбоцити. „Меѓутоа, пред неколку дена научниот свет се возбуди од нов синдром кој го поврзаа со вакцината против ковид на ‘Астра Зенека’ и го нарекоа дека е од вакцина индуцирана имуна тромботична тромбоцитопенија, а тоа значи состојба која се јавува од четврти до 21 ден по вакцинација кога кај пациентите се појавуваат тромби, а доаѓа до екстремно намалување на бројот на тромбоцити“, рече таа. Врз пациентката бил спроведен алгоритам според последните светски препораки за овој таканаречен нов синдром, за кој сè уште не е докажана поврзаноста со вакцинацијата на „Астра Зенека“. „На пациентката ѝ беше даден адекватен третман и кај неа е целосно повлечена невролошката симптоматологија, полека почнаат да растата вредностите на тромбоцити, но сè уште е задржана под медицинска опсервација на нашата клиника“, вели Пановска-Ставридис, пренесе 360 степени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznati-detali-za-sostojbata-na-devojkata-koja-imashe-nesakani-reakcii-po-primanjeto-na-vakcina/feed/ 0
Стојаноска: Додека пациентите на Хематологија чекаат лек од кој им зависи животот, директорката Пановска не може да одлучи дали ги има или не лековите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-dodeka-pacientite-na-hematologija-chekaat-lek-od-koj-im-zavisi-zivotot-direktorkata-panovska-ne-moze-da-odluchi-dali-gi-ima-ili-ne-lekovite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-dodeka-pacientite-na-hematologija-chekaat-lek-od-koj-im-zavisi-zivotot-direktorkata-panovska-ne-moze-da-odluchi-dali-gi-ima-ili-ne-lekovite/#respond Thu, 13 Jun 2019 11:54:08 +0000 https://kurir.mk/?p=208769

Зоран Заев и Венко Филипче донесоа живот за себе и за бизнис партнерите на владата, а опасност и нервози за пациентите на Хематологија и нивните семејства кои се плашат како ќе го дочекаат секој следен ден без соодветна терапија, ова денеска преку прес-конференција го истакна Дафина Стојаноска. -Додека пациентите на Клиниката за хематологија чекаат лек од кој им зависи животот, директорката на Клиниката, Ирина Пановска-Ставридис не може да одлучи дали ги има или не лековите. Пановска-Ставридис вели дека ниту еден пациент не е оставен без лек, но исто така вели и дека не е страшно ако не земеле лек неколку дена, зашто во понеделник веќе ќе ги имало?! Од оваа ситуација  јасно се гледа дека миленичката на Заев и Филипче или си поигрува со животите на пациентите, или само се интересира за тендерите за кои се најде на дневен ред и на Антикорупциската комисија Замислете, и нејзините колеги се чудат како ниту една надлежна институција, министерство за здравство, Фонд за здравствено осигурување, министерство за внатрешни работи, јавно обвинителство, не ги гледаат корупцијата и конфликтот на интереси. Сето ова е фактичка состојба. Оваа ситуација трае од првиот нејзин работен ден како директор на Хематологија. Ниту министерот за здравство Филипче, ниту премиерот Заев веќе две години не сакаат да стават крај на личните и семејни врски во здравството. Филипче и Заев како да работат само на продлабочување на релацијата ќерка - носител на јавна функција и татко -  сопственик на веледрогеријата „Д-р Пановски“. Оваа веледрогерија е континуирано дел од тендерските постапки и снабдувач на клиниките, меѓу кои и Клиниката за хематологија со која директорува неговата ќерка Пановска-Ставридис. Филипче треба веднаш да стави крај на оваа релација ќерка директор-татко снабдувач. Треба да стави крај на нејзиното директорување. А, поради низата скандали во здравството треба да замине и Филипче од функцијата министер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-dodeka-pacientite-na-hematologija-chekaat-lek-od-koj-im-zavisi-zivotot-direktorkata-panovska-ne-moze-da-odluchi-dali-gi-ima-ili-ne-lekovite/feed/ 0
Кој лаже? Пациентите на Хематологија 10 дена без лекови, директорката Пановска за 24 часа даде две изјави кои не се совпаѓаат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-laze-pacientite-na-hematologija-10-dena-bez-lekovi-direktorkata-panovska-za-24-chasa-dade-dve-izjavi-koi-ne-se-sovpagjaat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-laze-pacientite-na-hematologija-10-dena-bez-lekovi-direktorkata-panovska-za-24-chasa-dade-dve-izjavi-koi-ne-se-sovpagjaat/#respond Wed, 12 Jun 2019 13:09:52 +0000 https://kurir.mk/?p=208370

Скандалите поврзани со клиниката за Хематологија никако да престанат овие денови, но за жал поради лични и семејни интереси најмногу страдаат пациентите кои овие денови останаа и без два лека кои им се неопходни од нивната терапија. Како што претходно објави 24 инфо, неколкумина пациенти вчера до нивната редакција се пожалиле дека веќе 10-тина дена ги нема лековите „Хидроксиуреа“ и „Тромборедуктин“. Дел од истите пациенти како што објавува поратлот веќе неколку денови се без терапија иако нивните блиску тврдат дека без терапија не смеат да бидат ниту еден ден. Редакцијата на КУРИР по ова ја контактираше директорката на Клиниката за Хематологија, Ирина Пановска Ставридис која нелогично ни изјави дека ниту еден пациент не е оставен без терапија, додека блиски роднини на пациентите тврдат сосема спротивно. -Ниту еден пациент не е оставен без неопходен лек, особено не тешко болните, проблемот е што пациентите сакаат да земат месечни залихи за лекови, а во моментов можеме да ги опслужиме со лекови до следната недела, само тука е разликата, вели за КУРИР Пановска Ставридис. Таа додава дека лекот „Хидроксиуреа“ го има, но во мала количина бидејќи набавувачот има некој проблем со испораката, но до понеделник ќе има неопходни количини на лекот. -Тоа не се лекови кои ги загрозуваат пациентите, вели директорката во изјава за КУРИР. Сепак изјавата на директорката дадена за КУРИР и вчерашната дадена за 24 инфо на директорката не се совпаѓаат. -Тендерот е при крај, треба да поминат уште два дена за да истече законскиот рок за да можат да се повлечат лековите. Состојбата не е толку алармантна и два дена да не се напијат лек- вели директорката. Според неа лекови треба да има до петок, но не кажа конкретно кои лекови треба да стигнат до петок, вели Пановска за 24 инфо. Пациентите се во паника. Велат дека дел од нив имаат многу тешки дијагнози и дека веќе една недела се без таблети. – Мајка ми е на „тромборедуктин“ веќе две години. Има тромбоцитопенија, зголемен број на тромбоцити во крвта. Ако не го пие лекот може да добие мозочен или срцев удар во секој момент- вели Анета, ќерка на пациентка на хематологија. Од Хематологија исто така категорично ја демантираат информацијата дека пациентите на хематологија со најтешки болести се оставени без лекови и соодветна терапија, со што ја демантираат и директорката која во изјава за друг медиум потврди дека лекови нема и не е страшно доколку пациентите не земат терапија неколку денови. -Категорично ја демантирам информацијата дека на ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематологија пациентите со најтешки болести се оставени без лекови и соодветна терапија. Тоа е уште една од низата лажни вести која има за цел да го дискредитира јавното здравство. Земајќи предвид дека во тек е јавната набавка која ја спроведува министерството за здравство, во овој период расположливата количина на лекови ја распоредуваме на неделно ниво. Сметано од следната недела, после приемот на целата количина на лекови, ќе се вратиме на праксата да ги сервисираме месечните потреби на тешко болните пациенти. Сметам, дека вештачкото креирање паника во јавноста, никому не оди во прилог. Не смееме да заборавиме дека сите сме потенцијални пациенти и довербата во јавното здравство е општествена обврска на сите чинители, стои во одговорот на Хематологија до КУРИР. Инаку лекарите од Хематологија неодамна поднесоа Претставка до Антикорупциската комисија поради сомневање за начинот на делење на тендери и фаворизирање на одредени фирми од страна на Др. Ирина Пановска, пренесува НОВА. Само еден ден откако Антикорупциска комисија отвори предмет за да го истражи судирот на интереси на Клиниката за хематологија се огласија од Јавното обвинителство од каде соопштија дека „во посебниот извештај на Управата за финансиска полиција, не се утврдени повреди во постапката по јавните набавки, ниту е утврден судир на интереси кај одговорните лица, туку јавната набавка во целост и во сите фази е спроведена согласно закон“. Наспроти ваквите тврдења на Финансиската полиција, во Претставката испратена до Антикорупциска со која се бара да се отвори предмет за роднинските врски на првите луѓе на Kлиниката за хематологија и веледрогеријата „д-р Пановски“, а до кој дојде НОВА, се наведуваат повеќе примери зошто треба да се констатира судир на интереси кој влијае на квалитетот на здравствените услуги и на набавките на лекови. Во писмото пишува дека од страна на директорката Ирена Пановска комплетно е сменет Стручниот колегиум, кој сега е инструмент во нејзините раце за набавка на скапи лекови од веледрогеријата на нејзиниот татко, Др Пановски. Лекарите тврдат дека со новата систематизација, која била донесена на сила, нетранспарентно и незаконски директно и лично од вд. директорката Ирина Пановска освен Стручниот колегиум, сменета е и главната медицинска сестра, сите раководители на одделенија, а способните и докажани стручни кадри кои се носители на дејноста се деградирани што влијае на квалитетот на лекувањето и изборот на лекови. – Стручниот колегиум по закон му предлага на директорот кои лекови треба да се набават и друг потрошен материјал потребни за вршење на здравствената дејност, но во оваа Клиника, новиот Стручен колегиум не е веќе стручен орган на установата и не се сомнева во квалитетот на лековите, бидејќи Стручниот колегиум сега е станат еден евтин инструмент во рацете на вд.директорката. Тоа е заштитен круг на послушници. Резултатите, за жал се евидентни и во лекувањето и квалитетот на згрижување на пациентите, а смртноста е евидентно зголемена во последната година. Како лекари ја молиме Антикорупциската комисија што побрзо да го провери тој податок. – пишува во Претставката од група лекари на Хематологија. За докторите на Хематологија е нејасно како ниту една надлежна инситутуција – Министерство за Здравство, Фонд за здравствено осигурување, МВР, Јавно Обвинителство, па и Владата не може да увиди очигледен пример на конфликт на интереси како што е во фактичката состојба, каде ќерката е носител на јавна функција, а нејзиниот татко главен снабдувач со лекови и материјали на истата. – Изгледа дека воопшто не важат законите за ова семејство. – пишуваат лекарите до Антикорупциска комисија. Тие сметаат дека Ирина Пановска го релативизира ова прашање, со тоа што до Државната комисија за спречување на корупцијата поднесе изјава за нејзино “изземање од сите постапки за јавни набавки” каде како потенцијален понудувач може да се јави веледрогеријата на татко и, како и со назначување на „надзор“ на набавките од “надворешни стручни лица” кои не се вработени на Клиниката, а се надлежни да го следат и да вршат увид во начинот на кој се реализираат јавните набавки. – Ниту еден нов лек не е ставен на позитивна листа, односно сите се набавуваат со условни буџети, чии износи не се регулирани, како ни должината на достапноста на лековите. Другиот аспект е добавувачот на овие лекови, каде не смее да се прави разлика меѓу личноста со директен конфликт на интереси и други пријатели од веледрогериските кругови, со кои подоцна главната веледрогерија ќе ги регулира сметките и односите. Злоупотребата е јасна ако се согледа дека некои добавувачи се редовни на листата, а други, значајни „играчи“ во тој сегмент, воопшто ги нема меѓу добавувачите. Сумите кои проаѓаат низ нивните раце треба државата сама да ги пресмета. – се вели во писмото. Групата доктори исто така нагласуваат дека врската татко – ќерка не завршува со Клиниката за Хематологија. Фамилијарниот бизнис метастазира и во Министерството за здравство со експресното именување на Пановска за член на Комисијата за ретки болести – позиција со која може да влијание и врз одлуките кои лекови ќе се набавуваат и за кои болести, односно кои болести се ставаат на списокот на ретки. – Именувањето на Др.Ирина Пановска за член на Комисијата за ретки болести од страна на Mинистерот за здравство Венко Филипче е длабоко кршење на сите правни норми, мегаскандал поради фамилијарните фармацевтски врски кои фрлаат сериозно сомневање врз начинот како се делат тендерите и фаворизираат одредени фирми. – велат лекарите во Претставката. Писмото од докторите завршува со апел до антикорупциската итно да отвори случај и да утврди конфликт на интереси покрај за Пановска и за останатите ново именувани раководители кои се тесно поврзани исто така со фармацевтски куќи, пренесува НОВА. Ирина Пановска повторно на тапет кај Комисијата за спречување на корупција В.Д. директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска, повторно се најде на тапет кај Комисијата за спречување на корупција - овој пат за ненавремено поднесување на анкетниот лист. ДКСК на денешната седница, покрај другото, одлучи да поднесе прекршочна пријава против Пановска, која била именувана на 4 август 2017-та поднела само еднаш анкетен лист, иако тоа требало да го прави на секои шест месеци. Антикорупциска претходно отвори предмет за можна корупција при тендерска постапк со фирмамата „Др Пановски“ во сопственост на нејзиниот татко.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-laze-pacientite-na-hematologija-10-dena-bez-lekovi-direktorkata-panovska-za-24-chasa-dade-dve-izjavi-koi-ne-se-sovpagjaat/feed/ 0