иринеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 28 Jun 2022 06:44:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png иринеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иринеј бачки: СПЦ ниту го фаворизира, ниту може да го забрани името МПЦ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/irinej-bachki-spc-nitu-go-favorizira-nitu-moze-da-go-zabrani-imeto-mpc/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/irinej-bachki-spc-nitu-go-favorizira-nitu-moze-da-go-zabrani-imeto-mpc/#respond Tue, 28 Jun 2022 06:44:15 +0000 https://kurir.mk/?p=696654

Српската православна црква е неправедно обвинета за фаворизирање на името Македонска православна црква, иако не го користи во ниту еден од официјалните документи, туку ја охрабрува сестринската црква во Северна Македонија да го дефинира понатамошно именување и решението на проблемот во дијалог со грчките православни браќа. Ова го соопшти епископот бачки на СПЦ Иринеј (Буловиќ) во текст објавен на веб-страницата на грчкиот православен сајт Ромфеа.гр. – Згора на тоа, ние сме тажни секогаш кога не обвинуваат дека не само што го користиме името „Македонска православна црква“, туку дури и дека го поттикнуваме, нагласуваме и го наметнуваме. Овие наводи и обвинувања воопшто не се точни, објаснува меѓу другото епискотот бачки во текстот за кој наведува дека е составен по налог и благослов на Светиот синод на СПЦ. Тој посочува дека целта на текстот е да се разјаснат одредени сомнежи и да се реши забуната, која, како што наведува, „за жал, во последно време владее во одредени кругови на православниот, пријателски и братски грчки народ“. Епископот Иринеј вели дека со одлуката на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква, донесена на 16 минатиот месец, недвосмислено, меѓу другото, „се препорачува“ прашањето за официјалното именување да се реши преку „непосреден братски дијалог со грчките говорни и другите помесни православни цркви“. – Потоа, на 5 јуни уследи доделувањето автокефалноста, а во издадениот томос, повторно, по којзнае кој пат, беше повторена оваа препорака и охрабрувањето „новата сестринска црква да го реши прашањето за нејзиното официјално именување преку директен братски дијалог со грчко говорните и другите помесни православни цркви“, посочува епископот бачки. Тој нагласува дека нема документ или официјален текст на СПЦ во кој таа не се занимава со оваа тема одговорно и со должно внимание. Напоменува дека во овој случај, СПЦ „никому не суди, никому не му дава предност, никого не отфрла и никому не се наметнува, не е ничиј поддржувач или ривал, туку се бори, со Божјата моќ, праведно да расудува и да дејствува со љубов во секоја насока“. – Според тоа, што се однесува до името, ниту воведува, ниту инсистира на употреба на името „Македонска православна црква“, ниту името „Охридска архиепископија и Северна Македонија“, или кое било друго слично име, но не е во позиција ниту да ја забрани неговата употреба од оние кои сè уште го носат, вели епископот Иринеј. Од друга страна, на сестринската црква во Северна Македонија, во контекст на постоењето на меѓудржавниот договор за официјалното именување на државата (Договор од Преспа), кој стана меѓународно прифатен, и порачува дека со него се отвора дополнителен простор за дијалог. – Сметаме дека прашањето за официјалното именување на сестринската црква повеќе не спаѓа во опсегот на нашите грижи и одговорности, односно црковното име треба да произлезе како резултат на разговори и разбирање со автокефалните цркви од грчкото говорно подрачје. Секој резултат на взаемна согласност ќе биде добро прифатена и посакувана работа за нас. Сигурни сме дека сите други автокефални православни цркви сакаат да реагираат на ист начин, заклучува епископот бачки на СПЦ Иринеј Буловиќ. Српската православна црква по 55 годишен спор, минатиот месец одлучи да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА. Двете цркви одржаа и заеднички архиерејски богослужби на помирување во Белград и во Скопје. Ваквиот чекор следуваше по објавата на Вселенската патријаршија од 9 мај за враќање на Охридската архиепископија во канонско и евхаристиско единство. Патријаршискиот и синодален акт со кој се отстранува повеќедецениската шизма наложена врз нашата Црква, вселенскиот патријарх Вартоломеј му го предаде на архиепископот Стефан на зедничкото сослужување на 10 јуни во Фанар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/irinej-bachki-spc-nitu-go-favorizira-nitu-moze-da-go-zabrani-imeto-mpc/feed/ 0
СПЦ бира нов патријарх https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spc-bira-nov-patrijarh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spc-bira-nov-patrijarh/#respond Thu, 18 Feb 2021 07:21:37 +0000 https://kurir.mk/?p=470349

Српската православна црква (СПЦ) ќе почне денеска со постапка за избор на нов поглавар, 46-от патријарх, откако претходниот Иринеј почина од последици на Ковид- 19 Седницата на Саборот, наместо во зградата на Патријаршијата, како што беше досега, ќе се одржи, како што објави Српската православна црква, во криптата на Храмот Свети Сава на Врачар во Белград. Причината за преместувањето на местото на состанокот не беше официјално објавена, а јавноста спекулираше дека тоа се должи на пандемија. Во соопштение, СПЦ наведе дека присуството на медиумите на настанот не е предвидено и дека по завршувањето на седницата ќе биде издадено официјално соопштение. Дел од локалните медиуми претходно јавија дека е предложено учесниците на изборниот Сабор, наместо во патријаршиската куќа, да отседнат во белградскиот хотел „Хилтон“ во близина на еден од централните белградски плоштади Славија, што предизвика бурни реакции во јавноста. Засаега никој од Српската православна црква не ја потврди или негираше таа информација. Според последниот попис од 2011 година, 84,59 проценти од населението во Србија изјавиле дека припаѓаат на православната вероисповед.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/spc-bira-nov-patrijarh/feed/ 0
Во Соборната црква во Белград започна погребната литургија за патријархот Иринеј https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sobornata-crkva-vo-belgrad-zapochna-pogrebnata-liturgija-za-patrijarhot-irinej/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sobornata-crkva-vo-belgrad-zapochna-pogrebnata-liturgija-za-patrijarhot-irinej/#respond Sat, 21 Nov 2020 08:37:51 +0000 https://kurir.mk/?p=432437

Во Соборната црква во Белград, каде што е изложен ковчегот со телото на патријархот Иринеј, околу 9 часот започна погребната литургија. Ковчегот се наоѓа во средината на храмот и е целосно затворен, а во горниот дел е покриен со стакло. Литургијата ја служи митрополитот дабробосански Хризостом, со сослужение на епископот шумадиски Јован, крушевачкиот Давид и нишкиот Артемије. Верниците можеа да му оддадат почит на патријархот. По литургијата, телото на покојниот патријарх Иринеј ќе биде пренесено во Храмот „Свети Сава“ во Врачар. Патријархот ќе биде погребан утре во криптата на храмот „Свети Сава“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sobornata-crkva-vo-belgrad-zapochna-pogrebnata-liturgija-za-patrijarhot-irinej/feed/ 0
Вучиќ се огласи по смртта на патријархот Иринеј https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-se-oglasi-po-smrtta-na-patrijarhot-irinej/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-se-oglasi-po-smrtta-na-patrijarhot-irinej/#respond Fri, 20 Nov 2020 06:57:41 +0000 https://kurir.mk/?p=431992

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се огласи по смртта на српскиот патријарх Иринеј. -Чест ми беше што ве познавав. Таквите како вас никогаш не заминуваат, напиша Вучиќ на социјалните мрежи објавувајќи црно бела фотографија од патријархот на СПЦ.
Патријархот Иринеј (90) почина денеска во Воено медицинскиот центар Карабурма. Тој беше хоспитализиран поради коронавирус откако неговата здравствена состојба се влошила. За неговиот живот се бореа руски и српски лекари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-se-oglasi-po-smrtta-na-patrijarhot-irinej/feed/ 0
Почина српскиот патријарх Иринеј https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-srpskiot-patrijarh-irinej/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-srpskiot-patrijarh-irinej/#respond Fri, 20 Nov 2020 06:49:33 +0000 https://kurir.mk/?p=431989

Патријархот на Српската православна црква Иринеј (90) почина денеска во Воено медицинскиот центар Карабурма, јавуваат српските медиуми. Патријархот Иринеј беше хоспитализиран на 5 ноември поради коронавирус откако неговата здравствена состојба се влошила. За неговиот живот се бореа руски и српски лекари. Беше избран за патријарх на СПЦ на 22 јануари 2010 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pochina-srpskiot-patrijarh-irinej/feed/ 0
Влошена здравствената состојба на патријархот Иринеј https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vloshena-zdravstvenata-sostojba-na-patrijarhot-irinej/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vloshena-zdravstvenata-sostojba-na-patrijarhot-irinej/#respond Thu, 19 Nov 2020 09:49:22 +0000 https://kurir.mk/?p=431616

Влошена е општата состојба на српскиот патријарх Иринеј како последица на Ковид-19, соопшти Српската православна црква. -Постојаниот конзилиум на лекари, во присуство на лекари од Руската Федерација, ја следи општата и клиничката состојба на Српскиот патријарх Иринеј, соопшти СПЦ. Патријархот (90) се лекува на Воено-медицинскиот центар Карабурма од 5 ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vloshena-zdravstvenata-sostojba-na-patrijarhot-irinej/feed/ 0
Хоспитализиран српскиот патријарх Иринеј поради влошена состојба предизвикана од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hospitaliziran-srpskiot-patrijarh-irinej-poradi-vloshena-sostojba-predizvikana-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hospitaliziran-srpskiot-patrijarh-irinej-poradi-vloshena-sostojba-predizvikana-od-kovid-19/#respond Sun, 15 Nov 2020 09:10:49 +0000 https://kurir.mk/?p=429693

Српската православна црква потврди дека српскиот патријарх Иринеј е хоспитализиран во воената болница Карабурма, поради влошена здравствена состојба предизвикана од Ковид-19. Патријархот на СПЦ бил пренесен во болница утрово поради „влошување на хроничната срцева слабост“. Од СПЦ нагласуваат дека состојбата на Иринеј откако примил терапја се стабилизирала. Српската православна црква додаде дека конзилум лекари специјалисти континуирано ја следа здравствената состојба на патријархот Иринеј.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hospitaliziran-srpskiot-patrijarh-irinej-poradi-vloshena-sostojba-predizvikana-od-kovid-19/feed/ 0
Вучиќ и Иринеј: Состојбата со црквата и народот во Црна Гора е потешка од кога било во историјата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-i-irinej-sostojbata-so-crkvata-i-narodot-vo-crna-gora-e-poteshka-od-koga-bilo-vo-istorijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-i-irinej-sostojbata-so-crkvata-i-narodot-vo-crna-gora-e-poteshka-od-koga-bilo-vo-istorijata/#respond Wed, 20 May 2020 11:29:37 +0000 https://kurir.mk/?p=348279

Српскиот патријарх Иринеј по состанокот со претседателот Александар Вучиќ, изјави дека „ситуацијата на српскиот народ и на српската црква во Црна Гора е потешка од кога било во историјата и дека такво нешто не се случило ни за време на Отоманската империја, па дури ни за време на комунизмот“. Како што јави дописникот на МИА од Белград, за Иринеј целта е „протерување на српскиот народ, како што тоа правеле усташите во Хрватска и уништување на Српската православна црква (СПЦ)“. -Јасно е дека планот е да нема повеќе СПЦ и српски народ таму. Се создава нова црногорска нација која треба да го истисне сето она што е српско. Има и многумина од црквата кои и кумуваат на оваа состојба и се надевам дека ќе се предомислат, кажа Иринеј на прес конференцијата, замолувајќи го Вучиќ да го заштити српскиот народ и црквата во Црна Гора. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека Србија ќе одговори на сите лаги што се пласираат од Црна Гора, чија државност ја почитува, и дека секогаш ќе биде со својот народ во таа земја. -Како држава, ние ја разбираме позицијата на СПЦ, но мора да бидеме повнимателни, затоа што не сакаме да го сториме она што тие нам ни го направија, изјави Вучиќ. Тој тврди дека црногорските власти работеле на уништување на територијалниот интегритет на Србија и на меѓународното право кога ја признале независноста на Косово и истакна дека сега е „интересно како политичарите во Црна Гора се мешаат во внатрешното црковно уредување“. Тој најави дека Србија ќе се бори со легални и демократски средства да и укаже на меѓународната јавност што се случува во Црна Гора, додавајќи дека „сакаат да создадат своја православна црква, но всушност сакаат за 10 години да исчезне српскиот народ во Црна Гора“. Вучиќ оцени дека сето ова се случува затоа што „некои луѓе во регионот веруваат дека и српската црква и српскиот народ треба да се ограничат на централна Србија и можеби Војводина“, и дека сè друго треба да бидат некои други православни луѓе кои немаат никаква врска со Србите. -Ова е почеток, после ова ќе имате обид за создавање на православна црква во Косово, па почеток на православна црква во Босна и Херцеговина, православната црква во Хрватска, кажа Вучиќ. Тој изјави дека Србија „ќе работи почитувајќи ја државата Црна Гора, почитувајќи ја нејзината државност и независност“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-i-irinej-sostojbata-so-crkvata-i-narodot-vo-crna-gora-e-poteshka-od-koga-bilo-vo-istorijata/feed/ 0
Вучиќ и Иринеј загрижени поради апсењето на владици и свештеници во Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-i-irinej-zagrizeni-poradi-apsenjeto-na-vladici-i-sveshtenici-vo-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-i-irinej-zagrizeni-poradi-apsenjeto-na-vladici-i-sveshtenici-vo-crna-gora/#respond Wed, 13 May 2020 10:46:13 +0000 https://kurir.mk/?p=345325

Српскиот претседател Александар Вучиќ и патријархот на СПЦ Иринеј денеска изразија „голема загриженост по повод апсењето на владиката Јоаникије и свештениците на СПЦ во Црна Гора“ и изразија надеж дека Србите ќе постапат мирно во „моментите кога никој разумен не посакува какви било немири и судири“, соопштија од кабинетот на српскиот претседател. Како штои јави дописникот на МИА од Белград, Иринеј во телефонскиот разговор со Вучиќ, оценил дека „црногорската држава спроведува прогон кон Српската Православна Црква“, додека српскиот претседател „дал полна подршка на СПЦ во Црна Гора, во напорите сите проблеми да се решаваат со дијалог, на мирен начин и со уважување кон СПЦ.“ Вучиќ изразил уверување дека епископот Јоаникије и другите уапсени свештеници ќе бидат ослободени што е можно поскоро. На епископот Јоаникије одреден му е притвор до 72 часа по рочиштето во Основното јавно обвинителство во Никшиќ заради литургијата во тој град, во која се собраа неколку илјади граѓани, а која се одржа и покрај забраната за јавни собири во Црна Гора. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-i-irinej-zagrizeni-poradi-apsenjeto-na-vladici-i-sveshtenici-vo-crna-gora/feed/ 0
Делегација на Цариградската патријаршија на средба со српскиот патријарх Иринеј https://arhiva.kurir.mk/svet/region/delegacija-na-carigradskata-patrijarshija-na-sredba-so-srpskiot-patrijarh-irinej/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/delegacija-na-carigradskata-patrijarshija-na-sredba-so-srpskiot-patrijarh-irinej/#respond Mon, 28 Oct 2019 06:22:24 +0000 https://kurir.mk/?p=256700

Според краткото соопштение на Информативната служба на Српската православна црнва (СПЦ), во Белград викендов е одржан состанок на делегација на Цариградската патријаршија со српскиот патријарх Иринеј. Петчлената делегација на Цариградската патријаршија била предводена од митрополитот Пергамски, г.Јован, митрополитот Галски г. Емануил, Адријанополскиот г. Амфилохије и Силиврискиот г. Максим, како и од ѓаконот Григориј, секретар на Цариградската патријаршија. На состанокот присуствувале членови на Светиот синод на СПЦ: митрополитот Дабробосански г. Хризостом, Бачкиот епископ г. Иринеј, Шумадискиот г. Јован и Крушевачкиот г. Давид; како и митрополитот Црногорско-приморски г. Амфилохије и Загребачко-љубљански г. Порфирохије. Како што јави дописникот на МИА од Белград, СПЦ не излегла со соопштение од овој состанок и непознати се деталите на разговорите на двете црковни делегации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/delegacija-na-carigradskata-patrijarshija-na-sredba-so-srpskiot-patrijarh-irinej/feed/ 0