Ирини Кацотурхи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Dec 2021 08:50:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ирини Кацотурхи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се вакцинираше единствената жителка на малиот грчки остров Кинарос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-vakcinirashe-edinstvenata-zitelka-na-maliot-grchki-ostrov-kinaros/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-vakcinirashe-edinstvenata-zitelka-na-maliot-grchki-ostrov-kinaros/#respond Thu, 16 Dec 2021 08:50:23 +0000 https://kurir.mk/?p=609161

Мобилна единица на Националната организација за јавно здравје на Грција и покрај силниот ветер стигнала на малиот, оддалечен грчки остров Кинарос за да ја вакцинира единствената жителка на островот, 76- годишната Ирини Кацотурхи, јави дописничката на МИА од Атина. Градоначалникот на соседниот остров Аморгос, Лефтерис Карајску за грчката телевизија ЕРТ откри дека „госпоѓа Рињо“, како што во Грција ја нарекуваат Кацотурхи, пред една седмица изразила желба да се вакцинира. -Отидовме со поштата, која островот го посетува на 15 дена. Имаше силен ветер, пет – шест бофор, отидовме со докторот и медицинската сестра и ја вакциниравме. Сѐ помина во ред. Мислам дека пораката што единствената жителка ја испраќа од Кинарос, е јасна. Тоа е порака на одговорност кон самите себе и кон општеството, рече Карајску. Во однос на патувањето до Кинарос, градоначалникот објасни дека под нормални услови трае еден и пол час, а сега им биле потребни четири и пол часа за да стигнат, поради силниот ветер и лошото време. Ирини Кацотурхи родена е на Аморгос, но израснала на Кинарос. Откако се омажила поминала извесно време со сопругот и децата во Австралија, а по враќањето, со нејзиниот сопруг во 2000 се преселиле на Кинарос. По смртта на сопругот во 2013, таа веќе осум години живее сама на островот. Неопходните продукти на островот се носат еднаш седмично од соседниот остров Аморгос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-vakcinirashe-edinstvenata-zitelka-na-maliot-grchki-ostrov-kinaros/feed/ 0
ВИДЕО: Единствената жителка на малиот грчки остров Кинарос пронајдена жива https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-edinstvenata-zitelka-na-maliot-grchki-ostrov-kinaros-pronajdena-ziva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-edinstvenata-zitelka-na-maliot-grchki-ostrov-kinaros-pronajdena-ziva/#respond Fri, 03 Jan 2020 10:13:51 +0000 https://kurir.mk/?p=285119

Спасувачка екипа со хеликоптер Супер пума го посети малиот грчки остров Кинарос за да провери дали е сѐ во ред со 74-годишната Ирини Кацотурхи, откако нејзината ќерка веќе три дена не можела да стапи во контакт со неа. Единствената жителка на островот била жива и здрава во нејзиниот дом, а според грчките медиуми, одбила да го напушти островот и да биде префрлена на друго место. Веројатно лошите временски услови и прекинот во телефонските линии била причината зошто ќерката на Кацотурхи три дена не можела да воспостави контакт со неа. Министерството за одбрана на Грција објави видео од моментот кога спасувач се симнува од хеликоптерот Супер пума на грчката воена морнарица и пристигнува во домот на 74 годишната Ирини Кацотурхи ,јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, 74-годишната Ирини, од тригодишна возраст израснала на островот Кинарос. Откако се омажила поминала извесно време со сопругот и децата во Австралија, а по враќањето, со нејзиниот сопруг во 2000 се преселиле на Кинарос. По смртта на сопругот во 2013, таа живее сама на островот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-edinstvenata-zitelka-na-maliot-grchki-ostrov-kinaros-pronajdena-ziva/feed/ 0