ирл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Jan 2023 06:03:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ирл – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОЈО ќе информира за случајот за Жан Митрев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-ke-informira-za-sluchajot-za-zhan-mitrev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-ke-informira-za-sluchajot-za-zhan-mitrev/#respond Tue, 10 Jan 2023 06:24:24 +0000 https://kurir.mk/?p=785297

Основното јавно обвинителство денеска на средба со новинарите ќе информира за текот на постапувањето по предметот за сопственикот на клиниката „Жан Митрев“, доктор Жан Митрев, во врска со сомневањата за измама на пациенти, што беше отворен по документарецот што го објави ИРЛ, според кој, во клиниката бил злоупотребен метод за лекување хемофилтрација во текот на пандемијата со корона-вирусот. – На брифингот ќе присуствуваат Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски и надлежниот јавен обвинител во предметот Искра Хаџи Василева, информираа од ОЈО. Митрев на гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ „Телма“ рече дека не знае зошто е толку потребно јавноста да биде претходно инволвирана, т.е. медиумите. Според д-р Митрев, ниту еден пациент не бил доведен во заблуда. Хемофилтрацијата, според него, е релативно стар метод и како што појасни не се употребува за лекување на Ковид и други инфективни болести, туку е помагало, а не метод за лекување.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-ke-informira-za-sluchajot-za-zhan-mitrev/feed/ 0
Институциите работат на случајот со приватната болница „Жан Митрев“, тврди Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/instituciite-rabotat-na-sluchajot-so-privatnata-bolnica-zan-mitrev-tvrdi-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/instituciite-rabotat-na-sluchajot-so-privatnata-bolnica-zan-mitrev-tvrdi-kovachevski/#respond Thu, 28 Jul 2022 12:08:30 +0000 https://kurir.mk/?p=711377

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека во врска со сторијата на ИРЛ за работата на клиниката „Жан Митрев“ во време на ковид-пандемијата се формирани сите потребни стручни комисии, оти се информирани сите инспекторати кои ќе ги преземат неопходните мерки согласно надлежностите, по што министерот за здравство треба да ја информира Владата за се што ќе биде утврдено. Ако се дојде до сознанија кои алудираат на неправилности, нагласи Ковачевски, тие ќе бидат процесирани согласно законските процедури. -Формирани се сите стручни комисии кои ќе треба да го испитаат случајот во детали, информирани се сите инспекторати да работат согласно законските надлежности. Министерот за здравство и Министерството за здравство за сите податоци кои ќе ги добијат ќе треба да ја информираат Владата. Доколку врз основа на наодите на комисиите и инспскциските надзотри и другите институции кои се вклучени се дојде до сознанија кои алудираат на одредени неправилности, нормално дека тие ќе бидат процесуирани согласно законската регулатива на државата, рече Ковачевски во одговор на пратеничко прашање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски. Тој потсети дека за ова прашање расправала и Владата и оти таа го задолжила и Министерството за здравство да ги провери наводите во анализата, како и на тоа дека од ДЗСИ е побарано да изврши вонреден инсекциски надзор за спроведување на одредби за пријавување интрахоспитални инспекции, како и извештај за спроведени и редовни контроли во периодот од 2019 до 2022 година. Исто така, рече дека од Малмед било побарано да даде извештај за наводите за клиничите испитувања поврзани со хемофилтрација. Надележни институции ќе ги проведуваат медицинските документи за да се види на кои пациенти и во какви случаи била вршена ваква процедура. До 26 јули, нагласи, Малмед нема доставено извештај до Министерството за здравство Пратеникот Стојановски, поставувајќи го прашањето зошто не се прави доволно за расчистување на овој случај, истакна дека во него се работи за класично затајување на системот во што се вмешани неколку институции. Не е возможно, нагласи, за ваков скандал да не знаеле институциите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/instituciite-rabotat-na-sluchajot-so-privatnata-bolnica-zan-mitrev-tvrdi-kovachevski/feed/ 0
Сали објасни што мислел со изјавата за 500 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sali-objasni-shto-mislel-so-izjavata-za-500-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sali-objasni-shto-mislel-so-izjavata-za-500-denari/#respond Wed, 20 Jul 2022 12:11:24 +0000 https://kurir.mk/?p=707910

Министерот за здравство Беким Сали се огласи на Фејсбук каде вели дека ја објаснува неговата изјава која покрена лавина коментари на социјалните мрежи. -Почитувани медиуми и граѓани, дозволете да објаснам дека вашето здравје нема цена и независно од цената на здравствената услуга, било да е тоа 500 или пак 5 денари, одговорност мора да има. Тоа беше мојата идеја и мојот став. Се друго е само толкување, напиша Сали на Фејсбук. Ваквото дообјаснување следува по денешната прес-конференција на здравствените власти во врска со сторијата на ИРЛ „Нечиста крв“ која се однесува на работењето на приватната клиника „Жан Митрев“. -Ако жалбата е во износот на парите, ние овде сметаме дека здравјето не познава финансии. Да беше хемофилтрацијата 500 денари, немаше да се жалите. Значи не е така. Антибиотиците кои масовно се користеа исто така оставија последици. Тек сега се справуваме со пост-ковид последици. Во овие случаи не може да гледате само од финансиски аспект. Ниту еден министер, доктор… не може да каже дека во ковид кризата нешто се правело врз основа на докази. Се што се правеше е врз основа на искуства од минатото, вирусот е нов и никој не е сигурен што прави. Барам да бидеме коректни, рече Сали.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sali-objasni-shto-mislel-so-izjavata-za-500-denari/feed/ 0
Министерот Сали ќе објави детали за случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-sali-kje-objavi-detali-za-sluchajot-so-klinichkata-bolnica-zan-mitrev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-sali-kje-objavi-detali-za-sluchajot-so-klinichkata-bolnica-zan-mitrev/#respond Wed, 20 Jul 2022 08:26:32 +0000 https://kurir.mk/?p=707742

Министерот за здравство Беким Сали денеска ќе одржи прес-конференција на која се очекува да објави повеќе детали за случајот со Клиничката болница „Жан Митрев“ по објавената сторија на „Истражувачка репортерска лабораторија“, емитувана на програмата на Националната радио телевизија. Министерот Сали во понеделникот на прес-конференција информираше дека е пратен допис до Државниот здравствен и санитарен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во Kлиничката болница „Жан Митрев“ и дека Агенцијата за лекови Малмед веќе иницирала вонреден инспекциски надзор за да утврди дали е почитувана постапката за клинички испитувања за хемофилтрација. Целта на извештајот, како што рече, ќе биде да ја констатира фактичката состојба и да ги адресира сите сознанија до кои ќе се дојде. – Од Извештајот очекувам неколку елементи како краен резултат. Јасно утврдување на системски недоследности за кои одговорно тврдам дека сите кои се во моја надлежност како министер ќе ги исправам во најкус можен рок. Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и јас лично ќе го доставам до надлежните институции за понатамошно постапување. МЗ и јас како министер моравме да ги добиеме сите информации за да ја имаме севкупната слика за на јавноста да и доставиме само издржани и релевантни информации. И уште поважно, семејствата на пациентите заслужуваат да имаат транспарентна севкупна информација, рече Сали на прес-конференцијата во понеделникот. По објавувањето на сторијата „Нечиста крв“ на ИРЛ, Обвинителството оформи предмет. Од ИРЛ информираа дека по објавувањето на документарецот, до нивната редакција стигнале стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем. Истражувањето на ИРЛ покажа дека приватната болница, која имаше најмногу пациенти за време на Ковид-19 пандемијата, го применува методот на хемофилтирација (филтрирање на крвта), кој бил клиничка студија. Клиничките студии не биле пријавени и одобрени во МАЛМЕД. Скапото лекување на клиниката, кое чинело од 12 илјади евра па нагоре, всушност било дел од клиничка студија, во која Жан Митрев навел дека значителен дел од пациентите добиле интрахоспитални инфекции за време на лекувањето. Според Центарот за јавно здравје – Скопје, клиниката „Жан Митрев“ не пријавила појава на интрахоспитални инфекции, иако е законски обврзана да го извести државниот орган. Во документарецот сведочи семејството Брезеви, кои изгубиле член, кој се лекувал во болницата. Сопругата на починатиот за ИРЛ раскажува дека покрај лекувањето на Ковид, нејзиниот сопруг добил низа интрахоспитални инфекции, а бил подложен и на хемофилтрација на крвта. Новинарите од ИРЛ разговарале со уште 20-ина семејства чии блиски починале во болницата и добиле слични или исти сведоштва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-sali-kje-objavi-detali-za-sluchajot-so-klinichkata-bolnica-zan-mitrev/feed/ 0
Поради неправилности при увоз на мазут: 7 компании добија прекршочни пријави, документите доставени до Обвинителството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poradi-nepravilnosti-pri-uvoz-na-mazut-7-kompanii-dobija-prekrshochni-prijavi-dokumentite-dostaveni-do-obvinitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poradi-nepravilnosti-pri-uvoz-na-mazut-7-kompanii-dobija-prekrshochni-prijavi-dokumentite-dostaveni-do-obvinitelstvoto/#respond Wed, 09 Jun 2021 10:34:35 +0000 https://kurir.mk/?p=520921

Анализата што ја направија државните институции за увозот на мазут покажа неправилности кај дел од компаниите увознички. Изречени се решенија за забрана за работа, забрана за пуштање во промет на мазут и покренати се барања за одземање на лиценците. На седум од компаниите им се изречени прекршочни казни во вкупен износ од 55.510 евра. Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски денеска на прес-конференција соопшти дека сите наоди утрово се доставени до Основното јавно обвинителство за понатамошно процесуирање и утврдување на евентуална кривична одговорност. – Сето ова покажува дека веднаш по излегувањето на сторијата на ИРЛ, на мој предлог, со Министерство за економија ги задолживме надлежните институции за итни, вонредни и длабински контроли на целиот процес од увоз или производство до продажба на мазут и нафтени деривати. Институциите под ингеренции на Владата, веднаш постапија согласно законите и нивните надлежности и изрекоа соодветни казнени мерки, рече Николовски. Тој нагласи дека заштитата на граѓаните е врвен приоритет на Владата и додаде дека нема да прават никакви отстапки на тоа поле. – Би сакал да нагласам дека согласно владините задолженија при вонредните инспекциски надзори, се опфатија и сите останати фирми увозници, а надзорите се вршеа во сите фази, од увоз до складирање и користење на нафтените деривати. Притоа кај дел од нив беа констатирани неправилности во делот на законската обврска за чување залихи и правилно водење на сметководствената евиденција, нагласи Николовски. Вицепремиерот посочи дека нема што да се сокрие и нагласи дека граѓаните треба да ги знаат сите информации. Министерот за економија Крешник Бектеши најави засилени контроли и во следниот период за, како што рече, да се заштитат потрошувачите и животната средина. – Квалитетот на нафтените деривати што ги користат граѓаните, но и индустриските капацитети мора да бидат согласно највисоките стандарди за безбедност на производите. Со Законот за енергетика кој што беше усвоен пред две години, токму на ова и се обврзавме, а впрочем тоа се и директивите на Европската Унија со кои сме целосно усогласени, рече Бектеши. Компанијата „Блу Технолоџи“, како што нагласи, продавала мазут ППД којшто не е деклариран во Правилникот за течни горива и на оваа компанија и е изречено решение за привремена забрана и пуштање во промет на пронајдениот производ. Кај компанијата „Санс АГ“ од Штип утврдено е производство на мазут од отпадни гуми и на неа и е изречена забрана за работа и поднесено е барање за одземање на Б интегрираната дозвола. За овие две компании доставен е допис од Државниот пазарен инспекторат до Државниот инспекторат за животна средина за покренување постапка за одземање на лиценца, поради производство на производ кој го декларирале како мазут, а не соодвествува со параметрите во Правилникот за квалитет на течни горива. Неправилности се констатирани и кај компанијата „Евротим“ која беше спомената во истражувањето на ИРЛ. Оваа компанија увезувала мазут чии гранични вредности не одговараат со Правилникот. На неа и е изречена времена забрана за пуштање во промет на мазут. Двете цистерни од кои се земени мостри се вратени кај добавувачот, а дополнително земена е мостра и од складиштето на компанијата за што анализите се очекуваат во текот на денешниот ден. Отстапување на параметрите во Правилникот во делот на поголем процент на вода се утврдени и кај пет цистерни на компанијата Супертрејд. Овие цистерни се вратени кај добавувачот, а при повторниот инспекциски надзор кај оваа компанија, земени се нови три мостри кои е утврдено дека се во согласност со Правилникот. Прекршочни казни се изречени против седум комапнии и тоа РКМ ДООЕЛ, Супертрејд, Евротим, Пертинакс-Скопје, Ли-оил ДБ Кавадарци, Блу технолоџи и Ка-оил Енерџи Кавадарци, која вршела трговија на мазут без лиценца од Регулаторната комисија за енергетика. Кај компанијата РКМ било утврдено дека декларираниот производ не се совпаѓа со царинската тарифа под која е увезен што значи дека еден производ е означен во фактурата, е друг е увезен. На оваа компанија и е наплатен царински долг и прекршоци во вкупен износ од над 24 илјади евра. По објавувањето на истражувачката сторија на ИРЛ, Владата ги задолжи надлежните институции на достават информации за увозот на мазутот во земјава. По првичната анализа, беше побарано од овие институции да направат посеопфатна анализа која требаше да биде доставена во рок од седум дена. Вчера беше последниот рок за доставување на оваа анализа. Информациите од оваа анализа се објавени на денешната прес-конференција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/poradi-nepravilnosti-pri-uvoz-na-mazut-7-kompanii-dobija-prekrshochni-prijavi-dokumentite-dostaveni-do-obvinitelstvoto/feed/ 0
Денес или утре ќе се објават наодите од анализите за увезениот мазут https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-ili-utre-kje-se-objavat-naodite-od-analizite-za-uvezeniot-mazut/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-ili-utre-kje-se-objavat-naodite-od-analizite-za-uvezeniot-mazut/#respond Tue, 08 Jun 2021 05:22:29 +0000 https://kurir.mk/?p=520286

Министерството за економија денеска или најдоцна утре ќе ги објави наодите од анализите што ги прават надлежните институции, а имињата на компаниите кај кои ќе се утврдат неправилности при увозот на мазут ќе бидат јавно објавени откако ќе завршат сите процедури, најави министерот за економија Крешник Бектеши. – Не криеме ништо, ќе објавиме се на транспарентен начин имајќи предвид дека утре одминува рокот за сите институции да ги достават информациите, истакна вчера Бектеши во одговор на новинарско прашање. Нагласи дека согласно Правилникот доколку некоја компанија не ги исполнува очекувањата, има основ за одземање на лиценцата за работа. За тоа, како што посочи, надлежна е Регулаторната комисија за енергетика која треба да одлучи дали ќе има прекршочни казни или ќе им бидат одземени лиценците за работа на тие компании. – Според моите информации, Државниот пазарен инспекторат доставил информација до Регулаторната комисија и согласно нивните правилници, секако РКЕ ќе одлучи дали ќе има прекршочни казни или ќе им бидат одземени лиценците. Во случај кога одредени компании не ги исполниле очекувањата согласно правилникот, и во делот на залихите и во делот на квалитетот, секако тоа е основ за одземање на лиценца, рече Бектеши. Додаде дека контроли се вршат не само во увозот на нафтени деривати, туку и во внатрешниот пазар при што веќе се направени контроли кај дел од складиштата на компаниите кои се занимаваат со продажба на мазут.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denes-ili-utre-kje-se-objavat-naodite-od-analizite-za-uvezeniot-mazut/feed/ 0
АВМУ до Заев: Јавните функционери да се воздржат од ставови со изразен сомнеж во кредибилноста на истражувачките новинарски стории https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-do-zaev-javnite-funkcioneri-da-se-vozdrzat-od-stavovi-so-izrazen-somnez-vo-kredibilnosta-na-istrazuvachkite-novinarski-storii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-do-zaev-javnite-funkcioneri-da-se-vozdrzat-od-stavovi-so-izrazen-somnez-vo-kredibilnosta-na-istrazuvachkite-novinarski-storii/#respond Fri, 28 May 2021 08:33:37 +0000 https://kurir.com.mk/?p=515936

Во врска со изјавите на премиерот Зоран Заев во интервјуто за неделникот „Фокус“, поврзани со првата епизода „Заговор против воздухот“ од документарниот серијал „Редакција“ на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Агенцијата потенцира дека носителите на јавни функции треба да се воздржат од јавно изнесување ставови со кои се изразува сомнеж во кредибилноста на истражувачките новинарски стории, се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Тие велат дека истражувачкото новинарство е клучно во остварувањето на улогата на медиумите да ги откриваат и анализираат прашањата од јавен интерес и да служат како коректив на властите. - Во овој контекст, новинарите не треба да бидат обесхрабрувани, напротив, треба да се поттикнуваат во истражувањето различни теми поврзани со евентуални појави на корупција или злоупотреби од страна на институции или поединци. Доколку некоја засегната страна смета дека не се испочитувани стандардите и принципите на однесување утврдени во новинарските кодекси може да ги искористи постоечките механизми и да се обрати до саморегулаторните тела, појаснуваат од АВМУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-do-zaev-javnite-funkcioneri-da-se-vozdrzat-od-stavovi-so-izrazen-somnez-vo-kredibilnosta-na-istrazuvachkite-novinarski-storii/feed/ 0
ССНМ: Советничка на Заев со СМС пораки и јавно навредувала новинарка на ИРЛ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-sovetnichka-na-zaev-so-sms-poraki-i-javno-navreduvala-novinarka-na-irl/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-sovetnichka-na-zaev-so-sms-poraki-i-javno-navreduvala-novinarka-na-irl/#respond Wed, 27 Jan 2021 11:30:50 +0000 https://kurir.mk/?p=460532

ССНМ предупредува дека советниците на претседателот на Владата на РСМ како и сите други вработени или именувани лица во државната администрација, односно во јавната управа, треба да внимаваат во комуникацијата со новинарите и да имаат поголем праг на толеранција во однос на новинарската работа. ССНМ како непримерна ја оценува комуникацијата на Елена Митева, советничка на премерот за медиумски настани, со новинарката од ИРЛ Маја Јовановска, која сосема професионално си ја вршела својата работа, истражувајќи можен конфликт на интерес кај советничката Митева. Непримерната комуникација се случила откако ИРЛ објави текст со наслов „Дење во владиниот пиар, навечер во приватниот маркетинг“ во кој се запазени сите новинарски стандарди. Наместо демант, исправка, реакција, жалба до Советот за етика во медиумите или до Советот на честа при ЗНМ – уставни, законски и саморегулаторни механизми што и стоеле на Митева на располагање, а кои и биле понудени и од редакцијата на ИРЛ, таа се определила за испраќање на СМС до новинарката со дисквалификации и навреди. „Имајќи предвид дека поттикнала и непримерна комуникација на социјалните мрежи каде што нејзини блиски продолжиле непримерна јавна комуникација која придонела и други личности да се вклучат, ССНМ предупредува дека таквиот начин на комуникација е непримерен и може да се разбере како притисок врз слободата и правата на новинарите во извршување на нивната работа“, се вели во реакцијата на ССНМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssnm-sovetnichka-na-zaev-so-sms-poraki-i-javno-navreduvala-novinarka-na-irl/feed/ 0
По објавената анализа, советничката на Заев со смс навреди им возврати на новинарите на ИРЛ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-objavenata-analiza-sovetnichkata-na-zaev-so-sms-navredi-im-vozvrati-na-novinarite-na-irl/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-objavenata-analiza-sovetnichkata-na-zaev-so-sms-navredi-im-vozvrati-na-novinarite-na-irl/#respond Sun, 24 Jan 2021 20:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=459293

Посебниот советник на премиерот за организирање на медиумски настани, Елена Митева, преку смс порака ja навреди новинарката на ИРЛ Маја Јовановска за денешниот текст во којшто тема на анализа беа спорните деловни етики на нејзиниот ангажман во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија. -Срамота. Се извадено од контекст. Ама важно имате приказна која нема никакви аргументи и не држи вода. Ептен сте истражувачки новинари. Секоја чест, гласи пораката на Елена Митева до авторот на текстот Маја Јовановска. На ваквата смс порака и вратија и од редакцијата на ИРЛ, за тоа повеќе прочитајте ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-objavenata-analiza-sovetnichkata-na-zaev-so-sms-navredi-im-vozvrati-na-novinarite-na-irl/feed/ 0
Анализа на ИРЛ: Пандемски погреб на системот и социјалната држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-irl-pandemski-pogreb-na-sistemot-i-socijalnata-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-irl-pandemski-pogreb-na-sistemot-i-socijalnata-drzava/#respond Sat, 14 Nov 2020 19:13:22 +0000 https://kurir.mk/?p=429616

Податоците кои ги обработи ИРЛ покажуваат дека многу брзо расте бројот на новозаболени од Ковид 19, додека бројот на оздравени не се зголемува доволно брзо за да се ослободат доволно кревети за новите пациенти кои треба да бидат хоспитализирани. Бројот на мртви во сегашниот бран во споредба со првиот пролетен бран кога имаше построги мерки е до пет пати повисок, анализира Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) Македонија. Денот е четврток, 12 ноември. Бројот на болни расте побрзо од бројот на оздравени. Но, пред модуларната болница на државната клиника “Мајка Тереза” во Скопје е необично тивко. Магла од типичниот загаден скопски воздух се разлева околу болницата и не можете ништо да видите ако не се приближите до прозорците. Се слушаат гласови. „Прозорците треба да бидат отворени, не ги затворајте,” извикуваат медицинските лица однатре. “Ајде, ајде, добро, сатурацијата се качува”, се слуша болничар којшто ги бодри пациентите. Роднини носат ќебиња и прекривки за блиските. “Им студи, но мора постојано да проветруваат заради вирусот”, раскажуваат роднините пред болницата кои оставаат и вода, овошје и сокови за болните. Сестрите се растрчани, а истовремено мора да се грижат и за болните. На Инфективната клиника во Скопје и во модуларната болница нема место за нови пациенти. Во овие две болници во моментов се лекуваат 161 пациент. Од вчера повеќе место нема ниту во градската болница 8-ми септември, ниту во болницата Козле. Скопските капацитети се полнат со пациенти и од другите региони, раскажуваат лекарите. Koj ќе преживее, ќе раскажува Педесетгодишен жител од Штип кој престојува во болницата во ИРЛ ја пријави неговата лична емоционална борба со Ковидот што се одвива на инфективното одделение во Штип. “Некогаш не влегува лекар или болничар ни по 12 часа. Не дека те забораваат, нема луѓе, нервозата е страотна”, раскажува тој во телефонскиот разговор со новинарите додека ја чека сопругата да му донесе вода и витамини. Но, приказната за која што разговаравме покажува сурова реалност – шансите за преживување се зголемуваат доколку имате повеќе пријатели и пари. Тој немал примено кислород цели два дена. Дијабетичар е и во болницата доаѓа со комликации. Откако едвај успева да биде примен, брзо ги сфаќа последиците од системското три децениско уништување и ограбување на здравствениот систем” “Два дена немав кислород примено. Некогаш нема кислород, но најчесто нема персонал за да ти даде нега дури и да има ресурси. Семејството, како сите овде, се труди да помогне, се борите да дишите, едноставно чувствувате како ве снемува полека. Тоа се страшни моменти, сакаш да живееш”, нашиот соговорник ова го раскажува и со вина и со гнев во гласот. Екипата на ИРЛ со помош на колегите од дописничката мрежа на ЗНМ направи обиколка и низ регионалните болници. “Ситуацијата е сериозна”, вели директорот Ален Георгиев од штипската болница од источниот регион каде што состојбата е една од најкритичните во земјата. Терасите под собите на инфективното одделение во Штип се единствениот контакт на болните од Ковид 19 со надворешниот свет. Со помош на јажиња и пластични корпи го земаат она што им го носат роднините. Блиските им носат се’, од облека до овошје и витамини, па и лекови. Надежите се во поставувањето на модуларните болници во Штип и Кочани со кои што би се добиле дополнителни 72 кревети, но нивното поставување доцни. Наместо во септември веројатно ќе бидат поставени кон крајот на годината. Целата анализа на ИРЛ можете да ја прочитате тука...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-irl-pandemski-pogreb-na-sistemot-i-socijalnata-drzava/feed/ 0