ирска економија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Dec 2020 08:56:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ирска економија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ирската економија очекува раст и покрај пандемијата на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irskata-ekonomija-ochekuva-rast-i-pokraj-pandemijata-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irskata-ekonomija-ochekuva-rast-i-pokraj-pandemijata-na-kovid-19/#respond Fri, 18 Dec 2020 08:56:17 +0000 https://kurir.mk/?p=445070

Ирската економија оваа година ќе забележи раст од 3,4 отсто и покрај пандемијата на коронавирусот, процени Институтот за економски и социјални истражувања (ЕСРИ). Проценката е подобра благодарение на „значителното закрепнување“, потпирајќи се во голем дел на силниот извоз, соопшти независниот истражувачки институт. Следната година економијата во Ирска, според нивните проценки, би требало да се зголеми за 4,9 проценти. – Позитивната стапка на раст на домашната економија оваа година е вистинско достигнување, но ирскиот пазар на труд веројатно уште некој период ќе бележи високи стапки на невработеност, изјави главниот автор на извештајот, Киран Квин. Стапката на невработеност во Ирска се зголеми над 20 проценти во четвртиот квартал, како одраз на намалената домашна потрошувачка поради затворањето на малопродажбата и услугите со цел да се спречи ширењето на Ковид-19. Институтот проценува дека „веројатно“ ќе остане над 10 проценти до крајот на 2021 година. Во февруари оваа година, пред да се затворат продавниците, рестораните и да се откажат другите услуги, таа изнесуваше 4,8 проценти. Очекувањата на институтот се засноваат на претпоставка за шестнеделно заклучување на почетокот на следната година и договорот меѓу Велика Британија и ЕУ за односите по Брегзит. Доколку не се постигне договор, ирската економија ќе забележи раст само 1,5 проценти во 2021 година, проценува институтот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/irskata-ekonomija-ochekuva-rast-i-pokraj-pandemijata-na-kovid-19/feed/ 0