иса мустафа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Sep 2023 15:34:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png иса мустафа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мустафа: Со ваквото однесување на владата на Курти очекувам заострување на санкциите кон Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-so-vakvoto-odnesuvane-na-vladata-na-kurti-ochekuvam-zaostruvane-na-sanktsiite-kon-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-so-vakvoto-odnesuvane-na-vladata-na-kurti-ochekuvam-zaostruvane-na-sanktsiite-kon-kosovo/#respond Wed, 06 Sep 2023 15:34:54 +0000 https://kurir.mk/?p=875290

Поранешниот косовски премиер, Иса Мустафа вели дека не може да се очекува меѓународната заедница да падне во замката на игрите на владата на Албин Курти со Административното упатство за вонредни локални избори во општините со мнозинско српско население во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Мустафа, популистичките акции во северните општини и бегањето од спроведувањето на договорот за стабилизација на состојбите во тој дел од земјата, го санкционираа Косово за прв пат како држава. -Популистичките акции во северните општини и бегањето од спроведувањето на договорот го санкционираа Косово за прв пат како држава. Не може да се очекува меѓународната заедница да падне во замката на игрите на Владата со Административното упатство, изјави Мустафа за порталот „Газета Блиц“. Поранешниот косовски премиер смета дека проблемот лежи во имплементацијата на договорот што во Охрид во март годинава го потпишаа Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ. -Сметам дека суштината на проблемот лежи во спроведувањето на Охридскиот договор. Курти го прифати Договорот што го содржи самоуправувањето на српската заедница во Косово – автономија за Србите – како и спроведувањето на сите претходни договори, изјави Мустафа. Тој вели дека со ваквото однесување на владата на Курти не очекува избори на вонредните избори во четирите општини со мнозинско српско население, туку само заострување на санкциите кон Косово. -Со ваквото однесување на владата не очекувам решение на северот на земјата, ниту пак избори, туку заострување на санкциите против Косово, изјави Мустафа за Газета Блиц. Според него, актуелните лидери на државата се избрани со гласовите на граѓаните, односно самите граѓани одлучиле да имаат лидери кои ги игнорираат Европската унија, Соединетите Американски Држави и НАТО. -Лидерите на државата се избрани со гласовите на граѓаните и затоа е илузорно и претставува политичко слепило да се мисли дека граѓаните не треба да бидат казнети за постапките на лидерите, бидејќи граѓаните имаат своја одговорност. Тие решија да имаат лидери на кои не им е грижа за ЕУ, САД, НАТО, а голем дел од нив, според јавното мислење, сè уште размислуваат на истиот начин, вели Мустафа. За средбата меѓу Курти и Вучиќ, што се очекува да се одржи во текот на овој месец, вели дека „доколку не се смени однесувањето и дискурсот на власта кон државните обврски и сојузниците на Косово од септемвриската средба не може да се очекува ништо конкретно“. -Тоа ќе биде сцена на повторувања на популистичките фрази на Курти за милитантите од (неговата партија) Движење самоуправување (ВВ), како и на Вучиќ за неговите граѓани и за меѓународната заедница, која благодарение на грешките што ги прави нашата влада, сè повеќе застануваат на страната на Србија, изјави Мустафа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-so-vakvoto-odnesuvane-na-vladata-na-kurti-ochekuvam-zaostruvane-na-sanktsiite-kon-kosovo/feed/ 0
Мустафа: Ќе треба долго време Косово да ја врати довербата на САД и ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-ke-treba-dolgo-vreme-kosovo-da-ja-vrati-doverbata-na-sad-i-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-ke-treba-dolgo-vreme-kosovo-da-ja-vrati-doverbata-na-sad-i-eu/#respond Tue, 08 Aug 2023 14:14:08 +0000 https://kurir.mk/?p=864702

Поранешниот косовски премиер Иса Мустафа изјави денеска дека на Косово ќе му треба долго време за да ја врати довербата на Соединетите Американски Држави (САД) и Европската унија (ЕУ). Мустафа за приштинските медиуми изјави дека е скептичен дали ќе се промени пристапот на ЕУ кон Косово по писмото на меѓународните политичари до САД, Велика Британија и Европската унија. Тој посочи дека владата на Курти мора да го промени пристапот и да чека такво нешто да се случи со меѓународните сојузници. „Косово би морало да го промени пристапот кон себе за да очекува другите да го сменат пристапот кон него. Оваа влада ги направи своите грешки, непочитувањето на меѓународните партнери и популизмот позабележителни и поосудени отколку политиката која предизвикува конфликти, нестабилност и политичко уништување на Србија. Србија заслужува да биде санкционирана“, рече Мустафа. Според него, на Косово му треба долго време за да ја врати довербата што ја изгуби од САД и ЕУ. „Се плашам дека на Косово ќе му треба долго време да ја врати довербата на САД и ЕУ. Оваа влада ќе ги прифати и исполни сите американски и европски барања, а Косово ќе биде полошо од пред доаѓањето на Албин (Курти) и Вјоса (Османи) на власт“, ​​рече Мустафа. Курти го оцени како премиер со популистичка политика и дека само така ќе остане запаметен. „Сите знаеме дека популистичката политика обезбедува гласови во ситуации на криза на национална свест, но не не придвижува напред“, рече Мустафа, пренесе Косово онлајн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-ke-treba-dolgo-vreme-kosovo-da-ja-vrati-doverbata-na-sad-i-eu/feed/ 0
Мустафа: Конечен договор меѓу Косово и Србија не може да има без Вашингтон на маса https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-konechen-dogovor-megju-kosovo-i-srbija-ne-moze-da-ima-bez-vashington-na-masa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-konechen-dogovor-megju-kosovo-i-srbija-ne-moze-da-ima-bez-vashington-na-masa/#respond Sun, 02 Aug 2020 13:58:38 +0000 https://kurir.mk/?p=385215

Лидерот на владејачкиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа вели дека без активно учество на Соединетите Американски Држави во процесот на дијалог меѓу Косово и Србија не може да се очекува да се постигне конечен договор за решавање на споровите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина. Мустафа за порталот „Газета експрес“ изјави дека дијалогот што се одвива во Брисел со посредство на Европска Унија е политички и, иако него моментно го води националниот координатор Скендер Хисени, тој секако не е сведен на техничко ниво. Лидерот на ЛДК и поранешен премиер очекува дека во процесот на изнаоѓање решение за споровите со Белград, актуелната косовска Влада, предводена од неговиот сопартиец Авдулах Хоти, ќе се консултира и ќе обезбеди согласност од сите домашни фактори – од претседателот на државата, Хашим Тачи, од партиите во владината коалиција, како и од опозицијата. Мустафа нагласи дека водечката улога во дијалогот со Србија му припаѓа единствено на премиерот Хоти и на никој друг. – Никој не може да го замени и да му ја одземе улогата на премиерот во дијалогот. Меѓутоа, невозможно е премиерот да разговара за сите работи и во сите фази. Дијалогот е политички и темите кои се дискутираат на ниво на државни координатори се политички, а не технички, вели Мустафа. Во врска со посетата што деновиве ја имаше во Вашингтон координаторот за дијалогот со Белград, Хисени, Мустафа нагласи дека Косово очекува од САД да бидат активно присутни на преговарачката маса. – Што се однесува до САД, јас го делам мислењето дека нема договор без нивно активно учество во овој процес. Не само што Косово ќе се консултира тесно со САД, туку очекува тие да бидат на преговарачката маса. Затоа ја ценам поканата од Стејт департментот за господинот Хисени и неговата посета на Вашингтон, изјави Мустафа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-konechen-dogovor-megju-kosovo-i-srbija-ne-moze-da-ima-bez-vashington-na-masa/feed/ 0
Иса Мустафа позитивен на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/isa-mustafa-pozitiven-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/isa-mustafa-pozitiven-na-kovid-19/#respond Fri, 10 Jul 2020 13:48:04 +0000 https://kurir.mk/?p=373407

Лидерот на владејачкиот Демократски сојуз на Косово (ДСК) и поранешен косовски премиер Иса Мустафа изјави дека е позитивен на новиот коронавирус и во следните денови ќе биде во самоизолација. Мустафа на својот Фејсбук профил напиша дека освен што се чувствува истоштено, нема други симптоми. – Останатите членови на моето семејство не се позитивни. Следните денови ќе ги поминам во изолација, напиша Мустафа, апелирајќи до сите граѓани да се придржуваат кон пропишаните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/isa-mustafa-pozitiven-na-kovid-19/feed/ 0
Мустафа: Косово мора да ја укине таксата на увозот од Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-kosovo-mora-da-ja-ukine-taksata-na-uvozot-od-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-kosovo-mora-da-ja-ukine-taksata-na-uvozot-od-srbija/#respond Sat, 22 Feb 2020 14:55:32 +0000 https://kurir.mk/?p=307445

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа вели дека новата Влада, која ја формираа неговата и партијата на актуелниот премиер Албин Курти, Движењето Самоопределување (ВВ), мораат веднаш да ја укинат таксата од 100 отсто, што на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, во ноември 2018 година, ја воведе претходната влада водена од Рамуш Харадинај, јави дописникот на МИА од Приштина. Поранешниот премиер Мустафа тврди дека Косово мора да ги исполни барањата на неговите сојузници, пред се на Соединетите Американски Држави, но и на оние од Европската унија, за обновување и заокружување на преговорите со Србија, за што услов е укинувањето на таксата. Според него, треба да се биде внимателен и со идејата на новата Влада за целосен реципроцитет кон Белград, на што, неофицијално, се противат сојузниците на Косово, затоа што, како што вели, „ниедна такса и ниеден реципроцитет не може да се мерат со тежината на партнерството, првенствено со САД, но и со ЕУ“. – САД беа лидери на независноста на Косово. САД можат да бидат ефективни лидери на затворањето на проблемите кои ги имаме со Србија и на една политика на економско заживување на Косово. (…) Затоа сметам дека Косово треба да ја укине таксата, со доверба во САД и ЕУ. Косово треба да ги запознае своите партнери за сите економски, трговски и политички пречки кои во наредниот период треба да ги отстранат Србија и Босна и Херцеговина, со цел реципрочните пречки да бидат на ниво нула, напиша Мустафа на својата страница на Фејсбук. Тој очекува од земјите на ЕУ да ја укинат, како што ја нарекува, „таксата на изолација“ кон граѓаните на Косово, односно да овозможат визна либерализација. – Треба да се почитува улогата на ЕУ во овој процес и на високиот претставник г. (Жозеп) Борел. Како што треба да се почитува и праведното очекување на граѓаните на Косово да се третираат од ЕУ како европски граѓани и да им се симнат оковите на слободно движење, со укинување на визите како резултат и на овој процес, порача Мустафа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-kosovo-mora-da-ja-ukine-taksata-na-uvozot-od-srbija/feed/ 0
Мустафа: До крајот на неделава да се знае ќе има или нема да има договор меѓу ЛДК и ВВ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-do-krajot-na-nedelava-da-se-znae-kje-ima-ili-nema-da-ima-dogovor-megju-ldk-i-vv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-do-krajot-na-nedelava-da-se-znae-kje-ima-ili-nema-da-ima-dogovor-megju-ldk-i-vv/#respond Tue, 21 Jan 2020 18:28:02 +0000 https://kurir.mk/?p=292835

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа изјави дека до крајот на неделава треба да се постигне договор за формирање заедничка влада со Движењето Самоопределување (ВВ), или пак, во спротивно, да се констатира дека нема услови за тоа, јави дописникот на МИА од Приштина. По денешната седница на партиското Претседателство, на која се разгледа ситуацијата околу преговорите со ВВ, како партија победничка на октомвриските избори, откако нејзиниот лидер Албин Курти го доби мандатот за состав на владата, Мустафа порача дека ЛДК останува посветен на постигнувањето договор, но дека притоа треба да се почитува волјата на граѓаните. – Ние остануваме посветени да работиме за постигнување договор, меѓуто тоа треба да биде договор кој ја почитува волјата на граѓаните изразена на октомвриските избори. Ние сметаме дека договорот треба да резултира со балансирана и одговорна влада меѓу двете страни, согласно довербата што ни ја дадоа граѓаните, изјави Мустафа. Тој рече дека е во постојан контакт со Курти, но смета дека треба да седнат и да се договорат „ќе има ли, или нема да има договор“ меѓу двете партии. – Ние дадовме предлог кој сметаме дека е мошне избалансиран и мислам дека ВВ треба да го третира со посебно внимание. Остануваме отворени да разговараме, но тоа да има исход што поскоро, до крајот на неделава да се договориме или да констатираме дека нема услови за договорот да биде постигнат, изјави Мустафа, нагласувајќи дека ЛДК „секако има волја за заокружување на договорот“. Досега опозициските ВВ и ЛДК победија на вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври во Косово, со тоа што партијта на Курти освои 26,27, додека онаа на Мустафа 24,55 отсто од гласовите]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-do-krajot-na-nedelava-da-se-znae-kje-ima-ili-nema-da-ima-dogovor-megju-ldk-i-vv/feed/ 0
Мустафа ги повика владејачките партии „да ги измерат силите на избори“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-gi-povika-vladejachkite-partii-da-gi-izmerat-silite-na-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-gi-povika-vladejachkite-partii-da-gi-izmerat-silite-na-izbori/#respond Fri, 12 Oct 2018 13:18:09 +0000 https://kurir.mk/?p=114154

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и поранешен премиер Иса Мустафа и порача денеска на владејачката коалиција дека неговата партија нема да соработува со неа за дијалогот со Србија и повторно побара предвремени парламентарни избори. Мустафа, како што , јави дописникот на МИА од Приштина, ги повика партиите од коалицијата на власт „да ги измерат силите на избори“ па потоа да разговараат за дијалогот, со влада на мнозинството и со платформа која ќе ја добие довербата на две третини од пратениците во Собранието. За ЛДК, порача нејзиниот лидер преку Фејсбук, „проблемот не е во власта ниту во фотелјите кога станува збор за теми од интерес за државата“. - Нашите пратеници го изгласаа Договорот за демаркација со Црна Гора. Го гласаа во интерес на граѓаните, не заради заслугите на владејачката коалиција. Бидејќи цело Косово знае кој ги попречи демаркацијата и визната либерализација. Ги попречија со лажни каузи и со насилни дејствија тие што денес владеат. ЛДК нема да соработува со оваа коалиција во процесот на дијалогот, затоа што не и верува. Ние јасно кажуваме дека не бегаме од нашата одговорност за земјата, но исто така не ја делиме одговорноста со тие што се покажаа неодговорни, напиша лидерот на најголемата косовска опозициска партија. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-gi-povika-vladejachkite-partii-da-gi-izmerat-silite-na-izbori/feed/ 0
Мустафа: Наскоро ќе се формира косовска армија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-naskoro-kje-se-formira-kosovska-armija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-naskoro-kje-se-formira-kosovska-armija/#respond Wed, 03 Oct 2018 13:53:57 +0000 https://kurir.mk/?p=110266

Лидерот на најголемата косовска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа, го поздрави денешното изгласување во собраниската Космисија за безбедност и надзор врз Безбедносните сили на Косово (ФСК) на пакетот закони за трансформација на ФСК во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Изразувајќи увереност дека овој процес ќе се заврши наскоро, Мустафа ги повика сите граѓани на Косово да го поддржат формирањето на војска на Косово, со цел таа да стане дел од НАТО и фактор на мирот и безбедноста во светот. Опозицискиот лидер и поранешен премиер на Косово, на Фејсбук порача дека денешниот напредок во правец на формирање на војската е „значајна победа, како за Косово, така и за САД“. - Формирањето на војската, што започна денеска со парламентарните процедури, ќе претставува значајна победа на Косово, но и на САД, кои го поддржаа овој процес заедно со нивната силна поддршка за прераснување на ФСК во современа сила. ФСК како војска на Косово заслужува да ја има поддршката на сите негови граѓани, да стане заслужно дел од НАТО и значаен фактор за зачувување на мирот и стабилноста во светот, напиша Мустафа. Комисијата за безбедност на косовското Собрание денеска со мнозинство гласови го изгласа пакетот закони со кои се предвидува ФСК да се трансформира во војска на Косово. Претставниците на партиите на Албанците изјавија дека ќе ја поддржат трансформацијата на ФСК во војска и во натамошните процедури и ќе гласаат за законите кога ќе дојдат на дневен ред во Собрание. Против пакетот закони гласаше членот на Комисијата од редовите на Српската листа, која е категорично против оваа трансформација и, како и официјален Белград, нагласува дека единствена вооружена формација во Косово, според Резолуцијата 1244 на Обединетите нации, е КФОР. Со нацрт-законите кои ги предложи Владата на Рамуш Харадинај се предвидува постепена трансформација на ФСК во војска, на тој начин што се зголемуваат надлежностите на постоечките безбедносни сили, како и прераснување на Министерството за ФСК во Министерство за одбрана. Меѓународната заедница односно САД и другите западни земји, сојузнички на Косово, порачуваат дека немаат против Косово да формира војска, но дека тоа треба да се направи со промени на Уставот. Меѓутоа, такво нешто е практично невозможно, затоа што за промена на Уставот е потребни да гласаат и мнозинството пратеници од редовите на српската националност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mustafa-naskoro-kje-se-formira-kosovska-armija/feed/ 0