исар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 07:39:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png исар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во општина Аеродром сметот се собираше со два камиони на штипски „Исар“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-opshtina-aerodrom-smetot-se-sobirashe-so-dva-kamioni-na-shtipski-isar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-opshtina-aerodrom-smetot-se-sobirashe-so-dva-kamioni-na-shtipski-isar/#respond Mon, 10 Jul 2023 07:39:16 +0000 https://kurir.mk/?p=854842

Два камиони за собирање на смет беа испратени синоќа на помош на Општина Аеродром за собирање на смет од страна на комуналното претпријатие „Исар“, изјави за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека камионите се испратени на барање на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски со цел да се собере сметот во неговата општина. Јорданов посочува дека не било дозволено камионите сметот да го депонираат на депонијата „Дрисла“, па на враќање го имаат истоварено на депонијата во Велес. Екипите на ЈП „Исар“се вратија во текот на ноќта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-opshtina-aerodrom-smetot-se-sobirashe-so-dva-kamioni-na-shtipski-isar/feed/ 0
Штипски ,,Исар” презеде дополнителни мерки за штедење струја https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipski-isar-prezede-dopolnitelni-merki-za-shtedenje-struja/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipski-isar-prezede-dopolnitelni-merki-za-shtedenje-struja/#respond Sun, 04 Sep 2022 13:39:49 +0000 https://kurir.mk/?p=728546

Енергетската криза го загрози работењето на сите јавни претпријатија, чијашто примарна цел е водоснабдување, вели директорот на ЈП „Исар“-Штип, Трајче Здравков. Штипски „Исар“ веќе неколку месеци штеди, но дополнително се преземени мерки. -Ние што можеме, што е во наша полза, ќе реагираме за да заштедиме некој минимален дел од електричната енергија, односно минимално да ги намалиме сметките. Направивме еден план: сите грејни тела коишто се на струја ќе ги отстраниме; апаратите коишто користат електрична енергија, како на пр. апарати за кафе, ќе ги отстраниме; ќе се редуцираат канцелариите, односно повеќе луѓе ќе бидат сместени во една канцеларија за да не се троши греење. Исто така сите светилки ќе бидат заменети со штедливи лед – светилки, вели Здравков. Сепак, според него, тоа е незначително во однос на цената на киловат по час и високите сметки кои допрва им следат. За подолгорочно решение останува планот за фотоволтаици, за кој во тек е и процедура на изработка на студија, но процесот би одзел подолг временски период. Решението кое би се имплементирало сега и веднаш, а кое го бара Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ) е дотации од Владата. -Решението може да биде дотации, односно субвенционирање на јавните претпријатија до одредена цена. Некои држави во околината веќе го прават тоа, тоа се мали, средни државни претпријатија, рече Здравков. Сметката за електрична енергија за последниот месец на ЈП „Исар“ е приближно 4.000.000 денари, но следниот месец се очекува да биде двојно повисока. Јавното претпријатие на почетокот на оваа година имаше речиси петпати повисока сметка од сегашната, бидејќи како и многу други имаше раскинат договор со добавувачот на електрична енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipski-isar-prezede-dopolnitelni-merki-za-shtedenje-struja/feed/ 0