Исцелител – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Feb 2022 09:01:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Исцелител – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УЖАС: „Исцелител“ од Пакистан заковал шајка во глава на трудница, тврдел дека така ќе роди син https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-iscelitel-od-pakistan-zakoval-shajka-vo-glava-na-trudnica-tvrdel-deka-taka-kje-rodi-sin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-iscelitel-od-pakistan-zakoval-shajka-vo-glava-na-trudnica-tvrdel-deka-taka-kje-rodi-sin/#respond Thu, 10 Feb 2022 09:01:18 +0000 https://kurir.mk/?p=629488

Бремена жена се појавила во пакистанска болница со шајка забиена во главата од исцелител, гарантирајќи дека ќе роди машко дете, соопштија медицински извори. Трудницата дошла во болницата во Пешавар, северозападно од Пакистан, откако сама се обидела да го извади клинецот, изјавил за францускиот печат неименуван лекар кој ја примил пациентката. „Таа беше целосно свесна, но имаше големи болки. Рендгенот покажа дека клинецот бил забиен пет сантиметри во черепот, но не стигнал до мозокот“, додал докторот. Жената рекла дека е мајка на три ќерки и дека чека уште едно девојче. Традиционалните исцелители, чии практики често се вкоренети во мистицизмот, се вообичаени во Пакистан иако различни исламски училишта не ги одобруваат таквите ритуали. Во Јужна Азија раѓањето на момче често се смета за добар знак, бидејќи се верува дека тој може подобро да обезбеди финансиска иднина за своите родители отколку девојче. Полицијата соопшти дека сè уште го испрашува пациентот, надевајќи се дека наскоро ќе го „фатат исцелителот“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-iscelitel-od-pakistan-zakoval-shajka-vo-glava-na-trudnica-tvrdel-deka-taka-kje-rodi-sin/feed/ 0
По 10 години повторно кино проекција во Пехчево, „Исцелител“ на репертоарот https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/po-10-godini-povtorno-kino-proekcija-vo-pehchevo-iscelitel-na-repertoarot/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/po-10-godini-povtorno-kino-proekcija-vo-pehchevo-iscelitel-na-repertoarot/#respond Wed, 02 Jan 2019 12:52:31 +0000 https://kurir.mk/?p=147451

Со македонскиот кандидат за Оскар, „Исцелител”, на режисерот Ѓорче Ставрески, по пауза од 10 години во Пехчево повторно ќе се прикажува филм. Како што информира директорот на Домот на културата, Ана Марија Теохарова, ова е поттик во градот повторно да заживее кино проекцијата. -Ова е прво прикажување игран филм во Домот на култура „Јане Сандански” по речиси 10 години. Се надеваме дека ќе биде полн погодок особено за младите и љубителите на филмот кои досега за кино проекции мораа да патуваат во главниот град и со тоа да ги задоволат своите филмски апетити, рече Теохарова. Премиерата на „Исцелител” во Пехчево е закажана за 4 јануари. Теохарова која од неодамна е нов директор на Домот на култура, најави поголем број културни активности и враќање на дел од манифестациите кои на времето беа препознатливи за Пехчево. Ги повика младите да ги достават своите предлози, иницијативи, идеи и предлози со што ќе придонесат за збогатување на културниот живот во градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/po-10-godini-povtorno-kino-proekcija-vo-pehchevo-iscelitel-na-repertoarot/feed/ 0
„Исцелител“ не влезе во потесна конкуренција за „Оскар“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/iscelitel-ne-vleze-vo-potesna-konkurencija-za-oskar/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/iscelitel-ne-vleze-vo-potesna-konkurencija-za-oskar/#respond Tue, 18 Dec 2018 13:32:31 +0000 https://kurir.mk/?p=141874

Македонскиот филм „Исцелител“ и покрај интензивната промоција во Холивуд, за жал не успеа да влезе меѓу деветте филмови кои ќе се натпреваруваат за „Оскар“ во категоријата од неанглиско говорно подрачје. Филмот на режисерот Ѓорче Ставрески донесе голем број на награди и признанија и одлична промоција на Македонија како земја која врти нов лист во домашната кинематографија. Потесниот круг во оваа категорија го исполнија полскиот филм „Cold War“ на Павел Павликовски, јапонскиот „Shoplifters“ на Хироказу Корида, колумбијскиот „Birds of Passage“ на Кристина Галего и Циро Гера, потоа данскиот филм „The Guilty“ на Густав Милер, германскиот „Never Look Away“ на Флориан Хенкел вон Донерсмарк, казахстанскиот „Ayka“ на Сергеј Дворцев, либанскиот „Capernaum“ на Надин Лабаки, мексиканскиот „Roma“ на Алфонсо Карон и „Burning“ од Јужна Кореја во режија на Чанг-донг Ли. И покрај тоа што „Исцелител“ не ја доби официјалната номинација за Оскар, лобирањето за овој филм може да донесе можности за поголема гледаност, покани на фестивали и евентуална продажба на филмот во САД. Дебитантското филмско дело на Ставрески се прикажа на педесетина меѓународни филмски фестивали низ светот од кои три се од престижната А-категорија. Овој филм освои 15 меѓународни награди, како и четири домашни награди во дистрибуција и уште четири во претпродукција. Во просек, филмот се прикажувал на повеќе од еден фестивал неделно и добивал повеќе од една награда месечно. Најпознатите светски филмски списанија како „Варајати“, „Скрин дејли“, „Сенсес оф синема“ и „Холивуд репортер“ објавија ѕвездени рецензии. „Исцелител“ е и првиот македонски филм кој е достапен на услугата Ејџ-би-о – гоу, а се прикажува и на најпознатата телевизиска мрежа Ејџ-би-о, и тоа во 14 земји во Европа. Исто така, дел е од азиската интернет-телевизија „Синема ворлд“. Низ 26 града во Македонија го погледнаа повеќе од 23 илјади гледачи, а годинава на 6 јуни, во Градскиот парк во Скопје, ја имаше најмасовната домашна проекција на отворено. Главните улоги во „Исцелител“ ги толкуваат Благој Веселинов и Анастас Тановски, а во останатите улоги се Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на „Фрагмент филм“ од Скопје и во копродукција со ГРААЛ С.А. од Грција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/iscelitel-ne-vleze-vo-potesna-konkurencija-za-oskar/feed/ 0
Македонскиот филм „Исцелител“ ќе се прикажува во грчките кино сали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskiot-film-iscelitel-kje-se-prikazuva-vo-grchkite-kino-sali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskiot-film-iscelitel-kje-se-prikazuva-vo-grchkite-kino-sali/#respond Mon, 16 Jul 2018 06:32:49 +0000 https://kurir.mk/?p=77213

Македонскиот игран филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески од четврток ќе се прикажува во грчките кино сали. Својата кино премиера филмот ќе ја има во едно од најстарите кина во Атина - „Трианон“. „Исцелител“ е прв долгометражен филм во македонско-грчка копродукција и е единствениот македонски филм добитник на награда на престижниот Солунски филмски фестивал. Кино дистрибуцијата на „Исцелител“ во Грција следува по освоените девет меѓународни награди, учеството на 24 светски филмски фестивали низ Европа, САД, Кина и Азија, телевизиското и интернет емитување на ХБО и Синема Ворлд, како и успешното прикажување пред домашната публика во 17 градови низ Македонија. Главните улоги во „Исцелител“ ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје и во копродукција со ГРААЛ С.А. од Грција. Киното „Трианон“ постои од 1961 година и повеќе од 50 години е една од најактивните кино сали во Грција, која прикажува уметнички филмови од европската и светската сцена. „Трианон“ е посветен на љубителите на кинематографската уметност и зазема значајно место во историјата на градот. Се наоѓа во центарот на Атина и сместено е во објект изграден во стилот на „баухаус“, има затворена кино сала, сцена за концерти, изложбен простор и отворено кино кое се користи во текот на летните месеци. Киното било отворено со проекцијата на „Никогаш во недела“ на режисерот Џулс Дасин, грчкиот добитник на Оскар за филмска музика и на Златна палма за најдобра актерка во 1960 година. Во киното „Трианон“ многу филмови од светската кинематографија ги имале своите грчки премиери, како на пример филмовите „Еле“ на режисерот Пол Верховен, „Аве Цезар“ на браќата Коен, „Ноќни животни“ на Том Форд и други. Во киното редовно се одржуваат и проекции на светски филмски класици како „Мојот американски пријател“ на Вим Вендерс, „Лет над кукавичјото гнездо“ на Милош Форман, „Хирошима љубов моја“ на Алан Рене, како и на филмови од немата епоха. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskiot-film-iscelitel-kje-se-prikazuva-vo-grchkite-kino-sali/feed/ 0
„Исцелител“ на филмскиот фестивал во Шангај https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/iscelitel-na-filmskiot-festival-vo-shangaj/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/iscelitel-na-filmskiot-festival-vo-shangaj/#respond Mon, 18 Jun 2018 13:02:56 +0000 https://kurir.mk/?p=67119

Македонскиот филм „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески ќе се прикажува на 21. издание на филмскиот фестивал во Шангај. Филмот ќе има три прикажувања на фестивалот, вечер, во петок и во недела. Ова ќе биде трето прикажување на „Исцелител“ на фестивал од А категорија, покрај прикажувањата на „Црни ноќи“ во Талин, Естонија и на интернационалниот филмски фестивал во Гоа, Индија. На фестивалот во Шангај филмот ќе се прикаже во ревијалната програма Спектрум, која е дел од Интернационалната филмска панорама на фестивалот. Оваа година на фестивалот во Шангај освен „Исцелител“ ќе се прикажува и уште еден македонски филм, „Година на мајмунот“ на режисерот Владимир Блажевски. Фестивалот во Шангај е основан во 1993 година и е еден од најголемите филмски настани во Азија. Тој е единствен фестивал во Кина кој е дел од престижната А категорија на фестивали акредитирани од светската организација ФАПФ. Фестивалот е посветен на градење на меѓународна платформа за професионалци и запознавање на кинеската јавност со најновите филмски остварувања. Десетдневниот филмски фестивал беше отворен на 16-ти јуни со кинескиот филм „Светот на животните“ на режисерот Иан Хан во кој Мајкл Даглас ја игра главната улога. На црвениот тепих се појавија многубројни светски и кинески филмски ѕвезди меѓу кои и актерите Николас Кејџ и Кристоф Валц, актерката Ли Бингбинг, унгарската режисерка Илдико Ењеди и други. Изминатите денови „Исцелител“ ја доби наградата за филм од М.А.Н - Македонски алтернативни награди. Ова е трета домашна награда за филмот, кој досега освои и девет меѓународни награди, од кои пет за најдобар филм и учествуваше на вкупно 24 светски фестивали. Низ Македонија, „Исцелител“ досега се прикажа во кината во Скопје, Битола, Штип, Кочани, Кичево, Куманово, Прилеп, Свети Николе, Велес, Богданци, Гевглија и Гостивар каде го погледнаа приближно 14.000 гледачи. Филмот имаше и проекција под отворено небо во Градскиот парк во Скопје, на која имаше околу 8.000 гледачи. Филмот од денеска до 20-ти јуни ќе се прикажува во Центарот за култура во Неготино. Главните улоги во „Исцелител“ ги толкуваат Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/iscelitel-na-filmskiot-festival-vo-shangaj/feed/ 0