исчезнат авион – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 May 2022 11:35:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png исчезнат авион – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трагичен крај на потрагата во Хрватска: Загинаа сите патници од авионот кој вчера исчезна по полетувањето од Сплит https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragichen-kraj-na-potragata-vo-hrvatska-zaginaa-site-patnici-od-avionot-koj-vchera-ischezna-po-poletuvanjeto-od-split/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragichen-kraj-na-potragata-vo-hrvatska-zaginaa-site-patnici-od-avionot-koj-vchera-ischezna-po-poletuvanjeto-od-split/#respond Mon, 30 May 2022 10:45:41 +0000 https://kurir.mk/?p=683492

Авионот е пронајден на неколку стотини метри од Броќанска коса, а надлежните истакнуваат дека нема црна кутија. Во падот на авионот Цесна, кој денеска беше пронајден кај Раковица, загинаа сите четворица патници, изјави директорот на хрватската цивилна заштита, Дамир Трут. - Имаше 400 трагачи и тие ја завршија задачата и го пронајдоа леталото. Веднаш штом беше забележано од воздух, беа испратени копнени сили. За жал, беше потврдено дека сите патници на Цесна загинаа и во тек е полициска истрага, кажа Трут .    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tragichen-kraj-na-potragata-vo-hrvatska-zaginaa-site-patnici-od-avionot-koj-vchera-ischezna-po-poletuvanjeto-od-split/feed/ 0
Пронајден исчезнатиот авион од Сплит: „Гледам делови од крилја и кабина“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajden-ischeznatiot-avion-od-split-gledam-delovi-od-krilja-i-kabina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajden-ischeznatiot-avion-od-split-gledam-delovi-od-krilja-i-kabina/#respond Mon, 30 May 2022 09:45:26 +0000 https://kurir.mk/?p=683433

Тим пилоти кои со дрон го пребаруваа поширокото подрачје на Брончанац објавија дека го пронашле авионот, кој вчера исчезнал од радарот над Раковица. Ова преку радио го пријавиле во базата, а за тоа сведочат и репортерите на Јутарњи лист кои се на терен со друга екипа пилоти. Во базата биле пријавени и точните координати на локацијата. - Гледам делови од крилата и кабината, рекол пилотот кој го нашол авионот. Имено оваа информација се уште не е официјално потврдена. Според Вечерњи лист, во исчезнатата Цесна имало швајцарски пилот и тројца патници - двајца Германци и еден Хрват, а авионот вчера околу 11:30 часот исчезнал од радарот над Раковица. Крајната дестинација бил германскиот град Лајчиген. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pronajden-ischeznatiot-avion-od-split-gledam-delovi-od-krilja-i-kabina/feed/ 0
Експерт за исчезнувањето на авионот во Хрватска: „Пилотот го фатило паника, последните зборови му биле хаотични“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ekspert-za-ischeznuvanjeto-na-avionot-vo-hrvatska-pilotot-go-fatilo-panika-poslednite-zborovi-mu-bile-haotichni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ekspert-za-ischeznuvanjeto-na-avionot-vo-hrvatska-pilotot-go-fatilo-panika-poslednite-zborovi-mu-bile-haotichni/#respond Mon, 30 May 2022 09:16:18 +0000 https://kurir.mk/?p=683385

Возфухопловниот експерт Ален Шќуриќ го искоментира исчезнувањето на авионот кој вчера полетал од Сплит кон Германија. -Разговарав со неколку луѓе и хрватски пилоти, со контрола на летање, добив информација дека авионот полетал од Сплит, каде што времето било добро и влетал во ситуација кај Слуњ која била кобна за него, наеднаш заладило и создало облак или магла што беше ниско над Слуњ, авионот прелетал 700 метри, значи прилично ниско и влетал во тој облак. Пилотот се изгубил, неговите последни зборови кои ги знаат во контролата на воздушната навигација биле прилично хаотични и панични, извозел два круга над Слуњ, дефинитивно се изгубил и на крајот се урнал, изјави Шќуриќ за време на гостувањето во „Новиот ден“ на телевизија N1. Тој посочи дека ова време не е лошо за поголеми авиони кои имаат инструментална навигација. - Зборуваме за мал спортски авион, тоа е убав спортски авион, за пократки летови, но не се препорачува летање до Германија, не е најпрепорачливо да се лета над Велебит или Алпите, но тоа претпоставува сепак подобро време од вчера, рече Шќуриќ. Додал дека е невозможно да се знае колку и како бил опремен авионот. - Ова не е авион ниту за вакви временски услови. Пилотот не требало да тргне на овој пат или требал да одреди друга рута, преку Истра или некаде каде што времето било поубаво. Многу малку се знае што се случило, секако зборуваме за мал авион кој е проблематичен и не е никако погоден за вакви услови. Тоа се авиони кои не се опремени како големите авиони и тука може да биде сешто, истакнал Шќуриќ. Што се однесува до процедурите пред полетувањето, Шќуриќ рече дека ја поминале пасошката контрола и дека летот требало да биде објавен. - Не е исто кога имаш авион со 150 или 200 патници, процедурите се различни отколку во малите авиони. Ги има околу стотина дневно и имаат поедноставни процедури, што е сосема логично. Сплитскиот аеродром сигурно не погрешил во работата, заклучи Шќуриќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ekspert-za-ischeznuvanjeto-na-avionot-vo-hrvatska-pilotot-go-fatilo-panika-poslednite-zborovi-mu-bile-haotichni/feed/ 0
ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНИОТ АВИОН ОД СПЛИТ: ХГСС се обидел да го лоцира мобилниот телефон на еден од патниците https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-potragata-po-ischezniot-avion-od-split-hgss-se-obidel-da-go-locira-mobilniot-telefon-na-eden-od-patnicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-potragata-po-ischezniot-avion-od-split-hgss-se-obidel-da-go-locira-mobilniot-telefon-na-eden-od-patnicite/#respond Mon, 30 May 2022 07:28:01 +0000 https://kurir.mk/?p=683306

Продолжува потрагата по авионот Цесна 182, кој последен пат е виден на радар околу 11.25 часот. Авионот летал од Сплит за Германија. На лице место бил и новинар на ХРТ кој за Дневник 3 вели дека се уште нема нови информации. - Овде дојдоа дронови околу 20 часот, се обидоа да ги користат, но поради екстремно лошите временски услови се уште не ги активирале, изјави новинарот. - На секои неколку минути доаѓа по една екипа да се освежи и потрагата продолжува. После 20 часот дошле пријатели на еден од патниците. Оперативците на ХГСС ги примиле во ловниот дом до кој има шатор од кој се врши целокупниот претрес. Откако си заминале, ХГСС се обидел да го лоцира мобилниот на еден од патниците, но безуспешно. На терен пристигна и цивилната заштита, а временските услови се екстремно лоши, постојано врне дожд, а има магла, рече таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzuva-potragata-po-ischezniot-avion-od-split-hgss-se-obidel-da-go-locira-mobilniot-telefon-na-eden-od-patnicite/feed/ 0
Исчезна воен авион со 38 патници, еден час по полетување му се губи секаква трага https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischezna-voen-avion-so-38-patnici-eden-chas-po-poletuvanje-mu-se-gubi-sekakva-traga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischezna-voen-avion-so-38-patnici-eden-chas-po-poletuvanje-mu-se-gubi-sekakva-traga/#respond Tue, 10 Dec 2019 07:11:34 +0000 https://kurir.mk/?p=275291

Чилеански воен транспортен авион исчезна еден час по неговото полетување на пат кон Антарктикот, соопшти Военото воздухопловство на Чиле. Имено, авионот C-130 Херкулес полетал вчера во 16:55 часот по локално време со 38 патници и членови на екипажот, а секој контакт со леталото се губи по 18 часот. Наскоро повеќе детали...  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ischezna-voen-avion-so-38-patnici-eden-chas-po-poletuvanje-mu-se-gubi-sekakva-traga/feed/ 0
Се збогува со својот брат и го објави местото каде се урна авионот: Фотографијата на сестрата на Сала ќе ви ја заледи крвта (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/se-zboguva-so-svojot-brat-i-go-objavi-mestoto-kade-se-urna-avionot-fotografijata-na-sestrata-na-sala-kje-vi-ja-zaledi-krvta-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/se-zboguva-so-svojot-brat-i-go-objavi-mestoto-kade-se-urna-avionot-fotografijata-na-sestrata-na-sala-kje-vi-ja-zaledi-krvta-foto/#respond Mon, 04 Feb 2019 11:02:35 +0000 https://kurir.mk/?p=159930

Светот е во шок откако се дозна вистината за исчезнатиот авион во кој внатре беше фудбалерот Емилијано Сала кој требаше да замине во новиот клуб во Кардиф. Семејството по одлуката на полицијата да ја прекине потрагата по само три дена од исчезнувањето на авионот ја зема работата во свои раце и изнајми приватни истражувачи. Истражувачите уште првиот ден открија остатоци од авионот длабоко во морето и со тоа потврдија дека фудбалерот и пилотот се загинати. По сознанието дека Сала е мртов неговата сестра Ромина Сала преку нејзиниот Инстаграм профил се збогува со нејзиниот брат. -Почивај во мир, летај високо, мислите на целото семејство се со тебе. Кардиф никогаш нема да те заборави, е само дел од нејзиниот напис.
 
View this post on Instagram
 
je t'aime pour toujours.

A post shared by Romina Sala (@salaromina) on

]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/se-zboguva-so-svojot-brat-i-go-objavi-mestoto-kade-se-urna-avionot-fotografijata-na-sestrata-na-sala-kje-vi-ja-zaledi-krvta-foto/feed/ 0
ВЕЌЕ ГО ПРОГЛАСИЈА ЗА МРТОВ: Минута молк на дуелите од Премиер лигата во спомен на Сала https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vekje-go-proglasija-za-mrtov-minuta-molk-na-duelite-od-premier-ligata-vo-spomen-na-sala/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vekje-go-proglasija-za-mrtov-minuta-molk-na-duelite-od-premier-ligata-vo-spomen-na-sala/#respond Thu, 24 Jan 2019 20:47:12 +0000 https://kurir.mk/?p=156289

Веста дека потрагата по Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон е прекината, практично значи дека фудбалскиот свет бавно и мачно ја прифаќа веста за трагичниот крај на двајцата. Од Премиер лигата објавија дека натпреварите од шампионатот следната недела ќе започнат со минута молчење. – Премиер лигата изразува жалење за веста дека активната потрага на Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон е прекината. Нашите мисли се со двајцата мажи и нивните блиски. Ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите пријатели ФК Кардиф во овој многу тажен момент. Во знак на почит ќе има едноминутно молчење за Емилијано и Дејвид на сите натпревари од Премиер лигата следната недела, објавија од Лигата на „Твитер“. Од Кардиф исто објавија соопштение во кое информираат за лошите вести од потрагата и изразија сочувство до блиските на фудбалерот и пилотот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/vekje-go-proglasija-za-mrtov-minuta-molk-na-duelite-od-premier-ligata-vo-spomen-na-sala/feed/ 0
Нивната одлука емоционално го уништи семејството- сестрата на Емилијано со шокантни тврдења за нејзиниот брат удри по полицијата! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nivnata-odluka-emocionalno-go-unishti-semejstvoto-sestrata-na-emilijano-so-shokantni-tvrdenja-za-nejziniot-brat-udri-po-policijata-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nivnata-odluka-emocionalno-go-unishti-semejstvoto-sestrata-na-emilijano-so-shokantni-tvrdenja-za-nejziniot-brat-udri-po-policijata-foto/#respond Thu, 24 Jan 2019 19:09:49 +0000 https://kurir.mk/?p=156262

Исчезнувањето на аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, за кого не се знае ништо од понеделникот вечерта, кога на авионот во кој тој се наоѓа му се губи трага над Ла Манш, го обедини целиот свет, кој се надева дека поранешниот напаѓач на Нант преживеал. Англиската полиција три дена безуспешно го бара Сала и пилотот, а денеска официјално беше објавено дека потрагата по нив е прекината, бидејќи од авионот едноставно нема ни трага, ни глас. Таквата одлука емоционално го уништи семејството на аргентинскиот фудбалер, таткото не можеше да дојде на себе од шок, додека сестрата на Сала – Ромина свика прес-конференција, каде што низ солзи побара од полицијата да продолжи со потрагата. – Убедена сум дека Емилијано е жив, го чувствувам тоа! Ве молам, не ја прекинувајте потрагата по него. Ние ги разбираме напорите што се прават, но ве молиме продолжете да го барате. За нас, тие се уште се живи. Тешко ни е да изразиме како се чувствуваме, бидејќи за нас ова е премногу тешко, рече Ромина, сестрата на Емилијано Сала]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nivnata-odluka-emocionalno-go-unishti-semejstvoto-sestrata-na-emilijano-so-shokantni-tvrdenja-za-nejziniot-brat-udri-po-policijata-foto/feed/ 0
Полицијата со страшна одлука за фановите по денешната потрага: „Нема надеж“, акцијата повеќе не е спасувачка туку… https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/policijata-so-strashna-odluka-za-fanovite-po-deneshnata-potraga-nema-nadez-akcijata-povekje-ne-e-spasuvachka-tuku/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/policijata-so-strashna-odluka-za-fanovite-po-deneshnata-potraga-nema-nadez-akcijata-povekje-ne-e-spasuvachka-tuku/#respond Wed, 23 Jan 2019 19:44:14 +0000 https://kurir.mk/?p=155840

Потрагата за исчезнатиот авион со напаѓачот на Кардиф, Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон беше прекината за денес. Полицијата соопшти дека „интензивната“ деветчасовна потрага не открила траги од авионот. Дали потрагата ќе продолжи воопшто, ќе се одлучува утре. Сепак, според спасувачкиот тим, „нема надеж“ дека двајцата ќе бидат пронајден живи. Шефот на тимот Џон Фицџералд претходно изјави дека „дури и најподготвениот физички човек“ ќе издржи само неколку часа во немирните води. Поради оваа причина, акцијата повеќе не е спасувачка, туку за да се дознае што всушност се случило. Како дел од неа, полицијата гледа сателитски слики и мобилни податоци. Сала отпатувал од Нант во Кардиф за да му се придружи на својот нов тим по рекордниот договор, вреден 15 милиони фунти, со тимот од Велс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/policijata-so-strashna-odluka-za-fanovite-po-deneshnata-potraga-nema-nadez-akcijata-povekje-ne-e-spasuvachka-tuku/feed/ 0
Никој не го спомена него, а тоа со што се занимавал не е за занемарување: Еве што правел пилотот вечерта пред кобниот лет на фудбалерот (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nikoj-ne-go-spomena-nego-a-toa-so-shto-se-zanimaval-ne-e-za-zanemaruvanje-eve-shto-pravel-pilotot-vecherta-pred-kobniot-let-na-fudbalerot-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nikoj-ne-go-spomena-nego-a-toa-so-shto-se-zanimaval-ne-e-za-zanemaruvanje-eve-shto-pravel-pilotot-vecherta-pred-kobniot-let-na-fudbalerot-foto/#respond Wed, 23 Jan 2019 18:55:17 +0000 https://kurir.mk/?p=155820

Речиси и никој да не го спомена пилотот кој го управуваше авионот кој исчезна со фудбалерот на Кардиф Емилијано Сала. Станува збор за 60 годишниот британски пилот Дејвид Иботсон кој е оженет и татко на три деца. Неговиот прекар е „Диббо“ и заедно со својата сопруга Нора живеел во Скантхорп, а според својата последна објава на Фејсбук тој се чекирал во хотел во Нант веднаш до аеродромот, неколку часа пред кобниот лет. Тој важи за искусен пилот специјализиран за приватни летови и падобрански експедиции, но исто така квалификуван инженер за гас кој работел во сопствена компанија за поправка на котли. Интересно е тоа што тој бил и Ди-џеј и пуштал музика по свадбени прослави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/nikoj-ne-go-spomena-nego-a-toa-so-shto-se-zanimaval-ne-e-za-zanemaruvanje-eve-shto-pravel-pilotot-vecherta-pred-kobniot-let-na-fudbalerot-foto/feed/ 0